Немам друштво

CBC

Член од
29 август 2023
Мислења
10
Поени од реакции
8
Здраво, знам дека ова не е за на форум али ја стварно више не знам што да кажам.. имам само неколку другари (машки, ја сум женско) и они се ок фини се али не ми се доволни. Голем екстроверт сум и сакам често да искачам, да речеме секој втор ден на кафе/ресторан и секој втор викенд кафана и дискотека. Знам некој ќе рече скапо ама јас би частела верувајте само да имам више со кој.. Како да најдам уште пријатели? Иначе имам над 18 години, завршено факултет, од работа не сакам да мешам приватен и пословен живот. Се мислев на тиндер да пробам, да ставам во био дека сакам да запознаам нови пријатели ама cringy е и тиндер реално има секакви манијаци, така иам слушнато. Имате ли некој предлог?
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.353
Поени од реакции
4.727
... ама јас би частела верувајте само да имам више со кој.. Како да најдам уште пријатели? Имате ли некој предлог?
Такви пријатели, од корист (частење),
биди среќна што ги немаш.
...
Искрени пријатели? Кога ќе имаш некоја мака, ќе се јават
(ако не загинале во војната).
...
Совет???
На форумов си на погрешно место.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.473
Поени од реакции
9.278
Совет???
На форумов си на погрешно место.
1. Најдобар совет, на погрешно место си, овде ти е пендрак партија.

2. Часови по некој јазик, некој спорт со кој ќе се бавиш каде би запознала луѓе... (не мора теретана да е), астрономско друштво, библиотека, екстремни спортови, пливање, куглана, настани во градска библиотека, други настани поврзани со културата како промоции, изложби, појма немам што друго нуди ск (најверојатно таму живееш)...

3. Чудно на завршен факс и средно да немаш некоја другарка останато, иако жените сте поприлично дволични во пријателствата помеѓу себе ама ете роднини на твоја возраст па со нивно друштво да те запознаат?

4. Ретко кој би можел да те прати со искачања по кафани, дискотеки и слично секој викенд, би требало да е самостоен и добро да заработува (зависи такви колку има во твоја ситуација) ама ништо да не те чуди и да има. Сепак пази кому подаруваш време и финансии, да не испадни да те дружат само за частењата или само за „потенцијален“ секс (без разлика машки или женски, исто ти е во денешно време).

Имаше и други вакви теми каде машки бараат друштво, барај ги на форумот темите па ако се уште активни запознајте се.
Жените се комплицирани во меѓусебните односи, најверојатно затоа имаш и повеќе другари него другарки.
 
Член од
20 април 2023
Мислења
703
Поени од реакции
1.582
Жените се комплицирани во меѓусебните односи, најверојатно затоа имаш и повеќе другари него другарки.
komplicirani e kompliment, podobro kje stoi: ljubomorni, zavidlivi, predavnichki zmii :)
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.353
Поени од реакции
4.727
Претпоставувам ги прочита досегашниве одговори на твоето прашање (коментари).
А ова е само почеток...
Се надевам дека сега ме разбра зошто мислев дека си на погрешно место на форумов.
Освен ликот „генералот„ кој проба најнормално да ти одговори,
останатите си играа курташак со тебе (па дури и ликот „флеш„)
не размислувајќи дека можби на некој навистина му треба пријател,
или е во тешка емоционална фаза.
...
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
Здраво, знам дека ова не е за на форум али ја стварно више не знам што да кажам.. имам само неколку другари (машки, ја сум женско) и они се ок фини се али не ми се доволни. Голем екстроверт сум и сакам често да искачам, да речеме секој втор ден на кафе/ресторан и секој втор викенд кафана и дискотека. Знам некој ќе рече скапо ама јас би частела верувајте само да имам више со кој.. Како да најдам уште пријатели? Иначе имам над 18 години, завршено факултет, од работа не сакам да мешам приватен и пословен живот. Се мислев на тиндер да пробам, да ставам во био дека сакам да запознаам нови пријатели ама cringy е и тиндер реално има секакви манијаци, така иам слушнато. Имате ли некој предлог?
Прво и основно, измеша неколку брзини..
А можеби и затоа ти трокира социјалниот живот!?
1.Другар(ка) си е другар(ка)!
-го имаш од основно, средно, од маало. Заедно сте пораснале буквално! 24/7 заедно како деца/тинејџери…
Е овие да си ги чуваш!
Како што другар знае да помогне и да ти се најде… никој друг!
Се сомневам дека можеш да добиеш другари после средно, а после факс па ич!

2.Пријатели.
-Ова ти се луѓето што влегле во твојот живот, или малку покасно, или случајно, или овој бил другар на другарка ми па сме заживеале, и така неш..
Може и колега од факс, од работа, од некое хоби да ти стане пријател. Ете ви оди муабетот, интересите ви се поклопуваат и сл.
Пријателите се исто злато вредни, но и покрај тоа, никогаш нема да ти бидат другари!
Ако некогаш поминиваш повеќе време, искачање и сл. со пријатели… и поради икс причини(живот), си се оддалечила од другарите… немој ни случајно да си помислила дека ова ти се новите другари!
На муке се јунаци познају! А така е и со другарите!

3.Познаници, колеги и сл.
-ова е третата група, и без многу да должам, очигледно е кои се овие луѓе!
Да можеш да пиеш иафе, да излезеш, да се зезаш, ама блискоста и искреноста никогаш нема да биде присутна!

4. Непријатели!
-ма се зезам.. :ROFLMAO:

Е сега, добро размисли, што имаш? Што ти фали? Какви ти се пријателите? Каква си ти спрема нив?
Ако си ги изгубила..? Зошто?! (Донт ворри, може и не било твоја вина), ама прашај се и размисли..!

Кога ќе си анализираш све ова… можеби и прашањето ќе го формулираш поинаку!
 
Член од
22 август 2022
Мислења
425
Поени од реакции
1.482
Здраво, знам дека ова не е за на форум али ја стварно више не знам што да кажам.. имам само неколку другари (машки, ја сум женско) и они се ок фини се али не ми се доволни. Голем екстроверт сум и сакам често да искачам, да речеме секој втор ден на кафе/ресторан и секој втор викенд кафана и дискотека. Знам некој ќе рече скапо ама јас би частела верувајте само да имам више со кој.. Како да најдам уште пријатели? Иначе имам над 18 години, завршено факултет, од работа не сакам да мешам приватен и пословен живот. Се мислев на тиндер да пробам, да ставам во био дека сакам да запознаам нови пријатели ама cringy е и тиндер реално има секакви манијаци, така иам слушнато. Имате ли некој предлог?
Срце бе.
Пристапот ти е лош.
Што си ти помалку вредна од другите па да ги частиш за друштво?
Знаеш како...
Мислам дека во оваа ситуација, прво треба да се спријателиш со себе си.
Вака знам звучи чудно и како празна литература, ама навистина е така. Самодоволност е најјак магнет за луѓе.

Најширок круг на луѓе околу мене го имав, откога почнав да рефлектирам колку ми е добро во сопственото друштво. Ќе си шетам, ќе си одам на кино, книга ќе си читам во парк или на кеј и си се запознавам себе си. Значи кога ќе се увериш самата дали и колку си добро друштво, кога ќе можеш да си одговориш на тоа прашање зошто си пријатна за друштво, да ги видиш само како сами се лепат. Од друштво до дечковци до све.

Еее, сега тука ти си на ред. Ти треба да процениш дали тие што се околу тебе ти годат или те влечат надолу. Затоа што доколку паметно си го оформиш првиот круг на луѓе, потоа сѐ само ќе си се мести како сложувалка.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
али не можат они да ме дружат секој ден или секој втор јас како што сакам, затоа сакам да запознаам многу нови луѓе за да можам тоа темпо.
Од целиот пост, ова ми падна во очи…
Не те знам, ни па можам/сакам да те судам…(да не сфатиш погрешно)
Ама ми стоиш за некој(а) која е хипер-активна и постојано турбо(?)
Бараш забава? Така го толкувам јас ова…
Како да си најдеш луѓе?(пази намерно не викам пријатели), што ќе држат темпо со тебе , искрено не знам…
Ама едно знам сигурно… ова може да биде рецепт за катастрофа! Од срце ти го кажувам ова(сакаш прифати, сакаш не)! Буквално рецепт за да заглавиш на лош пат со лоши луѓе…
Нормално е човек да се чувствува осамен! Ама не и по секоја цена да тргне со секој и да урла по забави…
Не брзај, размисли си што правиш…
Толку од мене..
 

CBC

Член од
29 август 2023
Мислења
10
Поени од реакции
8
Не знам зашто на претходното пишува чека одобрување од модератор, иначе не може да се тргне по лош пат ако не си таков тип на човек, со алкохоли итн..
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.680
Поени од реакции
4.803
Како стареат луѓе се потешко е да се тера тој турбо шетачки живот , се слагам со јбтгрл шо пиша дека самодоволноста е еден од клучевите за понатака..а и другите ок пишаа и птицаселица е во ред со тоа шо пиша као можен несакан ефект , додека не најдеш луѓе глеј да не си создадеш dependent disorder - да не ти ствара проблем со психата тоа ако нема луѓе на лагер некои денови или викенди.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.832
Поени од реакции
33.742
Не знам зашто на претходното пишува чека одобрување од модератор, иначе не може да се тргне по лош пат ако не си таков тип на човек, со алкохоли итн..
6 пати си го уредила мислењето, а уште немаш ни 5 мислења, затоа системот се сомнева дека си бот, затоа пораката чека одобрување од модератор. Вратив претходна верзија на истата и ја одобрив. Барем додека не напишеш повеќе мислења, не ги едитирај истите.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.749
Поени од реакции
38.999
ако сакаш секој втор ден искачање значи дека ги замараш луѓето. Воздрасни се луѓето и имаат обврски, нема секој живци за спремање и бркање автобуси да стигне некаде. Дури и да најдеш некого со тој став ќе ги откачиш. Освен ако не се како тебе.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Здраво, знам дека ова не е за на форум али ја стварно више не знам што да кажам.. имам само неколку другари (машки, ја сум женско) и они се ок фини се али не ми се доволни. Голем екстроверт сум и сакам често да искачам, да речеме секој втор ден на кафе/ресторан и секој втор викенд кафана и дискотека. Знам некој ќе рече скапо ама јас би частела верувајте само да имам више со кој.. Како да најдам уште пријатели? Иначе имам над 18 години, завршено факултет, од работа не сакам да мешам приватен и пословен живот. Се мислев на тиндер да пробам, да ставам во био дека сакам да запознаам нови пријатели ама cringy е и тиндер реално има секакви манијаци, така иам слушнато. Имате ли некој предлог?
Chudna rabota da nemozesh da najdesh drugari za haha-hihi, takvi buljasi uvek gi ima..
Neznam ne sum nekoj ekstrovert i nesakam so bilo koj da idam po kafani i kafikji, kao kopilj-da do kaj 20tina godini uredu ali vikash imash veke i faks zavrseno,rabotis, taka da shto kje ti se.
Ete imash nekolku drugari, ako stvarno ti se drugari drugari ona ljudina so se vika shto kje ti se ojle dojle samo za da imash so koj kafana da idesh..
 

CBC

Член од
29 август 2023
Мислења
10
Поени од реакции
8
Извини не знам како што на форумов, нема везе ќе пишам пак на кратко одговори пошо забораив copy да и напраам - тренирам спорт ама таму си имаат свои друштва, пробав да се здружам ама ништо.. сестра ми живее во странство, братучед ми е баш зафатен со работа, друштвото од детство се во друг град јас се преселив од Скопје таму па од таму пак во Скопје во тинејџерскиот период. Во средно повеќето беа женски во класот, а ја не сум по шминки и такви "женски" ствари.. углавном такви некои околности..

@Ron Burgundy ја мислам на наши години по автобуси не одиме више, и тоа е банална ствар, тоа ако е причина за недружење не знам што да кажам.. има решение јас ќе ги зимам со кола, ама јас барам совет зошто мене луѓето и покрај сите компромиси што ги понудувам нејќат да се дружат со мене?
Автоматски споено мислење:

Иначе за обврски, никој нема толку обврски цел ден и ако се сака се наоѓа начин, поздрав
Автоматски споено мислење:

До модераторот - сега ова автоматски се спои и се едитираше, јас не едитирав. Мислам дека се гледаат овие пораки бидејќи не пишува чека одобрување
 
Последно уредено:
Член од
20 мај 2023
Мислења
512
Поени од реакции
2.267
Не форсирај со сила дружба. Може едноставно луѓето се посветени на работа, приоритет им е работа и сигурно си имаат планови што не вклучуваат забава 24/7 и дремење секој втор ден по кафичи. Едноставно не си го трошат залудно времето. Може и тие другарките што си ги имала се испомажени, со дечковци у сериозни врски и сега ги интересира фамилија, деца и све со ред.
Ти пишаа погоре, изморува таков начин на живот кога тогаш. А и веројатно си лабавиш на работа чим имаш олку енергија за по кафичи и ресторани и сл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom