Невена - IN LOVE...која е и зошто не ја владее мк EDM музичка сцена

Член од
13 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
Ја чув песнава на Супер Радио - Охрид и мислам дека е најквалитетното електро-денс нешто што излегло од Македонија. Не ми е јасно зошто и како не е пробиена на мк сцена. Дали настапува негде...ја гледал некој?

https://www.youtube.com/watch?v=KRs6BtJF3uM
 
S

StormRage

Гостин
Пошо типкава живее во Чикаго, ја знам лично. ЕДМ музиката е ионака срање, а она се експонира за романија (не знам од која причина, дури и изглеа глупо)
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Девојчево не живее во Македонија, зато можда. Иначе прејак вокал, браво :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
точно, гласот доста уникатен, екстра е, а на никого не ме потсеќа.

сеа глеам дека не живее у мк. романија е срање држава, ама во музика не шијат. можда таа таму се промовира повеќе. а и ништо чудно, ние тапкаме во место.

само чудно ми е шо во охрид ја вртеа а на друго место ја неам чуено.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.927
Поени од реакции
4.401
Гласот и е ок, ама музиката е тешко срааање. Како да се враќаме во 2008.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Гласот и е онака Ок, далеку од лошо, но и далеку од добро. Гласот и е совршен за настапи во дискотека или летна забава. Песната не и е лоша, со оглед на тоа што во Романија се слуша ваква музика.

А за тоа зошто не успее и кај нас........, па има повеќе фактори..... живее во странство и таму работи на полето музика, не ни доаѓа во Македонија да направи кариера, потоа и да дојде кај нас нема да направи голема кариера од проста причина што нема доволно јака продукција која ќе го пробие пејачот/пејачката, потоа и да е најдобра ќе наиде на нашите плукачи кои ради лајкчиња плукаат и по добрата музика........ и така:)
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Барем не ја згрешила земјата, таман и e Романија за ваква музика, тие ја измислија па нека ја фураат сега, ова во Европа беше актуелно пред 4-5 години, стара мода е сеа.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Гласот и е ок, ама музиката е тешко срааање. Како да се враќаме во 2008.
ова во Европа беше актуелно пред 4-5 години, стара мода е сеа.
ЕДМ музиката е ионака срање
Свесни сте дека истото може да се каже и за жанровите кои вие ги слушате, така?

А коментарите дека ова е старо, одете кажете им ги на Сити Радио, пошо ваква музика се уште вртат таму (а ваљда не е автономна одлука, туку следат тренд кај други странски, патем, светски пратени радио станици).
 
S

StormRage

Гостин
Свесни сте дека истото може да се каже и за жанровите кои вие ги слушате, така?

А коментарите дека ова е старо, одете кажете им ги на Сити Радио, пошо ваква музика се уште вртат таму (а ваљда не е автономна одлука, туку следат тренд кај други странски, патем, светски пратени радио станици).
Го кажав тоа од издржани работи. EDM практично и не постои, квази производ на америка за да ја доближат електронската музика. EDM е тоа што ние го имаме тука со години, само извитоперено за „сечиј универзален вкус“ уствари, искомбинирале што можеле и што не можеле. Cmon, сите го правеле ова кога сакале да уништат одреден жанр. EDM „во превод“ ти е Big Room House, со дропови од дабстеп и рандом црнчуга што се дери на микрофон (претежно)
Како што кажав EDM е електронска музика, само EDM се вика во америка, пошо нели, merrica! иако не држи вода во никој случај. Под EDM се упропастија многу жанрови што некогаш звучеа добро.
here AND
https://soundcloud.com/thisissoundnet/big-room-house-tutorial

ако и ова не е доволно, тогаш да продолжиме да се „рапсраваме“ зошто горенаведеното е погрешно :)
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Свесни сте дека истото може да се каже и за жанровите кои вие ги слушате, така?

А коментарите дека ова е старо, одете кажете им ги на Сити Радио, пошо ваква музика се уште вртат таму (а ваљда не е автономна одлука, туку следат тренд кај други странски, патем, светски пратени радио станици).
Ова ти е Romanian Dance-Pop (Popcorn) и не сум јас крив ако се навреди некој поради тој факт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom