На иста адреса - музичко шоу Алфа тв

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.967
Поени од реакции
7.613

Време е.

Време е да се префрлиме на сончевата страна од улицата и да уживаме во Сонцето. Улицата каде Македонското Сонце ќе грее најтопло, најмузикално, најталентирано, најуникатно, единствено. Неговите зраци ја привлекоа музиката, визионерите, професионалците, а многу скоро и целата сончева македонска јавност.

Улицата е онаму каде почнува мечтата на секоја талентирана музичарка, односно музичар да прерасне во ултра-ѕвезда, дефинирајќи и потврдувајќи се себеси како целосен уметник. Уметник, кој ќе даде нова, современа и модерна дефиниција на македонска музичка ѕвезда.

Улицата е ТВ шоу, каде талентот преку ангажман на клучните професионалци за создавање на ултра-ѕвезда ќе прерасне во уметност.

ТВ шоу кое ќе понуди 700 часа програма за македонската јавност, овозможувајќи и’ ексклузивност и учество во процесот на создавање на македонска музичка ултра-ѕвезда.

Со ова, Алфа телевизија го најавува реалното музичко шоу, кое наскоро ќе започне да го емитува.
Според организаторот, „На иста адреса” – Академија 1, ќе биде поразлично од сите проекти од овој тип што сме ги виделе досега. Станува збор за шоу со млади музички таленти кои по неколку месеци затворени во луксузна вила ќе прераснат во вистински музички ѕвезди.


Околу случувањата со ова шоу може да пратите и на Facebook



ПОЧЕТОК НЕДЕЛА 20:00 ЧАСОТ
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Океј се тоа, ама зошто затворени во ВИЛА? зошто едноставно мора да се влечат корени од други емисии? Стварно можело без тоа, бидејќи навистина не се веќе интересни со тие работи како глувци да ги третираат.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Океј се тоа, ама зошто затворени во ВИЛА? зошто едноставно мора да се влечат корени од други емисии? Стварно можело без тоа, бидејќи навистина не се веќе интересни со тие работи како глувци да ги третираат.
Па последно вакво нешто беше Операција Триумф пред 10 години. Тоа добро помина според мене, тие што беа внатре, вежбаа и учеа пеење со професори.
Е сеа не знам ова како би функционирало кај нас, баш ме интересира кои ќе бидат тие ментори внатре и судиите надвор.
Ај баш да видиме како ќе се снајдеме во вакво нешто, пошто обичните музички шоуа не се интересни веќе, зборам за ваквите од типот на Звезде гранда, Пинкове звезде или она со Драган Вучиќ што беше кај нас.
Последно вакво `затворено` шоу кај нас беше `Тоа сум јас` ако не се лажам.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.462
Поени од реакции
42.761
Aко биде како Операција Триумф одлично. (y)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Конечно нешто наше, а се надевам и добро!:vozbud:

Драго ми е што после толку време ќе видиме нешто ново и Македонско на нашиве телевизии. Уште подраго ми е што ќе бидат затворени во куќа, исто како што беше Операција Триумф и како што е Велики Брат, затоа што подобро ќе ги запознаеме идните пејачки и пејачи.

И се надевам дека конечно ќе видиме наше шоу кое ќе има добро озвучување, добра организација, добро сценско осветлување и добри фаќања од камерата.

:)(y)
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Во вилава сигурно ке бидат затворени сите ,,ѕвезди“ кои испаднаа од sвезде гранда, пинкове ѕвезде и од некој други соѕвездија. За да се исполни дел од увертирата на ова шоу дека таа ѕвезда ке биде најталентирана, најмузикална, и дека шоуво ќе биде нај нај прво треба да имаме и нај продукција, а поучени од минатото и од многуте музички шоуа вклучувајќи го и Македонскиот идол 95% од ѕвездите денес се црни џуџиња. Како и да е останува да видиме дали ова ќе биде револуција во македонската музика и општо во етерот или само ке чекаме добри фаќања од камерата како што кажа @Sungerot Bob т.е. кадри.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.967
Поени од реакции
7.613
За да биде ова се добро треба да има доста спонзорства, голема организација позади сето ова, да го подржат сето ова повеќе продукценски куќи, многу артисти, бендови, организации на концерти . Тогаш се ова ќе успее како што треба и како што во светот успеале X Factor, Idol, The Voice... веќе неколку сезони.

Се надевам дека нема да биде сето ова каша попара од музички стилови. Дека ќе се пее повеќе поп, рок и други жанрови кој се понастрана од турбо фолк и србска шабанарија.
Исто се надевам дека покрај македонска музика ќе се пее и странска музика затоа што да не се лажеме тука во Македонија се слуша и странска музика. 99 % во кафиќи, клубови, на радио се пушта странска музика.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
...Дека ќе се пее повеќе поп, рок и други жанрови кој се понастрана од турбо фолк и србска шабанарија...
Извини, ова е дискриминација:D

...тука во Македонија се слуша и странска музика. 99 % во кафиќи, клубови, на радио се пушта странска музика.
Се пушта 99% странска музика, но тоа е српски турбофолк, што укажува дека она што најголемиот дел од Македонците го слушаат е турбофолк. Така да мислам дека е најдобро да се пејат сите видови музика........., од турбофолк до рок, па се до метал. Преку пеење на сите видови музика ќе се дознае кој е вистински пејач, зошто вистинскиот пејач треба да знае се да пее.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.110
Поени од реакции
325
Јас не се сложвам дека вистинскиот пејач треба да знае се да пее. Значи, ко ќе се определиш за еден правец, пеј го тој правец. Ќе почнам од фактот што врвните ѕвезди не можат да пеат било што. Ни една Брена може да ја пее Рајана ни пак еден Бон Џови може да ја испее Жал на Шабан. Затоа мразам ко ќе му даваат на такмичарите во музичкиве шоуа да пеат од различни жанрови. Тие сакаат да одат во тој правец бидејќи се најдобри во тоа. То ти е исто ко некој економист да го замараат со тоа дали новиот лек за главоболка ќе ги оствари очекуваните дејства. Затоа стојам зад тоа да такмичарите го пејат она во што се најдобри. Не сум за тие поп, рок, балади или не знам уште како насловени вечери.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.967
Поени од реакции
7.613
Извини, ова е дискриминација:D


Се пушта 99% странска музика, но тоа е српски турбофолк, што укажува дека она што најголемиот дел од Македонците го слушаат е турбофолк. Така да мислам дека е најдобро да се пејат сите видови музика........., од турбофолк до рок, па се до метал. Преку пеење на сите видови музика ќе се дознае кој е вистински пејач, зошто вистинскиот пејач треба да знае се да пее.
Да се пушта и српска турбофол али помладиве барем на моја возраст претежно слушаат странска музика која нема допирни точки со турбофолк. Турбофолк и кафански песни слушаат само ако идат во кафана или некоја веселба за нова година, свадба. Ок со ислкучок на некој што си го фураат турбофокот.

Јас иако повеќе сакам поп, рок, електронска музика знам некогаш да слушам и фолк и турбофолк но сепак некако не ми иде во едно музичко шоу да се става во исти кош турбофокот со поп, рок, поп балада и др. Пример првиот натпреварувач пее песна од Саша Матиќ Маскара и после вториот да пее Оne Republic Counting Stars. Каша попара во главата на слушачот и учесниците во шоуто.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.967
Поени од реакции
7.613
Еве и песна :D
Oва ќе биде нешто како химна и насловна тема :D

Глуп малку текстов ама не е до толку лошо целава песна направена.[DOUBLEPOST=1444490317][/DOUBLEPOST]

 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.967
Поени од реакции
7.613
Дел од куќата каде ќе се сместени учесниците

Преска Марко Новески оној од Дај побрзај беше гостин во Недела попладне на Алфа и спомна дека учесниците се веќе до некаде познати личности кој веќе учествувале на разно разни шоуа музички и на детски фестивали. Исто спомна дека Анета Качуркова и мислам ја спомна и Андријана Јаневска ќе бидат едни од оние кој ќе им помагаат на учесниците.

Жирито ќе се менува, учесниците ќе добиваат задачи и секоја гала вечер ќе биде тематска, првиот месец ќе биде запознавање со учесниците а по тој месец ќе може да се гласа и да има испаѓање.


Иако е доста ист концептов како ОТ сепак им посакувам да им тргне проектво на добро за Алфа и да им потрае ова повеќе сезони.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ова е далеку од Операција Триумф. Атмосфера никаква, мала сцена, неинтересно жири, единствено Марко ја прави атмосферата, колку толку да не биде монотоно.

Но ајде да не плукаме уште во почеток, да дадеме поддршка и да видиме што и како ќе биде.
 

Kajgana Shop

На врв