На денешен ден!

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Не знам со кој друг сум роден на ист ден, но знам дека сум на ист ден со Јаница Костелич

Со мојот идол во скијање, без разлика што е женско!
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Na denesen den Parkinson umre od Alchajmerova bolest! :pos:
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
1742 Во Лондон умре Едмунд Халеј, англиски астроном и геофизичар. Меѓу другото, прв откри дека ѕвездите се движат. Најмногу набљудувана и најпозната е според него наречената Халеова комета. Роден е во 1659 година.

1906 Во Кавадарци е роден Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. Неговиот творечки опус е мошне богат. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат "Зборникот на македонски народни песни", "Македонски борбени народни песни", "Македонски народни песни, Моми Тиквешанки". Умре во Скопје на 16.12. 1969 година.

1914 Хенри Форд, "крал на американската автомобилска индустрија", ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.

1969 Во СССР се лансирани во вселената бродовите "Сојуз-4" и "Сојуз-5" и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на космонаутите од еден во друг вселенски брод.

1994 Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европската фудбалска унија.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
BAMARGERA напиша:
Na denesen den se rodi FORUMOV... :D
Педерче, баш јас сакав да го пишам истото, ама ме заеба. Добро... Ќе го формулирал поинаку:

- На денешен ден точно пред една година, се регистрирав на форумот, стиснав дваесетина пати ОК и NEXT, напишав неколку „магични“ зборови и форумот се роди. :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Умре Ибрахим Ругова. Конечно. На денешен ден. На годишницата од Кајгана. Јебига, се изначекавме.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
Garfield напиша:
Умре Ибрахим Ругова. Конечно. На денешен ден. На годишницата од Кајгана. Јебига, се изначекавме.
Кај се погоди бе... Чудна работа еј! :)
 

gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
леее еј денес е весеље
со еден куршум 2 зајци
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
1821 Прокламирана е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латинскоамериканска земја. Шпанија се обидуваше уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
1887 Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. Познат е по тоа што сакаше да ја комбинира страста за музиката со страста за животот. Прв пат седна да свири клавир во својата четврта година, а на шест години имаше прв јавен настап во Варшава, на еден концерт за добротворни цели. Пред да наполни 20 години стана познат музичар, одржувајќи концерти во САД, во Латинска Америка и во Европа. Особено беше познат како хуманист. Јавно настапуваше до 1976 година. Умре во Женева, на 20.12.1982 година.
1918 Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша декрет за формирање на Црвената армија.
1945 Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
1986 Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод "Челенџер", експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.
 

dajdo

The OuTLaW
Член од
17 октомври 2005
Мислења
5.139
Поени од реакции
19
1834 - Кузман Шапкарев е роден во Охрид. Тој е еден од најзначајните собирачи, публикатори, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина”, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин”, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата на Македонија. Умре во Софија, на 18.03.1909 година.
1883 - Почна изградбата на Панамскиот канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот канал. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во 19 век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска подршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.
1887 - Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година.
1924 - Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.
1944 - Умре Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар. Како еден од основачите на групата „Де Стил”, во 1920 година објави манифест за „неопластицизмот”. Од 1940 година живееше во САД. Тој е значаен претходник на новото сликарство. Роден е на 7.03.1872 година.
1946 - Тригве Ли (од Норвешка) е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.
1994 - Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.
1996 - Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.
prezemeno od sajtot na A1!
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
1872 Во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови на македонскиот народ. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија. Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледаа најголем непријател и се обидуваа на секој начин да го ликвидираат. Така, на 4.05.1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, серско, во Егејска Македонија, загина великанот Гоце Делчев.
1945 Во Јалта, на Кримскиот Полуостров, почна (траеше до 11.02.1945 г.) Јалтската конференција меѓу шефовите на СССР - Јосиф Сталин, на САД - Франклин Рузвелт и на Велика Британија - Винстон Черчил за усогласување на завршните операции во Втората светска војна, како и за односите со Европа и со светот по завршувањето на војната.
1990 Во Скопје е основано Движењето за семакедонска акција (МААК). За претседател е избран Гане Тодоровски. Регистрирано е на 12.06.1990 година со седиште во Скопје.
1993 Во Скопје, во издание на НИП "Ѓурѓа" - "Независни изданија", излезе првиот број на списанието "Њорлд пресс Избор".
1994 Државниот секретар за соработка и развој, Ерик Дерике, во белгискиот Сенат изјави дека белгиската Влада донела одлука за воспоставување на дипломатски односи со Република Македонија.
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
1478 Роден е Томас Мор, англиски хуманист, државник, писател на социјални, историски и на теолошки списи, родоначалник на утопискиот социјализам. Негово најпознато дело е политичко-филозофскиот роман "Утопија". Умре во 1535 година.
--------------------------------------------------------------------------
1812 Роден е Чарлс Дикенс, англиски писател, типичен претставник на реализмот во литературата. Од романите најпознати му се "Дејвид Коперфилд", "Оливер Твист" и "Пиквиковиот клуб", во кои ја прикажува целата беда на викторијанска Англија, со изразени симпатии кон угнетените. Умре во 1870 година.
---------------------------------------------------------------------------
1876 Во Цариград умре Партенија Зографски, прв македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19 век во Македонија и прв македонски митрополит. Роден е во Галичник, гостиварско, во 1818 година.
-------------------------------------------------------------------------
1894 Умре белгискиот призводител на дувачки инструменти Адолф Сакс, кој во 1840 година го направи музичкиот инструмент, што во негова чест е наречен саксофон.
---------------------------------------------------------------------------
1973 Во Скопје умре Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник, педагог и академик, име кое четири децении беше едно од најдобрите репрезенти на македонската уметност пред светот. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство. Роден е во Крушево, на 15.08.1903 година.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
1502 -Португалскиот морепловец, Васко де Гама тргнал од лисабонското пристаниште на второто патување за Индија. Пет години порано Васко де Гама го откри овој пат, пловејќи околу 'ртот Добра Надеж.

1515 -Во Софија, поради одбивање да го прими исламот, жив е изгорен Ѓорги Кратовски, македонски културен деец.

1755- Во Париз, умре Шарл Монтескје, еден од најголемите француски филозофско-политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, е претходник на француската револуција.

1837 -Во Петроград, од раните здобиени во двобојот со францускиот авантурист Дантес, умре Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели.

1923 -Умре Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар. Ги откри "икс" зраците, подоцна наречени "рендгенски" и за тоа откритие ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во 1845 година.

1977 -Умре Сергеј Илјушин, водечки советски конструктор на авиони. Во текот на три децении конструира повеќе од 50 видови авиони. Роден е во 1894 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom