Најдобра работна површина за кујна

Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
Во процес сум на внатрешно уредување на идниот дом, и како што оди се кај нас - ангажираш професионалци но успат мора да станеш постручен од нив во областа. Нејсе.

Во моментот сум застаната кај кујна, односно работната површина.

Првичната идеја ми беше гранит или мермер, но бидејки буџетот после инвестиција во недвижност е најчесто тенок. Сакав да прашам, дали некој има искуство со вештачки мермер? Односно двата материјали кои ги најдов се кориан (corian) и керок (kerrock).
Бидејки станува збор за аголна кујна ми се допадна тоа што има можност да биде цела слеана без лајсни меѓу двете плочи. Исто така оцпијата за излеан мијалник, иноксните ми се ужасно грди :)

Има некој употребено ваков материјал во кујна и слично?
Совет, мислење, препорака се добредојдени
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Во процес сум на внатрешно уредување на идниот дом, и како што оди се кај нас - ангажираш професионалци но успат мора да станеш постручен од нив во областа. Нејсе.

Во моментот сум застаната кај кујна, односно работната површина.

Првичната идеја ми беше гранит или мермер, но бидејки буџетот после инвестиција во недвижност е најчесто тенок. Сакав да прашам, дали некој има искуство со вештачки мермер? Односно двата материјали кои ги најдов се кориан (corian) и керок (kerrock).
Бидејки станува збор за аголна кујна ми се допадна тоа што има можност да биде цела слеана без лајсни меѓу двете плочи. Исто така оцпијата за излеан мијалник, иноксните ми се ужасно грди :)

Има некој употребено ваков материјал во кујна и слично?
Совет, мислење, препорака се добредојдени
Зошто не наместиш од готовите плотни кои се од медијапан и се со специјална намена за работна површина?
Имаш дезени какви сакаш, од имитации на гранит до дрвени дезени.
Еве чисто да видиш како изгледаат тие плотни. (ме чуди ако си ангажирала дизајнер што воопшто не ти ги предочил како опција)
Функционираат одлично и се со многу поприфатлива цена од гранитот или пак мермерот.
Што се однесува за мермер не би те советувал од причина што ја впива водата и тешко испарува, додека гранитот пак е поотпорен на тоа, но е многу поскап.

Што се однесува за мијалник не знам што мислиш под лијан мијалник?
Сакаш да ангажираш некого и да ти направи мијалник од ПВЦ?

Овде имаш готови гранитни мијалници кои се од Тека што значи со солиден квалитет во повеќе варијанти и бои, кога веќе не ти се допаѓаат иноксните.
Само и цените се поскапи доста за разлика од иноксните како и што сама можеш да видеш, имај во план дека треба да земеш и соодветна гранитна чешма која што е исто така поскапа.
Ако не сакаш лајсна имаш и аголни садопери со кои ќе ја избегнеш таа лајсна или пак тука да ставиш некој елемент како микробранова печка и слично која што би го покрила таа пукнатина на спојот.
Друга опција не гледам за да биде поинаку и не те разбирам како ќе излееш нешто што би било под агол со површина со димензии на кујна.
Има опција некоја таква од гранит, но сепак и тоа не би било погодно за обработка на ивиците од внатрешната страна на аголот ако би било како една целина.

Мој совет е тој буџет што и самата кажа дека е тенок да го заштедиш за нешто попрактично што би ти го разубавило домот и одиш со проверени материјали како медијапански плотни за кујна, наместо да експериментираш со гранит кој е повеќекратно поскап или пак останати непроверени материјали.

Кујната, спалната, купатилото се наменски простории кои ги користиме само одредено време во текот на денот и како прво треба да бидат функционални, а во втор план доаѓа нивната естетика така што и со помал буџет можат да бидат одлични.

Додека дневната е катче каде што проведуваме најголем дел од денот и треба да го направиме и функционално и естетски што попријатно.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793
На истава тема и јас детално размислував, и истражував пред скоро време. Додуше не за композитни материјали како kerrock или corian, моето размислување беше медијапан/иверка наспроти мермер/гранит.
По детелно читање на мислења на разни форуми на нетов дојдов до заклучок дека мермер/гранит имаат повеќе слабости, одколку предности. Мермерот (како што и винд вели погоре) - е порозен, гранитот не толку. Не е толку проблем водата, туку МРСНОТИИТЕ. Кога мермер ќе упие мрснотии, заборави на вадење.
Понатаму ставање жешки садови за готвење не смее да се прави и на мермер/гранит исто како што не смее и на медијапан/иверка. Во првиот случај се дешаваат пукање на мермер/гранитот, ако не веднаш секако после некое време. Во вториот случај се дешава топење на заштниот пластичен слој на медијапан/иверката. Иначе нема некоја разлика меѓу медијапан и иверка за кујнски плотни, ионака се гледаат само украсните површини. Медијапанот нуди повеќе можности за обработка на ивиците, и тоа е тоа.
Материјалите како kerrock или corian можам да се опкладам дека овде се ИЗГОР СКАПИ, немам читано кои им се предностите и дали се еколошки безбедни... ама јас лично не би сакал да имам ништо произведено од ДуПонт (corian е нивни производ). Ни медијапан/иверка не се еколошки безбедни, ама кујнските плотни се можеби исклучок зошто таму се целосно „залиени„ во заштитна пластика (не зошто на произведувачите им е гајле за нашето здравје, туку заради заштита од вода/влага)

За стилот и естетиката на „улиен„ судопер, нема да коментирам - само ќе се осврнам на практичните аспекти. Тоа може да функционира само со мермер/гранит, или со модерни композитни материјали. Со медијапан/иверка е прилично глупаво да се оди така, пошто колку и да е квалитетно изведено кантирањето (лепење на сечените ивици со пластика) - кога постојано се прска вода на спојовите, водата секако ќе продре до медијапанот/иверката и тогаш местото ќе се набабри и отиде плотната во ѓубре.

Судоперот, од аспект на материјалите... овие што ги нарекуваат гранитни се уствари композитни материјали, лепак и гранитна прашина. Имаат слични проблеми како и плотните, упиваат флеки кои не се вадат.



Значи на крајот останува да расчистиш една многу важна работа: За што ќе ја користиш кујната?

- Ако кујната ти е за украс и за кеиф, и за пар пати месечно да приготвиш полн оброк... Воедно и ако имаш пари да ги дадеш за нешто како украс и кеиф... Тогаш слободно можеш да одиш на варијатна плотна од мермер/гранит, и со „влиен„ судопер од композитен гранит.
Во оваа варијанта, слободно стави и украсно стакло наместо плочки на вертикалните ѕидови над судоперот/плотната/елементите. Иначе таквото стаклото редовно пука, ако се готви - ама во кујна што е за украс/кеиф тоа нема значење.

- Ако кујната ти е за редовно/често готвење, секојдневна употреба припрема на храна и миење на садови... Епа тогаш ти треба иноксен судопер и плотна од медијапан/иверка. Плочки по избор на ѕидовите.


Една работа на која не се штеди: големината на судоперот. Што поголем, тоа подобро - и вдлабнувањето да е во еден дел (не со преградувања). Јас на жена ми и земав Пирамис 610 x 480мм, иноксот му е прилично дебел квалитетен - морав да го носам со специјална алатка да ми направат отвор за втора чешма и едвај го изработија отворот мајсторите.
http://www.pyramisgroup.com/default.aspx?lang=en-GB&loc=2&&page=42&prodid=2342

Тоа е тоа, со среќа во изборот (и користењето). :)
 
Последно уредено:
S

StormRage

Гостин
Да, митот за гранитот/мермерот и мрснотиите. Мада и дома на прозорците имам мермер и уште има флеки од кафе. НО за кујни постои посебно импрегниран гранит, кој нема гајле од ништо. Така да, не држи вода муабетот, во секој случај е најдобар избор гранитот, али чим е со тенок буџет, whatever floats your boat, се останато после некое време користење со многу вода ќе почне да се распаѓа.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Во процес сум на внатрешно уредување на идниот дом, и како што оди се кај нас - ангажираш професионалци но успат мора да станеш постручен од нив во областа. Нејсе.

Во моментот сум застаната кај кујна, односно работната површина.

Првичната идеја ми беше гранит или мермер, но бидејки буџетот после инвестиција во недвижност е најчесто тенок. Сакав да прашам, дали некој има искуство со вештачки мермер? Односно двата материјали кои ги најдов се кориан (corian) и керок (kerrock).
Бидејки станува збор за аголна кујна ми се допадна тоа што има можност да биде цела слеана без лајсни меѓу двете плочи. Исто така оцпијата за излеан мијалник, иноксните ми се ужасно грди :)

Има некој употребено ваков материјал во кујна и слично?
Совет, мислење, препорака се добредојдени
Колку пари мислиш да дадеш за кујната?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793
Да, митот за гранитот/мермерот и мрснотиите. Мада и дома на прозорците имам мермер и уште има флеки од кафе. НО за кујни постои посебно импрегниран гранит, кој нема гајле од ништо. Така да, не држи вода муабетот, во секој случај е најдобар избор гранитот, али чим е со тенок буџет, whatever floats your boat, се останато после некое време користење со многу вода ќе почне да се распаѓа.
Не држи вода ама држи флеки... ;)
Се шегувам, јас само ги пренесувам искуствата до кои дојдов. А тоа е дека остануваат флеки на мермерот и на садоперите од композитните материјали (со прашина/честици од гранит).

За тој „импрегниран гранит„ не сум читал - ама звучи поскапо и од обичниот гранит, кој самиот е прескап (лично мислење).
Затоа естетиката и кеифот на страна - иноксот е и поевтин, и подобар избор за садопер. Повторно, тоа е од практична страна гледано. За секојдневното користење на кујната, готвење и припремање и миење, е важна практичноста, а не естетиката - ама секој со своето, како што велиш whatever floats your boat. :)

Потоа за плотните, останува тоа дека жешки садови за готвење на смеат да се ставаат на било која од подлогите. Не е дека барем тука имаат предност поскапите мермер/гранит.
Останува твоево дека импрегниран гранит не прима флеки од мрснотии, ама па истото важи и за плотна од иверка/медијапан (далеку поевтина опција).
Донекаде стои предупредувањето за слабост кон многу вода - ама по правило водата е во садоперот, тоа што ќе се испрска на плотната на крајот од работата, секако се брише. А ако нешто многу се истури вода/течност - тоа веднаш се брише. Во старава кујна, секојдневно се мијат садови во садоперот веќе 7-8год и нема никакви проблеми.
 
S

StormRage

Гостин
Не држи вода ама држи флеки... ;)
Се шегувам, јас само ги пренесувам искуствата до кои дојдов. А тоа е дека остануваат флеки на мермерот и на садоперите од композитните материјали (со прашина/честици од гранит). За тој „импрегниран гранит„ не сум читал - ама звучи поскапо и од обичниот гранит, кој самиот е прескап (лично мислење.
Затоа естетиката и кеифот на страна - иноксот е и поевтин и подобар избор за судопер. Повторно, тоа е од практична страна гледано. За секојдневното готвење е важна практичноста, не естетиката - ама секој со своето, како што велиш whatever floats your boat. :)

Потоа за плотните, останува тоа дека жешки садови за готвење на смеат да се ставаат на било која од подлогите. Така да, не е дека барем тука имаат предност поскапите мермер/гранит.
Останува твоево дека импрегниран гранит не прима флеки од мрснотии, ама па истото важи и за плотна од иверка/медијапан. Донекаде стои предупредувањето за слабост кон многу вода - ама водата е во садоперот, тоа што ќе се испрска на плотната на крајот од работата, секако се брише. Во старава кујна, секојдневно се мијат садови во садоперот веќе 7-8год и нема никакви проблеми.
искрено разликата беше многу мала, не ме држи за збор не знам точно, али последен пат земавме од Гостивар и беше прилично ефтин за разлика од било каде, ако не се лажам околу 350 евра фати за цела огромна кујна со се ѕидни плочки.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Еве тука имаш различни видови на материјали/плотни. Сите би биле во некој поглед подобри од мермерот и гранитот, од причини пишани погоре од другите членови.

:)
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Татко ми прави кујни,вечер ќе го прашам кога ќе дојде. Знам мермерот може да биде и оѓин скап. Ние правевмо кујна и не ми текнува како се викаше материјалот што го ставивмо... Веќе 2-2ипол години ништо не му е. Знам одприлика 50 евра го плативмо.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Еве тука имаш различни видови на материјали/плотни. Сите би биле во некој поглед подобри од мермерот и гранитот, од причини пишани погоре од другите членови.

:)
Абе кај и препорачуваш Алфавуд, ако веќе става иверица нека биде Егер барем.

Гледам погоре, девојката не сака лајсни на спој. Има варијанта на ровер да се направи машко женско спој, и ќе се познава една линија.....проблем е со вода на спојот, ама ако се измачка добро и да се спреми спојот ќе нема проблем....се зависи до тој што ќе ја прави. Вака нешто е спојот.
https://www.youtube.com/watch?v=6IPtKTx4-rc
кујна.jpg [DOUBLEPOST=1427815920][/DOUBLEPOST]Под услов 90 степени агол, ако не е 90 тогаш е проблем треба точно да се прерачуна и да се дадат точни коти.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Абе кај и препорачуваш Алфавуд, ако веќе става иверица нека биде Егер барем.

Гледам погоре, девојката не сака лајсни на спој. Има варијанта на ровер да се направи машко женско спој, и ќе се познава една линија.....проблем е со вода на спојот, ама ако се измачка добро и да се спреми спојот ќе нема проблем....се зависи до тој што ќе ја прави. Вака нешто е спојот.
Прегледај го приврзокот 117916[DOUBLEPOST=1427815920][/DOUBLEPOST]Под услов 90 степени агол, ако не е 90 тогаш е проблем треба точно да се прерачуна и да се дадат точни коти.
Што знам, мене ми се добри. Е сега се во зависност од желбите, потребите и можностите на оној кој инвестира:)
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Мермер има и доста ефтин кај нас. Не мора да значи дека е оган скап а за керок не знам кој ти препорачал но е најскап материјал за ова ти што бараш. Така да ти останува или да најдеш ефтин мермер, или да земеш плотна од иверка.
Моја препорака ти е плотна од иверка. Има огромен број на дезени и бои, ВОДООТПОРНА е, најефтина е, и најпрактична е. Имам ѓезве жешко од кафе оставано и ништо не и било на плотната. Е немам тестирано ако стои подолго време, ако остане 5 секунди нема ништо да и биде. Има убави тенки задни лајсни, не како старите, малку потенки и подискретни. Мијалникот не мора од инокс, на плотната од иверка може и од композитни материјали мијалник, но така е премногу скап и помалку практичен како што рече Vanlok.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Nie imame iverka.
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
Мијалникот никако нема да биде инокс, тоа што го одбрав е гранит (барем ми рекоа дека е гранитен) ќе проверам баш на декларацијата. Истото важи и за батеријата. Па ќе пренесам дали е вистина тежок за одржување. Иноксните ми се чини изгледаат чисто само оние неколку милисекунди измеѓу последната генералка (темелно полирање) и првото пуштање вода (кога повторно е целиот со точки), но нејсе.

Туку за плотната ме убивте, веројатно така и ќе остане.. од медијапан е предлогот на мебелџииве. Ако се навикнам на идејата лајсни на спојката кај аголот

Ова е изгледот кој сакав да го добијам. Целосно слеано (овде материјалот е керок), ако има некој кој го употребил би замолила за контакт од каде е набавено.
Пример 1


Пример 2


Пример 3


кај мене боите/материјалите/белата техника се вакви (види подоле), уште работнава површина со мијалникот вака да ми ги направат :несвест::несвест::несвест:
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793
Мијалникот никако нема да биде инокс, тоа што го одбрав е гранит (барем ми рекоа дека е гранитен) ќе проверам баш на декларацијата.
Направи си услуга, и прашај дали е чист гранит - од парчиња гранит што некако се спојувани. Или пак е прашина од гранит, помешана со некоја сврзивна маса (лепак). На крај прашај дали масни работи оставаат флеки на него.

Исто така води сметка за бигорот што го оставаат капките вода. Тоа е проблемот со иноксот, истиот проблем го има и се што е со темна боја (гранит, мермер, сите композитни материјали). Ако е темно, ќе се познаваат капки вода.
Иноксот барем лесно се чисти, и не остануваат мрсни флеки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom