Досега е Тања Андреева најдобар играч кај нас,со висок процент на одбрана (денешниов меч и го скина) и голем мотив за нашите.Ако голманот фати зицер енергијата во тимот се менува.Тања навистина е во фрома на европсково,се надевам ќе продолжи во ист ритам.
Втора на листата ми е Јулија Портјанко.Главен носител,физичка градба и лидер кога е најтешко.Одлична во одбрана,сите пробивања се над нејзе направени,она е единствена кај нас што знае да се постави и изглуми.Егејска глава,тврд играч,техника и силина,идеална комбинација.
Трета Тодоровска,прав капитен.Одговорноста за последните напади секогаш ја презема,за неа се е кажано веќе,одлично крило,со нејзините години,одлична брзина,техника,интелегенција.
Најубаво изненадување ми е Мечевска,навистина ме изнанади во позитивна смисла на зборот.Одлична во одбрана,прецизна и пробивна во напад.А има уште години зад неа има 25 години.