Ако сакаш да си ги орочиш парите оди во Прокредит таму најдоброМе интересира која е најдобра банка за да се орочат парите каде има најголем процент и дали е подобро да се орочат во евра или во денари... ?
Пишувајте повеке за ова тука :kesa:
probaj vo stedilnicite MOZNOSTi i drugi mislam deka se so najgolema kamata,mislam deka se 7.5% indeksirani vo evra odi na nivniot sajt i vidi
Јас би ти препорачал да си купиш или државни записи или акции.
Еве види го линков http://www.finance.gov.mk/node/19 имаш пошироко објаснување и распоред за аукции на државни записи. Денеска имаше аукција на 1 и 3 месечни записи. На едномесечните каматата достигна 8,48 % или за 28 дена односно месец на парите добиваш 0,65% камата. Пр. 10.000,00 ЕУР послем еден месец добиваш 10.065,00 Еур односно 65 еур камата. Ако се продаваат со дисцоунт место 10.000,00 евра ќе платиш 9.935,00 евра а по месец ќе земеш 10.000,00 евра.Немам купувано досега државни записи или акции незнам како е тоа... ако сакаш прати ми некој сајт каде што пишува за тоа повеке да прочитам...
Се согласувам со напишаново, во услови на економска криза подобро е довербата да ја препуштиш на поголемите банки, односно банките со најголема ликвидност и профитабилност, кои имаат капацитет да ги издржат последиците на кризава.Најдобро е да орочиш пари во поголемите банки, пример во Тутунска, Охридска, Стопанска, зошто е најсигурно, во помалите ништо не е сигурно можи даваат некој процент повисоки камати, ама тоа е заради да привлечат муштерии, а ги знаат дека не се сигурни.
Знам во Стопанска гарантираат до 10.000 е, веднаш враќаат во случај ти притребаат, а поголема сума треба да почекаш.
Во денари ти е повисока каматата, а во Евра е помала, е сега посигурно е во Евра да орочиш.
Инаку за државните записи се купуваат преку аукции на кои учествуваат банките. Значи, треба да отвориш сметка во банка, да депонираш пари, и да пополниш барање во кое ќе ја овластиш банката за кој износи и со која камата да лицитира во твое име. Внимавај банките наплаќаат провизија за услугата, па според сумата која мислиш да ја инвестираш избери и банка која најмногу ти одговара. Цената на услугата на банките можеш да ја најдеш овде http://www.finance.gov.mk/mk/zapisi/provizija_za_dz_po_banki_02_2008.pdfЕве види го линков http://www.finance.gov.mk/node/19 имаш пошироко објаснување и распоред за аукции на државни записи. Денеска имаше аукција на 1 и 3 месечни записи. На едномесечните каматата достигна 8,48 % или за 28 дена односно месец на парите добиваш 0,65% камата. Пр. 10.000,00 ЕУР послем еден месец добиваш 10.065,00 Еур односно 65 еур камата. Ако се продаваат со дисцоунт место 10.000,00 евра ќе платиш 9.935,00 евра а по месец ќе земеш 10.000,00 евра.
За акции мислам дека знаеш .... реално сите се потценети моментално ама би ти препорачал да почекаш зошто сега делат дивиденда а има едно правило дека по делење на дивиденда акцијата вообичаено паѓа во вредност. Оваа опција е добра ако планираш на подолг рок да штедиш(минимум 2 години). Исто така би ти препорачал да почекаш до јуни или јули да видиме како ќе ја закрпат дупката во буџет заради девизниот курс. Двете опции се врзани за денарот односно инвестираш во денари. Моментално денес на девизен пазар во странство денарот спрема еврото е 1.00 EURO (EUR) = 60.2981 MACEDONIA DENAR (MKD) што значи дека е зајакнат денарот (извор http://www.bloomberg.com/invest/calculators/currency.html)