Најдобар фудбалер на Балканот

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 мај 2007
Мислења
75
Поени од реакции
1
Најдобар Михајлович
А моментално најдобри се Пандев и Едуардо
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.355
Поени од реакции
58.026
Мојот избор изгледа вака:

Сега:
1.Пандев (субјективно се разбира, ма да не е далеку од вистината)
2.Бербатов
3.Срна
4.Муту
5.Станковиќ

All time:
1.Савичевиќ
2.Стоичков
3.Хаџи
4.Стојковиќ
5.Бобан
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
All time:
1.Савичевиќ
2.Стоичков
3.Хаџи
4.Стојковиќ
5.Бобан
И сепак ниеден од нив нема Златна копачка како МАКЕДОНЕЦОТ Дарко Панчев. :tapp:

Реков и ќе повторам... Ебате Македонците... Навиваат за странски клубови, обожаваат странски фудбалери... ама не се тие криви, ситуацијата е поебана...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.355
Поени од реакции
58.026
И сепак ниеден од нив нема Златна копачка како МАКЕДОНЕЦОТ Дарко Панчев. :tapp:

Реков и ќе повторам... Ебате Македонците... Навиваат за странски клубови, обожаваат странски фудбалери... ама не се тие криви, ситуацијата е поебана...
ОК, малку си ги побркал работите. Значи направив една листа на сегашни и поранешни фудбалери од балканот. На листата на сегашните бр.1 е Пандев, се надевам дека не го промаши тоа. И тоа можеби е субјективно затоа што е наш ама сепак заслужува место во први 5, било како да ја правиш листата.

Панчев е легенда на Македонскиот фудбал и мој омилен фудбалер уште од времето кога почнував да гледам фудбал а Даре растураше низ поранешната YU-лига, а подоцна и во купот не Европски Шампиони. Сигурно најдобар Македонски фудбалер и единствено Пандев може да го надмине во моментов. Не навивам повеќе за другите одколку што сум навивал за Панчев тоа е сигурно. Сепак, мора секој да си има некои критериуми, најлесно е Панчев и Пандев да ги ставиме на прво место на листите и да ја затвориме темава.

Од фудбалерите кои се на листата Христо Стоичков има освоено златна копачка, една година пред Дарко Панчев. Останатите можеби немаат златна копачка ама и не се класични центарфори, погледни ја листата повторно. Тие се играчи кои имаат оставено траен белег на балканските простори. Интернационалните кариери на Стоичков, Хаџи, Бобан и Савичевиќ се инзвонредни за разлика од Панчев кој заглави во Интер и тоа е единствена причина заради која овие имиња ги ставив пред него. Тоа е сепак мој избор. Ако правев поширока листа од 10 играчи сигурно и Кобрата ќе беше во неа.

Инаку пред се навивам за Македонската фудбалска репрезентација а Вардар ми е во срцето, како и на многу членови на форумот. Кога Вардар би бил конкурентен во Европа овде би владеела масовна фудбалска еуфорија. Ама како и сам што кажа, ситуацијата овде е...

Немој да вадиш заклучоци кој каков Македонец е од една обична листа. За кој навива и што му е во срцето си знае секој од нас за себе. Фудбалот стана глобален спорт и во цел свет се навива за фудбалери без разлика од нивната национална припадност. Постојат цели интернационални клубови со играчи од сите страни на светот. Се надевам дека и кај нас ќе се подобрат работите и ќе имаме барем еден фудбалски клуб зад кој ќе можеме да застанеме сите ние и кој нешто ќе направи во Европа, иако убеден сум дека тој ден е далеку.

Поздрав!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
:wink:

Муабетот ми беше “Татковински“... а твојот пост ми беше повод. Нема да најдеш ниеден балканец (не-македонец) кој нема да стави на прво место свој играч. Тоа се вика патриотизам (а не пцуењето за признавањето на косово).

Мене ми пречи масовната еуфорија на неМакедонски работи. Рековме двајцата, ситуацијата е таква, но ти како возрасен внимавај дали ќе го учиш син ти да навива за Вардар (како што е исправно) или за Интер. Затоа денеска сме во ситуација, од родители како нашите, Ние да навиваме за Звезди, Милани и Манчестери. Не научиле на туѓо. Но, ако ние сме вистински патриоти, ќе си ги научиме децата да навиваат за наши клуби и играчи. Јас објективно или субјективно не признавам ништо повеќе од Пандев и Панчев и плејада на играчи низ историјата и моментално, а се Македонци, за кои одговорно тврдам дека се подобри од 50% од оние кои било кој странец ќе ми ги наведе.

На форумот читаат деца чиј мозок со оформува, а со тоа и се пере. Ако ти како 29годишник им кажеш дека е добро да се навива за Стоичков а при тоа им велиш дека Пандев е субјективно најдобар ти го понижуваш македонскиот играч. А потоа ќе дојде еден Бугар и ќе меле два часа за Бербатов и еден србин (или барем просрпски ориентиран Македонец) кој ќе сере дека Михајловиќ бил ѕвер (а му заби лакт од грб на Пандев на еден натпревар во Seria A) и тука децата добиваат чувство дека е исправно да се навива за Интер и Стоичков.

Сакам да кажам дека коментарот мој има голема политичка заднина, која ти се надевав дека ќе ја сфатиш а останатите не. Факт е дека сите тие играчи кои ти ги наброја се неповторливи играчи, и немам ништо против нив, но јас, како Македонец никогаш прв нема да ставам ниеден друг освен Македонец. Па место празно, па после може Стоичков. Затоа што да си Македонец само по себе ти носи 10 поени на скалата за вреднување. Ако не ти се допаѓа коментаров мој, слободно барај пасош Бугарски. Ама знам дека нема, Македонец си со срце и душа нели. И не, Пандев не е субјективно. Пандев разви цена од 30 милиони евра и моментално е најбаран играч во Европа, што значи дека моментално не е само Македонски и балкански туку и европски најдобар играч. Плус е Македонец. Повеќе неможеме да добиеме.

Вардар е една друга приказна. Никогаш нема да ги разберам оние кои живеат во Дебар маало и навиваат за Милан како улави. Разбирам за Работнички, ама за Милан??? :toe: Локалниот фудбалски клуб, секаде во светот е божество. Јас не сум маалски хулиган, но да бев, оваа власт на Вардар немаше да ја има. Секоја навивачка група е радикална организација и постапува своеволно и никој ништо не и може. Не се плаши од пендрак ниту од притвор. И не оди до Милано за да пее Напред Вардар Ѕинго педер... Јас за Вардар навивам со срце и безусловно. За името, за славата... за Дуле Савиќ! И знам дека син ми, ќе навива за Вардар и за никој друг. Затоа што ќе го воспитам да се цени себе, а не комшијата.... Фала што ме исслуша, и извини ако бев груб. Не сакав да те навредам, :smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.355
Поени од реакции
58.026
Разбирам што сакаш да кажеш, сум размислувал на оваа тема доста. Ќе пробам најкратко што можам да одговорам да не излеземе оф топик:

Значи, темата е најдобар фудбалер на балканот. Не е политичка и нема врска со политика. Тоа од која националност се играчите на списокот воопшто не ми значи ништо, немам симпатии за никого освен за своите. На листата ќе имаше и некој Грк ако заслужеше со квалитетот. Сите играчи кои ги наброив имаат инзвонредни кариери и по квалитетот заслужуваат да бидат меѓу најдобрите балкански фудбалери. Да беше темата омилен фудбалер од балканот, ќе направев две листи на кои убедливо први ќе беа Пандев и Панчев.

Се трудам во животот да бидам реален и објективен. Тоа подразбира дека не е секогаш нашето најдобро и на прво место. Но не сум и од оние за кои нашето никогаш не чини и туѓото е секогаш подобро.

Децата прво што треба да ги учиме фудбалски е да одат на стадион, затоа што таму се учи и се разбира фудбалот. Треба да ги учиме да си ја сакаат репрезентацијата и државата, и да си го сакаат клубот, без разлика дали е тоа Вардар или некој друг домашен клуб.

Интернационалниот фудбал за мене е после овие две. Но нема ништо лошо ако се има омилен тим или омилени фудбалери од некоја од најсилните лиги надвор. Тие екипи имаат милиони навивачи од целиот свет. Што значи секаде е така. Сите тие навивачи си имаат некој омилен клуб дома.

Не си ме навредил со ништо затоа што претпоставките кои ги извлече не се точни. Групата луѓе за кои зборуваш во текстот постои ама јас не сум дел од неа. Ги сакам Вардар, репрезентацијата, и Интер ми е омилен клуб од светската елита. Политика, странски пасоши, соседни држави и нивни фудбалери... не ме интересираат.
 
Член од
28 декември 2007
Мислења
15
Поени од реакции
0
Момчета и Бербатов е македонец:smir:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.496
Поени од реакции
4.058
Berbatov Makedonec?Prv pat slusasm za nesto takvo.A na balkanot Luka Modric moe mislenje.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
2.164
Поени од реакции
134
Моментално Пандев , не затоа што е Македонец , бидејки е баран од најголемите европски клубови.Ама уште еднаш ќе речам , моментално.
Според мене вистинскиот квалитет го покажа во дуелите против големиот Реал М.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.355
Поени од реакции
58.026
A na balkanot Luka Modric moe mislenje.
Повеќе пати прочитав дека најдобар фудбалер на балканот е Лука Модрич. Секако дека секој си има право на свое мислење, ама го гледал ли некој Лука Модрич повеќе од 3-4 пати и тоа во дресот на Хрватската репрезентација?

Неспорно е дека Лука Модрич е голем талент затоа што каде што има чад има и оган. Многу прашина се дигна за него и неговиот трансфер во Челзи, поготово откако Славен Билиќ им порача на луѓето од Динамо да бараат за него пари колку што бара Барселона за Меси. Будалите тоа го сватија скоро сериозно и побараа 50 милиони евра по што сите заинтересирани се откажаа. Реалната цена и понуда која ја добиле според хрватските медиуми е 15 милиони евра. Кога видоа дека нема да земат пари колку што се надеваа, почнаа да кажуваат приказни за европски Динамо (откако ги продадоа Чорлука и Едуардо им текна ова) и ќе го држат детето да игра со Чаковец и Осијек, надевајќи се дека ќе му тргне на на ЕУРО 2008 и ќе му скокне цената. Во меѓувреме, недај Боже, може да се повреди сериозно и до крајот на кариерата да игра со Чаковец.

Лука Модрич е голема ѕвезда само за Хрватските медиуми, баш како што беше Нико Крањчар. Тие секогаш имаат по една голема ѕвезда дома за да има за што да пишуваат и да бидат актуелни. Факт е дека Лука Модрич е само еден талентиран фудбалер. За неколку години можеби ќе зборуваме за него како за најдобар на Балканот. Засега не.

Во моментов најскапи и најбарани фудбалери од Балканот се Пандев и Бербатов, играат во одлични лиги и во одлична форма, и меѓу нив и + уште неколку фудбалери треба да се бара најдоброто од Балканот.
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
5
Spored mene najdobri fudbaleri na balkanot se : Dejan Stankovic , Nemanja VIdic , Dario Srna , Krajncar i Goran Pandev i noramlno Jas :icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr:icon_mrgr
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.646
Поени од реакции
10.942
Баце такозвани Горан Пандев и Србинот у Јунајтед :helou:
пиис
 

_M@tR|x_

ПрвоТимец
Член од
1 декември 2007
Мислења
115
Поени од реакции
1
Се разбира Пандев и Бербатов
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom