Најголем гаф на политичарите

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Најголемите гафови допрва претстојат на изборите во јуни.

Само да ги чуете почетните соопштенија на СДСМ и јасно е дека почнаа да тонат. Од нив сега се ќе чуеме.

А најголем гаф до сега за мене е изјавата на Бучко, откако изврши саботажа на референдумот, дека борбата за слобода и демократија продолжува. :kesa:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Признавањето на независноста на Тајван се случи; НР Кина потоа ги прекина дипломатските односи со Р Македонија. Некоја година подоцна односите со Кина се доведоа во ред.
само мала исправка

Го признавме Тајван по што Кина предвидливо стави вето на унпрофор мисијата тука, тампон зоината ја снема со што се отвори вартата за нато зликовци кон косово,односоно воен конфликт кај нас 2 години подоцна..тоа беше позадината на признавањето на македонија..отварање на пат за американците и неуспешниот обид на љубчо за подоцнежна дестабилизација и поделба
 

Ninja

Кајгана на око
Член од
15 мај 2005
Мислења
623
Поени од реакции
9
Не се случи признавање на независност на Тајван, туку воспоставување дипломатски односи со Република Кина (со влада на Тајван). По влезот во широката коалиција во 2001, првиот диипломатски потег на Илинка Митрева беше да ги прекине дипломатските односи со владата на Република Кина која е во Тајпеј, и да ги обнови односите со со владата на НР Кина која е во Пекинг.

Според тежината, ова е еден од најголемите гафови што еден политичар може да ги направи. Специјално кога овој потег не е смислен од некој циркузант како Амди Бајрам, туку од Циле Тупурковски, професор и доктор на науки, чија специјалност е меѓународното право.
В ред, дипломатски односи со Република Кина (често именувана и како Тајван); но, нели признавањето на државата е основа за воспоставување дипломатски односи? :) Но, сеедно. Kомплетно се согласувам со вториот пасус. Овој скандал е еден од поилустративните примери за често пристутните несериозност, неодговорност и непромисленост во водењето на надворешната политика на Р Македонија.

само мала исправка

Го признавме Тајван по што Кина предвидливо стави вето на унпрофор мисијата тука, тампон зоината ја снема со што се отвори вартата за нато зликовци кон косово,односоно воен конфликт кај нас 2 години подоцна..тоа беше позадината на признавањето на македонија..отварање на пат за американците и неуспешниот обид на љубчо за подоцнежна дестабилизација и поделба
Мало дополнување, всушност: НР Кина ги прекина дипломатските односи со Р Македонија и стави вето на продолжувањето на мандатот на УНПРЕДЕП :). Каков пркос беше тајванската авантура кон држава со меѓународна позиција каква што има НР Кина! :) Срамотилаци! :)
 

Malak

Darth Malak
Член од
15 април 2008
Мислења
48
Поени од реакции
38
Никола Груевски: "За добрите работи кои се случуваат во Македонија е заслужна власта, а за сите останати лоши работи опозицијата "
Драги мои одговорноста во државата ја презима ВЛАСТА.Ова е еден од примерите на бегање од одговорноста...
ццццц:nenene:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
В ред, дипломатски односи со Република Кина (често именувана и како Тајван); но, нели признавањето на државата е основа за воспоставување дипломатски односи?
Прашањето е: која држава е признаена со тајванскиот гаф?

Одговорот е: според тајванскиот устав, парламентот и владата во Тајпеј се парламент и влада на целокупна Кина, односно тоа е кинеска влада во егзил. Со признавањето на оваа влада, Циле фактички ја прогласи владата во Пекинг за нелегална влада на Кина.

Што е многу, многу е.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.375
Поени од реакции
7.593
а да пообјасниш за ние што не знаеме?
На времето додека ти учеше од буквар, Циле, здружен со Љубчо го признаа Тајван, ветувајќи дека од таму ќе донесат 1 миЉарда долари. И ојдоа таму група политичари, интелектуалци, стопанственици, во посета на новата братска земја.
По некое време Кина се закани дека ако нашиве не кажат „Пу, пу, не важи признавањево“ дека ќе бидат лоши кон нас.
И нашите тогашни водачи се пишманија, ги вратија во нормала односите до НР Кина, а парите... ашш пари...
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
На времето додека ти учеше од буквар, Циле, здружен со Љубчо го признаа Тајван, ветувајќи дека од таму ќе донесат 1 миЉарда долари. И ојдоа таму група политичари, интелектуалци, стопанственици, во посета на новата братска земја.
По некое време Кина се закани дека ако нашиве не кажат „Пу, пу, не важи признавањево“ дека ќе бидат лоши кон нас.
И нашите тогашни водачи се пишманија, ги вратија во нормала односите до НР Кина, а парите... ашш пари...
Зашто мислам дека беа во прашање 2 Миљарди?:kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom