Најголемото термално езеро во Европа

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109


Уникатното езеро Хевиз (Heviz) расположено во непосредна близина на унгарскиот град Хевиз. Зафаќа површина од 47500 квадратни метри, и се смета за најголемо термално езеро во Европа, а второ по површина во светот после новозеланското езеро

Температурата на водата во езерото зима не е пониска од 23 степени С, и не пониска од 33 – во лето и познато по своите лековити води уште од средината на XVII век

Водата во езерото во потполност се обновува за 28 часа и секогаш останува чиста .Самото езеро опкружено е со шума што му дава специфична лековита микроклима.
Здравите луѓе можат да останат во вода најмногу 1.5 час , додека ревматичарите не повеќе од половина час.
















 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Е ондека човек да си отиде на одмор, бар на една недела да се изнаужива:)

Ама морам и да признаам........ не е поубаво од Беровското езеро:):love:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Браво, кај ги наоѓаш овие работи.
Дај доврши: Превоз (од каде,која релација најдобра и цени за смештај и влез на езерото,лекување-бањи и др.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Најголемо термално езеро во Европа, во конкуренција на уште две три локви.
Ова класифицирање е исто ко онаа темана за тој автомобилистот, шампион на Централна Европа што беше, во ипсилон категорија. Мислам, ОК е, ама за вакво езеро (чудо на природата... уствари познавајќи ја геолошката историја на тие простори и не е некое чудо) не е „фер“ насловот да е таков. Вака, испаѓа дека спецификата е во неговата големина. Кур од овца е големината.

Спецификата е ОК.

Езеро за мекуши. На тие што им била ладна водата во Охридско езеро. Еве, уште една тема што оди против Охрид (joke mode)
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Читав на Википедија пишува дека и имало здравствени ефекти и некоја бактерија Micromonospora heviziensis-многу јак протеин.Овде навистина вреди да се отиде,барем да се види убавината.:)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
@Anco
не е само уникатната флора тоа што го обележува езерото. Всушност, треба да знаете дека пливајќи во Хевиз, вие пливате во еден котел преполн со милиони бактерии. Тоа е поради специфичниот сооднос на хемискиот состав и температурата на водата. Но, токму тој биохемискиот состав на езерото ја генерира неговата лековитост.
Лекарите препорачуваат капење во Хевиз кај широк спектар случаи на нарушувања на здравјето. Препорачливо е за пациентите со болести на ‘рбетот, кај болните од остеопороза и од други заболувања на коските поврзани со метаболизмот, за тие во хронична фаза на артикулативните заболувања поврзани со метаболизмот, кај ревматизмот на меките ткива, кај случаите со ревма со акутно воспаление, кај пациентите со фрактури, како посттерапија кај случаите по трауматолошки и ортопедски операции, кај невролошките случаи (на пример, кај болестите на периферните нервив кои не бараат хируршка интервенција, кај ишијасот), за третмани на кожата и кај гинеколошките заболувања.
Сепак, важно е да се напомене, дека медицинската вода од Хевиз не се препорачува секому, па пред да почнете со лекувањето препорачливо е да се консултирате со лекар-специјалист. Лековитото капење не се препорачува кај луѓето со заразни заболувања, кај оние со болно срце и со болести на системот на циркулација (најмалку шест месеци по преживеан срцев удар), кај сите видови акутни воспалителни заболувања, кај пациентите со малигни тумори, кај луѓето со болести на нервниот систем што предизвикуваат несвестица (епилепсија, на пример), кај пациентите со астма и кај бремените жени.

Комплексното лекување во Хевиз вклучува различни видови физиотерапија, кои се потпираат на 200-годишно професионално медицинско искуство. Притоа ви нудат целосна дијагностика (лабораторија, ЕКГ итн.) и индивидуално подготвена терапија за секој пациент одделно. Луѓето од бањата тврдат дека лекувањето во Хевиз нуди не само привремено олеснување и закрепнување, туку со месеци го спречува повторното појавување на болката, така што лекувањето спроведено напролет ќе им обезбеди безгрижни божикни празници на тие што сакаат да закрепнат.

Пикни се во радиоактивната кал
Специјалната медицинска кал (некаков си „мешан пелоид“) богата со неоргански и органски супстанции, макро и миркоелементи, го прекрива езерското дно на длабочина од неколку метри. Нејзината постојана мекост, способноста за пречистување на водата и складирање на топлината ја прави одлична за терапијата со кал. Во текот на капењето, човек може да си направи „кална бања“ во водата близу брегот, а меурчињата гас што се ослободуваат од неа (според брошурите - сулфур и радиум), како и честичките кал што лебдат на површината на водата, имаат извонреден позитивен ефект врз здравјето. Оваа медицинска кал може да се користи не само на самото место, туку и се продава како сертифициран медицински производ под името „Панонска медицинска кал од Хевиз“.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=6E8B063AC2CEF640B3EAEB537F57E203
 

Kajgana Shop

На врв Bottom