Најголемиот студентски дом во Македонија се распаѓа

Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
ќе идам малце офтопик ама вакви ставови ме ежат, колку нефлексибилни луѓеЗш толку омраза бе аман. Ако ти е скопјанка сама дома или у викендица, ќе решаваш алгебра со неа, нели?
А ако ти е посета на скопјанец у студентски дом синоним исклучиво за ебавање девојки, бааги се лажеш. И зашто, не смее скопјанец да се дружи со не-скопјани...не смее со нив да искача, да иде кај нив дома? Или ако е женско не смее, или у диско не смее...? Не си ми јасен со ова предрасудиве.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 18:15 ---
Само да додадам, гледам се повеќе се затворате во вашите трла по разни основи, затоа никогаш нема да сфатиш (и повеќето) некои нешта од тој живот. Горд сум што покрај скопско друштво сум имал одлични пријатели прилепчани, битолчанки, црнци и црнкињи, еден гевгеличанец и една гркинка...и неколку други. Не болеше петица кој од каде е...сеа што се двоите и по големина на уши, ја не сум ви виновен.
Дочита делот надоле ?
Епа ако не си дочитај го и ќе видиш за кој скопски "фраери" зборувам.
Него го виде само скопски фраери се спомнува и твоето име, + никот ми е Провинцијалец и одма си направи некој филм.
Така да дочитај делот надоле и потоа пишувај.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Дочита делот надоле ?
Епа ако не си дочитај го и ќе видиш за кој скопски "фраери" зборувам.
Него го виде само скопски фраери се спомнува и твоето име, + никот ми е Провинцијалец и одма си направи некој филм.
Така да дочитај делот надоле и потоа пишувај.
Дека ќе трчаш гол ако го средат Стив? Кажи кога, да навиваме за тебе...кајгана, кајгана :D
Или за Стив бараките. Ако е за бараките (ако сеуште стојат, не сум бил одамна Автокоманда) никогаш нема да ги средат. како што треба. Едино да ги искорнат од корен, да стават нови.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
како, тоа е проблемот...ќе му кажеш на врата дека идеш да учиш кај некоја...Ќе се згази од смеење... :D
Тогаш барем у зградата у Стив не пуштаа така лесно, барем навечер. Исто у Гоце у диското ако те осети дека си скопјанец, маф...
А од каде се оние слики од првите постови?
Во студентски дом, не смее да биде истакнат оглас за продажба на алкохол и никаков друг оглас што не е поврзан со студентска дејност и потребните услови за живеење. Доколку постојат такви следува опомена и отстранување.

Имотот во студентскиот дом не смее да се уништува. Секоја штета треба да се надомести.

Никој од студентите не смее да го нарушува јавниот ред и мир (ова значи ограничено времетраење на забавите по собите и јачината на звукот).

При влегување на надворешни лица задолжително треба да им се запишуваат личните податоци и времето на влез и излез. Забранет влез на надворешни лица после 12 часот навечер. Доколку портирот се сомнева во идентитетот на лицето студентот е должен да ја покаже својата карта за идентификација. Ова го вршат портирите, кои треба да следат што се случува, а не да спијат на работно место. Секој од нив е должен утрото да претстави извештај за својата смена. Доколку не ја извршуваат совесно својата работа следува казна и за нив.

Влезните врати на студентските домови се отклучуваат со магнетна карта која е вградена во документот за идентификација на корисникот на студентскиот дом.


Вакви правила важеа кога јас студирав во Бугарија. Се применуваа колку што е возможно, и никогаш немало посериозни проблеми, иако и таму студентските домови беа постари од 20 години, и имаше соби во незадоволителна состојба. Се извршуваа поправки на студентските домови колку што биле во можност (смена на врати, славини, подновување на тоалетите и тушовите кои ги имаше за секоја соба посебно, сите други оштетувања кои не се свесно или намерно предизвикани). Но она што го видов во студентскиот дом "Гоце Делчев", е хммм... Немам зборови. Како некакво анархистичко расположение да ги обзело од првиот до последниот во хиерархијата на одговорности и задолженија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Во студентски дом, не смее да биде истакнат оглас за продажба на алкохол и никаков друг оглас што не е поврзан со студентска дејност и потребните услови за живеење. Доколку постојат такви следува опомена и отстранување..
Добро Каран, но не можам да ги осудувам студентите кога знаеме колку им е танок џепарлакот па за продажба на производи (освен можда алкохолот) се снаоѓаат. Штампам дипломски, продавам инсектариуми/хербариуми...добро капнува за крпење од први до први...и така ги чинат доста родителите дома.
При влегување на надворешни лица задолжително треба да им се запишуваат личните податоци и времето на влез и излез. Забранет влез на надворешни лица после 12 часот навечер. Доколку портирот се сомнева во идентитетот на лицето студентот е должен да ја покаже својата карта за идентификација. Ова го вршат портирите, кои треба да следат што се случува, а не да спијат на работно место. Секој од нив е должен утрото да претстави извештај за својата смена. Доколку не ја извршуваат совесно својата работа следува казна и за нив..
Шала на страна, вакви безбедносни мерки се и те како потребни. Криминалот е бааги зголемен, не е ова тоа време на колку толку ред и поредок...а дури и тоа време се случуваа тепачки и кражби. Само не верувам дека ќе немаат проблем со обезбедувањето, знаејќи како се однесуваат пред кафичи и клубови.
Влезните врати на студентските домови се отклучуваат со магнетна карта која е вградена во документот за идентификација на корисникот на студентскиот дом
тоа значи не им било дозволено да примаат никакви посети?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Добро Каран ама не можам да ги осудувам студентите кога знаеме колку им е танок џепарлакот па за продажба на производи (освен можда алкохолот) се снаоѓаат. Штампам дипломски, продавам инсектариуми/хербариуми...добро капнува за крпење од први до први...и така ги чинат доста родителите дома.
Лепењето огласи по ѕидовите кој каде стигне покажува дека нема ред и на некој начин предизвикува уништување на општествениот имот. Продажбата не може да се забрани, државата не се справила со тоа, а не пак одговорните лица во студентски дом. Но не може да се извршува на таков начин. Како што видов на влезовите пред портирите има доволно простор да се монтира некаков вид огласна табла на која и студентите ќе можат да огласуваат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Добро, ваљда ќе го решат тоа огласни табли, вратари (мада имаше едно време вратари ама некако слабо функционираа)...ако воопшто направат нешто првин како згради да ги средат. Само не можеш да ги држиш студентите у карантин заради погоре кажаните предрасуди. Као возрасни луѓе, сами си одговараат за тоа кој со кого се дружи и што прави у соба. Не им се криви "скопјанчишчата" ниту некој друг.
У секој случај најголема глупост што (покрај тоа што живеат луѓе, а не стока) домовите се распаѓаат, а носат имиња на луѓе кои не го заслужиле тоа
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
тоа значи не им било дозволено да примаат никакви посети?
Па, не баш. Посети се дозволени, но не може некој тукутака да влезе незабележан и нерегистриран, или да остане да живее таму на местото на некој друг (се разбира постојат исклучоци кога е очигледно дека намерите не се лоши, но зависи од добрата волја на луѓето кои се грижат за редот).
Дозволени се и забави по собите, но доколку некому (среде сесија) му смета, ѕвони во полиција, а тие веднаш доаѓаат и ти даваат рок од еден час да се смири атмосферата.
Посети се дозволени, не е дозволено преноќување. Сепак одговорните имаат разбирање доколку ти дојде член на семејството, например. Преку денот е дозволен влез само што треба да се дадат личните податоци, за да се знае кои луѓе биле во зградата ако, недај Боже, нешто се случи. Дури и после 12 вечерта, доколку не е некој катиљ-вратар што не спие до 5 сабајле, може да протнеш свој човек.
Студентските домови се наменети за студенти не се ниту јавни куќи, ниту продавници, ниту предмет на трговија со недвижности. Си има и време и место и за дружба, и за водење љубов, и за пиење и се друго по ред.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Кога станува збор за туѓо никој студент не води грижа ама кога станува збор за сопственото тогаш ви е криво.
Епа затоа студентскиот дом Гоце Делчев (на никој и ничив) е таков каков што е
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Студентските домови се наменети за студенти не се ниту јавни куќи, ниту продавници, ниту предмет на трговија со недвижности. Си има и време и место и за дружба, и за водење љубов, и за пиење и се друго по ред.
Е кај испадна сега од дружба до јавни куќи и продавници :) Тоа се се возрасни полнолетни особи за кои ние немаме право да се лутиме нит да им се мешаме што прават, со кого прават, нивно право. Во контекст на контролите и забраните...што ако има (а најчесто има) момче/девојка, друштво кои не се од тој дом? Ај разбирам ред во одредени периоди ама не се па во манастир или војска за да не донесат друштво или партнер, ракија ни треФка.
Инаку на темата, тие посетители/лки се најмалку виновни за распадот и негрижата за овие објекти. Ако пак властите (и студентите) сакаат да функционира како универзитетските кампуси во некои земји, тогаш во право беа поназад...треба да се урне и од ново да се гради. А ниту се урива ниту реновира, а даноци се плаќаат, пари на име одржување се пресметуваат...Елдорадо :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Е кај испадна сега од дружба до јавни куќи и продавници :) Тоа се се возрасни полнолетни особи за кои ние немаме право да се лутиме нит да им се мешаме што прават, со кого прават, нивно право. Во контекст на контролите и забраните...што ако има (а најчесто има) момче/девојка, друштво кои не се од тој дом? Ај разбирам ред во одредени периоди ама не се па во манастир или војска за да не донесат друштво или партнер, ракија ни треФка.
Инаку на темата, тие посетители/лки се најмалку виновни за распадот и негрижата за овие објекти. Ако пак властите (и студентите) сакаат да функционира како универзитетските кампуси во некои земји, тогаш во право беа поназад...треба да се урне и од ново да се гради. А ниту се урива ниту реновира, а даноци се плаќаат, пари на име одржување се пресметуваат...Елдорадо :)

Муабетите дека студентските домови се како јавни куќи се исти како оние дека Скопје е град на педери.
Интересно е кога луѓе од страна или тие што биле 3-4 пати прават муабет како се да знаат и некој што живее таму смешни му се тие муабети затоа што студентскиот му е дом повеќе од оној од каде потекнува затоа што тука е 9 месеци и буквално знае како дише студентскиот.

Државата е крива што секоја инсталација (парно, вода, струја) што буквално цел инвентар го поминале својот век. Што нема храна, што нема топла вода, нема изолација... Не се криви што многу идиоти кршат прозори, кршат се по собите, намерно ги валкаат ѕидовите за да тој другиот што ќе се всели во таа соба да мора да ја пребојадиса, да ги пополни дупките во ѕидот, да мора да го поправа креветот, да се снаоѓа за столче, да ја поправа вратата... Има идиоти кои се дерат во 4 или 5 наутро, други фрлаат ѓубре од прозор иако одма до собата има 4 корпи за ѓубре, други ги вадеа сијалиците од лифтот, го скршија огледалото во лифтот, ја оставаат вратата од лифтот отворена па некој мора пешки да оди до 13-ти и најлошто од се крадењето кое го има редовно. Тоа е домашна култура која ја немат многумина, а веќе е касно затоа што го напуштиле домот и се промешале во народ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom