Најавени измени во законот за увоз на автомобили

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Неколку дена како разгледувам за трошоците за увоз и излегува дека за авто (до 1.500 ццм3) трошоците се помеѓу 1500-2000 евра така да и со законов за старосната граница сепак само тие што ке имаат повеќе пари (4000-5000 евра) ке можат да си земат убави автомобилчиња (голф 4 и сл.). Значи доколку не се намалат давачките како акциза и ддв ништо од бизнисот. Од една страна и акцизата да не се намали (релативно поднесливи се 245еура) има многу мали давачки 100 евра ваму, 100 евра таму по шалтери и сл. што на крај многу ја креваат цената. Со постојните давачки не верувам дека некој кој вози кола на бг табли би дал 2000еура да вози на мк и да плаќа поскапа регистрација и зелен картон. Лично верувам дека давачките значително ке се намалат но останува да видиме.
Некаде прочитав дека од акцизи државата земала 6 милиони евра годишно па и да ја укине акцизата ке се возат повеќе коли и со појаки мотори кои повеќе ќе трошат што значи повеќе бензин а од литар бензин државата има некаде 50%.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
кој има спремни 5000 евра би донесол многу солиден автомобил...останува да чекаме околу недела дена па да видиме дали законот ќе излезе корисен за граѓаните (како што беше најавувано) или за буџетот...изгледа ќе се намалат давачките,но не до таков степен како што очекуваме ние
 

Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Солидни автомобили ке има и за 3000 евра. Ова е мое лично мислење, па живи били па видели.

Сепак мислам дека олку прашина не се крева за џабе, вмро мислат да ќарат усте некој процент подршка на анкетиве од ИРИ.:wink:

Како и да е ние ќе сме во ќар.:toe:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Епа да де. Schwackeliste е до 1998 :) Некаде до 1997 каде што имам прочитано.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Член од
28 март 2006
Мислења
17.714
Поени од реакции
12.134
Власта ќе го смени моделот за акцизите за увоз на возила без големи трошоци на државниот буџет. Пресметките се при крај, се остава простор давачката да поевтини и за старите и за увоз на нови автомобили.
- Царинските давачки при увоз на употребувани патнички возила се намалуваат од постојните 10% на 5%. Стока во вредност до 350евра секој граѓанин ќе може да внесе во РМ без царина, кажа Ставревски.
Ај ваљда и сиромаштија ќе вози друга кола осим фичо и стокец.
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
овие измени се однесуваат само на автомобили или и на тешко товарни возила (камиони) и на автобуси? што е со комбиња? дали и за нив ке важи новиот закон?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.783
Поени од реакции
9.700
Граѓаните во период од 6 месеци ќе можат да увезат употребувани возила кои ги исполнуваат ЕУРО 1 стандардите, а во наредните 6 години, возила кои ги исполнуваат ЕУРО 2 емисионите стандарди, пренесува „Макфакс“.

Ова произлегува од двата правилника кои денеска ги потпиша министерот за економија Фатмир Бесими , кои како што е соопштено, стапуваат на сила веднаш по објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Новина во правилниците е дека увозниците на возила претходно ќе треба да ја спроведат царинската постапка, а потоа да извршат проверка на сообразноста на возилото (хомологација).

Во случај увозникот да не добие позитивна оцена на тестот за хомологација, средствата за спроведување на царинската постапка ќе му бидат вратени.

Со усвојувањето на овие подзаконски акти се овозможува да се спроведе во пракса одлуката на Владата за олеснување на условите и постапките за увоз на користени автомобили и легализација на автомобилите со странски регистерски таблички во земјата, со што ќе им се помогне на голем број граѓани да ги заменат своите стари возила кои важат за големи загадувачи на животната средина, со понови.

Со тоа воедно значително ќе се подигне просечната старосна граница на возниот парк во земјата, со што ќе се влијае на зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и на унапредување на квалитетот на животната средина.

Ohridnews
извор: „Макфакс“
 
H

^HITMAN^

Гостин
Кe ве молам од поупатените една информација. Денес се овозможи да се увезуваат автомобили стари до 16 години и со Еуро 1 еко стандард, царината се намали за 50% а и акцизата се намали само не разбрав колку и како.
Епа сега вака. Сакам да купам Opel Tigra од Германија, од 1997 год, 1.6 литри, цена 1,500 евра. Колку би ме чинеле сите давачки од прилика освен транспортот дека ќе ја земам лично јас. Однапрад благодарам.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.783
Поени од реакции
9.700
Кe ве молам од поупатените една информација. Денес се овозможи да се увезуваат автомобили стари до 16 години и со Еуро 1 еко стандард, царината се намали за 50% а и акцизата се намали само не разбрав колку и како.
Епа сега вака. Сакам да купам Opel Tigra од Германија, од 1997 год, 1.6 литри, цена 1,500 евра. Колку би ме чинеле сите давачки од прилика освен транспортот дека ќе ја земам лично јас. Однапрад благодарам.
Тоа е прашање за 500 евра. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom