Надворешни односи на Македонија

?

..........

Гостин
Интересни анегдоти раскажуваш. :) Ама актуелниве настани ги демантираат сите што до сега кажуваа „абе на кој му е важна Македонија бе, мали сме ние„. Не дека не беа делумно во право. Но ете излезе дека големите сили навистина се СЕКАДЕ инволвирани, ако за ништо друго тогаш затоа што никогаш не се знае што и кога може да затреба за нешто.

Тука грешиш, кога кажуваш дека „Грција Турција Србија Австрија Унгарија Италија„ ако решат дека гасовод ќе градат ... тогаш Македонија нема збор во изградбата. Има, на жалост (само за овој случај зборам) право да одбие... и тогаш другите ќе мора да бараат како гасоводот да ја заобиколи Македонија.
Ланецот е силен колку што е силна наслабата алка. Една земја ако се откаже, цел гасовод паѓа. Ова веќе се случи, кога Бугарија се откажа (откако по „обоени„ протести, падна владата и новата влада експресно брзо се откажа од учество во Јужен Тек).

П.С. Не спомнувај имиња на политичари, пошто муабетов ќе отиде во политичко прекпукување а знаеш дека домашна политика е забранета: ќе ни ги избришат коментарите, а можеби и темата ќе ја заклучат времено.
П.П.С Добро прашање, кое и други погоре го повторија: Зошто сега пукаат „бомбите„? Во 2010та, 2011та се снимани... ама тек сега излагаат во јавност снимените материјали. Зошто токму сега, а?[DOUBLEPOST=1426103630][/DOUBLEPOST]
^^
Ова!
Со тоа што би додал дека иако целта не е смена на власта, дека тоа не е примарна цел... Ни тоа не е исклучено, ако е потребно за да се оствари целта: стопирање на гасоводот.

Како што вели и пријателот Пуно, и крв може да падне ако затреба (да се заштити демократијата и западните вредности). Претпоставувам знае за што зборува.
Добро значи јас ја разбирам твојата теза, дека ако овие другиве држави се договорат америте ке ја притиснат Македонија или ќе ја дестабилизират за да го оневозможат градењето на тој гасовод..
прво: Зошто америте им е потребно да падне ваква тоталитарна власт која контролира се во државата ако сакат да го постигнат тоа? америте можат власта да ја фатат за јајца односно да му пуштат морковче и да си ја контролират како сакат, па дури и да ја натерат да не одобри изградба на тој гасовод низ државава...... јас да сум на место на америте оваа ситуација би ми била најлогична и најповолна 100% сигурна варијата за нив..
второ: Ако веќе прават дестабилизација, зошто америте не играт на веќе проверената карта “борба за човекови права“?
трето: на кој начин објавување на доказни материјали за корупција, криминал, злосторничко здружување, кршење на човекови права, местење избори, озурпирање на институции, озурпирање на медиуми притисок и заплашување на јавноста од страна на една група луге кои владеат е лошо за државата и народот во неа?
четврто: како сте вие сигурни дека прислушкувањето го вршеле надворешни служби, а не земате во обзир дека тоа го правела власта, и дека сега материјалите им се испаднати од заштитната кутија....
Одговори ми на овие прашања, зошто јас навистина незнам на кој начин објавување на криминални дела и активности од страна на власта и злоупотреба на сопствениот народ е штетна за топј истиот народ и држава..
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
четврто: како сте вие сигурни дека прислушкувањето го вршеле надворешни служби, а не земате во обзир дека тоа го правела власта, и дека сега материјалите им се испаднати од заштитната кутија....
Телекомите по закон мораат да го снимаат секој разговор направен на нивната мрежа. Значи буквално секој. Тие разговори се држат снимани одредено време кое е исто така регулирано со закон. Доколку службите за безбедност добијат налог, тие имаат начин како да дојдат до посакуваните снимки.

Доколку овие снимки не се фабрикувани, тоа тешко дека би можело да значи дека имало потреба да се инсталира надворешна техника за да ова се снима. Тука веќе не е прашање кој ги снимал овие разговори, тие се снимани од телеком операторите. Вистинското прашање кое треба да се постави е кој и како и ги доставил овие снимки на опозицијата.
Кога ќе се знае и субјектот кој го стои помеѓу операторите и опозицијата, тогаш ќе се знае и кои се вистинските причини за бомбите.[DOUBLEPOST=1426108902][/DOUBLEPOST]
трето: на кој начин објавување на доказни материјали за корупција, криминал, злосторничко здружување, кршење на човекови права, местење избори, озурпирање на институции, озурпирање на медиуми притисок и заплашување на јавноста од страна на една група луге кои владеат е лошо за државата и народот во неа?
Доколку ги видиш изборите од 1990 до сега, ќе видиш дека секоја опозиција редовно се жали за истите изборни нерегуларности што ги има во бомбиве. Па така доколку истите работи се веќе вообичаени во ова окружување, зошто би очекувале народот да е запрепастен и да крене револуција.

Ова за опозицијата не е ништо повеќе од предизборна кампања, во таа смисла беше и вчерашниот митинг. Класичен македонски предизборен митинг, полн со плукање, кој не се разликува од митинзите на другата страна.

На опозицијата овие информации што им се понудени, не се ништо друго туку начин да дојдат на власт. Ова е типино водење на дневна политика, без да се размисли ниту малце подлабоко.[DOUBLEPOST=1426109132][/DOUBLEPOST]
второ: Ако веќе прават дестабилизација, зошто америте не играт на веќе проверената карта “борба за човекови права“?
Кој рече дека не играат на таа карта?
Политичката дестабилизација е вовед на веќе проверената карта. Се прави саботажа, која има неколку цели.
1. Да се сврти вниманието на безбедносните структури, поготово на разознавачките
2. Да се изгуби доверба на Македонците во институциите на власта.
3. Да се поларизира Македонскиот народ за да се отежни одбраната.
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ова како америте не ја контролираат сегашнава власт па пуштаат монтирани разговори баш сега да ја сменат па преку својот полтрон зајко да спречуваат гасоводи и да го уриваат Путин.
Големиот наш премиер е имун на западни влијанија и притисоци, мора со војна и братоубиство да го симнат. :aplauz:

Си ги покажувате вистинските бои.

Патем, дестабилизација и евентуално крвопролевање и одговара само на сегашнава власт, опозицијата си има огромен аудио материјал за уривање на власта, за жал легализација на гумени куршуми е само почетокот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
прво: Зошто америте им е потребно да падне ваква тоталитарна власт која контролира се во државата ако сакат да го постигнат тоа? америте можат власта да ја фатат за јајца односно да му пуштат морковче и да си ја контролират како сакат, па дури и да ја натерат да не одобри изградба на тој гасовод низ државава...... јас да сум на место на америте оваа ситуација би ми била најлогична и најповолна 100% сигурна варијата за нив..
Оваа влада направи контакти со Русија, во самата партија има силно про-Руско лоби и така натака. Но тоа не е важно, тоа е секундарно. Дури и опозицијата да дојде на власт, тоа на Америте не им е сигурно дека Македонија нема да се сврти кон Русите. Како што кажав и во опозицијата има силно про Руско лоби.

Значи не им е целта да падне власта, туку им е целта да произведе дестабилизација.
 
?

..........

Гостин
Телекомите по закон мораат да го снимаат секој разговор направен на нивната мрежа. Значи буквално секој. Тие разговори се држат снимани одредено време кое е исто така регулирано со закон. Доколку службите за безбедност добијат налог, тие имаат начин како да дојдат до посакуваните снимки.

Доколку овие снимки не се фабрикувани, тоа тешко дека би можело да значи дека имало потреба да се инсталира надворешна техника за да ова се снима. Тука веќе не е прашање кој ги снимал овие разговори, тие се снимани од телеком операторите. Вистинското прашање кое треба да се постави е кој и како и ги доставил овие снимки на опозицијата.
Кога ќе се знае и субјектот кој го стои помеѓу операторите и опозицијата, тогаш ќе се знае и кои се вистинските причини за бомбите.[DOUBLEPOST=1426108902][/DOUBLEPOST]
Доколку ги видиш изборите од 1990 до сега, ќе видиш дека секоја опозиција редовно се жали за истите изборни нерегуларности што ги има во бомбиве. Па така доколку истите работи се веќе вообичаени во ова окружување, зошто би очекувале народот да е запрепастен и да крене револуција.

Ова за опозицијата не е ништо повеќе од предизборна кампања, во таа смисла беше и вчерашниот митинг. Класичен македонски предизборен митинг, полн со плукање, кој не се разликува од митинзите на другата страна.

На опозицијата овие информации што им се понудени, не се ништо друго туку начин да дојдат на власт. Ова е типино водење на дневна политика, без да се размисли ниту малце подлабоко.[DOUBLEPOST=1426109132][/DOUBLEPOST]
Кој рече дека не играат на таа карта?
Политичката дестабилизација е вовед на веќе проверената карта. Се прави саботажа, која има неколку цели.
1. Да се сврти вниманието на безбедносните структури, поготово на разознавачките
2. Да се изгуби доверба на Македонците во институциите на власта.
3. Да се поларизира Македонскиот народ за да се отежни одбраната.
Чекај сега jamajka не ми расправај демагогии, јасно ми е мене какви се дневно политичките работи во мк, и јасно ми е дека оние кои ги презентират снимките си прават и кампања со тоа и собират поени... остави таа ситна политика.. партиите се внатрешна политика, темава е за надворешната политика на земјата...
Јас во мојот пост поставив прашање за цитираниот член, да разјаснеме зошто на темава има мислење дека америка дестабилизира заради гасоводот...
Значи пак ке повторам, нема подобра од оваа тоталитарна влада за американците, можат да влијаат на многу безброј начини и да ја потиснат да не се согласи на договор за гасовод....или вие навистина верувате дека Македонија која е надвор од ЕУ, НАТо и непризната од пола соседи кои се членки на ЕУ и Нато може да каже НЕ? и притоа да го издржи целиот тој притисок кој ке уследи од западот?
Затоа јас стојам на ставот дека нема никаква потреба америте да дестабилизират во државава кога власта е на нивна страна.
Внатре во партија може да си фантазират колку сакат проруски политики, но надвор се знае во строј и песна! со ниту една постапка, со ниту една изјава, со ниту еден документ оваа власт не застрана на страната на Русија, гласаше за воведување и продолжување на санкции против Русија, и застана на страната на Украина, затоа не ми кажувај демагогии од типот дека имале муда и капацитет да се свртат против западот....

Тие трите точки што си ги пишал немат врска, народот и сега не им верува на институциите, освен онние кои се добро платени од истите, народот и сега не е безбеден и не се чуствува безбедно, а се осеќа рамнодушно и разочарано, ни на албанци ни на македонци не им е до војни, а најмалку во овој момент на Европа и е потребно ново жариште во нејзините рамки....
Ако на некој му одговара дестабилизација на Балканот тоа е баш Русија..[DOUBLEPOST=1426111999][/DOUBLEPOST]Можеби странските служби се Руски?
hqdefault.jpg
 
Последно уредено од модератор:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
Чекај сега jamajka не ми расправај демагогии, јасно ми е мене какви се дневно политичките работи во мк, и јасно ми е дека оние кои ги презентират снимките си прават и кампања со тоа и собират поени... остави таа ситна политика.. партиите се внатрешна политика, темава е за надворешната политика на земјата...
Јас во мојот пост поставив прашање за цитираниот член, да разјаснеме зошто на темава има мислење дека америка дестабилизира заради гасоводот...
Значи пак ке повторам, нема подобра од оваа тоталитарна влада за американците, можат да влијаат на многу безброј начини и да ја потиснат да не се согласи на договор за гасовод....или вие навистина верувате дека Македонија која е надвор од ЕУ, НАТо и непризната од пола соседи кои се членки на ЕУ и Нато може да каже НЕ? и притоа да го издржи целиот тој притисок кој ке уследи од западот?
Затоа јас стојам на ставот дека нема никаква потреба америте да дестабилизират во државава кога власта е на нивна страна.
Внатре во партија може да си фантазират колку сакат проруски политики, но надвор се знае во строј и песна! со ниту една постапка, со ниту една изјава, со ниту еден документ оваа власт не застрана на страната на Русија, гласаше за воведување и продолжување на санкции против Русија, и застана на страната на Украина, затоа не ми кажувај демагогии од типот дека имале муда и капацитет да се свртат против западот....

Тие трите точки што си ги пишал немат врска, народот и сега не им верува на институциите, освен онние кои се добро платени од истите, народот и сега не е безбеден и не се чуствува безбедно, а се осеќа рамнодушно и разочарано, ни на албанци ни на македонци не им е до војни, а најмалку во овој момент на Европа и е потребно ново жариште во нејзините рамки....
Ако на некој му одговара дестабилизација на Балканот тоа е баш Русија..
Види, тоа е моето скромно мислење базирано на скромни информации кои ги имам и уште поскромни познавања што ги имам. Можеби си во право, не викам не, можеби све ова ќе заврши со тоа што тие што правеле криминал ќе бидат затворени, а ние ќе доживееме просперитет и дај боже да си во право. Еве јас со сета своја сила навивам да си во право и дека сум јас во грешка.

Ама за жал, јас не го гледам тоа во овој момент. Јас во овој момент го гледам тоа што го кажувам. И притоа не го гледам од аспект или од агол на влада или опозиција. Јас ова мислење го застапувам уште пред бомбите да излезат. Дури и пред Заев да ги најави. Можеш да побараш мои мислења од пред можеби 3 години, каде што ја најавувам поларизацијата во светот и неопределеноста на Македонија во една нова студена војна ја сметам за фатална. Но пак ќе кажам, дај боже да грешам.[DOUBLEPOST=1426112522][/DOUBLEPOST]
Ако на некој му одговара дестабилизација на Балканот тоа е баш Русија..
Што би добила Русија од дестабилизација на Македонија?
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.793
Поени од реакции
17.550
Бајаги сте ја разглабале ситуацијава,али за снимкиве наголемо се збореше уште пред да се објават и пред путин да ја спомне Македонија. Сте се заебале ако мислите дека владава иде контра Американските интереси а главниот нивни играч се колне на лојалност.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
зошто на Русите би им одговарала дестабилизација во нашата држава.Можеби ќе ни акнат поголема кредитна стапка и поскап гас ако се согласиме за гасоводот?
Русија најмалку сака да има тука дестабилизација, во време кога Путин ја споменува Македонија како дел од турскиот тек.
Сигурно не размислува -еј гасоводот ќе проаѓа низ Македонија,ама сакаме државата да биде дестсбилизирана оти така ми е ќеиф.
Не му одговара на Путин дестабилизација бидејќи додека се најде нов потенцијален пат кој би ја обиколил Македонија ќе поминат години и години,а со тоа ќе му се смали многу повеќе влијанието на Балканот и јенките ќе пуштат поголеми корени.
Американците за многу поголеми работи се способни,камоли за нарачани документи со прислушувани материјали во кревка држава како нашата, со глупава и алчна за власт опозиција и позиција која не бисе откажала така лесно од власта.
Најлесно би се решил проблемот со конфликт меѓу македонците,па потоа би дошле НАТО со некоја си мисија за смирување на конфликтот,па ќе почнат да јадат гомна како се тука да спроведат демократија,ќе акнат аболициран криминалец за премиер или уште пострашно ш,иптар и тоа е тоа.Економијата ќе си ебе мајката,ќе седиме во темница уште долги и долги години,американците ќе не шупкаат лево десно заедно со педерите грчки кога станува збор за ЕУ,ќе уценуваат на сметка на името,а бидејќи тогаш не дај боже Заев ќе биде на власт,ќе го промени името без око да му трепне.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
S

Samurai_Sk

Зошто многу едноставно, Русија веќе нема никакво влијание врз Балканот дури и Србија и сврти грб, само замисли пред 25 години скоро целиот Балкан беше проруско, за само 25 години ти да изгубиш такво влијание врз таков важен регион е премногу,гневот е голем и нормално дестабилизација му одговара на оној што изгубил.Но дека некој ке има упсех да создаде дестабилизација овде не верувам,јасно е дека во Балканот ке нема војни,тензи подолг период можеби после 50 години нешто ке се смени во тој поглед со промена на демографија,глобалната политика,економија,интересите на големите сили.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.357
Поени од реакции
29.830
Муабетов овде што се прави... Сите знаеме кој стоеше позади војната во Македонија. Но сега муабетот е „ДА АМА МОЖЕБИ ОВОЈПАТ РУСИЈА САКА НЕСТАБИЛНОСТ„.

Ај малку риалити чек. Кој ја бомбардираше Југославија, Русија ли ја бомбардираше Југославија... или можеби НАТО (каде знаеме кој ги влече конците). Кој ја бомбардираше Либија? Кој направи инвазија во Ирак, Авганистан, итн? Кој постави марионетска власт во Украина - власт која беше нелегитимно избрана и власт која носеше такви одлуки со кои не се согласуваше целото население (и затоа сега се бунтува/отцепува)? Кој поттикнува цивилна војна во Сирија, кој прави обоени револуции низ цел свет, Русија?

Русија има други методи. Русија има природни ресурси, гас, нафта, метали, минерали, технологија... Тие влијанието го спроведуваат преку економска зависност, ако можеме така да го наречеме тоа. Ама зависноста има два краја - како што другите економски се зависни од Русија, така и Русија еконмски е зависна од другите. Ете ви го примерот со ЕУ, сегашниве санкции против Русија се штетни барем исто толку и за ЕУ.

Поентата е дека методите за влијание на Русија, вклучуваат просперитет на тие со кои се соработува. За разлика од нив, САД се служат со воени и разузнавчки методи... затоа што немаат ресурси. Имаат само една алатка: најсилните воени средства во светот. Знаете, кога од алатките имаат само чекан, се им изгледа како шајки.

Колеги форумџии освестете се малку, барем денес со интернетов ги имате сите информации достапни. Се разбира ако гледате подалеку од разните CNN, NBC, BBC и сличните медиуми. Погледнете колку војни, или воени интервенции, или прикриени акции на службата за разузнавање, имаат САД. Се работи за стотици и стотици одделни случаи, каде секогаш како резултат се добива нестабилност.
Зошто сметате дека овде во Македонија е поразлично? Сметате дека материјалите за бомбите од небо паднаа во дворот на опозицијата? Токму сега, 4-5 години после датумите на снимањата?

Како и да е... Барем мило ми е што не гледам некој да е против изградбата на гасоводот.
Размислете малку повеќе, зарем би му одговарала нестабилност на некој кој сака низ државава да се изведува така голем и важен проект како градење гасовод? Или нестабилност целосно им одговара на тие што сакаат да се спречи изградбата на гасоводот?

CUI BONO?
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Би му одговарал нестабилност на некој каде што централна база му е во Скопје за Балканот? така што slow down, никому не му одговара нестабилност овде,не кревајте паника, бомбите на Заев немат за цел дестабилизација од каде тој заклучок сега?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.357
Поени од реакции
29.830
Сакаш да кажеш дека тоа што САД го прават НИЗ ЦЕЛ СВЕТ, не е логично да го направат и овде - посебно кога знаеме дека целта е да се запре огромен проект на противниците: изградба на голем гасовод кон централна и јужна Европа?

Да, навидум таму (нај)доле во случувањата е само опозицијата која сака да дојде на власт - природна тенденција за сите опозиции во светов. Навидум велам, зошто само некој наивен може да каже дека процесот не носи дестабилизација - тоа точно сега во моментот кога актуелна е изградбата на гасоводот Турски Тек.

Впрочем ова е само првата фаза - ќе видите понатаму, кога во полна пара ќе се активира петтата колона и разните невладини организации ќе почнат да финансираат организирање на протести. Исто како во Бугарија.
Ако тоа не донесе промена на власта (или промена на ставот на власта - да гради гасовод), после идат на ред „обоена„ револуција (слушнете ја само реториката која се употребува и сега), а ако ни тоа не заврши работа - последното е активирање на етничкиот момент... и така доаѓа ме до последниот момент: масовното нелегално оружје за кое погоре разговараме со пријателот Пуно.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
Би му одговарал нестабилност на некој каде што централна база му е во Скопје за Балканот? така што slow down, никому не му одговара нестабилност овде,не кревајте паника, бомбите на Заев немат за цел дестабилизација од каде тој заклучок сега?
Централна база во Скопје? Си слушнал ти за Бондстил ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.357
Поени од реакции
29.830
Затоа јас стојам на ставот дека нема никаква потреба америте да дестабилизират во државава кога власта е на нивна страна.
За гасоводот изгледа не е така:
http://kajgana.com/potpishan-dogovorot-megju-rusija-i-makedonija-za-gasovodot-juzhen-potok
http://a1on.mk/wordpress/archives/60973
http://www.sitel.com.mk/makedonija-oficijalno-vo-juzhen-potok-0
http://www.finance.gov.mk/mk/node/1637

Што ќе кажеш на ова?
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Централна база во Скопје? Си слушнал ти за Бондстил ?
Сум слушнал, амбасадата кај нас ти личи ли на амбасада?!?Преголема инвестиција за една амбасада а и местото каде што е изградено не е случајна, мислам ако интересите не беа големи,долгорочни зошто некој би направил таква инвестиција?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom