Види, тој принцип од секогаш постоел.
И постои од моментот на нашето раѓање.
Родителите ги учат своите деца на правилно/неправилно преку системот на награда/казна, а тој е даден од општеството.
Имено, родителот го наградува детето кога ќе направи нешто што е општо прифатено и наметнато од општеството, и ќе го казни ако го направи спротивното.
Наградите се мотивација за успех, или пак, според Фројд, спаѓаат во подсистемот јас-идеалот на Суперегото, и тие прават да чувствуваме гордост; од друга страна казните се сегмент на вториот подсистем на Суперегото - совеста, која предизвикува да чувствуваме срам. Бидејќи имаме потреба да ги усреќиме родителите/општеството, ние се трудиме да добиваме награди и така да се потврдува нашето добро однесување, и да го избегнеме срамот.
Тоа што некои луѓе имаат испревртена слика на исправно од неисправно, тоа е друг муабет.
Но наградата сама по себе е многу голем, движечки мотив во светот. Без неа нема напредок, нема причина за подобрување и усовршување.
--- надополнето: Oct 15, 2011 3:32 AM ---
Хм, колку што наградите се поттик и добра работа, толку и нечинат.
Тоа го разбирам како - "синко заврши средно со одличен просек ќе ти купам веспа",
"ќерко заврши факултет ќе ти купам кола", пример за тоа, ако се образуваш ќе можеш да си најдеш работа и материјално ќе си ги пружаш сите задоволства и потреби.
Но што би, кога ти си ги средил сите "домашни задачи" а немаш ништо за возврат ? Нели си научен на некаква "награда" . -Разучарување !? Од самиот себе ? Од општеството ? Од власта ? Депресија ? Повлеченост ? Што се, во такви моменти врви низ главата на човекот кој така бил "воспитан" и пораснат.
Сите луѓе, без исклучок се така воспитани и пораснати.
Малото дете кога го учиме дека мора да врши нужда во вц шолја, а не во пелена, го наградуваме или казнуваме. Награда претставува пофален збор, прегратка, насмевка, додека казна претставува лутината на родителот, лишување на детето од нешто (бомбона), одбивност, повишен тон...
Возрасниот човек нормално е да остварува успеси за некаква награда - општествено признание, пари итн. Ако не успева, тогаш луѓето го казнуваат дека е неамбициозен, мрзелив.
Сепак, наградата и казната треба да бидат заслужени. Да, ако детето ми е одлично на училиште, ќе го наградам. Ако не е, ќе го казнам.
Нормално дека нема да го наградам со нешто што е надвор од моите можности (нема да му купам БМВ зошто завршило факултет, или добило 10ка) ниту пак ќе го лишам од џепарлак ако не направило нешто како што треба.
Убав разговор ги решава овие работи, зошто за правилно воспитано дете, самото разочарување кај родителот предизвикува чувство на срам и мотив за подобрување, како и одобрувањето, гордоста на родителот представува мотив за уште поголеми успеси.