@Илко Илија залудно трошење на време и зборови е да ти објаснувам на тебе што значи симболот на дуксериците кај ајдуци т.е идеалисти...на страна тоа што во твојот живот немаш ниту една утакмица како дел од некоја навијачка група (или да си бил активен член), и твојата едукација произлегува од читање форуми,гледање клипови и слушање приказни..., а еве ти од мене бесплатна едукација, за да знаеш дека единствена окупација која и се има случено на Македонија е комунистичката окупација тргнувајќи од 11 - ти октомври или следното:
На 11 Октомври Душко Наумовски меѓу прилепчани познат како локален бандит и криминалец од позади грб убива стражар , човек којбил татко на три деца, прилепчанец.
Од овој настан комунистичката пропаганда на еден само на нив својствен начин успева да направи мит за пукање на прва пушка и борба против окуптарот.
Во однос на коментарите околу кореографијата на Чкембари и Лозари, идејата како идеја е супер бидејќи суштински го преставува братството помеѓу групите, ги содржи симболите на градовите и групите, меѓутоа мое лично мислење е дека многу подобро би изгледало визуелно ако кореографијата била поставена најдолу на почетокот од трибината, тогаш би имало простор и за дополнително бајраци, стендарди, или било што друго како дополнување на кореографијата и пиротехниката би дала многу подобар впечаток тоест би дошла до израз, отколку овака како што направиле чкембари и лозари. Тоа е само мое лично мислење, не мора да значи дека сум во право. Пример, можело кореографијата да биде поставена најдолу, а од врвот на трибината до напред до оградата да бидат поставени најлони како што има најчесто по трибините во јужна америка. Во однос на бројката, мислам дека проблем е што ова коло се играше во сабота, а мнозинство од навијачите во нашата држава се радничка класа.
п.с Не го разбрав делот и коментарите околу некаков си митинг на сдсм и поврзаноста со чкембари, иако предизборниот период кога и да било влијаел отсекогаш негативно, бидејќи навијачите отсекогаш служеле за искористување и биле движечка сила за собирање гласови во замена за маици, вработување на членови по јавни претпријатија, кинење на пријави, покривање на гостување или пиротехника, добивање просторија. Најголема рак рана кај нашите групи е тоа што членовите не се финансиски независни, да можат да си дозволат и да издвојат од свој џеб да си платат гостување,маици,корео итн. итн, бидејќи во најголем дел се на возраст од 17-20 години, а освен тоа и се навикнати да зависат од управа, а тоа го научиле од претходните генерации кои гледале само како да профитираат од групата или да имаат било каква друга лична корист.