Покрај тоа што квалитетот реално е очаен и мизерија, дури и во споредба со соседните земји, особено фудбалот е доволен податок последната ранг листа на уефа. Илчо кој што е апла партиски човек, веќе 4 години уште толку го докрајчува фудбалот а за тоа никој ништо не превзема. Владата носи мерки за спорт, ама мува не ги лази да го сменат Илчо, да го прекинат плаќањето за да се игра у репрезентација, да изменат све од корен, да ги тргнат партиските луѓе да стават луѓе што разбираат. Сакам да кажам дека за ваквото дереџе на тифо сцената, покрај репресијата има и очајниот квалитет како и целосната партизација на се и сешто. Негде од 2008ма до 2013та имаше мал подем кај повеќе групи. Ама замре и тоа околу локалните избори што беа у 2013та со воведувањето за влегување со лични карти на трибина.