Браво Лозари!Одлична бројка и одличен коп!Од група којашто бевте само за потсмев во категоријата “смешни тифози“ станавте многу посериозна навивачка група.
Се гледа дека многу работите на едуцирање на вашите членови и всадување навивачка култура, но мислам дека треба да изработувате подобро осмислени транспаренти, бајраци и коцки.Некако ми се многу шарени според мојот вкус.
Се гледа доста голем напредок кај вас последните 2 години, па ако продолжите во вакво темпо сигурно би биле во врвот на македонската навивачка сцена.Искуството и традицијата си го прави своето, па сигурно во блиска иднина ќе имате и подобри кореографии, пароли, транспаренти, бајраци и секако подобри навивачи и екипа за гостување.За се треба време и волја.
Направете си официјална веб страна, официјална фејсбук страна и земете си подобар сликар.Овој што ве снима и слика дефинитивно незнае да го работи како што треба
Секоја пропаганда е добродојдена денес
.