НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.519
Поени од реакции
16.221
Он е од лани е у Лејкерс. 20 години има, па не му давале шанса, ако се покаже добар ке ја добие...за гарбејџ тајм. :P
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.424
Поени од реакции
29.954
Aбе и во плејоф играше ТХТ барем една утакмица убава минутажа изигра (чинам против Хјустон).

Дап така е:
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.519
Поени од реакции
16.221
Aбе и во плејоф играше ТХТ барем една утакмица убава минутажа изигра (чинам против Хјустон).

Дап така е:
Со братот на МВП се сеќавам единствени не играа баш најмногу од младите.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
122
Поени од реакции
101
Фалат неколку ама добро склопено видео за размените
највероватни петорки...
... пс. да не собира некој нба панини албум???
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.424
Поени од реакции
29.954
I na prijatelski gi mlatime, bes Lebron,oni kompletni i pak jadea samari.Ke im bide ova uste edna kosmarna godina
Колку и да е забавно, ајде да не забегуваме. :)
Ова се припремни натпревари, без последици се пробуваат работи што не можат во регуларна сезона.

Клиперс реално се подобар тим годинава. Ако се уиграат ќе бидат озбилен конкурент, големо АКО ама можеби и најтежок противник АКО си ги средат проблемите (што не е баш веројатно ама сепак). АКО се уиграат како тим, АКО Батум се разигра и барем делумно биде плејмејкер за тимот (а нема, ако судиме од овие први две утекмици). Ибака е супер замена за Харел, Кејнард изгледа дека е добар шутер (АКО остане здрав)... Дури и некои од рукијата им се ок.

Тоа кажано, за мене најдобро изненадување од двете утакмици на Лејкерс во предсезонава е Тајлен Хортон Такер.
Дечкото игра како ветеран, не како руки. Дури и првата утакмица каде имаше куп грешки (разбирливо за младоста и желбата да се покаже), дури и таму изгледаше многу добро. Во вторава утакмица БЕШЕ ОДЛИЧЕН. Ај што беше одличен, добро игра одбрана (видовте како му ја зема топката од раце на Ленард?), ај што даде 30+ поени... ТУКУ ИЗЛЕГУВА ДЕКА МОЖЕ И ПЛЕЈМЕЈКЕРСКИ ОБВРСКИ ДА ИСПОЛНУВА. :vozbud:




Искрено јас годинава максимално би ги штедел Леброн (и АД), веројатно би било добро барем по четвртина/третина од утакмците да се игра ТХТ на плејмејкер/бек позиција, да натепа искуство... Дечкото е two-way, игра добро во напад, игра добра одбрана, и постојано се труди 100%. Ебаго едина очигледна слабост му е што не знае да финишира со лева рака. Добри дефанзивни тимови/играчи ќе го користат тоа, но еј - дечкото е 20 годишен копиљ, сигурен сум дека тек ќе учи подобро да игра. :)

Помеѓу ТХТ и Шродер, Леброн би требало да се чува максимално за плејоф. Со баблов, и 5-6 сид му доаѓа слично на прв сид. Посебно на запад каде 8 сид беа Портланд, кои лани веројатно ќе го добиеа било кој тим на исток што не е Мајами/Милвоки. Така да дали ќе ги играш Портланд, или било кој друг, малтене сеедно... А предност на домашен терен не постои во бабл, така да тоа е тоа. Подобро да влезе тимот во плејоф со здрав состав, отколку прво место.

Од другите работи, Квин Кук за К** не го бива, внимателно го пратев во двете утакмици и дечкото е потпросечен шутер без никаква шанса (ни озбилен обид) да изигра добро во одбрана. Среќа договорот не му е гарантиран, и ако испадне нешто на вејверс пред трејд дедлајнот - има да лета па колку и да е добар чиарлидер.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.241
Поени од реакции
108.142
АКО Батум се разигра и барем делумно биде плејмејкер за тимот (а нема, ако судиме од овие први две утекмици).
?
Како тоа Батум да биде плеј, па макар и делумно?

Инаку за Кук уште додека траеше прошлата сезона ви кажав, АБА лига квалитет е, а многу го поштувам зашо има ептен тажна животна приказна. Али јбг, нема квалитет за НБА, особено не за овој Лејкерс.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.424
Поени од реакции
29.954
Не ама Кук не се ни труди. Било кој да го чува, бек како него, крила, или дури и центрите... Едноставно поминуваат покрај Кук како да нема никој. Дури не знае ни чарџ да земе/одглуми, ма не се ни обидува. Сериозно не разбирам зошто го потпишаа назад, навивање и чиерлидинг не може да вреди место на ваков ростер, не кога има слободно дупло подобри играчи од Кук, на пример Напиер барем може да биде пролазно добар плеј, или Дедмон/Махими релативно ок центар (Дедмон дури и 3-ки шутира пролазно добро). Можеби трејд фодер со негарантиран договор? Нема што друго.

?
Како тоа Батум да биде плеј, па макар и делумно?
Ти текнува како играше пред да го снема, пред повеќе сезони?
Не дека игра на позиција плеј, ама плејмејкинг (како секундарен плејмејкер) беше нешто Батум го имаше во репертоар.

На пример, како на вторава припремна утакмица на Лејкерс после ТХТ, главниот плејмејкер на Лејкерс е Гасол :vozbud:
Не игра на позиција плеј, ама повремено Е плејмејкер.




Не би се согласил со ова. Сеуште немаат плејмејкер.
Во случај да не се разбравме: Не мислев дека Клипер се подбриот тим (во однос на Лејкерс). Скраја да е. :LOL:
Мислев на тоа дека СЕ подобар тим ОД ЛАНИ. Ибака наместо Харел, Кејнард за шутирање (тапа е во одбрана, ама со шутот повеќе е во + категорија отколку во -), Батум за минималец (50% да биде од она што беше, Клиперс е во голем ќар), итн. Сето тоа се делчиња од слагалица која добар тренер би можел да ја склопи во победничка слика.

Инаку да, Клиперс сеуште немаат асален плеј. Освен тоа немаат ни асален лидер (Ленард не е лидер, а Пандемик Пи уште помалку). Но Клиперс годинава имаат подобар состав, ете и тренер сменија... Сега немаат никакво извинување за да не го остварат сите фалења што ги направија. Ете ПЏ пак се фалеше, го вратил тренерот од времето во Индијана, сега ќе им е** м**** на сите, ќе донесе титула за Клиперс. ;)



Во останатите вести, Гркот останува во Милвоки.
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Во случај да не се разбравме: Не мислев дека Клипер се подбриот тим (во однос на Лејкерс). Скраја да е. :LOL:
Мислев на тоа дека СЕ подобар тим ОД ЛАНИ. Ибака наместо Харел, Кејнард за шутирање (тапа е во одбрана, ама со шутот повеќе е во + категорија отколку во -), Батум за минималец (50% да биде од она што беше, Клиперс е во голем ќар), итн. Сето тоа се делчиња од слагалица која добар тренер би можел да ја склопи во победничка слика.

Инаку да, Клиперс сеуште немаат асален плеј. Освен тоа немаат ни асален лидер (Ленард не е лидер, а Пандемик Пи уште помалку). Но Клиперс годинава имаат подобар состав, ете и тренер сменија... Сега немаат никакво извинување за да не го остварат сите фалења што ги направија. Ете ПЏ пак се фалеше, го вратил тренерот од времето во Индијана, сега ќе им е** м**** на сите, ќе донесе титула за Клиперс. ;)
Готово, се разбравме сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom