НБА сезона 2015-2016

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Данкан најдобра 4-ка евер :facepalm: На Коби му носеле готови играчи, а Данкан со ботови игра цело ова време :facepalm: Па и споредбите со Коби :facepalm::facepalm::facepalm:
Aбе Коби има ИЗМИСЛЕНО кошарка за гмижавиот Данкан, јебао ве Данкан. Не го правете многу демек со слаби играчи играл, па као демек он ги развивал, да го развијат на ортопедија.
Што не отиде во некој друг тим да го видиме, цело време е опкружен со класа играчи што НИКАКО не може да се каже за Коби.
Ногу си грешка брат :) Се шо си напишал е далеко од мислење на некој шо прате НБА. :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.654
Поени од реакции
14.506
Ногу си грешка брат :) Се шо си напишал е далеко од мислење на некој шо прате НБА. :)
Сакаш да кажеш дека Данкан покрај себе у сите овие години нема макар уше еден sidekick? Пратам НБА од 1993-та, нема потреба да се докажуваме за факти. Јас ја фана руки сезоната на Пени Хардавеј и втората сезона на Шек. Aко не пишувам на темата не значи дека не пратам НБА.

1910421_1117365326861_648639_n.jpg

Легендарнио постер на Скок.

Сан Антонио откако пратам има минимум 2-3 одлични играчи, а Данкан само ја потпунува сликата или со други зборови - Данкан е кошаркарски Сидорф. World class играч со пуно титули, ама никако не може да се ставе на ниво на легенда како Коби, МЈ, Олајџувон, па дури и Шек.

Ако мислеш дека Сидорф е подобар фудбалер од Меси - твој проблем :)

Или да поедноставам и дојдеме до сржта на прашањето - дали Данкан е подобар кошаркар од Коби, без разлика на позицијата? Ако мислеш дека не - џабе ме цитираше :)
 
Последно уредено:

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
ako padnat golden state ke padnat na indiana inace idat 25-0
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.313
Поени од реакции
6.539
Единственото нешто во кое Коби има предност пред Данкан е во вкупниот врој на постигнати поени (што да се разбереме е пред се затоа што милион шутеви имаше). Во сите останати реални аспекти од кошаркарската игра или се исти или Данкан е подобар.

Искрено во сите постови погоре, ниту еден аргумент за Коби не прочитав освен полу-навреди и некакви споредби со фубал кои според мене баш и не држат вода.

Како и да е немам намера да навлегувам во било какви кавги, секој си има први н свое мислење. Тоа што е очигледно е дека имаме драстично различни сфаќања за што е тоа што објективно (а не навивачки и субјективно) го прави еден играч подобар од другиот.[DOUBLEPOST=1448989621][/DOUBLEPOST]Еве еден краток цитат од денес од еден од попознатите спортски коментатори на ESPN:

WHERE DOES KOBE FALL ALL-TIME?
Should Kobe Bryant be considered a greater all-time player than Tim Duncan? Mike Greenberg: "Historically, I'd go Duncan."
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.283
Поени од реакции
108.329
Ама работата е што и ти самиот си ставаш некои свои субјективни статистики или ставови, не знам како да ги наречам. Како прво, Данкан го направи еден од најдобрите дефанзивци во историјата на овој спорт што секако Данкан не е, најосновно го забораваш неговиот тимски колега, Адмиралот, кој за Данкан е професор во одбрана. Друга работа, споредуваш скокови со Коби, а Коби игра 2ка, а Данкан 4ка/5ка. Трета работа, го направи Данкан подобар лидер од Коби (WTF??)... Да не се разбереме погрешно, Данкан е играчиште, предобар кошаркар, ама кој било стручњак/кошаркар да прашаш ќе ти каже дека Коби е подобар играч. Значи едно е свое мислење да има човек, ама друго е реалноста. Мене не ми пречи да мислиш ТИ или некој друг дека Данкан е подобар, ама да објаснуваш тука дека со ФАКТИ си докажал оти Данкан е подобар играч од Коби епа тоа не иде некако.

И најбитно од се, Сан Антонио во ерата на Поп никогаш не била екипа која се потпирала стрикно на еден играч и целиот товар да биде врз него. Никогаш товарот не бил САМО врз Данкан, секогаш биле тука Паркер и Џинобили, Брус Боуен да погоди некоја тројка и да изигра добра одбрана, Дани Грин да се распуца кога највеќе треба, Сплитер да изигра одбрана, итн итн да не набројувам натака. Коби со Крис Мим и Смуш Паркер кој не го примаат ни во Цибона да игра ги носеше Лејкерси до плеј оф, значи САМ го носеше цел тим на грб.

Како и да ја вртиме мислам дека кариерата на Коби > кариерата на Данкан.
 
Член од
13 октомври 2014
Мислења
1.094
Поени од реакции
367

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.654
Поени од реакции
14.506
Единственото нешто во кое Коби има предност пред Данкан е во вкупниот врој на постигнати поени (што да се разбереме е пред се затоа што милион шутеви имаше). Во сите останати реални аспекти од кошаркарската игра или се исти или Данкан е подобар."
Имаме кандидат за безвезе пост на годината. Секако темата за Најнај од 2015 ќе се отвори набрзо, па честито номинација.

Мислев дека си пореален за НБА... или збориш од инает... или мислиш дека знаеш кошарка, трето нема. Не го пишувај ова на ниедна друга тема, ќе ти се смеат. Коби бил подобар од Данкан само во вкупниот број на поени :pos::pos::pos:

Споредбите со фудбалот се сосема точни, али ваљда и фудбал не разбираш.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Имаме кандидат за безвезе пост на годината. Секако темата за Најнај од 2015 ќе се отвори набрзо, па честито номинација.

Мислев дека си пореален за НБА... или збориш од инает... или мислиш дека знаеш кошарка, трето нема. Не го пишувај ова на ниедна друга тема, ќе ти се смеат. Коби бил подобар од Данкан само во вкупниот број на поени :pos::pos::pos:

Споредбите со фудбалот се сосема точни, али ваљда и фудбал не разбираш.
Неможи споредбите со фудбал да се сосема точни бидејќи се работи за два различно дијаметрални спорта,Данкан и Коби се големи играчи на свој начин со различни кариерири во различни околности и секако различни позиции..секоја друга споредба можи да биди само субјективна ..за некој Коби е поголем,за некој е Данкан поголем и то е то...не знам што сте се фатиле за овие споредби кој апсолутно немаат никаква логика..тие самите не се секираат толку колку вие тука што се расправате
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.313
Поени од реакции
6.539
Тоа е мое мислење да, ама апсолутно не е базирано на субјективни ставови - напротив на релевантни статистики со кои може колку толку да се прават историски споредби.

Еве ви линкови до Данкан и Коби на нивните статистики во кариерата.

career Win Shares:
Данкан 203.1 (6ти на сите времиња)
Коби 172.4 (18ти на сите времиња)

Данкан е 2 зад Бил Расел во Defensive Win Shares (Коби 46ти), Коби е 12ти во Offensive Win Shares (Данкан 25ти) на сите времиња.

career average PER:
Данкан 24.4 (13ти alltime)
Коби 23.1 (21ви alltime)

Playoffs Win Shares:
Данкан 37.5
Коби 28.3

Playoffs PER:
Данкан 24.6
Коби 22.4

титули:
Данкан 5
Коби 5

MVP награди:
Данкан 2
Коби 1

finals MVP награди:
Данкан 3
Коби 2

MVP award shares:
Данкан 4.278, 9ти alltime
Коби 4.206, 11ти alltime

all NBA тимови:
Данкан 15
Коби 15

all defensive тимови:
Данкан 15
Коби 12

Ова е само мал дел од релевантни аспекти од НБА (кои патем во последно време ги користат и при бирање на идни HoF играчи). Може да побарате и да најдете и други. За контекстот на погорните статистики, слободно прогуглајте ако не ви се познати.

Нели е симптоматично што повеќето ако не и сите од вас што се расправате сте хард кор Лејкерс фанови? И не понудивте никаков аргумент, никаков доказ, само коментари дека бил најголем лидер, дека бил најдобар "scorer", дека било срамота да се споредува и не знам што се уште не - никаков доказ за тоа (линк до статистика, мислење на квалитетен и докажан аналитичар кој повеќе разбира кошарка од сите нас заедно).

А и не е дека го потценив или го хејтам Коби, напротив кажав дека според мене е топ 10-15 и си набројав десетина играчи кои се според мене пред него. Плус и додадов дека креирање на прецизна објективна листа од ваков тип а практично невозможна.

За едно целосно се согласувам, 4/5ка и 2/3ка не се лесни за споредба, ама темата беше општа. Ако збоувавме за најдобри wing играчи во историјата, тогаш нема збор дека Коби е во топ 5, можеби и втора најдобра "2ка" после Џордан.

П.С. За тоа колку јас пратам и/или разбирам НБА, си знам само јас самиот. Можете да мислите што сакате. Сигурно дека не пратам заради вас. Пишувам овде само затоа што сакам да има поголемо пратење и разбирање на НБА во нашата држава, а не дека ми треба некаква сатисфакција. А за "номинацијата" :pos:, баш ме заболе. Се надевам и ќе победам :kruna::oeoeoe:

П.П.С. За фудбал сум далеку од експерт (и не пратам толку многу) и затоа не ни коментирам во тој подфорум.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Сакаш да кажеш дека Данкан покрај себе у сите овие години нема макар уше еден sidekick? Пратам НБА од 1993-та, нема потреба да се докажуваме за факти. Јас ја фана руки сезоната на Пени Хардавеј и втората сезона на Шек. Aко не пишувам на темата не значи дека не пратам НБА.

Прегледај го приврзокот 133937

Легендарнио постер на Скок.

Сан Антонио откако пратам има минимум 2-3 одлични играчи, а Данкан само ја потпунува сликата или со други зборови - Данкан е кошаркарски Сидорф. World class играч со пуно титули, ама никако не може да се ставе на ниво на легенда како Коби, МЈ, Олајџувон, па дури и Шек.

Ако мислеш дека Сидорф е подобар фудбалер од Меси - твој проблем :)

Или да поедноставам и дојдеме до сржта на прашањето - дали Данкан е подобар кошаркар од Коби, без разлика на позицијата? Ако мислеш дека не - џабе ме цитираше :)
Се си у ред шо пратеш НБА и шо си имаш свои ставови. Иначе, мислењето за Данкан шо го имаш ме натера да те цитирам. Ксаго детално статистички ви објасни на сите кај стојат со статистики кај шо може да се споредуват Данкан и Коби. Значи збореме за индивидуални постигнувања на играчите. Данкан и Коби имаа голема помош да дојдат до нивните 5 титули. У сите сезони кога и двете екипи се биле шампиони имат world-class играчи за да ги надополнат двајцата. На Данкан, Џинобили и Паркер а на Коби Одом, Шек и Гасол. Коби е одсекогаш бил по популарен од Данкан ради статус на алфа мажјак, нели луѓето го добија Џордан после Џордан само у друг дрес. А Данкан е соблекувајлна гај, ја и ти да идеме и уште 2ца од форумот и ќе не однесе до плејоф. Не дека нема ни Коби де, ама тоа што си го става егото на второ место и сака тимот да успее, што си ги знае лимитите и што се жртвува финансиски за уште една сезона со овај тим и лагано како легенда да иде у пензија. Од таму и му иде Мр. Фундаментал надимакот, не само по стило на игра него и самио човек надвор од терено. На Коби му го донесоа Двајт и Неш. Ајде Неш колку толку се јаде, и Двајт беше повреден ама толку тврдоглави и со егата преку покривот, шит хит д фен. Слична беше ситуацијата и со заминување на Шек.

Замисли си ЕДНА фудбалска сезона кај шо Коби е Меси а Данкан е Роналдо, и двајцата имат неверојатни достигнувања и статистики ама на крај Златната топка оди кај Роналдо, 51-49% за Рони. Тоа е според мене мислењето за нивните кариери. :)
 
W

wicked_1

Гостин
Најголем апсурд е (offensive/defensive) win shares да ти е критериум за ранкинг на индивидуалци у НБА, дури и џабе е понатаму да дискутираме.
Малку треба за да се воочи дека win shares процентите зависат од тоа у каква екипа играш, и од нејзиниот успех...

топ 10
1. Wilt Chamberlain
2. Michael Jordan
3. Abdul Jabbar
4. Magic Johnson
5. Olajuwon
6. Oscar Robertson
7. Russell
8. Kobe Bryant
9. Lebron James
10. Larry Bird
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Контра аргумент за дел од статистиките:
ПЕР
Џордан прв ..... Крис Пол 6, Данкан 7, Дурант 8, Т-Мек 10, Двајт Хауард 13, Вестбрук 18, Вејд 20, Коби 22, Амаре 24 со .32 позади.
Win Shares
Карим Абдул Џабар прв, Стоктон 5, Данкан 6, Новицки 7, Гарнет 8, Баркли 13, Реџи Милер 14, Коби 15
True Shooting
Кој све не е пред Коби и Данкан (159 и 162), почнувајќи од Бузер, Данливи, Гренџер, Афлало, Калдерон....
Def. Win Shares
Првите 10 се високи играчи, прв бек е Кид на 11 место
Off. Win Shares
Реџи Милер 7, Новицки 8, Баркли 11, Коби 12.
За мене лично, Крис Пол, Дурант, Т-мек, Хауард, Вестбрук, Вејд, Стоктон, Новицки, Гарнет, Баркли, Реџи Милер, Џејсон Кид се послаби играчи од Коби. Речиси сите играчи на листава се великани, меѓу најдобрите што некогаш ја играле играва (освен Бузер, Данлиби, Гренџер, Афлало и Калдерон, нормално), и иако статистички се подобри од Коби во одредени категории (некои можеби и во повеќе), тоа не ги прави подобри играчи. Ако гледаме надоле на било која статистичка листа ќе се најдат големи нелогичности за играчи што се погоре од други, а реално немале таков импакт на спортот како останатите. Статистиката и аналитиката да беа најважниот дел од НБА, Хјустон ќе беа со години шампиони. Не за џабе рекле постојат лаги, поголеми лаги и статистика. Една од причините зашто мислам дека Коби е најдобриот играч на оваа генерација е следново:
Повредите го уништија Коби во последниве неколку години и тој е далеку полош играч од Данкан во моментов. До крајот на оваа сезона огромен број од % ќе му паднат, Данкан остаре подобро и игра на позиција на која и како постар може да придонесе. Егото на Коби, баш дел од тоа што го прави најдобар на оваа генерација, не му дозволи да стане Винс Картер тип на играч, да игра мали минути и да биде rotational играч. Јас, во мојот живот немам гледано подоминантен играч од Коби 2005-2011. Он имаше несреќа да претрпи 2 ребилда, баш во неговиот Прајм да влече играчи како Медведенко и Крис Мим до плејоф. Баш во тој прајм беше неколку пати победен од многу покомплетната екипа на Феникс.
Во нивните меѓусебни дуели во плејоф од кога се двајцата во лигата, Лејкерс водат со 4-2. Има уште една плејоф средба што Данкан ја добил против Лејкерс, ама тогаш Коби се повреди против Голден Стејт и не играше.
Како за крај мислам дека статистиката не е правилно споредување на играчи, поготово не на некои што играле дијаметрално спротини позиции. Пуштете некое видео од Коби во прајмот и видете уствари кој играч е он.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.313
Поени од реакции
6.539
Не знам што е чудно тука.

Прво, нормално дека во статистика што смета просек на кариера, активните играчи се за нијанса повисоко отколку што ќе бидат со оглед дека нивните последни сезони (кога ќе бидат условно најслаби уште не се случиле). Нивните бројки допрва ќе паднат.

Второ, се разбира дека кај дефанзивците високите играчи се први кога внатрешните играчи историски имале поголемо влијание врз одбраната отколку надворешните играчи. Во напад е до некаде обратно, бековите секогаш имале поголемо влијание.

Не знам зoшто го додаде TS%, јас секако не го спомнав бидејќи само по себе TS% не значи многу - зависи од улогата која ја имаш во тимот (пример во пакет со USG% можеш да го гледаш). А инаку Коби нема високо TS% затоа што е голем трошач на топки. Ама да имаш толку голема офанзивна улога во тимот со таа просечна ефикасност која ја има не е лошо туку е одлично.

И најбитно, јас не тврдам дека некоја од тие статистики е апсолутно 100% прецизна и треба да се клањаме пред неа. Напротив, затоа ставив еден куп и кажав дека има уште. Ако обрнуваш внимние на сите аспекти можеш да ја добиеш целата слика а не само да си одбереш едно две што ти одговараат. Во принцип сите тие статистики даваат солидна генерална слика и ако ги земаш сите во предвид ќе бидеш поблиску до реалното влијание на играчите на теренот (нормално дека мора да се земе во предвид контекстот).

П.С. Ова нема никаква врска со аналитиката на Хјустон. Ова се основни работи кои сите ги користат, дури полека почнуваат и на преносите на натпреварите да ги инкорпорираат постепено.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.283
Поени од реакции
108.329
Не знам, јас никогаш не се потпирам стрикно на статистики, затоа што во голем дел од случаите даваат лажна слика за работите. Според некои статистики може Данкан и ГОАТ да излезе, who knows...
Не ми треба ниедна статистика за да ги споредам нив двајца, затоа што ги пратам скоро низ целите нивни кариери и знам какви играчи се. Коби отсекогаш бил подобар лидер од Данкан, што рече еден член погоре алфа мажјак, секогаш го земал товарот на својот грб. Данкан никогаш не бил единствен играч во неговата екипа, не дека не е добар лидер, далеку од тоа. Плус во дискусијава се занемарува еден многу битен фактор, а тоа се повредите, кои за жал Коби ги има во изобилство во својата кариера за разлика од Данкан.

Исто така спомна некој погоре, Коби преживеа два ребилдинга на својот тим, му беа фрлени неколку сезони во вода ради тие таканаречени глупости на управата на Лејкерс. Тогаш со дегеноиди опкружен сам ги носеше Лејкерс во плеј оф и беше на чекор од пласман понатака против тогаш силниот Феникс. Не ми се ставаат сега клипови и разно разни податоци околу Коби, знам дека ги знаеш/те...

Аналогно на ова, Шек гарант има послаби статистики од доста центри во историјата на НБА, а сепак е најдоминантниот центар што некогаш го заиграл овој спорт. Вилт го тргам на страна, во негово време бил по 30цм повисок од сите. Затоа ми е муабетот дека статистиката е “курва“ и не треба само на неа да се базираме, а Ксаго гледам дека и во ракомет и во кошарка премногу внимание обрнуваш на неа.
 

Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.095
Дали може да се најде HD стрим пошто на сопкаст многу ретко сум начекал да дадат некоја ???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom