Мотивационо писмо

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Сум напишала неколку мотивациони писма и сите биле до одредена фирма а не до личност конкретна. Огласите најчесто се напишани така да има име на фирма, емаил оставен, кажуваат дека бараат CV и мотивационо писмо и кои квалификации треба да ги имаш.
Така да си почнувам Јас таа и таа би сакала... ни почитувани, ни почитуван/а не сум напишала.
Нема име на 99% од огласите, а не ни имам поима кој ќе го чита дали директорот, дали секретарката, дали имаат оддел човекови ресурси итн.
Си пишувам дека си се пријавувам за тоа и тоа работно место, дека сум заинтересирана и ќе се испофалам како што и секој си прави и то е то.
Мене ми се глупички овие мотивациони писма ама тоа е тоа, божем од нив ќе видат како се изразуваш, од неколку реченици најчесто препишани од интернет.
Најубаво ми е кога ќе видам дека само CV бараат, доволно е тоа останатото на интервју ќе го увидат.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Пропратното писмо има неколку имиња: мотивациско писмо, писмо за пријавување, писмо за аплицирање итн. На англиски се нарекува *Cover letter или насловно писмо во наш превод. Од самите имиња можеме да ги изведеме функциите за важноста на ПП:

- Тоа е првиот документ кој воопшто го гледа оној кој ќе ја чита нашата ПБ
- Тоа е писмо бидејќи се пишува како писмо, со дата, наслов, предмет на обраќање, со вовед, текст и заклучок
- Тоа е писмо во кое се наведуваат нашите намери и нашата мотивација зошто аплицираме за работното место
- Во него се пишува и објаснува со реченици (за разлика од ПБ каде сме концизни, кратки и не се расплинуваме со зборови)

Пропратното писмо и дава душа на професионалната биографија. Без пропоратното писмо нашата ПБ нема душа и топлина, нема личност позади зборовите. Затоа и толку многу се бара ПП – за да се оцени колку што може подобро човекот кој ја напишал биографијата. Ако некој друг може да ви ја напише ПБ, тогаш може да ви напише и ПП, но тоа е малку потешко, затоа што зборовите и речениците е најдобро да се ваши.

Што сака да дозне читателот од ПП?
Значи тој кој ја има нашата ПБ преку ПП сака да дознае кои сме всушност ние, зошто конкурираме за работното место во таа фирма, зошто сме помислиле да аплицираме, што не мотивирало да се пријавиме на конкурсот, што знаеме за фирмата за која конкурираме. Исто така, тој или таа што чита ПП сака да го види стилот со кој ние се изразуваме и начинот на кој пишуваме. Е сега, тоа може и да не е важно доколку конкурираме за работник на ЦНЦ машина во дрвната индустрија, но сепак доброто изразување во пропоратното писмо отвора една важна врата: врата која се вика Јас ќе можам да се разберам со него/неа!!! Тоа е помислата што тој кој чита пропоратни писма мора да ја почувствува, посебно што многу често тоа е и самиот претпоставен кој утре нас ќе ни биде претпоставен (шеф, директор, раководител, тим лидер..)

Дали треба да напишеме што знаеме за фирмата за која конкурираме?
Некои луѓе сметаат дека тоа треба да го оставиме за на интервју, но ако не стигнеме до интервјуто можеме колку сакаме да знаеме за фирмата. Затоа во ПП секогаш влегува барем една реченица за информациите и можеби уште подобро, нашето мислење за фирмата за која конкурираме. Мојата препорака е обавезно да се спомне што знаеме за фирмата и зошто ни е важна или зошто сакаме токму во неа да работиме. Тоа најчесто оди едно по друго: затоа што вашата фирма работи со шпедиција, а јас имам искувство со тоа, се пријавувам на вашиот оглас...

Кои се главните карактеристики на одлично пропоратно писмо?
Поточно, главните елементи кои треба да ги има една ПП се следните:

- деловен формат на писмо
- почнува со формална прва реченица
- јасни и читливи реченици
- објаснети се нашите предности и силни страни
- објаснето е зошто сакаме да работиме на тоа работно место- има јасен тек на речениците и се покажани нашите писмени комуникациски способности
- има јасен одговор зошто баш нас- завршува со молба за интервју или средба

:pipi::smir:
досега само еднаш имам пратено зошто беше нагласено во огласот, и не е воопшто тешко да се напише, само неколку реченици, и можеби навистина е губење време но сепак е поразлично кога некому директно му се обраќаш,и кога праќаш само сиви со информациите.Мене повеќе ми се допаѓа кога се праќаат двете па најверојатно така ќе праќам и во иднина:helou:
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Не знам зошто таков негативен став спрема мотивационото писмо.

Мотивационото писмо покрај CV-то не е ништо друго туку продавање на самиот себе. Можност да покажеме зошто сме подобри од другите кои исто така конкурираат на ова работно место. Зошто баш мене да ме одберете.
Тоа нема врска со величења на фирмата.

Улогата на мотивационото писмо е да се остави впечаток и да се потикне интерес кај читателот да ве повика на интервју.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Не знам зошто таков негативен став спрема мотивационото писмо.

Мотивационото писмо покрај CV-то не е ништо друго туку продавање на самиот себе. Можност да покажеме зошто сме подобри од другите кои исто така конкурираат на ова работно место. Зошто баш мене да ме одберете.
Тоа нема врска со величења на фирмата.

Улогата на мотивационото писмо е да се остави впечаток и да се потикне интерес кај читателот да ве повика на интервју.
Баш поради ова ми е смешно кога некој ќе ми се јави и ќе ми рече: „абе да не имаш готово мотивационо писмо, ме мрзи да пишувам„. :)

Прво, ако те мрзи да пишуваш, зошто бараш работа?

Второ, мотивационо писмо е за да се оцени лично тој што аплицира, а не некое трето лице :)
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Треба да пишам овие дена, а ич не ме бива да му се лижам на некој. Кузнај шо ќе испадни на крај.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
A за што работно место аплицираш?
Додуша, не ми е за работно место туку за апликација на факултет ми е. Генерално се работи за ист документ, ама според мене пак треба да ги покажиш истите вредности и мотивации шо ги имаш за да те примат како на факултет, така и на работа.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
59
Поени од реакции
54
Дали кога праќате мотавиционо писмо го пишувате во самиот е-маил или во word документ па му правите attach file ??
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Дали кога праќате мотавиционо писмо го пишувате во самиот е-маил или во word документ па му правите attach file ??

Ворд документ или пдф па атач или според дозволените формати објавени во огласот, ретко се случува во некој оглас да е напоменато дека можиш во состав на мејлот да е писмото. Од мое искуство досега само во ворд документ и пдф имам испраќано
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
И јас да прашам уште еднаш- дали е подобро мот. писмо да биде во мејлот или да биде атачиран во ворд документ, а мејлот да стои празен или...?
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
И јас да прашам уште еднаш- дали е подобро мот. писмо да биде во мејлот или да биде атачиран во ворд документ, а мејлот да стои празен или...?
Лично јас би сакал да биде во документ атачиран и тоа пдф. Зашто пдф, затоа што има фирми кои што користат Open Office , а не Office пакетот од Мајкрософт кој се плаќа. Тоа е техничка причина, друга е што можеби сакаат да ги складираат во папка и со другите документи што ги проложуваш, за да имаат пристап кога сакаат и да ги отпечатат.

Сепак се си зависи од многу ситуации, можеш и во мејлот да го напишеш и плус документ да атачираш.
 
C

cige

Гостин
Име и презиме
Адреса
e-mail :
тел:

До: Назив на институцијата/фирмата (каде аплицирате) Дирекција _____________________________

ДАТУМ
Почитувани,
Во врска со вашиот оглас објавен на вашата интернет страна, би сакала да аплицирам за работното место - Референт.
Верувам дека позицијата Референт би било одлично работно место кое би можело да ми понуди работење во динамична околина, интересна и креативна работа. Оваа работа би ми овозможила континуирано да учам и да се надоградувам како професионалец, да напредувам и да се докажувам во работата која ја работам. Мојата едукација и искуство ми овозможија да развијам различни вештини, и би сакала да продолжам со исто темпо во своето надградување. Стекнав различни искуства меѓу кои најдрагоцени се работата под притисок на факторот време, тимската работа и значењето на тоа што се вика системски резултат. Сите мои вештини и искуства, ќе ми помогнат да преку силната заложба успеам да ги извршувам задачите и да ги запазувам роковите кои ќе ми бидат наметнати, а со тоа би придонела кон остварување како на целите на компанијата ,така и на сопствените. Сигурна сум дека работењето во ______________, ќе ми овозможи задоволство во работата, можност за покажување на мојата креативност и упорност во извршувањето.
Доколку моите индивидуални квалификации и способности одговараат на потребите на работното место – Референт, ќе бидам почестена доколку добијам шанса да станам дел од тимот на ____________. Ви благодарам за одвоеното време Ваше име и презиме
 
Член од
17 август 2012
Мислења
63
Поени од реакции
8
Дали некој има пример за пишување на мотивационо писмо за интерен оглас за работа во рамките на иста компанија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom