значи да гласаме за ВМРО за да не дозволиме децата да ни научат уште еден јазик и да не се дозволат нови вработувања
а сите криминали и нелегалности кои ги прави власта и за кои дознавме преку нелегалните снимки не се битни
вие застранивте од темата со наставници, а јас само ви реплицирав... а тебе да ти одговорам дека се битни сите криминали и тоа треба
да се гонат по ред , значи азбуката оди од буквата А...Башка ние тука во РМ имаме и процесуирани а не санкционирани криминали, не зборувам само за корупции, има и ноторни криминалци опасни по околина а не се каде треба, дури се спрдаше адвокатот Вуиќ со Евто... а спомнав и за водачот на шарените од Охрид, уште пред 7 месеци излезе во јавност дека има за него активна потерница од Интерпол ( да се уапси и испорача) и никому ништо, престана за тоа да се пишува дури и во позиционите медиуми....
да се вратиме на темата, КРЕДИТИТЕ
...Ниту една партија НЕ даде конкретен план за намалување на државната администрација и рационализирање на трошоците... само од овие новите либерали мислам ( излезе со став дека мора да има кратење на администрација)
Но не знчи и дека тоа е кој знае колку ефикасно ако не се намалат платите. Ништо не се постигнува ако технолошкиот вишок го крмиш со посебен третман... на времето пред 20-на години имав колега од фабрика што напушти и отиде да биде потпарол на градоначалникот ( мислам местото на работа му беше во мирување). Кога се избра нов градоначалник тој не се врати, земаше некоја апанажа долго време, а мислам потоа пак некаде во државно се начука.. Значи ако избркаш еден нов човек доваѓа а стариот пак не се враќа во производство..
Затоа резот е првостепено во кратење плати на ниво со стопанството...
Пишував како на времето кога СОНК подржан од опозицијата со штрајкови ги натепа платите на канцеларистите по судовите. Лично пред 7-8 години ги слушав 3 дактилографки од судот на автобуска кај зелен пазар ( си искочиле да пазарат во работно време), едната кажува :
Срам ми е од синот и ќерката, инжинери во фабрики а јас земам плата повеќе од нив