Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Ова решение ти го има кажано Дедо Боже во вечерните сеанси. Печатиш сто милијарди Евра во денарска противредност и за нив купуваш вистински евра. И тоа на светските берзи. Брокерите се разбира се убиваат трчајќи да ги заменат еврата за денари. Генијално.

Економија студираш, така?
Prvata milijarda mozebi ke projde neopazno, ama pri preostanatite 99 milijardi kursot ke stapi vo direktna proporcionalnost so brzinata na svetlinata, i za poslednata milijarda mozebi ke dobies po nekoj evrocent, i ke sfatis deka poarno ke bide ako ja upotrebis za ogreven materijal.
:D:D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Prvata milijarda mozebi ke projde neopazno, ama pri preostanatite 99 milijardi kursot ke stapi vo direktna proporcionalnost so brzinata na svetlinata, i za poslednata milijarda mozebi ke dobies po nekoj evrocent.
:D:D
Не бе. Сериозно? Јас мислев ќе и помине планот на девојката. Ту беља...
 
Член од
17 мај 2014
Мислења
124
Поени од реакции
214
Ова решение ти го има кажано Дедо Боже во вечерните сеанси. Печатиш сто милијарди Евра во денарска противредност и за нив купуваш вистински евра. И тоа на светските берзи. Брокерите се разбира се убиваат трчајќи да ги заменат еврата за денари. Генијално.

Економија студираш, така?
Ја не реков тоа дека е решението види во кој контекст е пишано прво. Прашал некој како со домашна валута може да се отплати странски долг.
Ја го дадов одговорот но не во контекст на Македонија туку теоретски. За развиена економска и финансиска држава ова е реално, не за нас.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ја не реков тоа дека е решението види во кој контекст е пишано прво. Прашал некој како со домашна валута може да се отплати странски долг.
Ја го дадов одговорот но не во контекст на Македонија туку теоретски. За развиена економска и финансиска држава ова е реално, не за нас.
Ова само за Америка е реално. За другите е научна фантастика, затоа што ќе си ја упропастат валутата. Ама признај дека економија студираш, и тоа не некој приватен Универзитет? :)
 
Член од
17 мај 2014
Мислења
124
Поени од реакции
214
Ова само за Америка е реално. За другите е наична фантастика, затоа што ќе си ја упропастат валутата. Ама признај дека економија студираш, и тоа не некој приватен Универзитет? :)
Како да признаам кога не е така ?
 
Член од
17 мај 2014
Мислења
124
Поени од реакции
214
Што мразам вака кога извртувате постови читате само тоа што ви одговара за да го нападнете другиот. Во првиот мој пост убаво си пишав дека све тоа ќе предизвика социјално економска катастрофа долку се применува., а сега искочи ја сум го предлагала тоа како решение. Ама тоа е кога си имаш работа со исфустрирани, невработени економисти кои сакаат барем некаде да го истакнат своето знаење.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Jas iskreno se cudam kako denarot go drzat na 61 i kusur u odnos na evroto veke 20tina i poveke godini. Realno treba najmalku 500 denara za edno evro da bide kursot.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Што мразам вака кога извртувате постови читате само тоа што ви одговара за да го нападнете другиот. Во првиот мој пост убаво си пишав дека све тоа ќе предизвика социјално економска катастрофа долку се применува., а сега искочи ја сум го предлагала тоа како решение. Ама тоа е кога си имаш работа со исфустрирани, невработени економисти кои сакаат барем некаде да го истакнат своето знаење.
Пак мразиш? :pos: Многи омраза се насобрала во тебе.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.435
Jas iskreno se cudam kako denarot go drzat na 61 i kusur u odnos na evroto veke 20tina i poveke godini. Realno treba najmalku 500 denara za edno evro da bide kursot.
Дознаките на иселениците од странство и странските кредити го држат денарот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.089
http://fokus.mk/intervju-kire-naumov-stavreski-se-krie-zad-sukn-ata-na-jankulovska/

Фокус: Минатиов период жестоко ја критикувавте владата на Груевски, во светло на новите задолжувања, особено издавањето на еврообврзницата. Сметате ли дека Македонија нема сили да го издржи овој тренд на пораст на јавниот долг?


Наумов: Едноставно, треба само да го погледнете трендот и без поголеми економски познавања да дојдете до овој заклучок. Пресметката е многу едноставна. Од 2008 година, па до денес, заклучно со задолжувањето со еврообврзницата, само долгот на централната влада пораснал за речиси 2 милијарди евра. Тоа е зголемување на долгот во апсолутна вредност од 135 отсто. За да биде појасно, владата континуирано создава нов долг од 363 милиони евра секоја година. Ако истото го анализираме и од релативен аспект, односно како што постојано владата форсира дека е важен процентот на долгот од БДП, во 2008 година, тој изнесувал 20 отсто, а денес е 40 отсто од БДП. Владата за овој период успеала да го удвои долгот како процент од БДП.

Фокус: Зборуваме за долгот на централната влада?

Наумов: Зборуваме само за долгот на централната влада. Од безбројните манипулации на оваа владејачка гарнитура, најголемата манипулација е необјавувањето на јавниот долг, кој во себе ги содржи и долговите на општините и јавните претпријатија, без долгот на НБРМ. Владата со години манипулира, фалсификува, лаже, со тоа што долгот на централната влада го споредува со јавните долгови на државите во Европа и папагалски повторува дека сме четврта најмалку задолжена земја.

Фокус: Сакате да кажете дека резултатите од задолжувањата не се видливи?


Наумов: Ефектите од ваквото задолжување се катастрофални. За овие 5 години Македонија бележи просечен годишен раст на БДП од 1,4 отсто. За да биде уште појасно, од 2008 година до денес, македонската економија кумулативно пораснала за 7,4 отсто, а долгот на централната влада изразен во евра пораснал во истиот период за 135 отсто. И еве ја на крајот најјасната и наједноставна математика за секој што нема потреба ништо да знае во економијата. Во 2008 година, номиналниот БДП, она што вкупно го произведува целата економија во Македонија, изнесувал 6,7 милијарди евра. Оваа 2014 година ќе ја завршиме со БДП од 8,1 милијарда евра како што и сега прогнозира Ставрески, независно што до крајот на годината како и во претходните тој ќе се обиде да манипулира и ќе ја надува оваа бројка. Тоа покажува дека за 6 години номинално БДП би пораснал за 1,4 милијарди евра. Значи во 2014 ќе произведуваме 1,4 милијарди евра повеќе отколку во 2008 година. Во истиот период, само долгот на централната влада пораснал за речиси 2 милијарди евра (во 2008 бил 1,4 милијарди, а во 2014 3,4 милијарди евра. Внимавајте, владината политика на задолжување не успеала барем долгот да го вгради во растот на македонската економија. Ова значи дека ние сме држава која се ограбува самата себеси.

Фокус: Гувернерот Богов, исто така, имплицираше дека Македонија, согласно сите показатели нема да има проблем со долгот?

Наумов: Гувернерот на НБРМ, кој со закон има загарантирана независност, станува обичен владин службеник. Ако сте забележале, во последниот период немаме ниту еден збор критика кон власта за буџетските дефицити во последниот период, иако истиот тој Богов порано и за помали нарушувања знаел да реагира.

Секако, врв на овој полтронски однос на гувернерот е неговото последно нарачано интервју на МТВ. Дента кога и ММФ и опозицијата излегоа со бројките дека јавниот долг е 51 отсто од БДП, владата го намести гувернерот пред јавноста да се обиде да го демантира тоа. Богов, не знаејќи како да ја демантира оваа бројка, искажа скандалозна лага на отворена сцена, велејќи дека во овој долг е и долгот на НБРМ. И ММФ во својот извештај, а и ние од СДСМ, на својот прес кажавме дека пресметките се без долгот на НБРМ. Богов тоа го знаеше и бесрамно лажеше за да одработи за владата. Знаете, во вистински демократии, тука новинарката немаше блажено да се смее, туку ќе го прашаше зошто лаже. Јавниот сервис не собра доблест да го објави и демантот од СДСМ во чиј прилог стоеше извештајот на ММФ, каде што јавниот долг е пресметан без долгот на НБРМ.

Фокус: Дали идните генерации ќе ги издржат овие сегашни задолжувања?

Наумов: Во принцип се однесуваме како она разуздано друштво од познатата бесплатна кафеана. Неколку безработници шетајќи налетале на една кафеана во која пишувало дека сѐ е бесплатно. Јадете и пијте колку сакате, а за вас ќе платат некогаш кога тука ќе дојдат вашите деца. Друштвото седнало и удрило на јадење и пиење цели три дена и три ноќи. Кога решиле да си одат, газдата донел огромна сметка и барал да му се плати. Веселото друштво кажало дека не мислат да плаќаат затоа што тоа некогаш ќе го сторат нивните деца, како што стоело на натписот на меаната. На тоа газдата одговорил дека ова и не е нивната сметка, туку е тоа сметката на нивните татковци, кои пред многу години пиеле и јаделе во истата кафеана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom