Мистериозни археолошки наоди

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
hathor.jpg
Некакви чудни „светилки“ претставени на рељеф во храмот на божицата Хатор во Дендера (Египет). На нив е прикачено нешто налик на кабел поврзан со некаков генератор.
hathor2.jpg
Неколку метри подалеку од „светилките“ во истиот храм на Хатор во Дендера, изгравирани се овие четири објекта. Тие се поврзани со некаков вид на кабли со објект кој наликува на батерија или електричен акумулатор. Помеѓу два од објектите се наоѓа сфера во која се забележува нешто што потсетува на електрично празнење.
hamm.jpg Чекан сраснат со блок од песочен камен, откриен во Kingoodie,MyInfieldво 1844 година од страна на физичарот David Brewster.Песочниот камен е датиран од страна на dr. A. W. Med од’British Geological Research Center’ и е сместен во периодот од пред 360- 460 милиони
години.
shell.jpg
Школка на која е изгравирано рудиментирано но сепак препознатливо човечко лице на нејзината надворешна страна. Како што стои во извештајот на геологот H. Stopes до Британската Асоцијација за Напредок во Науката, оваа школка од формацијата Red Crag во Англија, која припаѓа на периодот на Плиоцен, датира отприлика од пред два милиони години.
sphere.jpg
Метални сфери од Klerksdorp (Јужна Африка), најдени се стотина кои имаат некакви гравури на нив, најчесто паралелни линии околу еквадорот или вдлабнати точки. Пронајдени се во минералните лежишта од Пре-Камбријскиот период, датиран на 2,8 милијарди години во минатото. Некои од нив имаат тенок слој налик на школка кој ако се отстрани открива сунѓераста внатрешност која во контакт со воздух се претвора во прав.Според Roelf Marx, (куратор на Јужно Африканскиот Клерксдорп Музеј), сферите кои тој ги има во поставката ротираат сами од себе, иако се заклучени во изложбена витрина и немаат никаков допир со надворешни вибрации.
coso.jpg
„Геодата од Косо“ древна геода (празнина во камен чии ѕидови се обложени со кристали) пронајдена во близина на Olancha(Калифорниа) во која е пронајден многу чуден објект, направен од метал и порцелан. На сликата А се гледа геодата поделена на два дела прикажана од надворешната страна, на сликата В е приказот од внатрешната страна. Сликата С е фронтална радиографија на објектот; таму се гледа метална структура, невообичаена за толку древен објект (фосилната школка која ја обиколува површината е стара речиси половина милион години!). И конечно на сликата Dсе двата прикази на металната структура која се појавува во внатрешноста на геодата во бочна радиографија.
japan.jpg
Подводни структури во близина на брегот на Yonaguni (Јапонија), кои евидентно не се природна формација. Стари се речиси 8000 години.
sacs.jpg
Ѕидот од Sacsahuaman во Перу, кој на одреден начин наликува на подводните конструкции од Bimini. Тој е археолошка мистерија прво, бидејќи датира од древни времиња и второ, заради начинот на кој се наредени камените блокови, изгледа како да се сраснати заедно. Никој не може да објасни како толку големи камења, со такви екстремни внатрешни и надворешни агли биле транспортирани, измерени, исечени и совршено наредени да пасуваат, а сепак во некаков нерегуларен манир на предисториските луѓе, толку древни што дури ни Инките немаат никакви записи за нив.
nazca2.jpg
Некои од многуте линии во Nazca (Перу). Линиите во центарот на фотографијата продолжуваат паралелно во права линија со километри, иако на својот пат наидуваат на планини и долини. Кој и со каква цел ги трасирал?
abyd.jpg
Хиероглифите од храмот во Абидос (Египет) кои потсетуваат на хеликоптер, тенк, подморница и карго авион!
austral.jpg
Хиероглифи (околу 250) откриени во шумите на Националниот Парк, Hunter Valley, 100 км северно од Сиднеј (Австралија), познати веќе од 1900. Тоа се архаични египетски хиероглифи и меѓу нив непогрешливо се наоѓа претставата на Анубис, древниот Египетски бог, судија на мртвите! Дали Египќаните стигнале до Австралија?!
skull.jpg
Еден од черепите кои доаѓаат од (Перу) иMerida (Мексико). Еквивалентни се на денешните черепи со неколку непропорционални фактори. Очните шуплини се за околу 15 % поголеми од оние на денешниот човеков череп, но од поголемо значење е капацитетот на внатрешноста на черепот која зафаќа помеѓу минимум 2600 и максимум 3200 ccm (нашиот денешен капацитет е околу 1450 ccm! )
airplane.jpg
Златен предмет од пред-Колумбиска гробница, стар околу 1800 години, необично потсетува на макета на авион со делта крила, има место за моторот, кабина, штитник за ветер, опашка, сите делови на современ авион. Ова е само еден од многуте слични предмети пронајдени во Јужна Америка.
cabrera.jpg
Еден од илјадниците пронајдени насликани камења пронајдени во пустината на Ica (Перу), илјадници години стари. ДокторотJavier Cabrera стрпливо собирал и каталогизирал околу илјада во својот музеј. Субјектите претставени на оваа слика изведуваат трансплантација на срце. На некои други примероци има претстави на диносауруси или друг тип на предисториски животни и луѓе кои ги ловат.
nano.jpg
Необични, најчесто во спирална форма објекти се пронајдени 1991 – 1993 година во малата река Нарада, на источната страна на планината Урал (Русија). Нивната големина се движи од максималните 3 см па се до неверојатните 0, 003 мм! Поголемите од нив се од бакар, додека малите и многу малите се од ретките метали tungsten или wolfram и molybdenum. Точното мерење на овие често микроскопски мали објекти, покажало дека димензиите на спиралите се во. пропорција на златниот пресек. Сите тестови направени за датирање на објектите покажуваат дека се стари 20.000 и 318.000 години во зависност од длабочината и ситуацијата на наоѓалиштето.
bone.jpg
Бутна коска на Токсодон од периодот на Плиоцен од пред 2,6 – 1,8 милиони години. Стрелката покажува на трага од стрела втисната во коската. Фосилот е пронајден во Плиоценските формации во Аргентина.
pedro.jpg
Мумија пронајдена 1932 година во планината San Pedro 60 милји југозападно од Casper, Wyoming (САД). Мумијата е со темно бронзена боја, многу набрана и кога било живо суштеството не било повисоко од 35 см! Со помош на X-зраци се знае дека суштеството (кога било живо) тежело околу 5,5 килограми, дека било од машки род, имало комплетно развиени заби и било старо околу 65 години! Мумијата тежела само 350 гр. нејзиното чело било многу ниско,носот широк и со проширени носници, и со многу широка уста со тенки усни. Мумијата била многу помала од било која позната човечка раса. Некои тамошни жители им сугерирале на истражувачите дека тоа е човек, припадник на раса составена од мали суштества кои го населувале регионот во минатото.
baal2.jpg
Огромен квадратен камен блок лоциран во близина на градот Baalbek во Либан, лежи напуштен во каменоломот од каде требало да биде изваден пред илјадници години. Тежи околу 1050 тони, а долг е околу 30 метри, „Монолитот“ е најголемото парче изделкан камен на лицето на земјата.



Предлагам темата да се развива на истиот начин како и овој пост. Слика и краток опис под неа
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
^ Ау да. :confused:
Во ред тогаш, доколку сака администраторот/модераторот може да се спои со таа ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom