Ако успееш да примениш хипноза, НЛП, ти или било кој менталист кој го познаваш на мене и притоа значително да влијаеш со тоа што ќе ме хипнотизираш ти или менталистот, ќе ти го препишам станов на твое име, ама ако не успеете ти и било кој менталист кој го знаеш да ме хипнотизирате или да примените НЛП на мене, барам само јавно да признаеш дека не си бил во право.
Што сакам да ти кажам е дека хипнозата не е некоја состојба на транс. Што е хипнозата не е ништо повеќе од состојба на зголемена сугестибилност која постои само зошто „хипнотизираниот“ верува дека постои хипноза што го прави посклон кон тоа да респондира на сугестиите на хипнотизерот. Различни техники и методи се користени од страна на хипнотизерот за хипнотизираниот да верува дека е во некоја состојба на „транс“.
Има менталисти кои ги прават ИСТИТЕ СТВАРИ и ги лажат гледачите дека причината поради која се хипнотизирани е НЛП и влијание на нивната потсвест кое сублиминално го воспоставуваат со помош на своите зборови кои ги заобиколуваат „заштитите“ на свесниот ум и продираат во потсвеста, што всушност е стар концепт од времето на Ериксон, Фројд и таквите кои веруваат дека постои свесен/несвесен ум.
Иако знаеме дека 90% и повеќе од активноста на нашиот мозок не е свесна, поточно не е резултат на префронталниот кортекс, тоа функционира сасим поинаку од стариот Фројдовски концепт и хипнозата не ја „заобиколува“ свеста за да влијае на потсвесниот ум.
Ако нешто имам проучувано во животов, тоа е хипноза и НЛП. ЈА иам „хипнотизирано“ луѓе да осеќаат „енергии“, да веруваат дека не чувствуваат болка или да мислат дека се друга особа. Ти немаш, ја иам, професионално го работам тоа.
Тоа што сега ти праиш, е ми кажуваш што праам ЈА на моите настапи.
И јас ти кажувам, дека ХИПНОЗА не постои како состојба. Хипнозата е ИЗМИСЛЕНА. Што постои е сугестибилност и верување во хипноза што ја зголемува сугестибилноста.
НЛП е квази наука, а за тоа низ нет имаш многу истражувања на студиите позади НЛП и зошто се базирани на погрешни премиси.
Почни од сајтот на Роберт Карол, ако сакаш да знаеш повише околу тоа...
тука
Менталистот е илузионист. Менталистот, како и магионичарот прави ТРИКОВИ. За разлика од шарлатаните, професионалниот менталист кажува дека све е трик и се' што прави е за забава. Шарлатаните во кои ти веруваш лажат дека користат сублиминални пораки и слични срања.
Значи разбери, примарната поента на ментализмот е да ти ја остави илузијата дека менталистот користи психологија и други „парапсихолошки“ методи за да го постигне ефектот. Затоа ти и публиката која го гледа менталистот го добива И ТРЕБА ДА ГО ДОБИЕ тој впечаток. Што ти кажувам, е дека методите позади тоа најчесто не се од психолошки карактер.
Ментализмот е дел, аспект, сегмент од магионичарството кој е поврзан само со илузиите кои ОСТАВААТ ВПЕЧАТОК дека постојат психички гугл бугл ствари како телепатија, сублиминално влијание и телекинеза.
Аспектите од ментализмот кои се поврзани со психологијата и ги има, ко колд ридингот што го спомна и идеомоторниот ефект, а се „психолошки“, се помалце од 1% од сите менталистички рутини. 1% се „психологијата“, 99% се трикови. Ја не ти кажувам дека не постојат психолошки динамици позади ментализмот, ги има. Али многу помалце се неголи што мислиш.
Менталистите кои користат колд ридинг за забава, уште од старт кажуваат за што се работи. Не дека ти не можеш да ги користиш тие принципи и знаења надвор од настапи и сцена. Постојат многу форми на манипулација од кои у „The power of persuasion“ се добро објаснати и обработени повеќето и ти препорачувам да ја прочиташ ако си напален по психолошките влијанија кои ги прави секојдневниот „маркетинг менаџер“ и ги правеле фаци ко Џим Џонс.
Не сумњам дека многу менталисти и нементалисти ги користат, знаејќи што прават или инстинктивно.
Само што од целиот ментализам и знаењата кои постојат во рамките на истиот, мал сегмент ги вклучува тие ствари.
Повеќето менталисти одбиваат да користат колд ридинг и такви форми на манипулација од етички причини, што е сосема друга дебата. Дури и колд ридингот е наменет за постигнување на „илузија“ дека без никакви информации, менталистот знае све за минатото, сегашноста и иднината на личноста, што многу „видовњаци“ и „медиуми“ го користат за да прелажуваат луѓе на кои им е потребна поддршка и совет.
Што е точно од друг аспект, е дека менталистот комплетно треба да е склон кон тоа да го чита фидбекот на публиката и слични ствари за да е подобар изведувач, иако 99% од книгите кои те учат како да го читаш говорот на телото се срање. Тоа што гестикулациите кај еден човек значат, може да се со комплетно друго значење кај друг човек.
Анте можда ги скрстуе рацете кога е дефанзивен. Али Куранте можеби го праи тоа пошто увек му е комотно да ги скрстуе рацете. Не постои сигурна евиденција за тоа што значат одредени гестикулации со сигурност.
Не постои говор на тело кој учиш да го читаш, Говорот на телото се чита инстинктивно, а шарлатаните кои те учат дека ако некој ја спушти главата и ја крене веѓата, тоа значи дека е заинтересиран за тебе сакаат да си ја продадат книгата „Како да бидеш успешен за 10 дена“.
Ментализам е форма на ИЛУЗИОНИЗАМ која остава впечаток на натприродни ментални способности, без разлика на тоа кој метод го користи менталистот.
Сега имаш две опции, да го прифатиш тоа што ти го кажувам како вистина, пошто ја ЗНАМ и пошто ја го работам тоа, а ти веруваш дека Дедо Мраз постои, или да се инаетиш.
И не ја глеј серијата „Менталист“ ако сакаш да знаеш што е ментализмот.
На пример, сите светски реномирани менталисти, почнувајќи од Баначек и завршувајќи со Мејвен и Остерлинд, не користат сублиминални влијанија и НЛП. Користат трикови.
Уметноста на ментализмот лежи во забавата, изведбата, начинот на презентација на илузијата, приказната позади илузијата, секако и добрите актерски способности на менталистот, како и способноста да ја предизвика илузијата кај публиката дека истиот ги постигнува СИТЕ ЕФЕКТИ со помош на својот ум и познавања од областа на психологијата или некои надворешни натприродни сили кои се ван негова контрола (ова посебно го прават магионичарите кои се бават со бизарна магија и менталистите кои прават медиумски рутини како повикување на мртвите). Тука игра огромна улога психичкиот фактор ама не од аспектот од кој ти замислуваш, туку за амплифицирање на ефектот и добриот менталист/магионичар знае да ги експлоатира овие фактори.
Глеј, има менталисти кои одлучуваат да ги користат психолошките принципи како плацебо/ноцебо за да го „ојачаат“ ефектот и одбираат да даваат објаснувања од стилот на „сублиминални пораки“ и НЛП за да се импонираат како авторитети.
Како скептик и како магионичар и менталист, нема да тврдам дека поседувам такви способности. Не поседувам. Илузиите кои ги правам ги правам за забава, а не за да оставам впечаток на некој моќен парапсихолог. Поентата не е да ти откријам „како“ се праат работите, пошто првенствено ќе ти го расипам уживањето и импресијата од илузијата. Али мое е да ти кажам дека многу од стварите во кои веруваш и мислиш дека го дефинираат менталистот не се тачни. Многу од работите за кои веруваш дека се психологија и дека менталистот ги искористил „психолошките фактори“, говор на тело и други „потсвесни механизми“, се трик.
Ти одбери си во што ќе веруваш. Ја ти кажувам искрено во што верувам и што (ако нејќеш не ми веруј) работам со години и во што можам со сигурност да ти кажам дека сум упатен повише од тебе.