Масони

Член од
3 октомври 2011
Мислења
67
Поени од реакции
11
(Се извинувам што ќе забегам малку од разговориве и ќе ве вратам на почетокот од темава.)
Во првите неколку постови прочитав дека во 2006 година излегол некој филм за Масоните. Дали би сакал некој да ми каже како се вика тој филм би сакал да го гледам?
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Што претставува Holy Royal Arch во масонеријата? Дали тоа е исто ред како што се Шкотскиот и Јоркшкиот или е посебен ред?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Двата цитати и Алберт Пајк и едниот за заклетвата за 16-ти степен се од книгата на Ралф Еперсон, Масонерија. Џабе изгубив време читајќи ја книгата. Цела книга е со цитати од Алберт Пајк и од некои други масони, а Еперсон само ги објаснува, како демек во нив има скриено сатанистички пораки. Сите цитати ми изгледаа нормално, но овие два не се баш како што треба па затоа прашав дали се точни.
Ако е некое сериозно издание, ќе пишува од каде се цитатите (обично на крајот на книгата, треба да има листа на цитати, наведувајќи од која книга, кој автор, година на издавање и обично и која страница од книгата) - провери. Ако ги има, ќе ти ги најдам оригиналните.
А за заклетвата прашав дали е точна зошто кога би била точна масонот се обврзува да му помага на братот масон и кога би бил во затвор. За да биде во затвор треба да изврши кривично дело, а со тоа автоматски е исфрлен од масонската ложа.
За заклетвите не сакам да навлегувам во детаљи, но во конкретниот случај - преводот е многу погрешен. Еве објаснување за тоа што е 16-тиот степен, па изведи заклучок за што се однесува: http://www.phoenixmasonry.org/AASR_1884_/16th_degree_prince_of_jerusalem.htm
Пишав пријателство на душата со материјалниот свет, таа е поврзана со материјалниот свет со нашите чувства за допир, мирис, вид, слух и вкус. Во третиот степен се откажува од материјалниот свет од кој е зависен нашиот ум.
Да, те разбрав. Сепак, како што реков - третиот степен е откажување од материјалното - точка. ;)
--- надополнето: 29 јуни 2013 во 02:12 ---
Што претставува Holy Royal Arch во масонеријата? Дали тоа е исто ред како што се Шкотскиот и Јоркшкиот или е посебен ред?
Јорк редот реално не постои како таков. Тој е комбинација од три различни реда, кои во Северна Америка се викаат Јорк Ред. Тоа се Holy Royal Arch, Cryptic и Templar Order. Во Европа, особено во земјите со Англиско масонско влијание, има четири, затоа што Mark Master Mason степенот се изведува како независен степен, а не како дел од Holy Royal Arch (како што е тоа случај во Северна Америка). За да се влезе во HRA, мора да се биде мајстор, а за да се влезе во Cryptic и Templar, мора да се заврши HRA и соодветно Cryptic (иако во некои јурисдикции може да се премине од HRA во Templar без да се помине низ Cryptic).
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Да, те разбрав. Сепак, како што реков - третиот степен е откажување од материјалното - точка. ;)
Па според тебе, тој што станува мајстор масон, се откажува од неговите сетила.
--- надополнето: 29 јуни 2013 во 02:28 ---
Ако е некое сериозно издание, ќе пишува од каде се цитатите (обично на крајот на книгата, треба да има листа на цитати, наведувајќи од која книга, кој автор, година на издавање и обично и која страница од книгата) - провери. Ако ги има, ќе ти ги најдам оригиналните.
Нема листа на цитати, а кога би имало треба да фати најмалку 30 страни од книгата.
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Леле обожавам разговори за вакви теми! Пред некое време ја прочитав книгата Хиерархија на Заговорот од Џон Коулман.. Многу работи, работи што не можев да замислам дека некои ненормални биле способни да ги направат ги прочитав во таа книга. Одлична книга како пример за што се се прави до ден денес од некоја маса на луге за кои не сме свесни дека се подготвени на најбрутален и најужасен начин да дојдат до некои свои замислени цели.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Па според тебе, тој што станува мајстор масон, се откажува од неговите сетила.
Не е точно, не го реков тоа. Има сосема друга поента целосното откажување од материјалното. Истражувај, ќе најдеш.
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Не е точно, не го реков тоа. Има сосема друга поента целосното откажување од материјалното. Истражувај, ќе најдеш.
Знам за што ми зборуваш, но ти не ме сваќаш. Нашата душа е поврзана со материјалниот свет преку нашите сетила. Кога не би ги имале тие сетила, не би знаеле ни како изгледа материјалниот свет, а со тоа не не прави зависни. По нашата физичка смрт, а не онаа која кандидатот треба да ја помине во третиот степен, нашата душа го напушта телото и го остава материјалниот свет, а со себе го носи духовното богатство што сме го стекнале.
Со тоа нашата душа не е зависна од материјалниот свет, туку само го осознава преку нашите сетила.
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Дали е точно дека масонот во вториот степен поминува низ пет патувања?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.720
Поени од реакции
11.785
Дали е точно дека масонот во вториот степен поминува низ пет патувања?
Зошто прашуваш работи врзани со ритуали? Посебно зошто мислиш дека некој ќе ти одговори во врска со ритуал на иницијација! Никој нема да ти одговори прецизно за иницијантски ритуал! :) Некој ако ти го тврди тоа, те лаже!
Зошто не појдеш и не се иницираш? Онака да те прашам, кога веќе се интересираш за масонерија?
Бараш доволно добра логика и потврда за да побараш простап? ;)
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Зошто прашуваш работи врзани со ритуали? Посебно зошто мислиш дека некој ќе ти одговори во врска со ритуал на иницијација! Никој нема да ти одговори прецизно за иницијантски ритуал! :) Некој ако ти го тврди тоа, те лаже!
Зошто не појдеш и не се иницираш? Онака да те прашам, кога веќе се интересираш за масонерија?
Бараш доволно добра логика и потврда за да побараш простап? ;)
Не сакам да пристапам кон масонеријата. Не гледам причина зошто би бил масон.
Поставувам прашања врзани за ритуалот затоа што такви информации се достапни и не се тајни како во некој други редови. Сакам само да проверам дали изворот е веродостоен.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Jugop - ова го имам кажано веќе (и повторено неколку пати) - има работи поврзани за ритуалот за кои слободно зборувам, но има работи за кои не сакам да зборувам.
Тоа не значи дека ако одбијам да зборувам на некоја тема дека поставеното прашање е точно - напротив, најчесто не е точно, но не сакам по пат на дедукција да стигнеме до дискусија која ќе ме доведе во ситуација да ги нарушам сопствените принципи.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.720
Поени од реакции
11.785
Не сакам да пристапам кон масонеријата. Не гледам причина зошто би бил масон.
Поставувам прашања врзани за ритуалот затоа што такви информации се достапни и не се тајни како во некој други редови. Сакам само да проверам дали изворот е веродостоен.
Ах... во ред. Јас не гледам причина да се заморуваш со масонеријата кога немаш никаква причина зошто би бил масон. Многу работи се тајни - иако многу информации се достапни. Има разлика од инфо до инфо. :)
Да повторам : Никој нема да ти одговори прецизно за иницијантски ритуал! Ете и zidarski ти кажа убаво...
Со среќа со поткопување на масонеријата ;) Јас сега така го гледам твоето интересирање за оваа тематика.
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Jugop - ова го имам кажано веќе (и повторено неколку пати) - има работи поврзани за ритуалот за кои слободно зборувам, но има работи за кои не сакам да зборувам.
Тоа не значи дека ако одбијам да зборувам на некоја тема дека поставеното прашање е точно - напротив, најчесто не е точно, но не сакам по пат на дедукција да стигнеме до дискусија која ќе ме доведе во ситуација да ги нарушам сопствените принципи.
Па тоа за 5-те патувања го имам прочитано во повеќе книги напишани од масони. Дури пишува и со кои алатки се одвиваат патувањата.

Прво патување (мало длето)
Второ патување (шестар и линијерка)
Трето патување (висок и либела)
Четврто патување (аголник)
Петто патување (со слобидни раце)

Што има тајно тука? Пишува и како се одвиваат патувањата, само нема да пишам, зошто според тебе тоа е за вас тајна.
--- надополнето: 1 јули 2013 во 18:41 ---
Ах... во ред. Јас не гледам причина да се заморуваш со масонеријата кога немаш никаква причина зошто би бил масон. Многу работи се тајни - иако многу информации се достапни. Има разлика од инфо до инфо. :)
Да повторам : Никој нема да ти одговори прецизно за иницијантски ритуал! Ете и zidarski ти кажа убаво...
Со среќа со поткопување на масонеријата ;) Јас сега така го гледам твоето интересирање за оваа тематика.
Пак ке ти кажам дека не сакам да бидам масон. Прочитај ги моите претходни постови па ќе видиш дека повеќе сум против, отколку за масонеријата.

А ти сакаш да станеш масон? Зошто ја следиш темава ако не сакаш да бидеш масон?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.720
Поени од реакции
11.785
Пак ке ти кажам дека не сакам да бидам масон. Прочитај ги моите претходни постови па ќе видиш дека повеќе сум против, отколку за масонеријата.
А ти сакаш да станеш масон? Зошто ја следиш темава ако не сакаш да бидеш масон?
Па да да, го сфативме тоа дека си против и се тегавиш со ставови и носење заклучоци и индиректно испаѓа дека zidarski како масон ти мисли лошо ;) , не знам што очекуваш од човекот, кога знае дека си против неговата животна философија која од петни жили се обидува да ви ја доближи и да ве одучи од читање „жута штампа“ во врска со нивните ритуали, пракси, цели... и сето тоа го прави внимавајќи да не издаде нешто што сепак дал завет да не го зборува со неиницирани - посебно не со противници! Го испрашуваш овде како да се ќе се разјасни тука и ти ќе ја поткопаш целата таа структура :) Аман веќе :) 300 страници стигнаа и ... сеуште сте поминале ни три чекори за разјаснување на работите. Се некои противници, бунтовници... :)

И не, воопшто не сакам да бидам масон, јас сум магичар - иницијант во О.Т.О. и немам никакви проблеми со масонеријата и нивните учења и пракси. :)
А ја следам темава бидејќи си можам ;)
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
Едно прашање до Зидарски да ми одговори ако може:
Дали Редот на Источната Ѕвезда има три степени како Сината масонерија и дали знаците за распознавање им се исти со останатите масони ? Поздрав !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom