Масони

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
БЛАГОДАРАМ! Не го знаев точниот превод на изразот.

Неменувањето на правила е својствено за догма, но не прави еден систем автоматски да биде догма.
Не се работи caмо за догма во системот, зидарски. Се работи и за догматски пристап кон него. Да оставиме секој да си донесе заклучок. Без оглед на разномислието, пријатно е да се дебатира со писмен и воспитан човек, за промена.
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
Ми текна едно прашање , Зидарски или Сомотеитбе, би сакал да ми одговорите ако може:

Регалиите се чуват во ложите или секој масон си ги има дома?
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
113
Поени од реакции
31
Какви тоа двојни стандарди?! Погледни убаво што сум напишал: тие иако се нерегуларни и непризнаени - имаат далеку полегитимно присуство и причина за постоење.
Така што - тие се нерегуларни и непризнати - по сите стандарди. Разликата е во тоа што имаат полегитимно присуство - затоа што имаат некаков утврден ред, утврдени правила, законик, ложи кои работат со одредени правила (иако пак ќе повторам - нерегуларни и непризнати). Исто така - повеќето од овие ложи не претендираат дека се регуларни. Вукиќ собира секој што може да плати за влез и интересно е што наплаќа како ќе стигне, зависно од кандидатот.
За овие си решил дека имаат легитимно присуство и причина за постоење, човеку ти стварно си лажго, невозможен манипулатор!
Овие од некои причини ти се допаѓаат и си решил да не ги напаѓаш, а Регуларната Голема Ложа на Вукиќ не ти се допаѓа па дрндаш тука на 200 страни и кукаш како не бил во ред и како има огромно членство. Дај те молам среди се, ти и твоите „антички правила„ во што ти дозволуваат да веруваш,а во што не ти дозволуваат. Преиспитај се како едните имаат полегитимно правило, а другите немаат, зашто си многу конфузен и делуваш смешно во толкувањето на правилата.

Повторно мораме да се занимаваме со економија и статистика, за да ги побиеме твоите постојани лажни-манипулатоски тврдења.

Членството во Америка е намалено од 4.000.000 масони на 1.300.000 масони, каде е тука растечка бројката? каде има пораст? како исчезнаа три милиони членови? така немој да ги менувате правилата, тие се вечни се додека не пропаднете манипулатори!

Членството во Америка и Канада заедно само во последниве две години е намалено за преку 50.000 масони.

Интересно е да се спомне дека нерегуларната масонерија има фрапантен пораст на членството, во секоја држава, па и Македонија!
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Тубал... незнам на кое ниво ви е комуникацијата со Ѕидарски и дали сте толку опуштени ама во почетокот на постот доста си навредлив... дај прибери се малку
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
113
Поени од реакции
31
Тубал... незнам на кое ниво ви е комуникацијата со Ѕидарски и дали сте толку опуштени ама во почетокот на постот доста си навредлив... дај прибери се малку
Го бришам делот, потполно се согласувам, не е на ниво напишаното.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Тубал - не се возбудувај непотребно... реков дека тие ложи се со полегитимно право на постоење од Вукиќ, не дека имаат легитимитет сами по себе. Читај внимателно, без непотребни потресувања.
За членството во Америка и Канада имам објаснето претходно, зошто те мрзи да прочиташ. Зголемувањето на членството во крајот на 40-тите и почетокот на 50-тите се должи на враќањето на војнците од Европа и Кореа, и потребата за братска дружба и блискост со луѓе кои го имале истото искуство. Не само масонеријата, туку и многу други братски организации во тоа време се многу активни и имаат огромно членство. Во крајот на 70-тите, почнува да се расчистува ситуацијата. Тоа што се случило во 50-тите е статистичка грешка, ништо повеќе. Во моментов, бројот на нови членови постојано е во пораст, од 93-та година наваму. Падот на општиот број на членови, се должи пред се на преселувањето во Вечниот Исток на повеќето членови кои се зачлениле во 50-тите (кои сега се на над 80 години). Таа тенденција ќе ја има уште барем 10 години, додека да се дојде до реалната бројка. 1.3 милиони е бројката на Бесел, но не е точна, затоа што не ги зема ПХА во предвид и нема точни бројки за последните десет години. Реалната бројка во моментов во Северна Америка се движи околу 2.1 милиони (што е премногу според мене - реално треба да е бројката не повеќе од 1.5).
Нерегуларната масонерија има фрапантен пораст во членството во Балканските земји - затоа што кој како стигне се зачленува, без да чека и без да има некакво правило. Секој што може да плати - станува член. За жал - не станува масон.

KingDavid - зависи кои регалии. Престилката на пример - секој ја носи со себе. Регалијата на мајсторот на ложата, исто така се носи со себе (за случај на посети или погреби, мора да се носи). Регалијата на Големите Офицери исто така се носи со себе. Регалијата на офицерите на ложата се чува во ложата.
 
Зидарски да не се зезаме,ложата е легитимна или не е.
Да се разбереме, не целам на тоа да бидете што поголем број на членови, сакам да ти посочам за трендовите кои се случуваат секаде во светот.
Вие како регуларна масонерија го губите членството , а нерегуларните се во некотролиран раст.
Вашите членови си создаваат нерегуларни ложи, значи луѓе што вие ги “воздигнувате“ во подобри суштества, ви прават “конкуренција“.
Од твоите ставови не гледам критична настроеност према регуларната масонерија која има голем удел во создавањето на овој хаос со ложите, лесно е само да отфрлиш секаква поврзаност со овие случувања, но ги има и вие како масони треба да ги решите.
За да привлечете квалитетно членство треба и вие да истапите јавно со вашите добродети, и вие да направите пропаганден материјал квалитетен за конзумирање.
Ако во минатото на пр. масоните се организирани за работничките права и имале цел на делување и точно знаеле што да очекуваат, денес такви цели немате, немате големи идеали.
Ви фали енергија во делувањето. Денес објаснувањето за членување е толку штуро и разводнето, затоа не треба да не чуди надолниот тренд во бројноста на масоните.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Регуларната масонерија нема никаков удел во создавањето на хаосот со ложите. Удел имаат поединци кои решаваат дека имаат потреба од власт, пари, влијание - па кога тоа не можат да го најдат во регуларната масонерија, решаваат да изигруваат богови во своја измислена организација.
Масонеријата ги има истите цели, од своето основање до денес. Демографските промени и промените во начинот на живеење се тоа што диктираат промени во бројот на членови, а не целите или начинот на презентирање.
Пак ќе повторам - единствено место каде што има намалување на бројот на членови е Северна Америка и тоа не заради тоа што нема доволно нови кандидати, туку заради нивелирање на статистичката грешка која настанала по втората светска војна. Во Европа, бројот на членови е во континуиран пораст од војната па наваму, без да има воопшто пад во членството.
Што се однесува до нерегуларните, пак ќе речам, "неконтролиран пораст" (многу ми се допаѓа изразов - затоа што многу точно ја опишува состојбата со нерегуларните организации) има само на Балканот и никаде на друго место. Има само две нерегуларни организации со голем број на членови - едната е ЛДХ (ко-масонерија), кои имаат некаде околу 30,000 членови низ целиот свет и вкупно 45,000 ко-масони во светот (комбинирано меѓу ЛДХ и други такви организации), и 80,000 на Големиот Ориент на Франција. Останатите организации - вкупно собрани низ цел свет, имаат не повеќе од 20,000 членови (пред се во Италија - околу 8,000 и Франција уште 8-9,000). Значи зборуваме за вкупна бројка на нерегуларни масони од околу 140-150,000 членови (понекогаш е тешко да се утврди оваа бројка, затоа што многу често членови на една нерегуларна, преминуваат во друга, а првата продолжува да ги прикажува старите бројки - како на пример во Србија и Бугарија).
Да бидеме многу оптимистички настроени и да речеме дека има 150,000 нерегуларни масони во светот. Толку масони има само во двете регуларни mainstream Големи Ложи на Тексас и Онтарио (не броејќи ПХА). Така што - толкувањата се едно, реалноста е друга.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Ми текна едно прашање , Зидарски или Сомотеитбе, би сакал да ми одговорите ако може:

Регалиите се чуват во ложите или секој масон си ги има дома :)
личните уствари не видов дека зидарски веке одговорил така да во целост е така.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
113
Поени од реакции
31
Што се однесува до нерегуларните, пак ќе речам, "неконтролиран пораст" (многу ми се допаѓа изразов - затоа што многу точно ја опишува состојбата со нерегуларните организации) има само на Балканот и никаде на друго место. Има само две нерегуларни организации со голем број на членови - едната е ЛДХ (ко-масонерија), кои имаат некаде околу 30,000 членови низ целиот свет и вкупно 45,000 ко-масони во светот (комбинирано меѓу ЛДХ и други такви организации), и 80,000 на Големиот Ориент на Франција. Останатите организации - вкупно собрани низ цел свет, имаат не повеќе од 20,000 членови (пред се во Италија - околу 8,000 и Франција уште 8-9,000). Значи зборуваме за вкупна бројка на нерегуларни масони од околу 140-150,000 членови (понекогаш е тешко да се утврди оваа бројка, затоа што многу често членови на една нерегуларна, преминуваат во друга, а првата продолжува да ги прикажува старите бројки - како на пример во Србија и Бугарија).
Да бидеме многу оптимистички настроени и да речеме дека има 150,000 нерегуларни масони во светот.

Во Британија има најмалку 10 различни Големи Ложи кои не се под твојата Масонска организација, а за другите земји ќе ги наредам во пократка форма:
во Турција има 3, во Швајцарија 4, во Шпанија 5, во Португалија 5, во Грција 6, во Италија 8, во Германија 10, во Франција 11, во Данска 7, во Бугарија 4, во Белгија 6, во Австрија 4, во Австралија 4, во Индија 3, во Америка 11, во Канада 4, во Србија 8, во Венецуела 4, во Чиле 3, во Бразил 5, во Аргентина 4, во Јужна Африка 4, во Конго 4, во Брег на Слоновата Коска 4, во Габон 3, во Русија 4, во Шведска 5, во Мексико 5.... ме мрзи понатака да пишувам.
Зидарски многу ми се гледаат, не се две три на Балканот, некако географија слабо.
Но,ги разбирам побудите постојано да ги негирате, од сите овие посебни ложи само Чедо Вукиќ истапил толку самоуверено во јавност и го има во секој можен сајт кој се занимава со масонерија,го има во дневни весници.Стравот е голем,можат се поголем број на нерегуларни ложи да го кренат гласот и да прават проблеми, од тоа дефинитивно се плашите, дури тогаш ќе бидете приморани да се менувате и да ја прифаќате реалноста.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Кога сме кај стравот... еве два интересни цитати:
Френклин Рузвелт: Единственото нешто од кое треба да се плашиме е самиот страв.
Махатма Ганди: Од стравот има некаква корист, но од кукавичлукот никаква.
--- надополнето: 2 март 2012 во 05:34 ---
Без оглед на разномислието, пријатно е да се дебатира со писмен и воспитан човек, за промена.
Кога сум на цитати вечерва - еве уште еден во овој контекст:
Не се согласувам со тебе, но ќе се борам до смрт за твоето право да го искажеш своето мислење.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Кога сме кај стравот... еве два интересни цитати:
Френклин Рузвелт: Единственото нешто од кое треба да се плашиме е самиот страв.
Махатма Ганди: Од стравот има некаква корист, но од кукавичлукот никаква.
--- надополнето: 2 март 2012 во 05:34 ---

Кога сум на цитати вечерва - еве уште еден во овој контекст:
Не се согласувам со тебе, но ќе се борам до смрт за твоето право да го искажеш своето мислење.
Поетско-философски си расположен вечерва. Баш убаво. Последниов цитат ти е од Волтер, кој бил масон цел еден месец пред да умре. Се`едно, се работи за голем ум. Секако, го делам твојот став кон правото за изнесување мислење. Можеме да продолжиме да не се согласуваме и понатаму.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Кога сме кај стравот... еве два интересни цитати:
Френклин Рузвелт: Единственото нешто од кое треба да се плашиме е самиот страв.
Махатма Ганди: Од стравот има некаква корист, но од кукавичлукот никаква.

Кога сум на цитати вечерва - еве уште еден во овој контекст:
Не се согласувам со тебе, но ќе се борам до смрт за твоето право да го искажеш своето мислење.
Од оволку мудрости, морам и ја да кажам една:
Подобро цел живот да си богат отколку еден ден сиромав. --Боб Рок
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
113
Поени од реакции
31
Кога сме кај стравот... еве два интересни цитати:
Френклин Рузвелт: Единственото нешто од кое треба да се плашиме е самиот страв.
Махатма Ганди: Од стравот има некаква корист, но од кукавичлукот никаква.
--- надополнето: 2 март 2012 во 05:34 ---

Кога сум на цитати вечерва - еве уште еден во овој контекст:
Не се согласувам со тебе, но ќе се борам до смрт за твоето право да го искажеш своето мислење.
Постојано се случува истото кога нема контра аргументи се одбегнува разговорот, комплетно ти падна во вода целиот муабет со Чедо Вукиќ и сега ресет и правиш на темата.
Кога сме кај вакви паметни тросетки и јас да ве поздравам со нешто:
Ако не вервиш, оди број. - народна поговорка.
Ако нешчо не разбираш, остај го. - народна поговорка.

Поздрав до зидарски со:​
Вистината е како пипер в очи!​
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
Зидарски и Сомотеитбе, ви благодарам на одговорите.

@Tubal, не ја разбирам твојата поента околу овие дискусии со Зидарски . И после толку читање на твоите постови не можам да разберам што сакаш да кажеш.

Регуларната масонерија си има свои правила , не може група граѓани да се собираат , да си купуваат регалии и да се нарекуваат масони,да бараат заедништво со една организација која како и секоја организација си има свои правила. Мислам дека тоа е јасно како ден, нели?

Поточно, може да се нарекува како што сака, ама тоа нема да го направи дел од некоја организација која си има свои правила кои членовите треба да ги почитуваат.

Мислиш ли дека ќе убедиш некој од регуларните масони да кажат дека секој што се нарекува или замислува масон, треба да биде признат од Регуларната Ложа?

И секако, бројот на членството нема никаква врска со квалитетот. Јас мислам дека за Македонија и 100 члена се многу, тргнувајќи од аспектот какви морални и духовни стандарди прокламираат Слободните Зидари.

Доколку нешто овде не е точно кажано од моја страна во врска со масонеријата, нека ме исправат Зидарски и Сомотеитбе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom