Малолетниците-Здравјето,едукативниот систем и анализа

S

smart ass

Гостин
Првен ќе започнеме со општите права на пациентите,начелата врз кои се темелат истете,како и заштитата на личните податоци.

Понтаму ќе презентирам податоци од истражувањето ГИЗА чии резултати се однесуваат за 30 дена.

Значи одговарале на 72 прашања од кои 52 биле за последните 30 дена.

ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ТЕМЕЛИ НА НАЧЕЛАТА НА ХУМАНОСТ И ДОСТАПНОСТ
Правата на пациентите се темелат врз основа на основните човекови права, усвоени и прогласени со резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите народи 217А (III) на 10 декември 1948 година, позната под името Универзална декларација на човековите права
Начелото на хуманост се темели на:

Начелото на хуманост се темели на:
1. почитување на личноста на човекот, како хумано суштество;
2. почитување на личната самоопределба;
3. физичкиот и психичкиот интегритет на личноста, како и сигурноста на
човекот;
4. почитување на приватноста на личноста;
5. хумани (човечки) релации меѓу пациентот, здравствениот работник и
здравствениот соработник, засновани врз основа на етички и деонтолошки
принципи;
6. право на искажување на болка и на ослободување од непотребна болка, во согласност со тековното знаење во медицината и
7. хумана здравствена заштита на терминално болни.
Начелото на достапност се темели на:
1. здравствени услуги што се постојано достапни и пристапни на сите пациенти подеднакво и без дискриминација;
2. континуитет на здравствената заштита, вклучувајќи соработка меѓу сите здравствени рабoтници, здравствени соработници и/или здравствени установи што можат да бидат вклучени во целиот процес на третман на одредена состојба или заболување на пациентот;
3. праведна и фер постапка за избор/селекција за третман, во услови кога постои можност за избор од здравствените установи на потенцијални пациенти за посебен третман кој е достапен во ограничен обем, при што изборот треба да се заснова на медицински критериуми, без дискриминација;
4. избор и промена на здравствен работник и здравствена установа, во рамки на здравствениот систем;

1) Пациентот има право на доверливост (тајност) на личните и медицинските податоци, кои мора да се чуваат во тајност и после неговата смрт, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
2) По исклучок од ставот 1 од овој член, податоците за пациентот од ставот 1 на овој член можат да бидат откриени, ако:
- пациентот даде писмена согласност;
- се неопходни за медицинска интервенција на пациентот во друга установа;
- се неопходни за обработка пропишана со закон, од страна на здравствена установа што обезбедува здравствени услуги на пациентот;
- се искористат во историски, научни, истражувачки или едукативни цели, под услов идентитетот на пациентот да не може да се открие и
- тоа е во согласност со друг закон со цел за заштита на животите, безбедноста или здравјето на други лица.

3) Откривањето на податоците од ставот 2 на овој член се врши на начин и до степен до кој се остварува целта на откривањето на информацијата и се заштитува во најголема можна мера тајноста на податоците.
4) Податоците за пациентот добиени во случаите од ставот 2 на овој член се чуваат во согласност со прописите за чување на професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци.
5) Човечките субстанции од кои што може да се идентификува пациентот мора да се чуваат во тајност, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
6) Пациентот треба да даде писмена или усмена изјава за лицата на кои може да им се даде информација за неговиот прием во болничка здравствена установа, односно изјава за лице за натамошна комуникација, како и за неговата здравствена состојба, односно за лицата на кои не смее да им се даде таква информација.
7) Согласноста за давање на информации може да се претпостави само во случаи кога тие се даваат на друг здравствен работник, односно установа што продолжува да му укажува здравствена заштита на пациентот.

И резултати од опширно истражување во македонија,конкретно за помладите-конкретно ГИЗА.

Одредување на примерок
За добивање репрезентативен примерок на ученици од 7 и 8 одделение од основното образование и I и II
година од средното образование за ГИЗА 2007/2008 во Македонија беше применет дво-етапен дизајн за
кластер-примерок. Во првата етапа од одредувањето на примерокот беа вклучени сите училишта во
15
ГЛОБАЛНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА АДОЛЕСЦЕНТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА 2007/2008
Р. Македонија кои имаат паралелки од 7 и 8 одделение во основното образование и I и II година во средното
образование.

понатаму
Прашалникот кој се употреби во ГИЗА содржеше 74 прашања, 52 од основните прашања и 22 од
проширените и специфични за земјата прашања кои се однесуваа на следниве теми:
„„ Однесувања во врска со исхрана
„„ Хигиена
„„ Насилство и ненамерни повреди
„„ Ментално здравје
„„ Пушење
„„ Употреба на алкохол и останати дроги
„„ Сексуално однесување кое придонесува до ХИВ инфекција, други СПИ и несакана бременост
„„ Физичка активност
„„ Заштитни фактори
......


Во текот на адолесценцијата, прекумерната телесна маса е асоцирана со хиперлипидемија, покачен
крвен притисок (хипертензија), нарушена толеранција на глукоза и негативни психолошки и социјални
последици.
Прекумерната телесна маса здобиена за време на детството или адолесценцијата може да биде присутна
и во возрасниот период и да го зголеми ризикот за коронарна срцева болест, дијабет, заболувања на
жолчниот меур, одредени типови на карцином и остеоартрит на тежински оптоварените зглобови подоцна
во животот. Нутритивните дефициенции како резултат на недоволна снабденост со храна (протеинска или
енергетска малнутриција, железо, витамин А и јоден дефицит) имаат влијание врз редовното одење на
училиште и врз процесот на учење
Понатаму..
Релативната тежина во зрелата возраст и зголемувањето на телесната маса се асоцирани со зголемен
ризик за карцином на дојката, дебелото црево, ректумот, простатата и некои други видови карцином .

Дали постои независен ефект на тежината во детството е тешко да се одреди бидејќи зголемената телесна
маса во детството обично продолжува и во зрелата возраст. Неодамнешниот преглед на Меѓународната
агенција за истражување на ракот (IARC) од Лион, Франција, заклучи дека постојат докази за јасна
поврзаност на почетокот на дебелеењето (рано и доцна) и ризикот за рак.
ПРОЕКТИ во 100 чекори...
Зачестеност на глад
Вкупно 1.9% од учениците (1.6% во возрасната група од 13 до 15 год.) во поголем дел од времето или
секогаш во изминатите 30 дена останувале гладни бидејќи немало доволно храна во нивниот дом.
Машките ученици (2.8%) значително почесто од женските ученици (0.8%) останувале гладни повеќето од
времето или постојано бидејќи немало доволно храна во нивните домови
:toe::toe:

Консумација на брза храна и газирани пијалоци
Вкупно 25.6% од учениците јаделе во ресторан за брза храна од типот на McDonalds, во текот на три или
повеќе дена во изминатите 7 дена. 50.3% од учениците обично пиеле газирани безалкохолни пијалоци од
типот на Кока-Кола, Фанта или Швепс два или повеќе пати дневно во текот на изминатите 30 дена.
Ставови за здрава исхрана
Вкупно 77.2% од учениците најчесто или секој ден појадувале во изминатите 30 дена додека 37.1% од
учениците се изјасниле дека на часовите во оваа учебна година им било предавано за благодетите на
здравата исхрана. Нема значајна полова разлика во однос на одговорите на овие две прашања

Хигиена
Вовед
Забниот кариес ги погодува 60-90% од децата во земјите во развој и претставува најчесто орално
заболување кај децата во повеќе држави од Азија и Латинска Америка. Во Африка, инциденцијата за
забниот кариес се очекува драстично да се зголеми во наредните години заради зголемената консумација
на шеќер и неадекватната експозиција на флуор. Покрај тоа што предизвикува болка и непријатност,
лошото орално здравје влијае врз способноста за комуникација и учење кај децата. Повеќе од 50 милиони
школски часови годишно се губат заради проблеми со оралното здравје18. И кај развиените и во земјите
во развој, многу деца немаат пристап до флуорирана вода или професионална стоматолошка заштита.
Секојдневното чистење и миење на забите може да превенира одредени дентални заболувања.....


Од дијареални заболувања годишно умираат околу 2 милиони деца
За хигиената.

Во Македонија, процентот на ученици кои не ги чистеле или миеле забите во изминатите 30 дена
изнесувал 3.7 Машките ученици (4.9%) значително почесто од женските ученици (2%) не ги чистеле или
миеле своите заби. Вкупно 2.2% од учениците никогаш или ретко ги миеле своите раце пред оброк во
изминатите 30 дена. Машките ученици (2.1%) поретко од женските ученици (2.3%) никогаш или ретко
ги миеле своите раце пред оброк. Вкупно 2.2% од учениците никогаш или ретко ги миеле своите раце
по одење во тоалет. Машките ученици (2%) поретко од женските ученици (2.2%) никогаш или ретко ги
миеле своите раце по одење во тоалет. Вкупно 4% од учениците никогаш или ретко употребувале сапун
при миење на рацете. Машките ученици (4.3%) почесто од женските ученици (3.7%) ретко или никогаш
не употребувале сапун при миење на рацете
Насилство.

Во Македонија 18.7% од учениците биле физички нападнати еднаш или повеќе пати во изминатите 12
месеци. Машките ученици (24.4%) биле значително почесто физички нападнати од женските ученици
(12.4%) еднаш или повеќе пати во изминатите 12 месеци. Од учениците кои имале момче/девојка,
8.4% биле на некој начин физички повредени од партнерот во изминатите 12 месеци; значително
повеќе момчиња (9.7%) отколку девојчиња (6.4%) пријавиле дека биле повредени. 30.5% од учениците
учествувале во физичка пресметка еднаш или повеќе пати во изминатите 12 месеци. Машките ученици
(41.1%) значително повеќе од женските ученици (18.7%) учествувале во физичка пресметка. Вкупно
31.3% од учениците се изјасниле дека биле сериозно повредени еднаш или повеќе пати во изминатите
12 месеци. Машките ученици (37.3%) биле значително почесто сериозно повредени од женските ученици
(24.9%) . Меѓу ученицните кои биле сериозно повредени во изминатите 12 месеци, 26.4% биле на спортски
тренинг или натпревар кога ја здобиле најсериозната повреда, 32.5% ја здобиле најсериозната повреда
при пад, 31.6% се здобиле со најсериозната повреда како резултат на ненамерно самоповредување,
додека 28.2% доживеале скршеница или дислокација на зглоб како најсериозен тип на повреда. Значајно
поголем процент машки ученици (31.4%) во однос на женски ученици (18.9%). биле на спортски тренинг
или натпревар кога ја здобиле најсериозната повреда. За другите причини, нема значајна разлика по
пол.
 
S

smart ass

Гостин
Кон ЕУ...
Силеџиство
Вкупно 10.0% од учениците биле жртви на силеџиство еднаш или во текот на повеќе денови во изминатите
30 дена. Уделот на машки и женски ученици е еднаков. Меѓу оние ученици кои биле жртви на силеџиство
во изминатите 30 дена, 16.9% најчесто биле удирани, клоцани, туркани или заклучувани. 18.5% од
учениците на возраст меѓу 13 и 15 години доживеале ваков тип на силеџиство.
5.1% од сите ученици пријавиле дека носеле некаков вид оружје на училиште во изминатите 30 дена.
Машките ученици (8.5%) значително почесто носеле оружје од женските (1.3%). Вкупно 5.3% од
учениците пријавиле дека биле принудени да имаат сексуален однос иако не сакале. Односот на машки и
женски ученици не е сигнификантно различен (5.8% за машките и 4.6% за девојките).
Ментална Хигиена.
Во светски рамки, приближно 20% од децата и адолесцентите страдаат од онеспособувачки ментални
заболувања26. Анксиозните нарушувања, депресијата и нарушувањата во расположението се меѓу
најчестите проблеми со менталното здравје кај адолесцентите. Половина од случаите со ментални
нарушувања започнуваат до навршени 14 години старост
Игнорирани, овие млади луѓе се изложени на висок ризик од злоупотреба и запоставување,
самоубиство, злоупотреба на алкохол и други дроги, неуспех на училиште, насилни и криминални
активности, ментални заболувања во зрела возраст и импулсивни однесувања кои го загрозуваат
здравјето. Секоја година, околу 4 милиони адолесценти низ целиот свет имаат обид за самоубиство.
Самоубиството е трета водечка причина за смртност кај адолесцентите

ВО МАКЕДОНИЈА-
Осаменост/депресија
Во Македонија, 6.4% од учениците поголем дел од времето или постојано се чувствувале осамени во
изминатите 12 месеци. Машките ученици (4.2%) значително поретко од женските ученици (9.0%)
поголем дел од времето или постојано се чувствувале осамени. Вкупно 6.8% од учениците поголем дел од
времето или постојано се чувствувале толку загрижени за нешто заради што не можеле да спијат навечер
во изминатите 12 месеци. Кај машките ученици (3.8%) ова се случувало значително поретко од женските
ученици (9.8%).
Суицидно однесување
Вкупно 8.6% од учениците сериозно размислувале да извршат самоубиство во текот на изминатите
12 месеци. Машките ученици (6.8%) значително поретко од женските ученици (10.5%) сериозно
размислувале да извршат самоубиство. Вкупно 5.7% од учениците правеле план како би се обиделе да
извршат самоубиство во текот на изминатите 12 месеци. Машките ученици (4.8%) поретко од женските
ученици (6.6%) правеле план како да го извршат самоубиството. Вкупно 2.7% од учениците немаат
блиски пријатели и на 15.5% им било предавано во текот на оваа учебна година како да се справат со
стресот на здрав начин. Во одговорите на овие две прашања нема значајна разлика меѓу машките и
женските ученици.

Тутун...
Вкупно 17.4% од учениците кои се обиделе да купат цигари во изминатите 30 дена биле одбиени да им се
продадат цигари заради нивната возраст. Машките ученици (19.4%) почесто биле одбивани од женските
ученици (14.2%).
Вкупно 17.6% од учениците би пушеле ако некој од нивните најдобри пријатели им понуди цигара.
Машките ученици (15.8%) значително поретко од женските ученици (19.8%) би пушеле ако најдобриот
пријател им понуди цигара.
ТУРБОФОЛКОТ Е ШТЕТЕН:vozbud:
Зачестеност на употреба на алкохол
Во Република Македонија преваленцијата на употреба на алкохол кај учениците (т.е. пиење барем еден
алкохолен пијалок во еден или повеќе денови во изминатите 30 дена) изнесува 39.4%. Машките ученици
(44.2%) значително почесто од женските ученици (34.6%) пријавиле актуелна употреба на алкохол.
35.7% од учениците на возраст од 13 до 15 години консумирале барем еден алкохолен пијалок во
изминатите 30 дена. Момчињата (40.8%) значително почесто од девојчињата (30.6%) се изјасниле дека
пиеле алкохолни пијалоци во овој период. Од учениците кои испиле алкохолен пијалок (а не само неколку
голтки), 61.2% биле помлади од 14 години кога за првпат пробале алкохол. Значително поголем број од
машките ученици (71.2%) во однос на женските ученици (47.1%) го испиле првиот алкохолен пијалок на
возраст помала од 14 години.
Меѓу учениците кои испиле барем еден алкохолен пијалок во изминатите 30 дена, 40.9% испиле два или
повеќе пијалоци. Нема значајна полова разлика кај учениците кои испиле два или повеќе алкохолни
пијалоци во изминатите 30 дена.....
Пијанство и последици од пиењето
Вкупно 25.6% од учениците испиле толку многу алкохол така што навистина биле пијани еднаш или
повеќе пати во животот. Машките ученици (29.7%) значително почесто од женските ученици (21.6%)
биле навистина пијани еднаш или повеќе пати во животот. 21.7% од учениците на возраст од 13 до15
години (25.7% момчиња и 17.8% девојчиња) биле навистина пијани еднаш или повеќе пати во животот.
20.2% од учениците биле вовлечени во проблеми со домашните или нивните пријатели, отсуствувале од
училиште или учествувале во тепачки како резултат на пиење алкохол еднаш или повеќе пати во животот.
Нема значајна разлика по пол во врска со ова прашање. 17.8% од учениците на возраст од 13 до 15 години
биле вовлечени во проблеми заради пиење алкохол во текот на животот.
Марихуана,наркотици..

Зачестеност на употреба на дрога во текот на животот
Во Република Македонија преваленцијата на употреба на дрога во текот на животот (употреба на дрога,
каква што е марихуаната, барем еднаш во животот) изнесува 3.0%. Машките ученици (3.9%) значително
почесто од женските ученици (2.0%) пријавиле употреба на дрога во текот на животот. 1.8% од учениците
на возраст меѓу 13 и 15 години употребиле дрога еднаш или повеќе пати во животот. Само 29 ученици во
примерокот пријавиле дека пробале дрога на возраст помала од 14 години.
Достапност на дроги во училиштата
Вкупно 7.8% од учениците потврдиле дека им било понудено, продадено или дадено дрога во училиште
во изминатите 30 дена. На машките ученици (9.8%) тоа им се случило значително почесто од женските
ученици (5.6%).
Превентивни активности во училиштата
Вкупно 46.6% од учениците се изјасниле дека на часовите во оваа учебна година им било предавано за
опасностите од употреба на дрога додека на 26.2% им било предавано на часовите во оваа учебна година
каде да побараат помош за да престанат да употребуваат дроги. Нема значајни разлики во одговорите
според полот на испитаниците за овие две прашања.
Вадење црева на 13-15
Сексуални односи
Во Македонија, 11.9% од учениците имале сексуални односи во текот на животот. Машките ученици
(19.5%) значително повеќе од женските ученици (4.1%) имале сексуални односи. Процентот на ученици на
возраст од 13 до 15 години кои имале сексуални односи изнесува 8.9 (14.4 за машките и 3.1 за женските).
Вкупно 4.6% од учениците започнале со сексуални односи пред да навршат 13 години. Значително повеќе
машки ученици (7.5%) од женски ученици (1.3%) започнале со сексуални односи пред навршени 13
години.
Вкупно 6.9% од учениците имале сексуални односи со мултипни партнери (т.е. два или повеќе) во текот
на нивниот живот. Машките ученици (11.9%) значително почесто имале мултипни партнери во споредба
со женските ученици (1.6%). 4.6% од учениците на возраст од 13 до 15 години имале сексуални односи
со повеќе од еден партнер (7.8% од машките и 1.1% од женските ученици). Вкупно 14.2% од учениците
имале сексуални односи во изминатите 12 месеци. Машките ученици (20.7%) значително почесто од
женските ученици (7.1%) имале сексуални односи во изминатите 12 месеци. Меѓу учениците кои имале
сексуални односи во изминатите 12 месеци, 80.4% употребиле кондом при последниот однос.
Вкупно 52.2% од учениците минувале по три или повеќе часови на ден во седечки активности во
текот на еден вообичаен ден. Машките (51.1%) поретко од женските ученици (54%) поминувале
по три или повеќе часови на ден во седечки активности.
 
S

smart ass

Гостин
Заштитни фактори
Вовед
За повеќето адолесценти, училиштето е најважно окружување надвор од семејството. Одењето и
неодењето на училиште се поврзани со зачестеноста на неколку ризик-фактори по здравјето, вклучувајќи
ги насилството и ризичното сексуално однесување.48
Адолесцентите кои имаат позитивен однос со наставниците и кои имаат позитивен став кон училиштето
се со помала веројатност да започнат порано со сексуални активности, да злоупотребуваат супстанции
и помалку веројатно дека ќе доживеат депресија. Адолесцентите кои живеат во социјална средина која
овозможува врски во кои има разбирање, која овозможува само-искажување и исто така обезбедува
структура и граници имаат помала веројатност да започнат порано со сексуални активности, да
злоупотребуваат супстанции и помалку веројатно дека ќе доживеат депресија.49
Да се биде сакан и прифатен од врсниците е круцијално за здравиот развој на младите, и оние кои не
се социјално интегрирани имаат поголема веројатност да доживеат проблеми со нивното физичко и
емоционално здравје. Изолацијата од врсниците во адолесцентниот период може да доведе до чувство
на осаменост и психолошки симптоми. Интеракцијата со пријателите има тенденција да ги подобри
социјалните способности и да ја зацврсти способноста да се справува со стресни моменти.50
Здравите врски со родителите се асоцирани со пониски нивоа на депресија и мисли за самоубиство,
употреба на алкохол, ризично сексуално однесување и насилство.




Отсуство од настава
Во Македонија 23.5% од учениците отсуствувале од настава на училиште без дозвола на родителите
во еден или повеќе денови во изминатите 30 дена. Машките ученици (26.7%) значително почесто од
женските (20.4%) отсуствувале од настава без дозвола. 21.1% од учениците на возраст од 13 до 15 години
отсуствувале од настава без дозвола еден или повеќе денови во изминатите 30 дена. Машките ученици
(24.6%) почесто од женските ученици (17.5%) отсуствувале од настава во изминатите 30 дена.
Љубезност и помош
Вкупно 37.1% од учениците се изјасниле дека повеќето од учениците во нивното училиште никогаш
или ретко биле љубезни или од помош во изминатите 30 дена. Машките ученицици (42.7%) значително
повеќе од женските ученици (31.3%) се изјасниле дека повеќето од учениците во нивното училиште
никогаш или ретко биле љубезни или од помош во изминатите 30 дена. Постои значителна разлика по
пол во одговорот на ова прашање кај учениците на возраст од 13 до 15 години. Машките ученици (43%)
почесто од женските (30.9%) пријавиле дека повеќето од учениците во нивното училиште никогаш или
ретко биле љубезни или од помош во изминатите 30 дена
И Заклучок

ГИЗА истражувањето покажа дека учениците во Македонија се соочуваат со голем број здравствени
проблеми поврзани со однесувањата, како на пример однесувања во врска со исхраната, употреба на тутун,
сексуално однесување, ризично однесување за настанување на повреди и насилство. Истражувањето
исто така покажа дека ваквите однесувања не се едноставни постапки на индивидуите туку се случуваат
во поширок социјален контекст, на пр. едукација за превенција во училиштата. Истражувањето ги нагласи
здравствените проблеми кои се веќе познати, а на кои не им е посветено доволно внимание, но исто така
на виделина излегоа и други проблеми. На пример, менталното здравје е признаето како проблем кај
адолесцентите но истражувањето покажа дека во оваа област ургентно се потребни поголемо внимание,
подобра превенција и поголема поддршка.
Главните заклучоци од Глобалното истражување за здравјето на адолесцентите во училиштата во
Македонија во 2007/2008 се:
Адолесценцијата е период на брз физички развој за кој е потребна адекватна исхрана со цел да се задоволат
барањата за раст, а исто така адолесценцијата е период на емоционална и психолошка промена во која
постои тенденција да се отфрлат конвенционалните диетални навики. Постои поголема тенденција кај
адолесцентите да јадат брза храна три или повеќе пати неделно и да пијат газирани безалкохолни пијалоци
кои ја инхибираат апсорпцијата на калциум. Моменталниот процент на прекумерна тежина кај учениците
покажува зголемен ризик, особено кај машките. Момчињата не биле свесни за проблемот за прекумерна
тежина или за ризикот да станат прекумерно тешки во споредба со девојчињата. Постоењето глад кај
одреден процент на ученици укажува дека постои низок социо-економски статус на нивните фамилии.
80%-84% од учениците редовно јаделе овошје и зеленчук коишто претставуваат заштитен фактор.
Резултатите индицираат дека сè уште постои потреба за фокусирање на личната хигиена заради нејзината
важна улога во контролата на одредени здравствени проблеми, какви што се паразитарните или феко-
оралните инфекции. Женските ученици повеќе се грижеле за себеси отколку машките ученици, и покрај
вкупно добрите здравствени практики кои се однесуваат на личната хигиена (како чистење и миење
заби и употреба на сапун при миење на рацете). Машките ученици подобро се грижеле за себеси отколку
женските ученици во смисла на личната хигиена (миење раце пред јадење и по употреба на тоалет).
Истражувањето обрна внимание на прашањето за насилство кон децата и адолесцентите, покажувајќи
зголемена злоупотреба и силеџиство од другите ученици или партнерите на учениците, особено кај
машките ученици. Пријавени се голем број сериозни повреди при различни активности и во различни
услови. Учениците покажуваат ниска тенденција за носење оружје, со повисок процент кај машките
ученици. Друг сегмент од интерес е проблемот со ризичното однесување во сообраќајот, особено возењето
во автомобил без врзан сигурносен ремен или возење во автомобил под влијание на алкохол.

ГЛОБАЛНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА АДОЛЕСЦЕНТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА 2007/2008
Истражувањето ги предочи и проблемите со менталното здравје во адолесценцијата, каде доминираат
осаменоста и анксиозноста. Постои и зголемена тенденција за самоубиства кај младите.
Преваленцијата на пушењето е во пораст, со застапеност од 10,5% кај учениците на возраст од 13 до 15
годишна возраст кои пушеле цигари во изминатите 30 дена, што е повисока преваленција од 8,2% колку
што било добиено при истражувањето спроведено во 2002. Половина од учениците кои пушеле цигари,
за првпат запалиле цигара на возраст од 13 години или помалку, во споредбасо 2002 кога се покажа дека
20% од учениците започнале да пушат на возраст од 10 години. Секој втор анкетиран ученик има родител
или старател кој е пушач и голем број луѓе пушеле пред нив. Цигарите им се лесно достапни на учениците
во продавниците, а многу од нив би пушеле доколку некој пријател им понуди.
Особено внимание треба да се посвети на фактот што 61.2% од учениците биле помлади од 14 години
кога за прв пат пробале алкохол. Децата лесно може да набават алкохол од маркетите, продавниците
или уличните трафики како и да го консумираат во барови, клубови или диско. Многу ученици се
изјасниле дека биле пијани барем еднаш или повеќе пати и дека биле вовлечени во неволји заради
пијанството. Преваленцијата на употреба на дроги, како на пр. марихуаната, изнесува 3.0%. Постои
релативна достапност на дроги во училиштата и покрај тоа што има релативно високо ниво на едукација
за штетноста од употреба на дрогите.
Многу ученици го имале првото сексуално искуство на млада возраст. Иако процентот на ученици на
возраст од 13 до 15 години кои имале сексуален однос е релативно низок (нешто повисок кај машките
отколку кај женските), треба да се обрне внимание на овој податок. Машките ученици почесто од женските
имале сексуални односи со два или повеќе партнери. Релативно висок број ученици употребувале
кондоми при сексуалните односи.
Најголем дел од учениците виделе реклами на ТВ, радио, билборди, постери или во дневните весници
или магазини или на кино против пушењето, пиењето алкохол, употребата на дроги или насилство во
изминатите 30 дена.
Повеќето од учениците од двата пола биле физички неактивни и имале нередовни физички активности.
Тие имаат седечки начин на живот и практикуваат седечки активности, како на пр. играње на компјутер,
бидејќи денес компјутерите се достапни и во домовите и на училиште. Постои потреба за активирање и
зголемување на часовите со физичка активност во училиштата.
Учениците имаат тенденција да отсуствуваат од часови без дозвола и да се нељубезни и да не се од помош
кон нивните соученици. Родителите не поминуваат доволно време со своите деца и не ја следат нивната
работа и не се справуваат со нивните проблеми. Постои релативно голем број ученици чии родители или
старатели никогаш или ретко знаеле што тие прават во нивното слободно време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom