МакSим

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
За сите оние на кои им е смачено од американска поп музика...
МакSим (со латинично С) е уметничкото име на Марина Сергеевна Абросимова (моминско Максимова). Таа е руска пејачка, текстописец, изведувач и музички продуцент. Ја открив сосема случајно кон крајот на 2009 година, откако го изгледав филмот Книга Мастеров. На крајот од филмот, додека поминуваа кредитите пееше една многу заразна песничка, што морав да ја најдам. Излезе дека станува збор за Дорога токму од МакSим...


Не помина долго време, па ги симнав сите албуми од неа и уживав во навистина прекрасната музика што ја создава, прашувајќи се зошто не е попозната во целиот свет.
МакSим има издадено три студиски албуми и тоа Трудныј возраст (2006), Мој рај (2007) и Одиночка (2009), а четвртиот е на пат, но не се знае точниот датум на излегување.
Мислам дека за МакSим нема многу што да се зборува, туку треба да оставиме нејзината музика да зборува за неа. Еве некои од моите поомилени песни...

Лолита

Весна

Птицы

Странница

Сон

На радиоволнах

Лјубовь - это јад
 

Kajgana Shop

На врв Bottom