Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.493
Во темава ќе ги претставуваме македонските спортски легенди, а воедно и ќе дискутираме за нив. Ќе ги претставиме луѓето на кои не им се доделени ни барем 2 минути од вестите, ни една статија од весниците, а форсирани се емисии како Ексклузив, кои се направени за како боже прости ми малоумни.
Јас ќе почнам со Атина Бојаџи, мојот идол. Не ја ставам затоа што тренирам пливање, туку затоа што е жената која има поминато многу во својот живот, а денес малкумина ја знаат. Животот и е од трагедија до трагедија, среќа што е во животот доживеала големи спортски моменти.
Не знаете колку неизмерна беше мојата среќа кога оваа жена лично ми се јави и ми рече дека во мене го гледа нејзиниот вистински наследник.
Личност која е секогаш насмеана, гостопримлива, да и отидеш дома на гости ќе те пречека како нејзино дете. Нечистокрвна македонка, од татко македонец и мајка романка, никогаш не рекла ништо против оваа држава и гордо пливаше за македонската спортска чест. Го загубила татко и на 15 години, а мајка и се парализирала кога таа имала 8 години. Денес со своите 64 години(иако изгледа како за 20 години помлада) живее сама во стан во скопската населба Карпош, без никаква помош од државата. Фала богу што барем е прогласена за спортистка на векот.
Најинтересна за мене е нејзината изјава за МТВ од пред некоја година, кога ја прашаа колку пати го има препливано Охридско Езеро, таа им соопшти : "Да ме прашате колку пати го имам препливано Охридско Езеро, е исто како да ме прашате колку пати сум отишла од дома на работа и назад".
БОЈАЏИ, АТИНА
Најголемиот херој на повоена Македонија, после народните херои. Прва жена која го преплива Ламанш. По повод подвигот снимен е еден од најинтересните македонски играни филмови “Исправи се, Делфина”.
Игор Тошевски
Атина Бојаџи е апсолутна ѕвезда на маратонското пливање. Родена е во Охрид на 11 март 1944 година, во семејна куќа на самиот брег од Охридското Езеро. Уште на 11 години ги држи македонските рекорди на кратки патеки во сите дисциплини, во слободен стил, делфин и грбно пливање. Двапати светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, таа до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година ќе ги скроти брановите на патеката Капри - Наполи за да стане светски првак на солени води. Во истата година прави и еден опасен подвиг. Маратонскиот пекол на патеката Саида-Бејрут ќе го започнат 25 пливачи, а само двајца ќе допливаат среде страшно невреме - Атина стигнува незапирливо на целта. Врв на нејзината кариера е Ламанж, покорен на 9 септември 1969 година. Беше тоа единствената жена од Балканот што ги преплива темните води на престижниот сон на секој маратонец. Таа епопеја во Југославија прерасна во мит со филмот “Исправи се Делфина” (1975) на Александар Ѓурчинов, со култната Неда Арнериќ во главната улога. Пливачката кариера ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб “Црвена звезда”, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес. Во октомври 1991 година се враќа во Сараево за да стане селектор на босанската пливачка репрезентација и главен тренер на пливачкиот клуб “Босна”. Тогаш не ја насетува војната, но судбински ќе ги доживее ужасните сараевски зими, беспомошно сама и понижувана. Во студен јануарски ден 1994 година, со помош на потплатен унпрофорски офицер, го напушта Сараево, минувајќи преку фронтот на српската страна, со надеж дека конечно ќе го види синот. Следат кошмарни месеци на истрајување. Дури во летото 1994 година доаѓа во Македонија како почесен гостин на Охридскиот маратон. Претседателот Киро Глигоров ја убедува дека конечно се вратила дома. Од 1996 година ќе стане спиритус мовенс на организацијата на маратонот во Охрид, а подоцна и генерален секретар на Пливачката федерација на Македонија. Иако материјално ненаградена од државата, во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година весникот Утрински ја прогласува за спортист на векот. Атина Бојаџи е метафора за успех, но и парадигма за истрајување. Од блескавите врвови на славата до морничавите удари на војната и човечката завист, таа помина маратонска патека за да биде денес морален шампион над сите животни бури. Живее во крајна скромност во Скопје. Ретка легенда на некогашна Југославија, а по малку оставена од своите во Македонија.