Македонски родољубиви песни

Дискусија во форумот 'Уметноста, литературата, јазикот' започната од Македон91, 5 јуни 2009.

  1. Македон91

    Македон91 Благородник

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    2.134
    Допаѓања:
    113
    Темава ја посветувам на македонската родољубива (патриотска) поезија. Ако има слична тема го молам модераторот да ја спои со истата.

    ЗАПИС НА НАДГРОБНА ПЛОЧА НА НЕЗНАЕН ИЛИНДЕНЕЦ

    Јас паднав и не жали ме,
    ниту го барај моето име во тревата.
    Јас паднав за Родината,
    зашто Родината света
    поскапа е од мајка
    на мајките таа е мајка –
    Жална Македонија!

    Телото и' го распарчија
    алчни, побеснети пцишта,
    со кундаци и ками
    името и' го ништат.
    Јас паднав, но не жали ме
    ниту го барај моето име во тревата.
    Јас паднав за Родината,
    зашто Родината света
    помила е од мајка,
    на сите сираци мајка,
    на сите вдовици мајка –
    Жална Македонија!

    Ти само расти и помни:
    кој ти го уби дедо ти,
    кој ти го закла татко ти,
    кој ја обесчести мајка ти,
    кој ти ја запали куќата,
    кој ти го украде сонот,
    кој ти го грабна залакот –
    а кога ќе ја откопаш
    мојата стара берданка,
    не жали дека паднав –
    јас паднав за Родината,
    туку префрли ја на рамо
    и фати ја планината!

    НАД ОВОЈ ГРОБ НЕ ТАЖИ
    СЕКОГАШ ИМА ИЛИНДЕНИ –
    САМО ДА ИМА МАЖИ!!!



    П.С. Авторот е анонимен (не можев да го најдам името на човекот што ја напишал песнава).
    На македонче93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Македон91

    Македон91 Благородник

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    2.134
    Допаѓања:
    113
    Моето име

    Еј, пријателу мој
    не викај ме така!
    Зарем го заборави моето име?
    И ти мој татко
    не прави ми така
    зошто јас тоа име не го сакам.
    На моите чеда им го кажав моето име
    та тие не сакаат сега
    поново крштевка да ми прават,
    нити кум нов да ми стават.
    И ти дедо знаеш како се викам
    знаеш дека со тоа име
    од радост бликам
    сите ме знаат како таква
    и не можам Јас да бидам поинаква.
    А Ти мајко мила
    не тагувај за моето име
    што од срце си ми го подарила.
    Ти ветувам
    дека никогаш нема од него
    да се одрекувам.


    Автор: Смиљана Максимоска (од стихозбирката "Александрова ѕвезда" 1995 г.)
  3. Македон91

    Македон91 Благородник

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    2.134
    Допаѓања:
    113
    Илинденска

    Вината не беше наша
    таа кај друг се крие,
    и туѓи прсти тогаш
    стотонска вина сторија!
    Но, штом ќе дојде ден
    и штом ќе треба, ние
    за сè ќе ѝ раскажеме
    на мајката историјата.

    Започнаа со раце гнасни
    на народот во душа да му џбараат,
    но, гневот беше толку нараснат,
    та, не се сфати волчката им нарав
    и музките на ѕверови во овчи кожи,
    престапничко и плитко лицемерење.
    Но, идат дни, а тогаш и ќе може
    со грски кал по сурат да ги пернеме.

    Се почна бунтот.
    И не беше обичај
    да изостанеме.-
    Не се предадовме!
    Туку,
    со крвта
    на народот обичен
    во Илинден наша
    содржина кладовме!
    Што ли ќе речете за таа новост?
    Ќе барате ли тука руски рубли?
    В Крушево уште феудалот гнетеше
    и колкав скок?-
    Изградија република!
    А беа исто млади колку нас,
    сè такви, какви што сме ние.
    Се бореа,
    умираа без глас,
    како што утре
    ќе умреме
    и ние.

    Многумина ги нема, но, не липам јас, чу ли?
    Ќе дојдат други, среде дим и жареж.
    Глеј в овој тука! Знај: тој е Питу Гули,
    а ти? Ти секако си Карев...
    И ако требаат пароли - в ред!
    До месецот ќе кренеме плакати.
    Слободна сакаме,
    и без,
    и без протекторати...

    Автор: Никола Ј. Вапцаров (од збирката "Моторни песни", 1940 г.)
  4. bama

    bama † Револуционер †

    Член од:
    1 февруари 2007
    Мислења:
    2.025
    Допаѓања:
    359
  5. Македон91

    Македон91 Благородник

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    2.134
    Допаѓања:
    113
    ОДРОДИСТИ

    Не биди растреперана родино моја
    не биди потиштена мајковино моја
    не ќе те разнебитат татковино моја
    ти си цела, обединета, света и благословена Македонија.

    Името ти го валкаат
    земјата ти ја продаваат
    семожни изроди те черечат.
    Комунисти
    Социјалисти
    лажни ВМРО-исти
    Шиптаристи
    терористи
    Европеисти
    Масонисти
    сатанисти.
    Нема ниту едни праведни,
    ниту само едни
    сите согрешија и се лишени од Божјата слава.

    Вразумете се, вие одроди,
    внимавајте, вие, земни злодејци!
    На плашливците и неверниците,
    на поганите и крвниците,
    на блудниците, предавниците и расколниците
    местото им е во бездната
    што нема крај
    во крајната темнина,
    тоа е другата смрт.
    Ако Диоген на ден пладнина бараше луѓе
    тогаш јас барам, Македонци,
    Македонци…

    на
    Александар Трети Македонски


    Автор: Милан Ј. Јовчески
    лето Господово, 2006
    Златец 22, Прилеп
  6. Македон91

    Македон91 Благородник

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    2.134
    Допаѓања:
    113
    Македонија

    Еве ја таа проста земја
    од дволичен камен
    и сонце

    Децата уште незаодени каде откопуваат
    лобањи по градините

    Еве ја таа проста земја
    од пајажина
    и од води

    Мудро слободата кај што ги запишува
    селските имиња
    Место икони по црквите

    И каде летото како судбина
    Трае до последниот востанат

    Еве ја таа проста земја
    од заморено дишење
    и од молк

    Низ која времето одминува
    и пак се враќа
    Со неа да го сподели лажното траење.

    О, еве ја таа проста земја
    од грч
    и од чекање

    Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
    А никој не ја знае.

    Автор: Анте Поповски
  7. Македон91

    Македон91 Благородник

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    2.134
    Допаѓања:
    113
    Везилка

    1.
    Везилке, кажи како да се роди
    Проста и строга македонска песна
    Од ова срце што со себе води
    Разговор ноќен во тревога бесна?

    - Два конца парај од срцето, драги,
    Едниот црн е, а другиот црвен,
    Едниот буди морничави таги,
    Другиот копнеж и светол и стрвен.

    Па со нив вези еднолична низа,
    Песна од копнеж и песна од мака,
    Ко јас што везам на ленена риза
    Ракав за бела невестинска рака.

    Судбинско нешто се плело за века
    Од двете нишки, два созвучни збора,
    Едната буди темница што трека,
    Другата буди вкрвавена зора.

    2.
    Везилке, крени наведена лика,
    Погледај в небо во претпладне златно:
    Се шари таму и чудесно блика
    Твојата везба на синото платно.

    За тебе нема ни вечерен запад,
    Ти — морно око на трепетна срна.
    Две бои таму ти горат и капат,
    Две шарки твои — црвена и црна.

    Зар не се плашиш од јаркоста нивна,
    И најмил спомен дека ќе ти згасат?
    Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
    Дните ти минат, прокоби се гласат.

    - И најмил спомен што в душа ми блесна
    Се гаси од нив ко цвеќе без боја.
    Но ти што ловиш звук на чудна песна,
    Ти си ја кажа судбината своја.

    Автор: Блаже Конески (од стихозбирката "Земјата и љубовта", 1948 г.)
  8. Македон91

    Македон91 Благородник

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    2.134
    Допаѓања:
    113
    Македонија

    Кога би можел, Македонијо,
    маки да ти испишам,
    и Господ ќе заплаче,
    сонце ќе се смрачи.

    И ѕвезди ќе затемнат
    и птици ќе онемат,
    бури ќе разбеснат
    ветрови ќе донесат.

    И океани ќе се лутат
    мртви од гробје ќе станат,
    неми ќе прозборат зборови
    и слепи неправди ќе видат.

    Илинден е сведок
    за минати времиња,
    празник редок
    на нашите времиња.

    Пискотници ветрот
    по ридишта ширел,
    за разбеснат душман,
    кој место вода, крв ни пиел.

    Автор: Благој Попоски - Вардаро (од стихозбирката "Македонија", 1995 г.)

Сподели преку: