Македонски политички експерт - потекло, верувања, тренинг

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Кога велам експерт мислам на "regular Joe" oд нашава земјичка, кој во секој момент, се дури со здивот може да замагли огледало, е максимално подготвен да дискутира т.е. да се тепа за она што го нарекува своја лична партиска определба.

Како дошло до таа определба, е варијабилно...индивидуално. Иако лично мислам дека тој судбоносен ритуал на избор на партија денеска може да се поврзи со изборот на религија - го имаш од "роџење". Малку неблагодарно за една таква света работа...Она во што веруваш го дефинира она што си. Сепак, ова и не е таков проблем, бидејќи иако не е најпопуларен, маркетот т.е. берзата на функционери и пратеници е присутна и неофицијално крајно исплатлива.

Она што е поголем проблем, е вербата. Во што верува еден дежурен политички експерт од Македонија? За да не се разликувам во многу од дневната политичка терминологија (и реалноста, рака на срце) ќе користам два типа на луѓе при оваа анализа: едните ќе ги наречам Црвени, другите Сини- од практични причини. Останатите се само меѓунијанси на биплуралистичкиот спектар под македонското дневнополитичко сонце.

Многу е веројатно дека Сините во глобала имаат потекло од повоените македонски градови, каде веројатно уживале некаков углед, т.е. биле поблиски до идеите на тогашните врховни божества, односно на Екс Југословенскиот Зевс = другарчето ЈБТ. Сите сме негови и тој е наш = со оваа идеја овие синокрвни петокраконосци тргнале и пред некои 16-17 години кога иако го немало другарот, другарските навики останале. Ја имале интелигенцијата, ја имале вербата, У.Д.Б.А. и уште неколку кратенки, па по скратена постапка дошле на власт...

Ако пак погледнеме на вербата на Црвените, сржта на луѓето кои во тој период ја сочинувале оваа групација биле оние кои поради своето место на живеење биле нарекувани "аграрци" или "самостојни сточарски работници", луѓе чии дедовци летувале на некои оголени острови или боледувале од најразлични отоци, може да потврдиме дека барем вербално биле поблиски на идеите до оние врз чии грбови започнало формирањето на независната Македонска држава: пушконосни храбри брадоњи кои во лиено-бронзена вкочанета положба можете да ги видите онаму каде што преостанале низ периодот во кој потребата од метални суровини за леарниците од секојдневниот живот на граѓаните однесе многу бисти и поклопци на шахти.

Каде е тука цаката? И едните и другите фиктивно веруваат во партиски идеологии, во програми и луѓе, во способност и демократија... реално веруваат во духови. Никој не верува во себе. За нив на избори гласаат духовите, посредно преку своите "месинџери" во форма на лидери, пајаци, октоподи или други мрежести структури.

Секојдневието им почнува со привидното читање на утринската штампа и привидното гледање вести. Не смееме да ги изоставиме и трибините кои ги организираат секојдневно по најразличните би(ртии)блиотеки, а еднаш во неделата и по партиските штабови. Своето чувство за демократија го развиваат преку практични активности-најчесто сликовни методи: единката става тампони во ушите; на единката и се покажувани слики од своите сопартијци и од "The Others"; единката на сликите на своите сопартијци мора да реагира со занесна восхитеност, а на останатите со арсенал на новоизмислени пцовки кои ги опфаќаат фамилијарните структури на опонентот од чукун-дедо до денеска. Доколку единката која се подготвува за експерт не ги прикаже задоволителните резултати при тренингот, му се засилува дозата на демократска терапија во зависност од "бојата": едните гледаат партизански филмови- продукција "15-ти септември", другите пак конзумираат строго комитски филмови придружени со музичка терапија приготвена од Војо Стојановски лично.

Каде тоа не носи нас денеска? Во време на толку многу експерти, право чудо е што сепак глобалната приближна експертиза изведена не толку одамна, која се прави еднаш на 4 години се покажа како пристојно точна. Секако дека не ја креираа сите експерти...и секако дека има и незадоволни, кои после кривата проценка останале без работа или им се намалил угледот во локалната кафеана.

Ама едно е јасно... се дури не ги извадиме главите од нашите задници и не оформиме здрав политички став доколку сме се одлучиле да функционираме како експерти, ќе си останеме простаци пар екселанс - без личност и без карактер.

Да, секогаш ќе ја имаме вербата...

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Zasto mislam deka ovaa tema nema da ima poveke od 15 mislenja uvrh glave ?
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Политичарот се гради од околината, од граѓаните кои го опкружуваат. Експерти може да има милиони, но кога околината е неумна, тој или ќе го злоупотребува тоа(што е најчест случај во Македонија) или ќе проба да помогне, па ќе се откаже на крај.

Најголемиот проблем е тоа што во Македонија нема критична маса и неразвиена граѓанска свест. Ако ја гледаш државата како жива материја, ќе видиш дека таа материја е во многу лоша состојба, како бара во која се изливаат сите фекалии и треба години да поминат за да се излекува.

Колку и да си голем експерт, не можеш една таква бара да ја претставуваш како оаза.

Проблемот не е во политичарите, туку во медиумите, образованието и едукација на сите оние кои се неписмени, не ги познаваат граѓанските права и немаат појма што е тоа политичар.
 
jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0

А да отвориме тема, дали некој знае што не е проблем во Македонија ? :):)
Се сложувам, тешка тема, нема да има многу одговори. Рано е.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Политичарот се гради од околината, од граѓаните кои го опкружуваат. Експерти може да има милиони, но кога околината е неумна, тој или ќе го злоупотребува тоа(што е најчест случај во Македонија) или ќе проба да помогне, па ќе се откаже на крај.

Најголемиот проблем е тоа што во Македонија нема критична маса и неразвиена граѓанска свест. Ако ја гледаш државата како жива материја, ќе видиш дека таа материја е во многу лоша состојба, како бара во која се изливаат сите фекалии и треба години да поминат за да се излекува.

Колку и да си голем експерт, не можеш една таква бара да ја претставуваш како оаза.

Проблемот не е во политичарите, туку во медиумите, образованието и едукација на сите оние кои се неписмени, не ги познаваат граѓанските права и немаат појма што е тоа политичар.
Tocno,ama ne e taka loso.Samo ova da se sfati,nisto pojce i trgnavme napred.Ama za n+1,treba n-1,pa ne ce da e taka lesno.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Zasto mislam deka ovaa tema nema da ima poveke od 15 mislenja uvrh glave ?
И да остане на овие 4-5 размислувања, и да знае човек дека никој нема да го чуе или разбере, тоа не е причина некои работи да останат некажани.

Сепак, мислам дека може да има многу повеќе од 15 размисли, коментари и шеги; дури и комплементарни или суплементарни ставови.

Зошто се дрзнувам да го помислам тоа? Зошто мислам дека прво Сведен ќе го каже своето размислување тука... па некој друг, па некој трет. Ќе размислиме, ќе склопиме свој став и ќе кажеме гласно колку е можно што мислиме за дежурните експерти.

Ајмо.

п.с. Хуманоид, не мислев неопходно на оние експерти со титула. Мислев многу повеќе на целокупното инфицирано гласачко тело кое експертизите ги врши во меана, во продавница, насекаде....и сепак го има законското право да гласа и гласот да му е уважен.

Еве, јас на пример познавам доста субјекти кои веднаш чим видат слика на одреден политичар во медиум, пцујат... и тоа здраво пцујат брате. Нити слушаат што кажува човекот...дали моли, дали коли, дали поднесува оставка или дава некаква донација.

Е тие луѓе после треба да гласаат. Тука е болката.

А не може да им забраниш....
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Abe ne rekov ja u smisla glupa ti e temata , mnogu si smotan znaci... kazano e u smisla se e kazano !

Taka e bas ko so kaza , sve se toa nepismenjakovichi koi se od pushikur maala i nema sto da dodadam
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Abe ne rekov ja u smisla glupa ti e temata , mnogu si smotan znaci... kazano e u smisla se e kazano !
Не го ни помислив тоа. Мислев ќе имаш да додадеш свои размисли, критики... Во дух на дискусијата. Но, ако не осеќаш потреба, не е ни обврска.

Можeби и не е се кажано. Не би прифаќал ништо здраво за готово. Паричката секогаш има две страни, не? :) Крајно, самото кревање на гласот е одлично како појава, кога нешто ни смета.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Иако лично мислам дека тој судбоносен ритуал на избор на партија денеска може да се поврзи со изборот на религија - го имаш од "роџење".
ја погоди ептен споредбата со религијата! луѓето ги „создале“ религиите не можејќи да си објаснат што се случува во светот околу нив. религијата е она едноставното решение за работите кои не ги знаеме. така е и со оние експертите; „ако не знам/не разбирам некои работи, па ќе ми објаснат паметните у партија, шо има ја да се мачам да мислам“
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Серпико, браво(!) за текстот и воопшто за темата!

Една мисла само...

Настрана од „некултурниот“ дел, нели секој човек има право да верува во нешто? И тоа слепо? Така и локалец кој денот му поминува гледајќи вести, читање новини, пцуење на опоненти и слепо верување во неговиот водач, па иако тој и заебе работа?

Луѓето веруваат(се плашат н.з.) во Господ? Се молат за подобар живот, за чување од зло и тн и тн...Но тоа не значи и дека ја очекуваат „безбедноста“ од Тој.

Чисто како компарација. Ако сака некој да верува во некого, па макар и тој бил маестрален до степен што може да те увери дека пенкалото е уствари камион, тогаш нека верува, негов проблем е дали ќе биде тоа безрезервно или не...

А имам и едно прашање: Посочете едден единствен „политички експерт“ во вистинско значење, што нема заземено став или страна!

На крај краева, моите верувања не се во Црвена или Сина боја, моите се во идеологија....А тука, ниту Црвените, ниту Сините немаат а ниту пак се водат според некоја идеологија!
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Se posocuvam sebe , ne za drugo nego da se kaci brojkata na postovi na temava
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Точно е дека фали критичната маса на луѓе, поради тоа не може ни да се направи голем протест кога власта прави тешки глупости, тие што се партиски обоени без разлика дали се на власт или во опозиција не се трзнуваат на таков чекор бидејќи знаат дека тоа би било лицемерно.
Затоа јас лично се обидувам што е можно на луѓето кои ме опкружуваат да им уачам на тоа дека тие се тие кои ги имаат правата и дека са тие се тие од кои треба да с еплаши владата и да ги слуша а не обратно. Таа летаргија од имање на диктатор сеуште се влече од екс-ју и треба да се уништи, исто каок и нејзиниот придруижен елемент кој го диктира мотото „државата терба да ми обезбеди работа, или да ги направи условите перфектни за мојата работа“ што исто така мора да се отстрани ако сакаме економски да пркнеем, бидејќи економијата не ја прави владата или власта туку наордот.
 
OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Серпико, фин ти е овој крик – освежува!

Најголем проблем ми се чини дека е очекувањето. Во општество во кое 17 години се чека нешто да се помрдне од место (не, не да ти даде некој работа, туку да се отвори простор да ги реализираш своите идеи, без притоа да ти се бара презиме) создава чуство (помеѓу регуларниот Џо) на беспомошност. Беспомошноста доведе до фрагментација, баш таа плаво-црвена, бидејќи народот се’ потешко ја идентификува политиката и политичката определба/замисла како општествена заедница/дел од заедница. Тоа мислам дека е резултат на неспособноста да се спроведе било каква општествена мобилизација во друштвото ни. А тоа води кон апатија, апатијата ја зголемува неефикасноста на власта, следствено незадоволството кај народот, и сите се вртиме во круг.

Чинам дека решението не треба да се бара ниту во образование, ниту во економија, ниту во власта... туку во јавната сфера – здружување, простор за идеи и заклучоци – зборувам јавна сфера која не ги опфаќа меаните и кооперациите со месен нарезак.

Меѓутоа лесно е да се каже, во пракса, не смее да се занемари зголемениот степен на насилство (политичко и неполитичко, психичко и физичко), несигурноста и нестабилноста во општеството и секојдневниот живот. Тоа е уште една препрека за преминување, и излез од деспотијата. Не смее да се заборави ни сиромаштијата која го носи очајот, а води во деструкција. Но за да сето тоа се премине и надмине, постои потребата да се разбере (и од политичарите и од обичниот Џо), дека реалната моќ не е во прикажувањето сила, туку во привлекувањето на јавното мнение. Оттука политичарите не дозволуваат да ја изгубат поддршката на тој регуларен Џо, бидејќи моќта се губи во моментот кога ќе се изгуби подршката! Оттука манипулациите, оттука политичкото (психолошко) насилство. Но секој балон пука евентуално.
Тој ментален склоп се вбризгува со години, многу потешко се вади. Се’ дур сите не се отворат пред фактот дека тој процес ќе захтева години и не престанеме да очекуваме дека нешто ќе се промени преку ноќ – ќе си тапкаме во нашите сигурни, фрагментирани квази-политички групации, бранејќи го својот интерес, не спознавајќи дека тешко ќе се оддржиме надвор од големата рамка – рамка во која политиката и политичкото мислење треба да е алатка на општествено заедништво, а не бранење на индивидуалните интереси.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Zadocneti vi se site ovie dijagnozi... nasiot drag i neprezalen PACIENT e DEFINITIVNO mrtov, ne znam dali ostavil ovlastuvanje za autopsija???..........ova sto sega se teteravi e nekoja ala Frankenstajn skalamerija sostavena od nabrzina, ovde onde sobrani parcinja....koja probaat da ni ja podmetnat vo zamena...:):)!!
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Серпико, фин ти е овој крик – освежува!

Најголем проблем ми се чини дека е очекувањето. Во општество во кое 17 години се чека нешто да се помрдне од место (не, не да ти даде некој работа, туку да се отвори простор да ги реализираш своите идеи, без притоа да ти се бара презиме) создава чуство (помеѓу регуларниот Џо) на беспомошност. Беспомошноста доведе до фрагментација, баш таа плаво-црвена, бидејќи народот се’ потешко ја идентификува политиката и политичката определба/замисла како општествена заедница/дел од заедница. Тоа мислам дека е резултат на неспособноста да се спроведе било каква општествена мобилизација во друштвото ни. А тоа води кон апатија, апатијата ја зголемува неефикасноста на власта, следствено незадоволството кај народот, и сите се вртиме во круг.

Чинам дека решението не треба да се бара ниту во образование, ниту во економија, ниту во власта... туку во јавната сфера – здружување, простор за идеи и заклучоци – зборувам јавна сфера која не ги опфаќа меаните и кооперациите со месен нарезак.

Меѓутоа лесно е да се каже, во пракса, не смее да сlе занемари зголемениот степен на насилство (политичко и неполитичко, психичко и физичко), несигурноста и нестабилноста во општеството и секојдневниот живот. Тоа е уште една препрека за преминување, и излез од деспотијата. Не смее да се заборави ни сиромаштијата која го носи очајот, а води во деструкција. Но за да сето тоа се премине и надмине, постои потребата да се разбере (и од политичарите и од обичниот Џо), дека реалната моќ не е во прикажувањето сила, туку во привлекувањето на јавното мнение. Оттука политичарите не дозволуваат да ја изгубат поддршката на тој регуларен Џо, бидејќи моќта се губи во моментот кога ќе се изгуби подршката! Оттука манипулациите, оттука политичкото (психолошко) насилство. Но секој балон пука евентуално.
Тој ментален склоп се вбризгува со години, многу потешко се вади. Се’ дур сите не се отворат пред фактот дека тој процес ќе захтева години и не престанеме да очекуваме дека нешто ќе се промени преку ноќ – ќе си тапкаме во нашите сигурни, фрагментирани квази-политички групации, бранејќи го својот интерес, не спознавајќи дека тешко ќе се оддржиме надвор од големата рамка – рамка во која политиката и политичкото мислење треба да е алатка на општествено заедништво, а не бранење на индивидуалните интереси.
Dobra ideja deka ne e samo do edu i vosp,zato i prajme muabet tuka.Samo to e nekoja visa faza.
Zato e bitno onie sto se na pozicija,da go kopcaat filmot.
Tuka,barem od nekoi,cesto se spori likot na NG.A se spori ne deka e los,ami deka ima super zanaet i ako toj ne afirmira...
Ili eve go ToseP.Ima glas,se na mesto,ama ako ne napraj kariera na zapad i ne napraj feedback-dzabe.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom