Македонски научници откриле лек против стареење

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.173
Поени од реакции
15.984
Прилепски научници откриле лек против стареење.

Пронајдокот е патентиран, испитан и чека фармацевтските компании да го имплементираат во новите медикаменти

Соединение што ќе изврши здравствена револуција и ќе ја оствари цивилизациската амбиција на човекот да го забави стареењето,открија двајца прилепски научници што работат на Универзитетот во Хамбург, Германија. Рубин Гулабоски и Иван Богески - научници и пронаоѓачи, откриле соединение што човештвото може да го доближи до сонот за вечна младост. Станува збор за антиоксиданс што е милион пати поефикасен од досега познатите и има својство драстично да го забави стареењето. Соединението е веќе патентирано во надлежна институција во Германија. Докторот по електробиохемија Гулабоски со колегата Богески, професор Маркус Хотх и уште двајца научни соработници очекуваат пресврт во науката во оваа област.

- Соединението е дериват на познатиот коензим Ку 10, кој се користи во фармацевтската индустрија. Навидум изгледа дека е слично со постојните, но е многу поделотворно и има низа други, различни функции. Новина е што му дадовме, т.н. „ракетен погон“. Тоа е нова форма на коензимот Ку 10. Најдовме метода како преку калциумот да ги следиме биохемиските функции на новото синтетизирано соединение. Еден од најдобрите природни антиоксиданси во живите организми е коензимот Ку 10. Тоа е најупотребуван антиоксиданс за заштити кожата од стареење, со што се забавува доаѓањето на третата доба. Тој ефикасно се користи и во третманот на одредени канцерогени заболувања, бидејќи ги лови штетните честички, кои се нуспродукти при согорувањето и ги оштетуваат клетките. Синтетизирано соединение е милион пати поефикасно од основното. Ако коензимот може да уништи една, новото соединение е способно да уништи милион пати повеќе штетни оксидативни честички во единица време при иста концентрација - објаснува Гулабоски. Според него, постапката на добивање основни физички и хемиски својства се патентирани во надлежна германска институција за 50.000 односно за 300.000 евра. Пронајдокот е патентиран, испитан и чека фармацевтските компании да го имплементираат во новите медикаменти.

- Откако ќе се продаде, 60 отсто од добивката му припаѓа на германското биро за патенти, а остатокот за пронаоѓачите - вели Гулабоски.Овој 36-годишен вонреден професор по медицина во Универзитетот во Хамбург, чија специјалност се испитувањата на ефикасноста на лековите, ќе ја замрзне научноистражувачката и едукативна мисија надвор од земјава. Од есен ќе ги продолжи истражувањата и образовната работа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Гулабоски магистрирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а докторирал во Германија. Покрај научноистражувачката работа, на германските студентите по медицина им го пренесува знаењето од биофизика. Меѓу сто избрани хемичари во Германија, тој учествувал во подготовката на германскиот елктрохемиски речник со дваесетина поглавја. Бил и професор и на постдипломските студии по фундаментална електрохемија на Универзитетот во Порто, Португалија. Неговиот колега Богески сега е на студиски престој во Јапонија.

Извор

Иако ова е премногу амбициозно откритие, сепак преставува особено задоволство за мене затоа што пред се ми е особено мило кога ќе видам дека трудот на некој Македонец ќе се исплати.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
уште да е вистина :vozbud:
 

bobi_93

Македонија
Член од
11 август 2008
Мислења
652
Поени од реакции
9
могуче ништо чудно
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Прилепскиве научници сигурно имаат тестирано на мајмуни.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Ај сеа кажете нешто за Прилепчани да ве видам!!! :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.872
абц напаѓа јако, овој еликсир е гарант негово дело : )
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.173
Поени од реакции
15.984
Ќе отиде темава накај ЧДА, а? :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Браво за научниците. Горните реакции ме потсетуваат на типичниот македонски нарав, се` што е домашно да се потценува, се` што е странско- да се свршава на него. Ако западот ви каже дека изметот е симит-сите ќе нарачате симит.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Сигурно не смислиле баш Елексир на младоста како што кажуваат во веста но важно направиле нешто значајно и ново во областа на медицината и фармацијата. А тоа треба да се цени а не да се иде на малограѓански муабети и локални финти. Да пишуваше на пример Италијанци измислиле ова, ке пишевте поинаку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom