Македонски изборен воз

Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Интересен текст земен од „Време“, малку е долг али интересен.
Лилјана Поповска напиша:
Последниве месеци интензивно патувам низ Македонија. Тоа е убава можност изворно да се направи пресек за состојбите, да се увидат спецификите на некој регион, но и општите места што ги поврзуваат. Заеднички на сите им се маката, сивилото на живеењето и презаситеноста со лоши вести и со глупости.

Заеднички се приказните што ги слушнав во Охрид, Берово, Куманово, Кочани, Струмица, Делчево и на други места за притисоците што им ги врши власта во врска со политичкиот ангажман во опозициските партии. Ноќни посети и телефонски јавувања со закани за отпуштања од работа во јавниот сектор, за прекин на социјалната помош, на туѓата нега и помош за инвалидни и за болни лица и слични нискости. Идентични закани и методи како пред референдумот за територијалната организација, идентични како пред 13 години, кога официјално влегов во политиката.

Особен впечаток ми остави приказната за контролираното гласање на избори. Велат, истите категории граѓани пред избори се повикуваат од партиски активисти на владејачката партија и им се кажува знакот што треба да го остават на гласачкото ливче, како потврда дека гласале за нив. Се работи за разработена шема на знаци - крукче, квадратче, коса, исправена или легната црта, разни ситни знаци запишани во различни делови од листот, со различно пенкало. По завршеното гласање и пребројувањето на гласовите, НЕКОЈ врши контрола на тоа кој како гласал и дали ја исполнил наредбата.

Морам да признаам, при првите жалби за оваа манипулација се поднасмеав и ги уверував луѓето дека само ги плашат без основа. Велев, да беа тие толку добро и прецизно организирани, ќе направеа нешто повеќе за државата и за својот рејтинг, па немаше да им требаат никакви игри со знакчиња.

Но, приказната за контролираното гласање ја преплави Македонија. За неа говорат сведоци, кои тврдат дека учествувале во неа - некои со гадење и со решеност да не дозволат нови уцени, некои, пак, со стисната душа дека пак ќе мора да послушаат, зашто од тоа им зависи егзистенцијата.

На нормален човек му е тешко да измисли ваква приказна, уште потешко да поверува во неа. Се наоѓам во недоумица и сакам да ја споделам со јавноста, за да дојдеме до вистината и да повлијаеме на состојбите.

Дали ваква манипулација навистина се правела и се планира да се прави на следниве парламентарни избори? Дали нашево политичко водство имало таква инвентивност да измисли македонски изборен воз, па барем во овој поглед да им парираме на комшиите со нивниот бугарски воз? Дали се работи за народна митологија, потхранета од стравот, сиромаштијата и од реалните притисоци во секојдневјето? Дали не е тоа резултат на нашата традиција од минатите времиња, да го негуваме стравот од губиток, иако често пати единственото нешто што можеме да го загубиме е токму стравот?

Дали, конечно, политичкото водство самото не ја измислува оваа приказна и не ја шири меѓу граѓаните, за некои од нив да поверуваат дека се немоќни и дека мораат да бидат кротки и послушни?

Има решение за сите три варијанти. Ако е приказнава точна, тогаш сме ја дознале во право време, пред носењето на изборниот законик. Во него треба да се внесе одредба со која ќе биде неважечко секое гласачко ливче на кое ќе има знаци надвор од полето за гласање. Гласањето треба да се врши со исти пенкала насекаде. Јасно и децидно.

Ако е ова само народна приказнава за самоплашење пред спиење, еве, ја кажуваме гласно, за да ги загуби „страшните елементи“. За да се охрабрат луѓето што се уште се плашливи, да ја исправат главата и да видат дека плашливоста веќе не е во мода во Македонија.

Но ако оваа приказна се пушта намерно од штабовите на владејачките партии, мора да се распрсне како меур, зашто таа се употребува како елемент на психолошка војна, за да им се земат умот и мирот на луѓето. За да се убие демократскиот дух што зеде замав, како и здравиот разум, кој вели дека во Македонија може да се живее многу поубаво и дека за тоа не треба да трошиме нови децении на политичко талкање.

Почитувани, да ги размениме искуствата и мислите. Ќе биде од заемна полза!
Значи го дискутираме феноменот македонски изборен воз. Какви финти имаат во ракав политичките партии за да ги манипулираат изборите.
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
тука нема што да се дискутира и малите деца го знаат тоа.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Tutkar напиша:
тука нема што да се дискутира и малите деца го знаат тоа.
ајде сите по дома, нема што да се дискутира :kez:

како бе нема што да се дискутира, еве дај некој учен нека каже како функционира целата работа. знам дека има представници од сите партии и при гласање и при броење гласови. зар не е очигледно ако бројот на ливчето е заокружен на чуден начин, не ли се поништува ливчето у тој случај :raz:

друго што не е спомнато е организирираното гласање на државната администрација. за у Кочани знам луѓе кои тврдат дека од нивните директори имаат добивано услови ако сакаат да си ја зачуваат работата да достават список од 50ина луѓе кои ќе гласаат за „правата“ опција. кои други ујдурми се прават? претпоставувам слична па може и полоша опција е кај приватни газди кои мешаат прсти у политика. има што да се дискутира :)
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Нема врска тоа со чудно заокруженото ливче........тоа е најмал проблем
Изборниот воз (некои го нарекуваат бугарски воз) е кога ќе се украде едно гласачко ливче и со негова помош се добиваат многу повеќе гласови. Посоченото ливче , заокружено, е во рацете на партиски авторитет кој стои во близина на гласачкото место. Тој ги пречекува „своите” гласачи и им го дава заокруженото ливче со напомена дека кога ќе излезат треба да му вратат празно, т.е. да изгласаат со даденото, а тоа кое ќе им го даде изборната комисија да го стават празно во џеп и да му го дадат нему (за тој да го заокружи и ја повтори постапката со други гласачи).
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
venera001 напиша:
Нема врска тоа со чудно заокруженото ливче........тоа е најмал проблем
Изборниот воз (некои го нарекуваат бугарски воз) е кога ќе се украде едно гласачко ливче и со негова помош се добиваат многу повеќе гласови.
Посоченото ливче , заокружено, е во рацете на партиски авторитет кој стои во близина на гласачкото место. Тој ги пречекува „своите” гласачи и им го дава заокруженото ливче со напомена дека кога ќе излезат треба да му вратат празно, т.е. да изгласаат со даденото, а тоа кое ќе им го даде изборната комисија да го стават празно во џеп и да му го дадат нему (за тој да го заокружи и ја повтори постапката со други гласачи).
а како се доаѓа до тоа едно ливче? нема ли некој механизам да се спречи тоа? како што реков чудно ми е како функционира тоа бидејќи и гласањето и броењето го надгледуваат представници од сите партии. ако се забележи некоја нерегуларност се прават записници и слични работи али сепак бугарскиот воз (за жал) кај нас не може да се сопре. е тоа не ми е јасно, да се толку добро организирани фалсификаторите, и таа организација да ја користат при водење на државата, сега на форуми ќе мрчевме како не треба да се носи крзно или да не користиме производи тестирани врз животни
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Има повеќе начини за обезбедување на „тоа” ливче.
Соучество со членот од изборната комисија кој е на местото за кинење на ливчето и давање на гласачите (на одредена личност и кине две ливчиња слепени едно за друго)
Потоа, кога гласачот го зема ливчето и оди зад параванот, ама по излегувањето не го става во гласачката кутија ливчето, туку во џеб (користи невнимание од комисијата, а најлесно е кога има две гласачки кутии па на едната ескивира)
....сигурно има и други начини, инвентивен е нашиот народ за вакви работи, де
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Venera od koja politicka partija ti e ova iskustvo ? Dobro razraboteno ama pak neuspesno, barem na poslednite izbori 2002:)))
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
intel ќе те молам без лични препукувања, ако имаш да кажеш нешто на темата повели а ако имаш прашања за венера прати и пп

него бек ту д топик, значи венера според тебе сепак комисијата треба да отвара 16 очи за да пази што се случува.

едно само не ми е јасно... откако ќе се заврши со изборите што се случува со гласачките ливчиња? кој има пристап до нив? кој ќе ги пребројува „специјално“ заокружените ливчиња? (или па тоа се случува при самото пребројување на гласови)
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
intel напиша:
Venera od koja politicka partija ti e ova iskustvo ? Dobro razraboteno ama pak neuspesno, barem na poslednite izbori 2002:)))
:eek:ftopic: Повратак отписаних?! :) Досадно по дома, нема што да се прави на други места, а?! ;)

Е, сега, он топик: Венера го објасни изворното значење на терминот „изборен (бугарски) воз“ и, во принцип, се` се сведува на тоа, но во пракса мислам дека кај нас годинава нема да се дозволи тоа да се случи - ем и преходните години и избори тешко поминувало, ем годинава од тоа ни зависи членството во евро-атлантските структури. Мислам дека никој нема да се коцка со таа работа.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
дај боже да си у право арамијо али се сомневам пошто тешко е да се докаже дека имало изборен воз за изборите, нели? како ќе се открие кој е машиновозачот и кои се техничарите што го одржуваат возот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom