Македонските спортисти во Лондон

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Во пресрет на најголемиот настан од 2008 од 2016, Летните олимписки игри се предизвик за секој спортист.
Досега бројката на наши спортисти не броела повеќе од 11 учесници, но оваа година добро познато имаме шанси дури во три екипни спортови, низ квалификации да се најдеме во Лондон.

Засега не е познат бројот на македонските учесници на Олимписките игри во индивидуалните спортови, во кои речиси редовно во нив настапуваме со специјални вајлд-карти, но е познато дека дури три репрезентации од екипните спортови, кошаркарската, ракометната и ватерполо, се пред настап на квалификациски турнир на кој може да биде обезбедена олимписка виза.
Ако барем една од овие селекции успее да дојде до пласман на ЛОИ, тоа автоматски ќе значи и надминување на досегашните бројки на македонските спортисти на Олимписките игри. А ако тоа го сторат две репрезентации, што и не е така тешко да верување со оглед на тоа што на ракометарите и кошаркарите им се даваат сериозни шанси за обезбедување олимписка виза, тогаш колоната македонски спортисти на Олимпискиот стадион во Лондон би содржела најмалку педесетина спортисти и уште дваесетина функционери, што е бројка кон која стремат далеку поголеми и повеќебројни држави од Македонија.
Досега, македонската експедиција беше најмногубројна на Игрите во Атланта во 1996 година, кога на свеченото дефиле излеговме со 11 спортисти. Еден спортист помалку имавме на ЛОИ 2000 година во Сиднеј, а по седум претставници имавме на двата последни собири на најдобрите светски спортисти – 2004 година во Атина и 2008 година во Пекинг. Најмалобројна беше нашата експедиција на ЛОИ 1992 година во Барселона, кога сè уште не бевме признаени од Обединетите нации како самостојна држава поради што настапивме под знамето на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Делумен одговор на прашањето дали ќе имаме долга колона на отворањето во Лондон ќе добиеме веќе во првата половина од април кога на мегдан за олимписка виза ќе излезат ракометарите и ватерполистите.
Првите ќе настапат во Шведска во група заедно со домаќинот, Унгарија и Бразил. Од овие четири селекции, кои ќе играат според системот „секој со секого“ на ЛОИ ќе се најдат двете првопласирани репрезентации. Терминот на одигрување на квалификацискиот турнир е 6-8 април.
Нешто порано, на Денот на шегата, патот кон британската престолнина го почнува ватерполо-репрезентацијата, и тоа во далечниот Едмонтон (Канада). Нашата селекција ќе биде меѓу 12 селекции што ќе се борат за четири билети за Лондон. Противниците и системот на натпреварување македонските делфини ќе ги дознаат на 19 февруари на ждрепката во главниот град на Велика Британија.
Три месеци подоцна обид за резервација на место во Олимпиското село ќе имаат кошаркарите, кои во Каракас (Венецуела) ќе се обидат да бидат меѓу најдобрите три селекции во конкуренција на 12 земји-учеснички. Противници на Македонија во прелиминарната фаза ќе и бидат Ангола и Нов Зеланд, а потоа, во четврт-финалето би требало да играме најверојатно со Доминиканска Република или, пак, со Русија.

Учества на ЛОИ од 1992 до 2008 година


ЛОИ 1992 во Барселона (шест спортисти): Наташа Мешковска, Кире Филиповски, Зоран Шоров, Елизабета Павловска, Лазар Поповски, Лазар Милоевиќ.
ЛОИ 1996 во Атланта (11): Наташа Мешковска, Кире Филиповски, Мирјана Бошевска, Александар Маленко, Шабан Трстена, Валериј Верхушин, Влатко Соколов, Лазар Поповски, Ана Угриновска, Ненад Трповски, Дарко Насевски.
ЛОИ 2000 во Сиднеј (10): Мирјана Бошевска, Весна Стојановска, Зоран Лазаревски, Насир Гаџиханов, Александар Миладиновски, Могамед Ибрагимов, Ванчо Стојанов, Даниела Кулеска, Лазар Поповски, Дивна Пешиќ.
ЛОИ 2004 во Атина (10): Весна Стојановска, Александар Маленко, Зоран Лазаревски, Александар Миладиновски, Могамед Ибрагимов, Шихамир Османов, Ванчо Стојанов, Александра Војнеска, Лазар Поповски, Дивна Пешиќ.
ЛОИ 2008 во Пекинг (7): Елена Поповска, Михајло Ристовски, Мурат Рамазанов, Реџеп Селман, Ивана Рожман, Атанас Николовски, Сашо Несторов.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Каква штета што на Бошевска и се деси таква трагедија, 4та во Европа беше едно време, блиску беше до ОИ медал. :/
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ако во групните спортови годинава имаме историска шанса за пласман, у индивидуалните сме најутепани... не дека и порано не бевме, но годинава е ептен лошо, мислам дека само Николовски кајакарот има обезбедено норма до сеа...

а бај д веј...

Vlade Divac: Idemo na 100!

Olimpijski tim Srbije trenutno broji 56 članova, plus šest tenisera prema trenutnim pozicijama na ATP i WTA listi.

Kvalifikacioni turniri uskoro očekuju rukometaše, odbojkaše i odbojkašice, kao i određeni broj takmičara u individualnim sportovima.

60 души им имаат досега обезбедено пласман, уште 60 ќе имаат шанса у квалификации...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Ако во групните спортови годинава имаме историска шанса за пласман, у индивидуалните сме најутепани... не дека и порано не бевме, но годинава е ептен лошо, мислам дека само Николовски кајакарот има обезбедено норма до сеа...

а бај д веј...

Vlade Divac: Idemo na 100!

Olimpijski tim Srbije trenutno broji 56 članova, plus šest tenisera prema trenutnim pozicijama na ATP i WTA listi.

Kvalifikacioni turniri uskoro očekuju rukometaše, odbojkaše i odbojkašice, kao i određeni broj takmičara u individualnim sportovima.

60 души им имаат досега обезбедено пласман, уште 60 ќе имаат шанса у квалификации...
Ама они го немаат Александар Македонски во историјата, шо е битно :cool:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Остајте го вие Дивац, Србија има спортисти за вселенски игри, туку ние што ќе правиме едноставно не смее да се испушти шанса да влеземе со барем еден екипен спорт... Посебно кога веќе само еден директен дуелво ракомет против Унгарија може да решава не смее да се испушти таа голема шанса. А колку ни се должници баш тие да не зборуваме. За кошарката не сум толку голем оптимист поради повеќе причини. Ватерполо сме аут 99%.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Море каков Дивац.100 луѓе ќе броеле.:tapp:Абе ние и да имаме 1 претставник ќе ја пратиме владата со фамилиите и ќе испаднеме поголема делегација од кинезите и американците.Уште ако се приклучи и опозиција.:)уффф леле леле леле.За глава ќе се фати светот:cautious:.А за публика да не збориме.Имаме автобуси.Палиме и правец Лондон.Абе ова светот ќе се шекне.:D
 
S

Stivie G

Гостин
Абе ајде баталете ги Србите, кој ги е*е, ако сака и 300 нека бидат, темата како шо гледам е: Македонските спортисти во Лондон
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
http://on.net.mk/sportal/razno/mitrov-potklekna-pred-poslednata-prechka

Македонските борачи Дејан Митров и Љујзим Вранези не успеаја да обезбедат олимписка виза на квалификацискиот турнир во Софија.

Борачите ќе имаат уште две шанси на турнирите во Финска и Кина, каде се очекува да има се приклучи и Дејан Богданов, кој заради повреда не настапи во Софија.

то је то... o_O
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Ало ќе има некој на ЛОИ или Циле ќе мора да го носи знамето. Ќе помислат дека имаме сумо борач...:confused:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Има огромни шанси Богданов, талентирано дете е, штета што имаше повреда баш овој период.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom