Македонска Kошаркарска Лига - Сезона 2014/15

Статус
Затворена за нови мислења.

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.133
Поени од реакции
5.872
http://sportmedia.mk/golem-intsident-na-mechot-kozhuv-rabotnichki-pretepani-sudiite-po-kosharkarskoto-derbi-vo-gevgelija/

Rabotnicki Skopje

Field Goals27/64 (42.2%)

3 Points8/27 (29.6%)

Free Throws32/51 (62.7%)

Смешно е ова.
Нашево е за плачење (n)

FG 32-78
3P 11-39

Ни во НБА не шутираат 40 тројки по натпревар, а таму имаат еден куп шутери што како од шала може да погодат.
 
A

Aruna_Kone

Гостин
^^^
Шта речи... Пипан не ги исполнува очекувањата, Чапин исто. Мада со овој ростер и ваква ,,тимска хемија,, и што да се очекува. Ужас!
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.240
Поени од реакции
6.789
Убави казни добиле Кожув. Дај Боже да му ги потврдат,полесно за нас би требало да биде :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.256
Поени од реакции
108.214
Срамота е ова бе, ја сите до еден би ги исклучил што протестираат на секоја можна судиска одлука. И тоа не само од Работнички него и од МЗТ. Играјте бе кошарка алоооо, не бидете женчиња.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Стварно скоро сите играчи се сељачишта какво е ова однесување? После додуша заедно ќе се пијанчат у кафана ама нема врска.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.678
Поени од реакции
5.935
Го фатив дербиво на крајот последни 2-3 мин, баш кога ја направи клучната грешка т.е глупсот Гечевски. Како може ттаков играч со такво искуство, направи чиста лична, па после утше се буни и сосема заслужено техничка грешка, и тука им се одлепија МЗТ, а таман како што разбрав Работнички се вратиле од голема негатива. Сеа читам на Србиновски крив му бил судијата, иди бе човеку уби се, најголем идиот во мак кошаркава си, иди биди главен по кафани пошо за тоа те бива само.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Да не бидам погрешно сфатен во кошарка не сум фан на ниеден тим, ама она арпаџикон Србиновски би го тепал со лопата по глава.
Толку негативен тип на фаца чоече неам сретнато у живот.
Работнички е најтрофеен клуб во државава со такво однесување се сведува на сељачки клуб искрено. Суди фаул за Мзт овој Србиновски се фаќа за глава клекнува доле и паѓа на паркет сам ако некој ја снимал утакмицава моментот слободно нека го прати.
Ало бе, сељачино контролирај се малку. Мислам не личи, незнам, не изгледа убаво од страна.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.126
Поени од реакции
5.036
Сто пати имам кажано дека многу им се попушта заслужуваат многу технички секој натпревар.
Гечевски го удри Штерјов,сега во четврток влегуваше у расправија со сите,Чековски секој напад слободни му даваат ако не му досудат се дере и пак ништо.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.240
Поени од реакции
6.789
Вака-така стигнавме до полуфиналето. Ќе пробам да дадам еден краток осврт на сезоната од моја гледна точка и да се обидам да предвидам како ќе заврши сезоната. Според мене,најквалитетните 4 екипи заслужено одат во полуфиналето. МЗТ,Работнички,Куманово и Фени.

Од првата позиција ќе тргне МЗТ,кој успеа некако да се консолидира по очајниот почеток на сезоната. На почетокот на сезоната сакаа што помалце средства да трошат,на крај потрошија средства колку за 2 сезони. Сменија 5 тренери(Сагадин,Врба,Митев,Јончевски и конечно Пипан),преку 10 играчи продефилираа(почнувајќи од тој црнецот шо се степа со Сагадин,Маринковиќ, Моровиќ,Демјуник,Диксон,Цинцаѕе,Зивчевиќ..Шековиќ и Самарџиски дојдоа на сред сезона,Чапин,Мијатовиќ и Синовец при крајот). Сепак се актуелни шампиони и сеуште фаворити. Мислам дека се исклучително квалитетни,но дека кај нив владее доста лоша атмосфера во и околу тимот,што се потврди само со бојкотот на нивните навивачи.
Нивен противник ќе биде екипата на Фени. Бидејќи ги пратам од самиот почеток како КК Фени(2005/06 сезона) можам слободно да кажам дека како што ни се погодија странците оваа сезона,се немаат никогаш пред тоа погодено. Слободно можам да кажам дека Амонс,Кемп,Враговиќ и Вуд се веројатно најквалитетни странци во моментов во лигава. За разлика од странците,домашните играчи ни се мувли невидени. Зимото останавме без Гајовиќ кој беше еден од играчите врз кој се градеше целата игра,на негово место дојде Буљан врз кој што требаше да се базира играта и лани беше најдобар странец во Словенечка лига,играше во Крка кај Џикиќ,ама типот излезе хроничен алкохоличар па по 3 утакмици си ги спакува куферите и си отиде. Можам да кажам дека во тимот владее одлична атмосфера,играчите се вклопија одлично,меѓутоа предводникот и клупата ни се слаби страни. Сепак,сите играчи се доста мотивирани реално,Кемп и Амонс му е прво искуство во Европа и по периодот на адаптација сакаат да се покажат во што подобро светло,Враговиќ е можеби најдобар шутер во лигата,Машиќ по почетните слаби партии полека покажува да се покажува во подобро светло. Ќе видиме,МЗТ е фаворит но не би ги отпишал Фени пред време.
Работнички игра против Куманово во второто полуфинале. По почетната фуриозна серија,полека почнува да ги фаќа заморот Работнички. Се работи за ОДЛИЧНА шутерска екипа,која што може да распали од секоја позиција и да погоди 10 тројки без проблем во една утакмица. Имаат квалитетни,искусни играчи на секоја позиција,почнувајќи од Гечевски,Чековски,Соколов, Мираковски,Павковиќ...солидна клупа со Димчевки,Јане Петровски,Бјелиќ и новото засилување Ѓурковиќ. Сепак староста на играчите може да се прикаже како клучна слабост. Просекот им е преку 30 години,немаат веќе сила да издржат и затоа бевме сведоци колку паднаа во вториот дел од сезоната(а и во натпреварите е така,најчесто одлично играат прво полувреме,за во второ полувреме и посебно последна четвртина да неможат веќе да стојат на нозе и да шутираат од каде му дојде,така беше барем со Фени на двете утакмици одиграни во Кавадарци).
Нивен противник во финалето-Куманово. Нема што да се каже посебно за нив,најжешок терен во МКД дефинитивно и го имаат можеби најдоброто пик-ен-рол дуо во МКД-Костовски и Луковиќ. Се засилија со Караџовски од Фени(тој може и лошо да влијае во овој дел,типот едноставно има негативна аура и секаде прави проблеми). Мандиќ исто би го потенцирал како играч кој што ако му фати шут може да те растури,но некогаш знае и да префорсира па да шутира иако не му иде. Слабост би ја потенцирал слабата клупа и немањето на одговорност во клучни моменти,односно може да се случи Курчо да почне да си шутира од 8 метри или Мандиќ да оди на сила. Сепак,мислам дека имаат добри шанси да поминат во финале.

Мои типови:

Фени-МЗТ: Реално гледано 2:1 за МЗТ,навивачки гледано 2:0 за Фени :D
Работнички-Куманово 2:1 за Работнички,но не исклучувам и Куманово да помине...Многу зависат првите утакмици,како ќе се покажат во нив екипите ќе биде клучно за серијата. Мислам дека кој ќе ги добие првите натпревари ќе оди во финале. Со среќа,па нека поминат најдобрите(едните се надевам Фени ќе бидат,другите небитни) :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom