Македонска фудбалска репрезентација

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Македонска работа, мораа пенал да утнат :ROFLMAO:

Фак јеа не сме последни! А кога ќе ми текне дека едно време се буневме што цело време ме четврти....а сега би убиле за да бидеме на тоа место... :D

Многу е лоша репрезентацијава, позитивно нешто од овој циклус што може да се извади дека полошо од ова не може....

П.С. И покрај тоа што оваа репрезентација што ја имаме е најлоша мислам ќе можеме да се носиме барем на еден од мечевите со Шпанија и Италија до крај

П.П.С. Што е финтата со Миленко? Не сум го видел, али видов коментар поназад кажа таму бил.....знам еднаш кога игравме една утакмица пред пар години на гости исто беше на клупа со Кајмакоски.....рандом ми е ептен, сигурно има причина...[DOUBLEPOST=1490392182][/DOUBLEPOST]
САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ! :D

КОЈ ЗНАЕ КАДЕ ЌЕ ЗАВРШИ ОВОЈ ПОБЕДНИЧКИ ПОХОД НА МАКЕДОНСКИТЕ ЛАВОВИ? НА ЕВРОПСКО? НА СВЕТСКО? СО ДОМИНАЦИЈА НА ЧЕТИРИТЕ СКОКАЛНИЦИ? ZA MAKEDONIJA!
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Браво за дечкиве, со играчи од у19 си тепаа лагано 2-0
Па тоа е сега уствари актуелната У21 генерација (од актуелните квалификации кои сега почнаа), и Црна Гора со истата генерација играше. Малце тапа е што уствари и во вторник кога нашата постара У21 генерација ќе игра со Бугарија, Бугарите ќе си играат со актуелната 96+ генерација, тоа значи нашиве ќе бидат во просек по 2 години постари од нив, така да ова ќе биде многу слаба подготовка за Европско ама тоа е, сите веќе сменија генерација и завршија со играчите 94-95 па тешко е да се најде некој потежок противник за подготовка за во јуни.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147

Тоа ми е зборот Милевски пак ќе извади јака генерација. Иначе ќе си имаат подготовка оти, сеа следнава за сениори сите млади ќе играат ваљда

Sent from my E560 using Tapatalk
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Тоа ми е зборот Милевски пак ќе извади јака генерација. Иначе ќе си имаат подготовка оти, сеа следнава за сениори сите млади ќе играат ваљда
Искрено коа вчера против Лихтенштајн игравме само со 2 од младинците во прв состав, не верувам дека со Шпанија многу повеќе шанса ќе добијат и дека со тоа ќе направат некоја посериозна подготовка пред Еуро (иако таман ќе биде тајмингот во јуни), очекувам само Велковски и Барди да бидат стартери тој натпревар и веројатно Бабунски и Ѓорѓев ќе влезат во второ полувреме.

Кај младинците вчера ме изненади Чешмеџиев, не го рачунав за некое играчиште али ко терминатор беше лол Исто и Елмас стандардно топ а и Бабунски, Петковски и Тотре добро играа. Ме интересира кои од нив ќе бидат додадени на списокот за во вторник.
 
Немат што да изгубат, мислам договор имаат за да се игра со младите, и Мрме кажа мора да ги спремат за на европско

Sent from my E560 using Tapatalk
 
Ф

Флеш

Гостин
Е арно е ко така. Квалитетно е детето, па нека добива шанса во репрезентација. Со албанците стана мачка во вреќа. Малце ќе пркнат и одма менват репрезентација.
Делумно нема да се согласам со постот,има сепак албанци кои сепак се решаваат за нас или друга нација од матичната своја.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.481
Ме интересира каде е Агим Ибраими и Берсат не ми текнува како се презиваше?
 
Z

ziko bt

Гостин
Делумно нема да се согласам со постот,има сепак албанци кои сепак се решаваат за нас или друга нација од матичната своја.
Па тие шо се решаваат за нас не ни добиле повик од Албанија. Синкир Хасани и Ибраими имале понуди на маса од нас и од Албанија и рекле чеј ќе играме за Македонија(feeling антички), а тој ни химна не ти пеј. :ROFLMAO:
Ете најтазе Сефери и Асани се одлучват у21 кариера да продолжат за Албанија да играт. А добивале повици и играле за претходни младински репрезентации на Македонија. И сега на нивна сметка не биле повикувани и биле забаталвани наши деца. Па маме му ебам, можи репрезентацијата е полигон за играчите да билдат резиме за да закачат трансфер настрана, ама да е полигон да му развиваме играчи на комшите не бива.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Ме интересира каде е Агим Ибраими и Берсат не ми текнува како се презиваше?
Агим Ибраими нема клуб, односно има договор со Астана али истите го немаат пријавено во лигата за оваа сезона оти сакаат да му го раскинат договорот.

Бесарт Абдурахими последниве година-две се мачеше на клупско ниво, шеташе од Белгија до Казахстан и до втора Јапонска лига и нигде не се наметна, тек сега со доаѓањето во Шкендија конечно се враќа во натпреварувачка форма али уште не ни е најредовен таму и не играл нешто посебно за да заслужи повик во репрезентација.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom