Македонска берза

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Hold on, here we go again :tv:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Комисијата за хартии од вредниост и даде забрана на брокерската куќа Иново Брокер забрана за тргување со хартии од вредност.
”Брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје од денешниот берзански ден не тргува со хартии од вредност. Временото суспендирање на Иново Брокер АД Скопје трае 30 работни дена”, соопшти Комисија за хартии од вредност. “Оваа забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои Иново Брокер АД Скопје има добиено дозвола, започна да се применува од 15-ти овој месец кој беше работен, но не и ден за тргување”.
Решението за привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје, КХВ го изрече по извршена вонредна контрола, при што утврди дека брокерската куќа продала акции на свои клиенти со налози на кои им бил истечен рокот на важност, се вели во соопштението.
Оваа санкција е прва што Комисијата за хартии од вредност ја изрекува кон брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.536
Поени од реакции
1.776
истово го имам пишувано во матурската проектна задача, го има на берзата истакнато. иначе да не се фалам ама матурската ми е ного убаво напишана за берзата, темелно, и секој кој ќе ја прочита може да почне веднаш со купување и продавање на акции оти веднаш ќе се научи :pusk:

Многу луѓе се заинтересирани за можноста да заработат пари по пат на инвестирање. Но, не знаат како и каде да инвестираат.
Некои луѓе заштедените пари ги ставаат во банка и очекуваат со каматата да го зголемат почетно вложениот износ на парите. Други, пак, ги чуваат дома. Но, ниту еден од овие начини на штедење не може да ги обезбеди целосно Вашите очекувања за голема заработка. Првиот начин значи чување на парите на сигурно место, со релативно ниска каматна стапка и расположивост за користење зависно од рокот на депонирање, а вториот начин овозможува лесно и брзо располагање, но чувањето не е сигурно и не носи никаков приход.
Преку берзата се јавува нова можност за инвестирање и штедење: инвестирање и штедење во хартии од вредност (акции и обврзници). Споредено со штедењето во банка или штедилница, инвестирањето носи ризик заради можноста цените да растат или опаѓаат. Меѓутоа, од овој начин на инвестирање и штедење произлегува и можноста за поголема заработувачка.:vozbud:


Како да купите акции?
Постојат два начини на кои можете да станете акционер на некое акционерско друштво, односно да се стекнето со дел од тоа друштво:
1. Купување на акции од новата емисија: До потребниот капитал друштвото може да дојде по пат на нова емисија на акции кои ќе бидат наменети за јавноста, односно друштвото ќе изврши "јавна понуда на акциите". Друштвото емитент мора да ги презентира основните податоци за продажбата на акциите во т.н. Проспект и мора да ја огласи емисијата барем во еден дневен весник.

2. Купување на постоечки акции: Главната функција на Берзата е во секое време да овозможи купување и продавање на постоечките акции (трговија со акциите, т.н. секундарно тргување). Инвеститорите, било големи институции, било физички лица, не можат да делуваат за своја сметка на пазарот. Тие мораат да се обратат до брокерската куќа, која е овластен учесник за тргување за да купи или продаде акции или обврзници во име и сметка на клиентот, бидејќи тргувањето со хартии од вредност се врши единствено преку овластени учесници - лица кои положиле посебен стручен испит за вршење на работи со хартии од вредност и се стекнале со звање овластен брокер.

Како да најдете брокер?

Пред да започнете, најдобро е да се консултирате со повеќе брокери за да ги споредите нивните услуги и провизиите што ги наплаќаат. Брокерството спаѓа во рамките на т.н. персонални услуги и може да се приспособи на Вашите специфични потреби. Вашиот избор на брокер ќе зависи од тоа што барате брокерското друштво да направи за вас. Некои брокери се специјализирани само за тргување, други за нудење инвестициони совети или посебни услуги.
Тргување: ова е најефтина услуга, при што Вие едноставно го повикувате Вашиот брокер и му давате налог да купи или продаде некои акции по Ваш избор. Тој нема да Ви даде никаков совет, туку едноставно ќе ги спроведе Вашите инструкции и ќе се обиде налогот да се реализира.
Советници: брокерите што делуваат како советници ќе дискутираат со Вас за различните карактеристики на друштвата, односно хартиите од вредност што котираат на Берзата. Тие, исто така, ќе Ве советуваат дали треба да ги купите, да ги продадете или да ги задржите акциите во одредена друштво или како и кога да го зголемувате или намалувате Вашето портфолио.
Посебни услуги: клиентите кои сакаат некој друг да управува со нивното портфолио (листа) на акции би требало да користат услуги на некој брокер кој нуди т.н. посебни услуги. Вашиот брокер редовно ќе контактира со Вас и ќе Ве информира за акциите што ги купил или продал, за тоа колкава е вредноста на Вашето портфолио и за износите на дивидендите што се прокнижени на Вашата сметка во изминатиот период.
Доколку е направен избор на брокер кој ќе Ве застапува, следен чекор е потпишување на т.н. општ договор со клиентот. Овој договор е задолжителен и со него точно се одредуваат услугите што брокерското друштво ги нуди и условите според кои брокерот делува во Ваше име.

Како да почнете?

Мора да одлучите дали сакате да инвестирате заради добивање на редовен приход или имате за цел Вашите средства да се зголемат со тек на време како резултат на пораст на цената на акциите, или заради комбинација на двете цели на инвестирање. Можеби, прво ќе сакате да купите мал број на акции во едно или две друштва.
Со време, може да одлучите да ги проширите Вашите инвестиции, со инвестирање во друштва од различни стопански сектори. Изборот може да го направите помеѓу релативно сигурните државни обврзници, преку акциите во големи, профитабилни друштва, до акции во нови и помали друштва кои се потенцијално поризични, но носат обично повисока добивка. Имајќи го ова предвид, советот на Вашиот брокер ќе биде особено значаен.
Вашиот брокер е стручен да Ве посоветува како да направите избор од повеќето можности за инвестиции што Ви стојат на располагање. Откако ќе одлучите како да инвестирате, можете да почнете со правење на листа од акции и обврзници што во најголема мерка соодветствуваат на Вашите потреби.

Што се случува кога купувате акции?

Кога ќе му дадете инструкции на Вашиот брокер да купи акции, тој го извршува Вашиот налог на Берзата и ги купува истите по најдобра цена што може да се обезбеди на пазарот во времето на зделката. Со тоа Вие станувате сопственик на акциите. И покрај тоа што основните податоци за склучените трансакции ќе ги добиете непосредно по нивното извршување, брокерот ќе Ви достави писмена потврда која се нарекува извештај за клиент. Во него се содржани деталите за трансакциите што се извршени во Ваше име и сметка.
На Македонската Берза АД Скопје се применува системот на одложено порамнување, односно процесот на извршување на плаќањето од страна на купувачот и доставувањето на хартиите од вредност од страна на продавачот се врши на Т+3, односно три работни дена од денот на тргување. Тоа подразбира дека Вие морате да го извршите плаќањето на купените акции на денот на порамнувањето.
Преносот што сте го направиле преку Берзата го врши посебно овластена институција Централен Депозитар за хартии од вредност.

Што се случува кога продавате акции?

Кога ќе му дадете налог за продавање, Вашиот брокер ќе се обиде да ги продаде Вашите акции по најдобрата можна цена на пазарот и доколку успее во тоа ќе Ви испрати ”извештај за клиент”. Вие треба да го потпишете формуларот за продажба и веднаш да го вратите истиот на Вашиот брокер, заедно со потврдата за акции (која ја сте ја добиле од Централниот депозитар за хартии од вредност), за да ги добиете парите за продадените акции на денот на порамнувањето.

Колку ќе ве чини тоа?

Купувањето акции од нова емисија на акции не може да чини повеќе од цената на акциите по која тие се продаваат. За овие услуги не се плаќа провизија.
За купувањата и продавањата на постоечките акции, кое се врши преку Берзата, се плаќа провизија на брокерот и на Берзата. Бидејќи купувањата и продавањата се одвиваат преку брокерите, цената ќе зависи од видот на услугата што ја барате и вредноста на трансакцијата на која се пресметува брокерската провизија. Висината на провизијата може да се определи како % од обемот на трансакцијата или во апсолутен износ.

Кога плаќате?

Плаќањето за купените хартии од вредност, односно доставувањето на хартиите од вредност, мора да го извршите најдоцна до денот на порамнувањето, односно, според Правилата на Македонската Берза АД Скопје, најдоцна три работни дена по склучувањето на трансакцијата (Т+3), со цел Вашиот брокер навремено да може да го спроведе порамнувањето на договорот.

Мерење на пазарот

Движењето на цените на акциите на друштвата ја изразува промената на мислењето на инвеститорите во врска со перформансите и перспективите на друштвата. Со следењето на вкупното движење на цените на еден одреден број акции, можно е да се добие начелна претстава за моменталната состојба во стопанството. Ова движење се мери со берзански индекси. Нивната функција е квантитативно да ги искажат дневните промени на пазарните цени во однос на базниот период (исто така и во однос на претходниот ден, месец, година и др.)
На утврдување на индексите работат многу организации во светот, а најпознати берзански индекси се оние на Dow Jones, Standard and Poor’s, Financial Times. Многу берзи објавуваат и сопствени индекси.
Македонската Берза АД Скопје од 01.11.2001 година започна да пресметува и објавува берзански индекс.Полниот назив на индексот е Македонски Берзански Индекс, додека скратениот назив и ознаката е МБИ (линк).
Оданочување на дивидендите?

Персонален данок на доход: кога ќе ја добиете дивидендата, персоналниот данок на доход би требало да е платен од страна на друштвото, согласно важечката законска даночна стапка .

Данок на капитална добивка на трансакциите со хартии од вредност во наредните пет години не постои. Исто така, не постои оданочување на прометот со хартии од вредност.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
истово го имам пишувано во матурската проектна задача, го има на берзата истакнато. иначе да не се фалам ама матурската ми е ного убаво напишана за берзата, темелно, и секој кој ќе ја прочита може да почне веднаш со купување и продавање на акции оти веднаш ќе се научи :pusk:
Абе ајде... не заебаај...:tapp::pusk::tapp:
 

up

Член од
12 август 2007
Мислења
55
Поени од реакции
5
da vidam vase mislenje ,dali berzata ke se razdvizi ovaa godina ili ke se cekaat nekoi drugi podobri vreminja (druga godina)
pozdrav
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
764
Поени од реакции
300
Sea ke vidime kako ke reagira berzata, koga ke se potpisi dogovorot so SAD.
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Ke odi down, sto ke bide uste edna koj znae koja po red fina moznost za dokupuvanje na eftini i bezvredni hartii.
Dokolku se dvoumote togas pocekajte go MBI10 na 4999 pa pocente da kupuvate.
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
156
Поени од реакции
0
Sofiskiot index e 1260 (i paga)
belgradskiot index e 1750 (i paga)

Skopskiot index e 5700 (i normalno paga), a bese edno vreme 10 057

Cudno e kako moze da vredi nekoja akcija 10 000 denari a da se dobiva dividenda od 100 denari.

Cudno e kako makedonskite "eksperti" vetuvaa uste pogolem rast na cenite na akciite i velea deka akciite bile potceneti.

Cudno e kako moze makedonskata alakaloid da ima vkupna vrednost skoro ista so hrvatskata pliva, dodeka pliva ima 10 pati pogolem profit...

Cudni raboti na makedonskata "berza"
 

Filip89

Македоникус
Член од
1 март 2007
Мислења
528
Поени од реакции
4
Sto tocno oznacuva indeksot na nekoja berza?
Мерење на пазарот

Движењето на цените на акциите на друштвата ја изразува промената на мислењето на инвеститорите во врска со перформансите и перспективите на друштвата. Со следењето на вкупното движење на цените на еден одреден број акции, можно е да се добие начелна претстава за моменталната состојба во стопанството. Ова движење се мери со берзански индекси. Нивната функција е квантитативно да ги искажат дневните промени на пазарните цени во однос на базниот период (исто така и во однос на претходниот ден, месец, година и др.)
На утврдување на индексите работат многу организации во светот, а најпознати берзански индекси се оние на Dow Jones, Standard and Poor’s, Financial Times. Многу берзи објавуваат и сопствени индекси.
Македонската Берза АД Скопје од 01.11.2001 година започна да пресметува и објавува берзански индекс.Полниот назив на индексот е Македонски Берзански Индекс, додека скратениот назив и ознаката е МБИ (линк).

Written by Macedonian
 

up

Член од
12 август 2007
Мислења
55
Поени од реакции
5
sto se slucuva so makedonska berza do koga ke tonat akciite,
ke imame li presvrt na ovaa situacija...
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Додека не се стабилизира општеството :), избере новата влада .... и тн и тн
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
sto se slucuva so makedonska berza do koga ke tonat akciite,
ke imame li presvrt na ovaa situacija...
Додека не дојдат до реалната вредност, која треба да биде уште пониска.

А сето ова што се случи е последица на состојбата на вештачкиот раст, кога во изминатиов период имавме ситуација секој втор ќелеш да купува акции затоа што берзата ја разбира како спортска кладилница и купува затоа што чул дека може да ќари. Што ми е мило, ем драго што се испозалетаа.

Ве поздрави графикот на MБИ10 индексот:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom