Македонска берза

Y

yob

Гостин
Нормално е да падне барем 150 ден. после пресек. утре ке падне барем уште 5%
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.108
Поени од реакции
705
Значи сепак важи доброто старо правило за купување после дивиденден пресек, иако јас лично пред овогодишната дивиденда за ОХБ. се заебав, зашто мислев дека после пресекот ке падне под 2300де., но тоа не само што не се случи туку таа веднаш по пресекот и порасна за некој мала сума.[зборувам за април-мај 2016].
 
B

Bafra

Гостин
Ај малку за иднината, како би било во МКД земајќи во предвид дека полека полека психолошки не припремаат за новата криза во финансискиот сектор. Во смисла кои фирми се или би биле блу чипови кај нас !!!!

[DOUBLEPOST=1482925334][/DOUBLEPOST]
Значи сепак важи доброто старо правило за купување после дивиденден пресек, иако јас лично пред овогодишната дивиденда за ОХБ. се заебав, зашто мислев дека после пресекот ке падне под 2300де., но тоа не само што не се случи туку таа веднаш по пресекот и порасна за некој мала сума.[зборувам за април-мај 2016].
Штом не важи секогаш, значи не е правило :P
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Ова со Стопанска не е класична одлука за дивиденда, повеќе е како вонреден ептен позитивен настан што ја зголеми вредноста на акциите.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.108
Поени од реакции
705
Блу чипови во случај на економска криза по мое мислење би биле по конзервативни акции како АЛК. и акции како УСЈЕ и ППИВ.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Блу чипови во случај на економска криза по мое мислење би биле по конзервативни акции како АЛК. и акции како УСЈЕ и ППИВ.
Мое мислење е дека во наредните 2 години може и Прилепска да изненади со исплата на добивка од минати години.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
28
Поени од реакции
9
Ваше мислење ми треба. Како ќе се движат следните три акции според вас во 2017та:

1. Стопанска
2. УНИ Банка
3. Охридска банка
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.301
Поени од реакции
2.360
Ваше мислење ми треба. Како ќе се движат следните три акции според вас во 2017та:

1. Стопанска
2. УНИ Банка
3. Охридска банка
Ќе напишам малку подоцна подолг пост за УНИ, каде ќе пробам да објаснам зошто очекувам ептен добра наредна година за неа. Очекувам дека ќе биде големо позитивно изненадување во 2017 година.

1. Зелено
2. Зелено
3. Зелено
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Ќе напишам малку подоцна подолг пост за УНИ, каде ќе пробам да објаснам зошто очекувам ептен добра наредна година за неа. Очекувам дека ќе биде големо позитивно изненадување во 2017 година.

1. Зелено
2. Зелено
3. Зелено
Кај Тендо секогаш е пазарот на бикот :)
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.301
Поени од реакции
2.360
Кај Тендо секогаш е пазарот на бикот :)
Прво сите компании доаѓаат од една индустрија која години наназад бележи одлични резултати, особено што нето кредитната маргина моментално е највисока и резултатите се подобри во банкарскиот сектор споредбено со било кој период од минатото.

Прво ја имаш STB, која 3-4 години носи по 25, па 30 еве сега и 40 милиони евра профит, која има доминатно пазарно учество кај населението, која се знаеше дека ќе се продава, само не се знаеше терминот, па сега после одлевањето на парите од дивидендата, тој настан е со огромна веројатност и ќе се случи во многу блиска иднина. Веќе немам слободни средства во портфолио, но колку и да би имал би инвестирал во STB.

Подоцна ја имаш UNI која како што ги постирав графиците во минатото историски се тргувала со p/e од 6 до 8. Оваа година бележи страшни резултати, па и само да остане на резултатот од 9 месеци, без воопшто да има добивка во последниот квартал, ќе има forward p/e од 4,12 на оваа цена. Во случај да продолжи трендот и во овој квартал да се обезбедат дополнителни 4 милиони денари профит, forward p/e ќе биде 3, што ја прави најатрактивна акција на пазарот. Немаат можност за некој страшен раст и експанзија, но од друга страна, си ги знаат клиентите и соработуваат долги години па нема можност за големи промени кај ставката исправка на вредности и сомнителни побарувања...

upload_2016-12-29_0-50-30.png

И на крај ја имаш OHB, за која имам долгорочна задршка, сепак краткорочно имаше голема кредитна експанзија, од корпоративна се префрлуваат кон население, населението си ги плаќа кредитите (барем во првите години), ја имаш Бранка која ја среди банката во Црна Гора, па со истата цел е донесена тука, па освен раст бар во наредни 6 месеци до година дена, не можам да видам ништо друго.

Не сум толку оптимист кај еден куп други компании од MSE, но трите наведени се дефинитивно зелено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom