Македонска археологија

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Богот Меркур заштитник на Бања Банско



Струмичките археолози открија мермерна статуа на богот Меркур на локалитетот Римска терма, во близина на Бања Банско. На статуата, која е висока половина метар, и недостигаат главата и потколениците, а нејзината првобитна големина без оштетувања изнесувала околу метар и 20 сантиметри.

Експертите велат дека се верувало оти статуата на Меркур има исцелителна моќ. Оригиналната висина треба да биде повеќе од еден метар. Вакви статуетки на Меркур, но многу помали и изработени од бронза, на овој локалитет беа откриени пред неколку години.

- Покрај статуата, досега откривме и три постаменти за скулптури од керамика, како и објект во близина на бањите, кои датираат од римскиот период. Претпоставуваме дека објектот би требало да биде помошен објект на постојната терма или, пак, сосема друга бања - вели Ване Секулов, археолог во музејот на Струмица.

Овој тип бањски комплекс е единствен на Балканот според начинот на загревање од минералниот извор што е во непосредна близина. Во претходните истражувања, археолозите на овој богат локалитет претходно имаат пронајдено 11 простории со површина од 623 метри. Од нив најсочувани се сауната и базенот за ладна вода со полукупола над кадата. Другите простории се зачувани до почетните партии од своите конструкции и на нивната реставрација се работи континуирано.

Неодамна, археолозите открија делови од уникатен мозаик, кој датира од крајот на третиот или од почетокот на четвртиот век.

http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=6791
.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ЕКСКЛУЗИВЕН НАОД НА СКОПСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ
Скапоцена Венера откриена во Скупи
Пронајдената статуа, според материјалот и изработката, односно според вкупната вредност, е иста со експонатите во музејот „Лувр“ во Париз, вели археологот Ончевска-Тодоровска

Срамежливата Венера е во одлична состојба
Статуа на божицата Венера од 3 век, со огромна вредност, пронајдоа завчера археолозите кои работат на ископувањата на локалитетот Скупи, кај скопско Злокуќани. Статуата е во природна величина (висока 170 сантиметри) и според обработката станува збор за оригинал. Според м-р Марина Ончевска-Тодоровска, која раководи со археолошкото ископување во чии рамки е најдена статуата, нејзината вредност е иста со експонатите во музејот „Лувр“ во Париз. Сега таа е пренесена за конзервација, а потоа ќе биде изложена во Музејот на град Скопје. Римската божица на љубовта Срамежливата Венера или Венера Пудика е во природна големина, со голо тело, а со рацете го крие срамниот дел. Според префинето измазнетиот мермер, сигурно е работена во професионален центар во кој работеле врвни вајари - вели Ончевска-Тодоровска.Вредниот наод е откриен при ископувањата на доцноантичкиот хоризонт кога се откриени два објекта: ранохристијанска базилика и бања која според Ончевска-Тодоровска може да биде дел од резиденцијален објект. Токму во бањата е откриена статуата на божицата Венера, која на левата нога има изгравиран делфин, кој го има Срамежливата Венера, кога излегува од вода. Најчесто била поставувана во бањи и во простории со базени.Делфинот на ногата, изработката и материјалот на скулптурата укажуваат на тоа дека Скупи од 1 до 7 век бил град од највисок ранг. Само богати градови може да си дозволат таков луксуз да имаат вака изработена Венера - вели Ончевска-Тодоровска.


Римската божица на љубовта, Срамежливата Венера или
Венера Пудика, е во природна големина (висока 170 сантиметри)
Археолозите велат дека скулптурата пронајдена во Скупи е единствена скулптура најдена на локалитетите во Македонија што има сочувана глава, односно е во одлична состојба. Скулптура на божицата Венера е најдена и во Стоби, но без глава и сега е во витрините во музеј во Белград. Божицата Венера била инспирација на многу уметници, како на пример Ботичели (15 век) кој е автор на делото „Раѓањето на Венера“, на Тицијан кој ја нацрта „Венера со огледало“ и други. Градот Скупи е од крајот на 1 век пред нашата ера. Создаден е од воени ветерани по потекло од Италија и од Шпанија кои 25 години биле во римските легии. На локалитетот Скупи во досегашните ископувања откриени се 23.000 предмети. Истражувањата годинава почнаа во март и ќе завршат до крајот на месецот.
izvor
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Кога била пронајдена скулптурава? И што бара во Белград?!?!

Ако е од времето на Скупи, не е чудо што се наоѓа тука... Скупи бил многу богат град на времето. Побогат и од Рим.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Кога била пронајдена скулптурава? И што бара во Белград?!?!?!?!?!

Ако е од времето на Скупи, не е чудо што се наоѓа тука... Скупи бил многу богат град на времето. Побогат и од Рим.

Sto bara? Bara toa sto i iljadnici muzejski exponati od antikata i srednovekovieto makedonsko po "muzeite" na Sofija i Belgrad.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Bugarive nesto gi nema ovdeka, sto ne komentiraat oti nema grobovi vo Makedonija na prabugari-tatari, koi svoite mrtvi gi zakopuvale skrt-nozi (kako turcine sto sedele) i so zapalena koza (ja iscaduvale kozata od zli duhovi)?
Kako mozat da tvrdat deka imalo bugari vo Makedonija, bez bugarsko prisustvo? :pos2:
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.093
Поени од реакции
163
Bugaristata se glupi, tie se ednostavno Turkomani, Pretsedatelot na Tatarstan toa go potvrdi, inace bravo za novite otkritija.

Mene me interesira dali nesto od otkritijata ima od vremeto na Aleksandar Makedonski nekade? Da mu ja zamolcime ustata i na Grcite, posto ako najdeme nekoj dokaz,ke se znae uste pouverlivo deka nie sme potomcite na Aleksandar i deka e toj nash.

Grcite imaat dokazi ama ne sakaat da gi obelodenat vo javnost oti ke se otkries deka Aleksandar Makedonski e etnicki Makedonec.
 
Член од
12 јули 2008
Мислења
14
Поени од реакции
1
Aleeksandar i negovata grobnica e jasno deka e zakopan nekade na nasata teritorija,no ne se znae kade i jas silno veruvam deka eden den ke bide i toa ke se zatne ustata na Grcite.Toa se dokazuva vo grobnicata na Filip koja e odkopana vo70-80 godini avo grcija no sto se odnesuva do ustata sega nas ni e zatnata bideki e odkopana vo densna sevrna grcija odnosno Makedonia
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Позлатената скулптура и' припаѓала на важна личност





Пронајдените парчиња од позлатената скулптура ни потврдуваат дека Римскиот форум на Стоби е многу битен објект што допрва ќе ни даде одговори на големи прашања - вели Мила Шурбаноска, раководителка на истражувањата на Форумот. Според неа, наодот укажува дека скулптурата и' припаѓала на некоја важна личност. Внимателно се составени парчињата од главата со перјаница, а откриени се и парчиња од едната рака. Деловите се најдени во една од градбите на Форумот, претпоставуваме дека е на приземјето. Наодот ни потврдува дека Форумот бил од голема важност. Ги направивме првите зафати за реставрација и конзервација. Со оглед на тоа дека ископувањата ги завршивме за овој дел од годината, а наодот е од пред неколку дена, подетаљни информации ќе имаме наесен - рече Шурбаноска.

Скулптурата била изработена во мермер. Позлатена мермерна глава беше откриена и во ноември, во минатата година, како и позлатена мермерна рака и позлатен мермерен кантарос (чаша со две рачки од која се пиело вино). Шурбаноска уште тогаш укажа дека откритијата потврдуваат какво значење имала Македонија во Римската Империја.На ископувањата работат студенти од Македонија и од Палестина, а истражувањата ќе траат до средината на декември. Тие се реализираат во рамките на проектот „Археолошка и туристичка валоризација на античкиот град Стоби“ што го финансира Министерството за надворешни работи на Италија, во соработка со невладината организација ЧИСС од Палермо и Музејот на Македонија. Истражувањата траат веќе три години.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ НА ТИМОТ НА Д-Р ВИКТОР ЛИЛЧИЌ ОД ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
Меркур од Демир Капија

Бронзена статуетка на богот Меркур деновиве е откриена во близината на Демир Капија



Статуетката на Меркур, познат и како на синот Маја, водачот на дуπите, заштитникот на трговците и патниците, ја откри истражуваЕкиот тим на Филозофскиот факултет од Скопје, предводен од проф. д-р Виктор Лилчиќ. Тие работат на редовните теренски активности на проектот Археолоπки катастар (топографија) на Република Македонија, регион Тиквеπ.
Во Македонија досега се откриени околу 40 бронзени статуетки на Меркур, но како вели проф. Лилчиќ: "Оваа е најубавата што јас сум ја видел досега". И додава дека конкуренција единствено може да и биде Меркур од Лопатица, демирхисарско. Тој укажува дека сите досега откриени Меркури се во Пелагониската висорамнина, во Повардарјето и во Тиквеπијата, а помалку во другите региони. Тоа би значело дека токму во поголемите антиЕки градови, како Стоби, Хераклеја, Стибера или во градот на Вароπ кај Прилеп, биле организирани производните центри - ателјеа на ситната бронзена пластика од Римскиот царски период.
Фигурите на Меркур се наоѓаат главно во две големини. Минијатурни од околу 50-70 мм и поголеми од околу 100 мм.
"Нашиот Меркур е висок 96 милиметри. Поседува солидни анатомски карактеристики. Прстите на нозете се во сандалки со крилца. Лицето, косата, делумно уπите, елипсоидната капа со крилцата од кои десното е открπено се детално изработени. Како што е вообичаено за боговите, тој е гол. Единствено лесната наметка, закачена околу левото рамо, е обвиткана околу левата рака и со тродлено драпираниот завршеток виси за околу 15 мм наудолу. Тој е благо, би рекле лежерно, потпрен на левата нога. Во десната полуподадена рака цврсто држи, солидно наполнето, заокруглено, кесе со пари. Во левата исто така полуиспружена рака, се наоѓал фамозниот гласнички стап кадукеј околу кој се завиткани две змии со конфронтирани глави над стапот. За жал кадукејот (керикејон) недостасува на нашата фигура", вели проф. д-р Лилчиќ.
Фигурината сега се чува во факултетската збирка на Филозофскиот факултет во Скопје, каде следува соодветна конзервација и стручно-научна анализа за да се прецизира времето и местото на нејзиното производство. Ќе продолжат и истражувањата на локалитетот и регионот каде што е откриена, во близина на демиркапиското село Дрен.
"Фигурата ни посведочува постоење на алтернативен патен правец од селото Дрен преку селата Петрово, Миравци односно Смоквица кон Тесалоника, познат во научната литература преку истражувањата на археологот Киро Ристов и неговата засега недоволно аргументирана хипотеза дека се работи за магистралата Стоби - Идомене - Тауриана - Тесалоника. На локалитетот се откриени уπте и монета на римскиот цар Проб (276-282) и една нечитлива монета од 4 век н.е. Се работи за една мала крајпатна стражарска станица што егзистирала според наодите засега исклучиво во римскиот царски период и тоа од 2 - 4 век н.е.", вели д-р Лилчиќ и додава:
"Богот Меркур, пандан на постариот Хермес, бил гласник на боговите. Негово подрачје биле патните комуникации на земја и низ воздухот. Ова го посведочуваат неговите основни атрибути, крилестата капа - петасос, крилестите обувки. И трговците, но и арамиите верувале во неговата поддрπка па така неговите статуетки ни посведочуваат поголеми или помали патишта по кои во антиката се движеле бројните карвани што со транспортот на товарите ја граделе античката градска цивилизација во Македонија и околу Медитеранот", вели д-р Лилчиќ.
Проектот Археолошки катастар (топографија) на Република Македонија, регионот на Тиквешијата, е поддржан од Министерството за култура. Во текот на наредните години тој ќе се развива во контекст на идејата за прецизно топографско лоцирање, проучување и документирање на археолоπките локалитети во Тиквеπкиот регион а подоцна и во другите опπтини на земјава.
"Онолку колку што дозволуваат средствата, ќе биде имплементирана геодетска технологија но, истакнуваме дека примарен е археолоπко-топографскиот сегмент и секако археолоπко-културните содржини од локалитетите", вели д-р Лилчиќ.
Македонските археолози изведоа обемни теренски истражуваЕки зафати во последните три децении од 20. век. На Филозофскиот факултет во Скопје проф. д-р Иван Микулчиќ работејќи поконкретно на старите градови и тврдини во Македонија од 1966 година оформи специјализирана школа за оваа материја, πто по неговото пензионирање успешно ја продолжува неговиот наследник проф. д-р Виктор Лилчиќ. Околу 1.000 стари тврдини се откриени низ целава земја, главнината од нив се истражени. Но, обновувањето на археолошките ископувања открива уште податоци - само годинава се откриени уште 10 нови тврдини.
"Истражувањето и публикувањето на овие откритија е од особено значење, оти фрла ново светло врз правото на Македонија да се смета за наследник на културата од Античка Македонија", вели д-р Лилчиќ.

.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
33
Поени од реакции
1
Vo Valandovo vo stariot del od gradot lugeto koga kopaat po dvorovite naiduvaat na mozaici, moja prijatelka koja e od tamu kako dete ima pronajdeno mozaik vo dvorot na sosedite, od muabetite nikoj do sega ne se zainteresiral da vidi za sto tocno se raboti, a mnogu od lugeto koi naisle na maozaik i ne bile svesni sto tocno iskoplale sigurno del od niv se osteteni ili unisteni pri gradezni zafati
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ВО СЕЛО ТРЕМНИК, НЕГОТИНСКО
ПРОНАЈДЕН ЗЛАТЕН КОВЧЕГ ОД 4 ВЕК ПРЕД НАШАТА ЕРА

Седумстотини грамски златен ковчег кој датира од 4 век пред нашата ера е случајно откриен при извршување на земјоделски активности во село Тремник, неготинско.



Чесните пронаоѓачи и сопствениците на земјиштето, по пронаоѓањето, веднаш го однеле артефактот во музејот во Неготино и што е интересно - не поставиле никакви барања за надомест.

Златниот ковчег е во совршена состојба, без оштетување и моментално е на конзерваторски третман.

Во ковчегот се пронајдени и златници со апликации на богот Посејдон, копчиња од молоазиски тип со големина од 9 до 6 сантиметри, околу 100 алки, висулци за гердан од различен облик, златна кутија и две златни монети на Филип втори и Александар Македонски, од времето на нивното владеење.



На целата македонска територија во тек се интензивни археолошки истражувања на приоритетни локалитети.

Парите за овие археолошки проекти се обезбедени директно од буџетот на Македонија
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Цела Македонија е археолошко наоѓалиште, цивилизација со таков континуитет има што да покаже.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ЕПОХАЛНО ОТКРИТИЕ ВО СВЕТИНИКОЛСКО
Откриена Билазора - најзначајниот пајонски град
Во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја обновил фортификациската мрежа на Билазора,а во168 година пр.н.е. македонскиот крал Персеј, во фаза на подготовки за последната борба со Рим, успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во нејзина близина

На локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на
Свети Николе стручњаци откриле капитален објект - влезната
порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора

Група музејски и научни работници од земјава и од странство деновиве на локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на Свети Николе откриле капитален археолошки објект - влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора. Стручниот тим, Бобан Хусеновски - раководител на археолошките истражувања, Вилијам Хајдингер и Јула Метју од Фондацијата за археолошки и историски истражувања од Хјустон (Тексас, САД), консултантите д-р Ѕвонимир Николовски и археологот Стефан Данев, во организација на Народниот музеј од Свети Николе и директорот Александар Данев, на почетокот на јуни годинава почнаа со систематски истражувања на античка Билазора.
Античка Билазора најголемиот и најзначаен град на Пајонија првпат ја споменуваат Полибиј и Тит Ливиј. Тие укажуваат на нејзината стратешка географска позиција и улога на чувар на северната граница на античка Македонија во одбраната од Дарданците. Според стручњаците, два значајни датума во историјата на античка Македонија се поврзуваат со градот Билазора, 217 година п.н.е. кога македонскиот крај Филип Петти ја обновил нејзината фортификациска мрежа и 168 година п.н.е. кога македонскиот крал Персеј во фаза на подготовки за последната борба со Рим успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во близина на Билазора. Пред 32 години професор д-р Иван Микулчиќ има објавено предлог-теза за местоположбата на античка Билазора на локалитетот Градиште во околината на Свети Николе. Дотогаш според некои истражувачи Кацаров и Папазогулу таа требало да се идентификува со локалитетот на Велешкото кале. Со оглед на значењето на овој капителен објект археолозите апелираат за поголемо внимание и конкретен ангажман на Министерството за култура и на општината Свети Николе заради квалитетно зголемување на ресурсите на културниот туризам во земјава. Од археолошкиот тим тврдат дека најпознатиот пајонски град е целосно зачуван под дебелиот слој земја и нуди ретка можност за запознавање и проучување на неговите вредности, како дел од недоволно истражената култура и историја на Пајонија, која на моменти претставувала дел од историската реалност на античка Македонија.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Таор бил привремено седиште на архиепископијата Јустинијана Прима
Може да замислиме колку му значело ова место наЈустинијанПрви кога по големиот земјотрес во 518 година Скупи не бил толку обновен, вели археологот Киро Ристов

На локалитетот Градиште кај Таор, пронајдени се населби
од бронзеното време, од 2200 до 1800 година пред новата ера

Седиштето на легендарната византиска метропола Јустинијана Прима привремено било сместено во доцноантичката населба Таурисиум, кај скопското село Таор, родното место на Јустинијан Први, големиот император на Источното Римско Царство. Оваа теза археолозите од Музејот на град Скопје храбро ја поставуваат водејќи се од годинашните археолошки ископувања. Тие пронајдоа објект со големи димензии, кој имал кат, отворен двор - атриум, од кој преку колонади од столбови се излегувало на широка улица. Објектот е изграден од исклучително квалитетни материјали.Ако навистина ја изградил Јустинијана Прима на местото на денешно Скопје, тогаш на ова место привремено живееле свештениците на првата архиепископија - вели археологот Киро Ристов, раководител на ископувањата. Можеби е храбра хипотеза, но размислувам во тој правец - вели тој.Екипа од дваесетина археолози, архитекти и работници секое утро, во 7 часот, почнуваат да ги симнуваат слоевите земја за да ги откријат тајните на минатото. Повеќемина носат маички на кои стои логото на локалитетот „Таор-Јустинијан-Македонија“, испишано околу портретот на Јустинијан. Се гордеат со тоа. Велат: „Ова ни е униформата“. Во екипата со години работат луѓето од Таор. Има и јуниори и сениори. Маскота им е кафеното куче Линда, мешавина од „леси“ и волчјак, која од првиот ден е со тимот. Еден од работниците на шега вели: На почетокот ја менувавме за две гајби, а сега не ја даваме ни за камион пиво!

АНГАЖИРАНИ ДОБРИ МАЈСТОРИ

Очигледно е дека целиот тим функционира како семејство. Покрај Ристов работат уште неколку археолози и архитекти. Некои од нив се студенти. Но, сите работници се од Таор. Заедно работат со години. Ристов вели дека ископувањата на Таор станале реалност благодарение на гостопримството, на големината на мештаните, кои им дозволиле да работат на нивните ниви. Археолозите годинава пронајдоа неколку нови објекти, сите од 6 век. Ѕидовите на најрепрезентативната градба со атриум се дебели 1 метар, има трапезоидна форма и со едната страна е потпрена на бедемот на локалитетот. Големиот објект бил за цивилна употреба. Пред влезот во дворот има улица, широка 2,6 метра, од каде преку колонада од столбови се влегувало во дворот, а потоа во просториите од објектот. Во рамките на комплексната мрежа од објекти пронајден е и канал кој бил засведен со арка. Сочувани се ѕидови високи околу 1,7 метар.Фрапиран сум од помислата дека на олку оддалечено место може да има вакви објекти. Не можам да претпоставам што се' друго ќе најдеме - вели Ристов.Ѕидовите се изработени од камен, а потоа малтерисани. Археолозите се изненадиле од квалитетот на малтерот што бил употребен во тоа време. Малтерот изгледа цврст речиси колку бетон. Објектот имал кат. Горните ѕидови биле направени од градежна тула, врзана со малтер.Тука работеле добри мајстори. Некој требало да ги плати. Локалното население во тоа време немало толку пари - објаснува Ристов.

ИНТЕРВЕНЦИИ СО ДРЖАВНИ ПАРИ

На локалитетот Градиште кај Таор, пронајдени се населби од разното бронзено време, од 2200 до 1800 година пред новата ера. Во доцноримскиот период егзистирала мала населба, од крајот на 4 и почетокот на 5 век, која егзистирала до катастрофалниот земјотресот во 518 година. Според пронајдените монети, накит, оружје, луѓето престанале да живеат таму кон крајот на 6 век, кога во овие краишта поминале Аварите и ја уништиле населбата. Средновековието, 9 и 10 век, е потврдено со две монети, накит и оружје од тоа време. Археолозите пронашле и четири гроба од 17 век.За археолозите е најинтересно доцноантичкото време, поврзано со Јустинијан. На локалитетот се правеле интервенции со државни пари. Тогаш владеел Јустинијан Први. Може да замислиме колку му значело ова место на императорот, кога по големиот земјотрес Скупи не бил толку обновен! - вели Ристов.

Тој објаснува дека античкиот историограф Прокопиј бил јасен во своите записи. „Јустинијан, за да се заблагодари на своето родно место, го обновил и го утврдил“. Топонимот е дополнителен показател дека Таор е современата населба на доцноантичкиот Таурисиум. Останува да се прашуваме која била целта на Јустинијан. Дали го правел местото за себе или за мештаните? Тој бил император, можел да оди во секој град. Зошто инвестирал толку во Таурисиум? Ако тука, близу, ја изградил Јустинијана Прима, првата архиепископија, ова дефинитивно било привременото седиште на архиепископијата додека се градел центарот - вели Ристов.Истражувањата на Таор се дел од капиталните проекти што ги финансира Владата. Археолозите добиле еден милион денари. Со малкуте пари од годишните програми на Министерството за култура на локалитетот донеле струја, вода, изградиле барака со канцеларија, простор за чистење на керамика, тоалет и кујна. Подготвуваат и веб-страница.

Vrska
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Браво! Нека продолжат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom