Македонија (конечно) ќе се гасифицира

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се утепаа од меморандуми за соработка. На терен само небитни листови хартија.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Ќе
Ќе
Ќе
Ќе

КРЕТЕНИ ЕДНИ, потпишување договор не е реализација ММЕ комедијанти!!!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А од гасификацијата на домаќинствата,ќе се издвои ли црево да може да се полни плин во автомобилите?
Ако може прифаќам ризици од плинот во спротивно
НИ ПОД РАЗНО НЕ СЕ ПРИКЛУЧУВАМ НА СИСТЕМОТ !
Хе хе хе... цревото е најмал проблем...:D
... се некако се мислам дека ако случајно се прелажеме и напуниме (батали настрана потребните техникалии за таа намена) од тој плин (земен гас)...дека потоа ќе мора и нова кола да купуваме...:eek:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Хе хе хе... цревото е најмал проблем...:D
... се некако се мислам дека ако случајно се прелажеме и напуниме (батали настрана потребните техникалии за таа намена) од тој плин (земен гас)...дека потоа ќе мора и нова кола да купуваме...:eek:
Па не баш немора нова кола да се купува,дизелот може комотно да вози на земјен дас без поголеми модификации ( градски вози на земен гас , нафтен гас како сакаш пиши го ) За бензинците ке биде мал проблем но и кај нив е можна модификација на осисот за воздух наместо филтер ке треба да иде тегла со уље или мешавина уље дизел па да се распрашува при усис во грана. Абе што не се измислило па и ова да не се измисли,само мислам дека ке треба барем уште 10/15 години да поминат додека воопшто некој дотера до дома гас.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
.Па не баш немора нова кола да се купува,дизелот може комотно да вози на земјен дас без поголеми модификации ( градски вози на земен гас , нафтен гас како сакаш пиши го ) За бензинците ке биде мал проблем но и кај нив е можна модификација на осисот за воздух наместо филтер ке треба да иде тегла со уље или мешавина уље дизел па да се распрашува при усис во грана. Абе што не се измислило па и ова да не се измисли,..................,само мислам дека ке треба барем уште 10/15 години да поминат додека воопшто некој дотера до дома гас.
Не мислев..нова кола..за преуредување... туку нова, зошто тек со тој плин маме ќе им ебеме на колите

So ovoj plin sega od benziskite ни се поебаа колите, а тек со тој од по дома...којзнае што се ќе нема во него...


Значи топлификација има уште 10/15 години фора да ни врши терор.:D
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Значи топлификација има уште 10/15 години фора да ни врши терор.:D
Не би рекол,сигурно ке има законски и подзаконски акти каде што станбени згради нема да смеат да се приклучуваат на гасот,се рабира од безбедносни причини.
Земајки во предвид колку се печали од струја , парно, дрва за затоплување мислам дека единствено ке бидат гасифицирани само одредени подрачја за во некој технолошки процес ке се употребува гасот.
Не се заебавај во скопје сеуште има населени места каде што нема спроведено ни водовод и одвод а гасифицирање ке биде како да воскреснал тито, имајќи ги во предвид акционерите во топлификација не верувам дека некогаш воопшто ке влезе гасот во Скопје дури можно е и дрвата да ги направат нелегални за греење во градски и приградски средини.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Не би рекол,сигурно ке има законски и подзаконски акти каде што станбени згради нема да смеат да се приклучуваат на гасот,се рабира од безбедносни причини.
Земајки во предвид колку се печали од струја , парно, дрва за затоплување мислам дека единствено ке бидат гасифицирани само одредени подрачја за во некој технолошки процес ке се употребува гасот.
Не се заебавај во скопје сеуште има населени места каде што нема спроведено ни водовод и одвод а гасифицирање ке биде како да воскреснал тито, имајќи ги во предвид акционерите во топлификација не верувам дека некогаш воопшто ке влезе гасот во Скопје дури можно е и дрвата да ги направат нелегални за греење во градски и приградски средини.
Накратко сакаш да кажеш... дека од гасот ни „г“ нема да видиме?
 
М

Мартин`

Гостин
„Јужен тек“ свртува кон Македонија

Меѓувладината Македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка денеска во Нижни Новогород ја одржува 6. пленарна седица, со фокус на соработката во енергетиката.

Покрај вчера потпишаниот Меморандум за соработка со „Стројтрансгас“ за изградба на гасводната мрежа во Македонија, тема ќе биде и нацрт спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка при изградба на гасоводна инфраструктура за испорака на гас во Македонија со „Газпром“.

Приклучувањето на Македонија во „Јужен поток“ беше официјализирано при последната посета на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на Русија пред 10-тина дена. Договорот се очекува официјано да биде потпишан за неколку месеци. Плановите се градбата на „Јужен поток“ да почне во декември годинава во Русија во деловите каде ќе бидат изворите на гас и постепено до крајот на 2015 година да заврши комплетно. „Јужен поток“ кој има два крака од Русија низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австралија и вториот преку Грција и Албанија до Италија. За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија. Приклучувањето на Македонија во овој проект е од интерес за граѓаните и компаниите во Македонија како и за ширење на пазарот на руската компанија. Ова ја отвора можноста и за донесување одлука за изградба на нови производствени блокови во ТЕЦ Неготино и ПГС Скопје.

Комисијата ќе утврди заклуцоци за развој на трговско економската соработка меѓу Македонија и Русија, како и на соработката во индустријата, транспортот, земјоделството, образованието, науката и туризмот. Копретседатели на Комисијата се македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески и заменик министерот за регионален развој на Руската Федерација Максим Травников.

Ај белким конечно стварно ќе биде нешто од гасификација на државава.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
СТАВРЕСКИ: КРАК ОД ЈУЖЕН ПОТОК ЌЕ МИНУВА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Македонија е дел од гасоводот Jужен поток, проект чија изградба треба да започне годинава, а да заврши до 2015 година, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески, по презентацијата на нацрт-спогодбата за Јужен поток, според која крак од овој меѓународен гасоводен коридор ќе поминува низ Македонија.
„Во краток рок успеавме практично од позиција во која не беше планирано вклучување во Јужниот поток преку многубројните контакти, преку средбите што ги имавме на највисоко ниво, да добиеме согласност од Газпром и Владата на Руската федерација крак од гасоводот да минува низ Македонија“, изјави Ставрески. Со ова, според него, се решава прашањето за снабдување со гас на сите идни генерации, а најзначајно е за стопанството на Македонија, бидејќи ќе направи тоа да биде многу поконкурентно и да има стабилен извор на гас и да се добие по соодветна цена. Откако правни и енергетски експерти ќе ја проучат спогодбата ќе треба да се формира мешовита компанија која ќе работи на реализација на кракот од гасоводот во Македонија. Во рамки на работата на меѓувладината комисија, беше потпишан Меморандумот за соработка со Стројтрансгас за изградба на националната гасоводна мрежа.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/85942/stavreski__krak_od_juzhen_potok_kje_minuva_niz_makedonija.aspx

Ќе видиме Ставре, ќе почекаме

КАРПОШ ОСНОВА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ГАС



Преку јавното претпријатие КАР-ГАС, општина Карпош планира да дистрибуира природен гас. Со влог од 5.000 евра општината го основа претпријатието. За директор е назначен Љупчо Димов. Според најавите на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, три основни училишта во општината уште летово треба да добијат гас.
“Со оглед на тоа што „Га-Ма веќе го заокружува гасоводниот прстен во Скопје, се создаваат основните предуслови за да започне изградбата на локалната дистрибутивна мрежа за природен гас на територијата на нашата општина. Оваа година улицата “Илинденска“ ќе биде готова, а потоа останува уште само улицата “Словенечка“, а ние во меѓувреме може да почнеме да ја градиме секундарната мрежа“, неодамна изјави Јакимовски.
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/85937/karposh_osnova_javno_pretprijatie_za_distribucija_na_gas.aspx

Ке видиме Стевчо, и тебе ќе те почекаме
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Струмица се гасифицира веќе цела година. Ако не се лажам (бидејќи слабо следам веќе што се дешава, не сум таму), веќе и завршија со линиите до училиштата, претпријатијата и сл., што беше првиот чекор.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Епа толку беше од гасификацијата, едноставно нема да ја има во догледно време.
Се додека не се расправат Украина и Русија а тоа може и да потрае и со децении...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.345
Поени од реакции
29.810
Епа толку беше од гасификацијата, едноставно нема да ја има во догледно време.
Се додека не се расправат Украина и Русија а тоа може и да потрае и со децении...
Од каде сега го заклучи тоа.
На Русија не и треба Украина за реализација на Јужниот Ток. Напротив, една од поентите на Јужниот Ток е токму тоа што НЕМА да оди низ Украина. :)

Инаку ЕУ бараше од членките да се запрат сите проекти со Русија. Но Русија кажа да Јужниот Ток сеуште си е bussines as usual. Еве нешто од вчера, не знам дали воопшто јавиле на вести дека и наша делегација била во Москва на состанок за оваа тема (зедно со БиХ и Молдавија).
http://rt.com/business/155100-ukraine-gas-debt-eu/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom