Македонија домаќин на СП/ЕП ?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.744
Поени од реакции
9.871
Нема теорија.Ќе треба една од бар 14-15 000 капацитет сала да изградиме во Скопје.А покрај Борис Трајковски кој за Македонија има идеален капацитет и која е релативно нова, градење на една таква е крајно неисплатлива.Ќе треба во уште еден град да се изгради една сала како БТ да може да се игра втората фаза од натпреварите.Другите сали се ок што се однесува со капацитетите,3500 мислам дека е минимумот.Само ќе им треба шминкање.
Па тоа е проблемот..ја заебаа Б.Т. салата..барем да се изградеше четвртата трибина ќе имаше негде капацитет од 10 000.. а не се слагам дека е со идеален капацитет,многу пати на кошарка/ракомет многумина неможат карта да најдат за да гледаат..сепак со популаризацијата на овие два спорта во иднина и те како ќе биде проблем малиот капацитет..само што ние никогаш не мислиме за иднината,секогаш мислиме за тоа што е денес.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Во Скопје нова сала од 15 000 гледачи каде што ќе се играат дел од втората фаза натпреварите и полуфиналињата и финалето.Плус Борис Трајковски кој ќе има една група.
Охрид малце да се нашминка салата,има ок капацитет,доволно сместувачки капацитети.Има и аеродром......може таму скандинавците да се сместат.
Во Битола да се изгради една поголема сала од 7-8 000,таму ќе се играат и дел од утакмиците во вториот круг и една група ќе се смести таму.
И ќе треба уште еден град да се избере,можеби Куманови ради близината со Србија и аеродромот во Скопје.
Таман со 5 сали можеме да пројдеме...........само што ќе кошта тоа многу,а враќање на парите мало сутра.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Парите секако ќе ги извадиш, ако на ракометно, наредна можеш кошарка да организираш и ќе си ги извадиш.:)Овие другиве и онака ако не денеска, утре треба да се реновираат.Проблем ќе биде главната Арена, Белградска арена ги извади парите досега, не знам колку само од концерти ама мислам изградбата чинеше 60 милиончиња.
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
894
Поени од реакции
1.055
А добро луѓе, кај ке ги сместиме тимовите што ќе дојдат? :D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.744
Поени од реакции
9.871
А добро луѓе, кај ке ги сместиме тимовите што ќе дојдат? :D
За Скопје и Охрид нема проблем..има хотели колку сакаш.Проблем се другите градови,Битола колку -толку има некое хотелче,Куманово нема ниеден! бруки..исто и Кавадарци,Прилеп..
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Каква грешка во чекори беше што Борис Трајковски не е бар 10-12.000 :facepalm:

СРЦ Кале треба да е бар 6-8.000, па после да видиме што како по другиве градови. Охрид мора да е тука некаде, Велес е ракометен град, Битола е доволно голема, Куманово можеби, истоков не знам како стојат со сали...

Далеку сме од тоа во моментов, утре да почнеме сали да градиме 4-5 години ќе ни требаат за 3-4 сали асални...
 
P

PewDiePie

Гостин
Многу тешко ова,освен ако не добијат и Битола,Охрид,Прилеп сали како Б.Т. а Скопје една сала со капацитет од 18.000-20.000 зошто б.т. е срамота да ни е најдобра сала во државава.

За сместување исто ќе треба да се изгради нешто.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.702
Поени од реакции
919
Во Прилеп салата Македонија ( таа што изгоре пред 20 години ) е реновирана пред 3-4 години и има капацитет од околу 2800 - 3000 столчиња . Исто така во Прилеп има 3 хотели од кои 2 се со прилично добри услови за сместување , но проблемот е што не се многу големи ... иначе сликите што ги постираше Ветроебачот се од салата на Тутунски комбинат ( сега се вика арена Сонце ) која исто така е реновирана пред некоја година , но има мал капацитет на столчиња ( помалку од 2000 ) .
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.259
Поени од реакции
3.612
Во Прилеп салата Македонија ( таа што изгоре пред 20 години ) е реновирана пред 3-4 години и има капацитет од околу 2800 - 3000 столчиња . Исто така во Прилеп има 3 хотели од кои 2 се со прилично добри услови за сместување , но проблемот е што не се многу големи ... иначе сликите што ги постираше Ветроебачот се од салата на Тутунски комбинат ( сега се вика арена Сонце ) која исто така е реновирана пред некоја година , но има мал капацитет на столчиња ( помалку од 2000 ) .
Кое бе реновирање пред 3-4 години во сала македонија ? :D тоа што полепиле најлони на искршените странични стакла го броиш како реновирање :pos: последнава година не сум многу често ама пред тоа ми се чини последниве 10 години секогаш е исто (може 1-2 пати била прелакирана само) ништо друго...
И да заборавив, салата изгоре што изгоре, тоа што некој лапна од осигурање милиони лапна, тоа што реизградбата траеше 10-12 години траеше, тоа што ја направија иста како и пред 35 кога ја направиле оргинално ја направија , тоа што за реизградбата потрошија пари како за 2-3 борис трајковски потрошија ама и што никој жив таму не се грижи а ништо и е оставена на профитери кои продаваат термин од саат и пол за 800 денари можеби е евтино ама тоа се пари за во џеб , ништо не с евраќа во салата , колку пати сме играле денски бидеќи навечер им е скината струјата тоа е премногу...
`
 
T

Torchyrus

Гостин
Ни треба нешто како Белградска Арена не само сала ... него таму да се одржуваат и концерти и такви настани ,а не како Б.Т пин понг , куглање и слични срања ...
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56
Нема да можеме да организираме ЕП или СП во кошарка, ракомет, одбојка ради тоа што немаме стратегија и што се задоволуваме со малку. Кога Хрватска и Србија правеа сали од по 20 000 гледачи ние правевме од по 8-10 000 (во прв момент така се најавуваше) за да подоцна ја смалат БТ на 6 000. Второ освен што немаме сала во скопје со барем над 10 000 гледачи каде што би се играло финалето, во останатите делови на Македонија не гледам сали модерни од да речеме најмалце 5 7 000 гледачи. На сите им треба реновирање. А богами во вакво време кога народов нема леб да јаде ќе почекаме на реновирање. Трето по кој знае кој пат се појавува немање на јасна визија и стратегија кај нас. Па луге ние даваме пари за хокеарски игралишта, за игралишта за тенис, за багминто и други глупости. А мораме да сватиме едно дека парите за спорт се тие и треба рационално да се искористат. Или ке играме ракомет, кошарка и фудбал и ке постигнуваме рзултати, или ке играме се од хокеј до багминтон но нема да помирусуваме ЕП и СП.
На крај сакам да кажам да не се срамиме во блиска иднина, да не бараме организација на ЕП и СП затоа што немаме ни услови ни стратегија.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Значи пошо мислите на ЕП/СП кошарка или ракомет МАЖИ; треба да се знае дека ЕХФ и ФИБА европа имаат високи стандарди, посебно за машките натпреварувања. Ако читате venues на википедија ќе видите дека минимумот е околу 4500 гледачи, а според стандардите на европа нема шанси ниедна сала освен БТ реално толку да собира, значи НЕМОЈ да ширете дезинфомации од википедија за капацитетите на салите во Кавадарци, Охрид, Прилеп и други. Услов за организирање за такво првенство се 4 градови домаќини минимум. Значи 4 сали за првата фаза.

БТ-Скопје-аеродром
Куманово-Близу до СК аеродром.
Охрид-аеродром, сместувачки капацитети.
Битола-близу од Ох аеродром.

Кавадарци, Струмица одма отпаѓаат. Нема хотели, инфраструктура, аеродроми. Ништо нема.

За втората фаза две нови сали секако. Една во Скопје, во аеродром најдобро. И едната треба да е во град каде што има екипа со амбиции и публика. Битола би требало.

И секако дека е потребно јаки клубови, да се искористат после салите.

Инвестициите се големи, 100 милиони евра само во сали, инфраструктура и организација настрана. Но и добивките се големи. Инфраструктурата и салите остануваат на идните генерации.;)

Значи скоро и да е невозможно нешто вакво да се деси во скоро време, но едно е јасно дека по овие успеси БТ салата е мала. И јасно е дека минимум 50 милиони евра за нова сала без после константно да се користи е невозможно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom