Македонија - Шведска (7.4.2012, 16:00 ч.),Скандинавиум арена-Гетеборг

Статус
Затворена за нови мислења.

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
Абе битно учествувавме па и вие сега
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.234
Бранче и Филип Лазаров на лев бек неподвижност 100%, кај е Стојанович, каде се младите засилувања, можеби и Стојчевски да се убрза играта нека земат некој само за ротација за нови комбинации не пивот што ќе дреме на клупа, Унгарија и Шведска максимално ги користат во ротација сите играчи, епа со 5 играчи не се оди на Олимпијада...
Во право си, Стојчевски не само што е брз има и одличен скок шут, тој во одредени ситуации квалитетно би го одмарал и Мојсовски . Треба и мора да сменат нешто со левата страна.

Јас зошто се смеев пред некој ден на изјавата на Ванчо дека ќе играле и за повредените за да го видат Лондон. Значи списокот за евентуален Лондон веќе е составен, повредените ќе се оправат и ќе се вратат и тоа е тоа........затоа немаат лице да повикаат играчи или откажуваат како Левов.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Кажи жити се дали на овој турнир видовме дека тоа е возможно? Па која заслуга за 5 место ако после тоа не го оправдаш орденот?
Ние и на СП 2009 освоивме 11то место кое се сметаше како висок пласман и голем успех, па после се виде дека сме просечна екипа бидејќи три години не успеавме да поминеме квалификации и баражи, континуитетот го немаме, Унгарија, Шведска се екипи што играат по првенства секоја година, користат по 12 играчи имаат многу комбинации. Кај нас нешто почна да се работи ама уште фали многу, има проблеми во федерација. Ова Европско ни ги замачка очите.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.029
Поени од реакции
21.583
Кажи жити се дали на овој турнир видовме дека тоа е возможно? Па која заслуга за 5 место ако после тоа не го оправдаш орденот?
е шо треба сега да ги истепаме???
прошлиот пат си заслужија и си добија пречек, сега ја посраа и нема да има пречек.
ако одиме по твоја логика значи ако освоеја прво место неокогаш и сега не се пласираа треба да ги обесиме сите на плоштад.
јбг спорт е тоа. таман работа ако очекуваш дека секогаш ке бидат први или подобри од прошлиот пат.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Во право си, Стојчевски не само што е брз има и одличен скок шут, тој во одредени ситуации квалитетно би го одмарал и Мојсовски . Треба и мора да сменат нешто со левата страна.

Јас зошто се смеев пред некој ден на изјавата на Ванчо дека ќе играле и за повредените за да го видат Лондон. Значи списокот за евентуален Лондон веќе е составен, повредените ќе се оправат и ќе се вратат и тоа е тоа........затоа немаат лице да повикаат играчи или откажуваат како Левов.
Затоа и не се пласиравме, не може госпдо да ти даде херој да бидеш ако не заслужуваш, и затоа викам дека не ги оправдаа ордените кои ги добија. И не може сека некој да ми каже дека не заслужуваат критика.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.029
Поени од реакции
21.583
Затоа и не се пласиравме, не може госпдо да ти даде херој да бидеш ако не заслужуваш, и затоа викам дека не ги оправдаа ордените кои ги добија. И не може сека некој да ми каже дека не заслужуваат критика.
никој не спомна критика за ракометарите, моето реплицирање беше за нешто сосем друго што нема ама баш никаква врска со спортот.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ние и на СП 2009 освоивме 11то место кое се сметаше како висок пласман и голем успех, па после се виде дека сме просечна екипа бидејќи три години не успеавме да поминеме квалификации и баражи, континуитетот го немаме, Унгарија, Шведска се екипи што играат по првенства секоја година, користат по 12 играчи имаат многу комбинации. Кај нас нешто почна да се работи ама уште фали многу, има проблеми во федерација. Ова Европско ни ги замачка очите.
Коментар на место, тоа сакам да го напишам меѓу редови, ама не ем разбираат, а тоа сакам овде челновите да го сватат. И затоа издугнувањето до небо со ордени и пречеци не ги заслужија затоа што не ги оправдаа за пласман на олимпојада.
--- надополнето: 7 април 2012 во 21:07 ---
е шо треба сега да ги истепаме???
прошлиот пат си заслужија и си добија пречек, сега ја посраа и нема да има пречек.
ако одиме по твоја логика значи ако освоеја прво место неокогаш и сега не се пласираа треба да ги обесиме сите на плоштад.
јбг спорт е тоа. таман работа ако очекуваш дека секогаш ке бидат први или подобри од прошлиот пат.
Требаше да бидат скромни и да ги одбијат ордените и даваат скромни изјави ако беа свесни дека се просечна екипа. Тогаш ќе беше друга приказна псоле овој трунир.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.029
Поени од реакции
21.583
Требаше да бидат скромни и да ги одбијат ордените и даваат скромни изјави ако беа свесни дека се просечна екипа. Тогаш ќе беше друга приказна псоле овој трунир.
мислам дека муабетот ти е нереален.
ајде не е крај на светот. можеби е подобро вака ако гледаш долгорочно. можеби ке се средат некои работи во спортот.
видовме дека можи и дека е изводлииво, само малце да се средиме внатре. пред тоа и до овде немавме стигнато, сепак е успех нели.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.234
Коментар на место, тоа сакам да го напишам меѓу редови, ама не ем разбираат, а тоа сакам овде челновите да го сватат. И затоа издугнувањето до небо со ордени и пречеци не ги заслужија затоа што не ги оправдаа за пласман на олимпојада.
--- надополнето: 7 април 2012 во 21:07 ---


Требаше да бидат скромни и да ги одбијат ордените и даваат скромни изјави ако беа свесни дека се просечна екипа. Тогаш ќе беше друга приказна псоле овој трунир.

Не заборавајте на тие квалификации не бевме просечна екипа него екипа која ветува, но за самиот турнир во Хрватска го исфрлија Раде, му наместија дека го удрил тренерот...му ја уништија кариерата....надевам се дека Раде ќе прозбори околу тоа"
Да не се залажуваме дека во Унгарија незнам колку ракометари имаат па незнаат кои да ги изберат, видовме дека Кубанец ги спаси, ама тоа е национален интерес вратија и Кубанец само да се пласираат и во овој контекст Киро е за критика ако уценува репрезентација за братму да игра со тоа си го сруши својот сон и сонот на цела Македонија и тоа е за критика, а факт е дека уценува пошо се гледа колку го бива Филип.Л"
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
мислам дека муабетот ти е нереален.
ајде не е крај на светот. можеби е подобро вака ако гледаш долгорочно. можеби ке се средат некои работи во спортот.
видовме дека можи и дека е изводлииво, само малце да се средиме внатре. пред тоа и до овде немавме стигнато, сепак е успех нели.
како не сум реален? Па кажи м ити искрено, дали заслужи златко мојсовски орден? А тоа што лапнаа по 5.000 евра да не спомнувам. Ако има награда, зашто нема казна?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Абе се виде во периодот од 2009 до 2012 преку две врзани првенства, се сменија тројца селектори, зенитот е тој со овие играчи освен Манасков кој улета во меѓувреме нема промени, тоа е фактот со оваа постава, ако требаше некој да се бара, првенствено тоа беше ЛЕВ БЕК, и крила, да се наметне подобра тактичка концепција и поголема ротација. Сега после војната сите се генерали меѓутоа тоа се факти кои селекторот и федерацијата ги премолчија!
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Тренерот да си даде оставка сместално.
Борко иако бранеше солидно,беше и голема флегма.
Лазаров очаен.
Маркоски под просечен.
Митков комедија,иако играше многу малку се виде дека е неспособен.

Ова беше најслабиот состав на Шведска во последниве неколку години,имаат доста повредени.Да играше Алм(не знам дали е пензиониран од националниот или е повреден) ке не направеа расол од пикерска позиција.Јернемир топ 3 одбранбен играч а Лархолм како ја криеше топката,тоа чудо беше(доста интересен шут).Андерсон одигра како вистински лидер,ја презеде одговорноста и успеа.Иако голманите треба да понесат одговорност за неколку гола од Андерсон кој беа од 10метри.

Нашава селекција е доста стара и ке видиме што ке се случи во следниве неколку години,потребен е висок лев бек и организатор на играта,бидејќи кога сме во напад изгледа како да ја "силуваме" играта,а и тактиката да се чека до последна секунда за шут е доста глупа.Кога ќе се оформи одбраната на солиден тим како Шведска тешко е да се направи некоја акција,па и затоа доста шута се од неизградена позиција.Според мене странски тренер би било подобро да се земе бидејќи моментално нема Македонија тренерски асови во ракометот.Освен ако Пепи Манасков проба,што не би било чудо.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Вака сега, да си кажам што имам после овие два натпревари, зошто тој натпревар утре не смее да ги смени импресиите. Факт е дека не заслуживме да идеме во Лондон. Не заслуживме, ама не поради јачината на Шведска и Унгарија, туку поради нашата катастрофална игра. Шведска и Унгарија не се којзнае што, ама ние бевме очај. Креативност 0, одбрана 0, тактика 0, Шундовски без памет. Кире можеби ги изигра двете најлоши утакмици во неговата кариера, а Митков, Ангеловски и Борко беа катастрофа. Останатите беа солидни, но никој не беше одличен.
Публиката не беше лоша, а е дефинитивно најдобрата публика од сите квалификациски турнири што се играат моментално.

Криво ми е поради тоа што имаме кловн за тренер, поради тоа што се случуваат гадни игри во репрезентацијава и се поставуаат авторитети, а поради тоа само репрезентацијата страда. Криво ми е што поради тие игри репрезентацијата не може вистински да се покаже колку вреди. Криво ми е што Темелков се повреди, Стојанович, Георгиевски, Мајнов, Кузмановски не беа повикани. И за крај, мислам дека и Филип Лазаров требаше да добие шанса денес. Каков, таков, ама додека играше он имавме добар резултат со Унгарија и имавме добар резултат со Шведска на европското.

Тоа е што е, ова не смее да не врати повторно на нивото после светското во Хрватска, како од играчки, така од навивачки карактер. Мора да се продолжи да се бодри репрезентацијава секаде и секогаш, без разлика на тоа што ќе се случува понатака.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.234
Абе се виде во периодот од 2009 до 2012 преку две врзани првенства, се сменија тројца селектори, зенитот е тој со овие играчи освен Манасков кој улета во меѓувреме нема промени, тоа е фактот со оваа постава, ако требаше некој да се бара, првенствено тоа беше ЛЕВ БЕК, и крила, да се наметне подобра тактичка концепција и поголема ротација. Сега после војната сите се генерали меѓутоа тоа се факти кои селекторот и федерацијата ги премолчија!
Не е за генерали после војна, треба да извршиме притисок за да ги сменат работите. Инаку сите трубиме и пред "војната" дека некои играчи не заслужуваат за репрезентација.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.029
Поени од реакции
21.583
како не сум реален? Па кажи м ити искрено, дали заслужи златко мојсовски орден? А тоа што лапнаа по 5.000 евра да не спомнувам. Ако има награда, зашто нема казна?
искрено тогаш да, сега не.
ама што треба да им го земиме, да ги вратат тие 5000 евра.
ајде ти се молам , ова веќе спаѓа во детски муабет.
и каква казна. ајде на колци да ги пречекаме сега!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom