Македонија - Хрватска | 21.01 @ 20.30ч | Група1

Која е подобра?


  • Вкупно гласачи
    105
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
M

mordekaj

Гостин
@Tomasino
Те поштуем каа познавач на ракометната игра, ама да речиш дека Марјан Колев беше јак среден, е тоа никако не ми оде у главата.
Да му ибам тоа кавадаречкиот коњ.
:D
 
Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
1. Мора да ги изиграат овие 3 утакмици без никаков притисок, да не се оптоваруваат дека мора да победиме два натпревари, да бидеме тоа и тоа место итн. Ако успеат во тоа има шанси сите да ги победиме. Главната цел е остварена, поминаа група и то е то.
2. Мора да добијат шанса сите играчи на овие 3 утакмици. Вечер нека почне со Кузмановски, барем 10-15мин ќе ги одмори и Прибак и Јоновски. Нека му даде минутажа на Вилипче, Мојсо, Пешевски.
Ако играат по 50 мин Прибак и Миркуловски тури им пепел веднаш.
Зошто одиме тогаш со 16 играчи? Најлошо е кога немаш доверба во играчите, ротација мора да има, каква таква!!!
3. Вечер колку што можеме повеќе да ја умртвиме играта, ако се бркаме по терен со нив ќе не плеснат 10 разлика. Најбитно да ја сопрат транзицијата нивна. Убедливо најјаки во свет се таму.
Дувњак влече, Штрлек и Чупич додека трепнеш се пред нашиот гол.
4. Најверојатно ќе почнат 6-0 одбрана па ќе менуваат во 5-1 доколку не одат работите. Можно е и да почнат 5-1 одбрана со Дувњак напред. Го уништија Исланд со таа 5-1 одбрана, затоа нашите мора да бидат спремни на тоа.
5. Сега ако не ги тепаме незнам кога. Коа дојде ред Циндриќ да игра за Хрватска репрезентација, се е кажано :tapp:
 
Член од
21 март 2014
Мислења
512
Поени од реакции
375
Се плашам само едно нешто ако му дадат на Мирко да си почне серија е тогаш ќе не сотрат.
А иначе Ивица за кој к ги зима Кузмановски , Дупјачанец ако не им дава минутажа ? Па дај му шанса ако видиш еве барем Кузмановски може да фукне 2 гола и мајни го после ако се плашиш. Па на секој 2 дена има натпревар кој издржува толку мајката ? Дупјачанец треба да влезе ако не скрпи Борко 3-4 одбрани до 10 минута. Најмногу се нервирам кога ќе зема Обрван да кара цела утакмица значи ми искина нервите со Прибак против Србија дечкото цел меч изигра гол не даде значи ... Ако прави вака мењам канал ич не се замарам ...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.455
@Tomasino
Те поштуем каа познавач на ракометната игра, ама да речиш дека Марјан Колев беше јак среден, е тоа никако не ми оде у главата.
Да му ибам тоа кавадаречкиот коњ.
:D
Не знам друже,неговите игри во Вардар на времето не ми делуваа како слаби,плус тие години кога беше Колев среден,Маљцев десен и Каландадзе лев почна подемот на Вардар,после се менуваа леви/десни бекови Колев остануваше стандард плејмекер,со него имаа и полуфинале на КПК 99...
За мене тој е повеќе од солиден среден,секој си има различен вкус...[DOUBLEPOST=1453389285][/DOUBLEPOST]ААААААА и после се лути дека не го зеле за репка...
Хаха,шо УМ ЧЕКАШ ОД ОРКА?:гик:
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.185
Поени од реакции
1.112
Борко ако нема двоцифрен број на одбрани, губиме.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ќе добие Фитиљот денес шанса,порастеретени се сега.Киро ги обожава коцкастиве,ќе го седне на клупа Мирко брзо брзо.:P

Им олесни малце на душата,ќе тучат денес од кај стигнат.:misticen:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Вечерва тешко ќе биде. Хрватска до сега добро играше, иако не го ни очекував тоа од нив. Но да се надеваме дека нашите и во второ полувреме ќе останат засилени и будни, и ќе ги победат Хрватите.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!:oeoeoe:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.231
Поени од реакции
4.995
Ако не ја добиеме сега оваа раштелована Хрватска, со толку глуп тренер како Бабиќ, нема никогаш после да ги добиеме !
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.482
Поени од реакции
68.983
Хахахахахахахаха, се смеам како луд на видеово, ваљда нема да биде волкав ретос кога ќе потпорасне, ипак сеуште е млад. Али цела реклама е ретардирана, а дибеков чита од негде,ми личи како да го испрашуваат на час по биологија :pos::pos::pos:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ниту треба да се крева фама дека ќе ги победиме оти биле во најслаба можна форма, ниту пак треба да се уплашиме - хрватите се навистина ранливи, а и ние иако сеуште немам победа на првенството реално никогаш не сме биле подобри.

Клучот на натпреварот е запирањето на хрватската транзиција. Џабе зборуваме за пикерите, за бековите или за било која аспект од нивната позициона игра. Со Хрватска во позицион напад ние можеме и тоа како да се носиме. Проблемот се Дувњак како прв примач на топка од голманот или одбраната со Чупич и Штрлек на двете страни во транзиција. Појака транзиција не знам дали некој има. Ова ако го заприме ќе имаме добар натпревар. Дали доволно за бодови ќе видиме...

А инаку за нашата екипа, мора да ротираме на бековите на овој натпревар, а мислам и дека ќе ротираме. И тоа Кузмановски пак како и со Франција треба да игра и се ми се чини дека и Обрван така мисли и очекувам да игра па дури и да стартува.

Загубени топки не смееме да имаме и мислам дека Наумче може да одмара на овој натпревар. Во принцип ни треба слична игра како против Франција. Тоа е начинот на кој треба да се поставиме отприлика.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.975
Поени од реакции
84.453
Во последни 5 минути и оваа ќе се решава.

Не дека измислив топла вода, ама, би се изненадил ако Хрвативе водат 3-4 гола разлика цело време
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom