Не претеруј сеа!
Против Полска и Франција не беше на наша страна судењето ама тоа е и ненормално да го очекуваш. Против Србија и денеска беше. И тоа многу.
И уште ова. Искуството! Значи почнувајќи од 2012 навака ова е петто последователно првенство на кое играме. Сме одиграле милион вакви натпревари. И не е возможно пак да ги повторуваш истите грешки и да паѓаш во ист момент.
Единственото оправдување за евентуалното паѓање во последната третина на мечот што го имаме е кратката клупа. Но на ова ЕП тоа ни се деси само против Франција и таму стварно беше глупо да ги критикуваш, јер играш против репрезентација која е ненормално поспремна од тебе. Ама да се држиш до 50 минута, во последните да паднеш но сепак да ти се укаже шанса за поволен резултат ко што беше со Полска и Норвешка, едноставно нема оправдувања за неуспехот!
Која е бе таа потреба бе Кирца да не го слушаш Обрван? Разбирам дека си со тројно поголем углед во него, ама не ја прави македонската. Послушај го тренерот и после обвини го затоа што он згрешил!
Сеа ќе го обвинуваат пак Обрван, а згреши он самиот, ДВАПАТИ НА ПРВЕНСТВОВО!!!
А баш денеска беше во форма, ебваше маме и пак се испичка на крај. Не мислам тука на последната акција него на акцијата 5 минути пред крај кога искочи сам на 6 метри со голман и место да шутне му ја даде на Георгиевски у факинг мртов агол бе! Не ми скокајте сеа тука, не го кењам Кире, ама овие грешки кои ги прави се фатални.
Ко шо се фатални дебилните игри и грешки на министерот за дегустација. Ако има одбивен играч кај нас, убедливо е тој. Не ми се верува бе му ебам фацата самобендисана, ај ако Кире заслужил со квалитетот да биде над сите, со шо заслужи дебилов? Едино со тоа шо му е другар можеби. Чист просечен голман кој има една јака на три утакмици и не знае да брани читливи бековски одбрани.
Реално треба да се има и среќа во спортот, многу. Ние ја немаме и тоа е неоспорен факт. Во 90% од случаите сме ја немале. Ама сме биле во многу ситуации во кои сме имале шанса да не оставиме среќата да решава. Ко денешниов меч. Имаш 5+ разлика, треба мирно да го сведеш до крајот, ти ја усеруваш работата со аматерски грешки!
Прочитав многу коментари кај што бараат кондиционен тренер. Мислам дека не е тоа проблемот. Главниот проблем е психологијата, ни треба психолог, оти физички не сме инфериорни веќе.