Лошо искусво со DV Lottery for green card USA

Член од
18 октомври 2011
Мислења
72
Поени од реакции
83
Да, ја отворив апликацијата, ама така бидна пошто за друго појдовме во таа агенција, а завршивме со апликација за виза, која прашање е и да ја добијам, дали ќе ја искористам. До последен момент нема да знам. Само 2013 можеби ќе се влошат работите во државава можеби ќе се подобрат. Ако добијам виза, тоа ќе биде џокер сепак.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Ако идеш преку агенција сигурно ќе добиеш...дополнителен трошок:vozbud:
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
146
Поени од реакции
60
Во темава се начитав 100 кила глупости. Какви кредитни карти, какви матични броеви, какви глупости, какви агенции. Па уште и да плаќаш на некого да ти пополни 5 реда. Тоа би му дошло ко да плаќаш на некој акаунт на фејсбук или јаху да ти направи. Да не збориме за на Кајгана :).
 
Член од
5 август 2010
Мислења
222
Поени од реакции
50
Има ли некој искуство со туристичка виза за во Америка, на 7 јуни треба да одам на интервју (за прв пат) имам близок роднина таму па затоа планирам да одам. Дали некој знае општо нешто околу интервјуто, знам дека е на англиски нормално, но што прашуваат и сл.. :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
onak на која веб страна си аплицирал?
на кајгана форумов се закачувам после дооооолго време... ја увидов МОЈАТА ГРЕШКА на аплицирање... значи сајтот на кој имам аплицирано ги пополнува и праќа во ваше име апликациите, но е дефинитивно сајт кој се бави со собирање податоци. имено, јас кога го пишував текстот на форумов, претходно неполна година аплицирав на овој сајт:
http://www.usafis.org/the-usafis-green-card-process/

и ми наплатија за услугата преку картица-онлајн... после тоа зачестија оние телефонски јавувања и хакот на картицата. во меѓувреме од тогаш до сега сватив дека единствен оригинален и легален БЕСПЛАТЕН сајт за апликација на зелена карта за сад е:
http://www.dvlottery.state.gov/

тој веб сајт е на владата на сад. сите други сајтови се сјатови кои профитираат од апликанти. имаше луѓе кои културно ми објаснија дека сите веб сајтови кои се бават со прибирање податоци под паролата онлајн услуги при апликација во продолжение на името на сајтот имаат ознака .org или .com додека владини сајтови завршуваат со .gov и само така можеш да бидеш сигурен дека нема да бидеш излажан... јас бев излажан од сајт кој не е директен претставник на владата на сад. тоа е тоа... ама нападите одпосле се страшни... толку се слткоречиви, а паѓаш на муабетот дека прво и основно ги имаат сите твои приватни податоци, понатака нели ке бидеш известен на 3 можни начини дека си избран меѓу кои е и телефонско јавување, баш тоа и се деси.

значи да повторам и да се извинам дека дв лотери програмата која мене ми беше наметната преку тој сајт не дека е лажна, бидејки реално аплицираат во твое име, но дека не е она вистинското, т.е. лажно е и ти наплаќаат за услугата...
--- надополнето: 25 мај 2013 во 02:51 ---
Има ли некој искуство со туристичка виза за во Америка, на 7 јуни треба да одам на интервју (за прв пат) имам близок роднина таму па затоа планирам да одам. Дали некој знае општо нешто околу интервјуто, знам дека е на англиски нормално, но што прашуваат и сл.. :)


јас сим бил на тоа интервју. ништо страшно. биди релаксиран, опуштен и понашај се нормално. прибери ги сите потребни документи што ти ги бараат и гледај да покажеш дека имаш намера да се вратиш во МК... тоа го прикажуваш со документи за имот, возила, бизнис евентуално или добро вработување... немој да правиш фалсификати зашто не вреди тоа, а и кад тад се дознава се.

прво ке идете (цела група на луѓе закажини во тој термин) на еден шалтер, кај што ги предавате документите и пасошот, после идете во друга просторија кај што има друг шалтер и кај што е интервјуто. на предавање на документите ке те прашаат дали ти треба преведувач. значи ако не си нешто подкован многу англиски, имаш право и на преведувач. а самото интервју начелно е гола вода. ке те прашува кај ке идеш, која ти е намената на посетата и такви некои ситници, веројатно и ке те потпраша што работиш тука и како живееш.. сите одговри што ке ги дадеш ти повторувам да бидат некако тесно врзани, позадински дека имаш 100 постотна намера да се вратиш во МК. ако и нај малку намириса дека имаш намера за вечни векови да останеш во уса, не ја добиваш визата...

и на крај, после интервјуто, документите ги добиваш одма назад, пошто нели тие се за увид, а ако нај горе наместо пасош добиеш едно картонче. тогаш ти честитам, си добил виза, а ако го добиеш пасошот назад, тогаш повеке среќа следниот пат. а да, должината на визата нема да знаеш колкава ке ти биде се додека не ја видиш визата во пасош и колку пишува на нејзе... јас и сопругата моја добивме виза...
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
11
Поени од реакции
1
Јас поднесов документи, слика податоци и слично, ама преку агенција. Иако преку линкот можев сам, сепак мислам дека локалните агенции ги знаат маните повеќе од мене. Тоа го наплаќаат 400-600 ден.

Прашањето е..што после, кога ќе добиеш виза која мислам дека трае 15 години (може грешам) и мора да влезеш во USA во наредните 6 месеци.

За да отидеш во USA, па макар и со green card, потребно е некој да ти помогне на почеток за сместување, додека најдеш работа.
Тука доаѓа на тест среќата и снаодливоста. Работата е таа која ќе те направи човек таму. Ако не најдеш достоинствена работа, џабе патот.

Да бидам малку оптимистички настороен....кој отишол, не се вратил. Така да...

Preku koja agencija aplicirashe?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Koja e официјалната страна за електронско аплицирање, http://www.greencardlottery.org или https://www.dvlottery.state.gov? Се плаќа аплицирање или не пошто гледам на првава страна околу 100$ е за едно аплицирање.
Јас знам страна за аплицирање, дај ми 50$ ќе ти средам се.

п.с. А да прочиташ погоре што е напишано на странава нема да биде лошо. Поздрав,
 
G

garthok

Гостин
Јас знам страна за аплицирање, дај ми 50$ ќе ти средам се.

п.с. А да прочиташ погоре што е напишано на странава нема да биде лошо. Поздрав,
Видов после де, ме мрзеше да едитирам. Глеаш можело и преку таа страна, ко посредници нешо значи не е скем сајтот
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Видов после де, ме мрзеше да едитирам. Глеаш можело и преку таа страна, ко посредници нешо значи не е скем сајтот
Ама што ќе ти се посредници, многу е едноставно аплицирањето, посредниците само ти попоолнуваат формата што можеш и ти сам да ја пополниш. Не аплицираш за бугарски пасош па да идеш преку посредници.
 
G

garthok

Гостин
Ама што ќе ти се посредници, многу е едноставно аплицирањето, посредниците само ти попоолнуваат формата што можеш и ти сам да ја пополниш. Не аплицираш за бугарски пасош па да идеш преку посредници.
Абре поентата ми беше дали сајтот е скем пошо го гледам со години е активен и не ми беше јасна логиката, ниту сум аплицирал ниту планирам да аплицирам за грин кард. Олади
 

Kajgana Shop

На врв Bottom