Лингвални фиксни протези

Член од
4 август 2008
Мислења
48
Поени од реакции
0
Внатрешна фиксна протеза

Фиксната протеза се става на внатрешната страна на забите, со која со сигурност го избегнуваме неубавиот изглед на жици во устата, кој сепак ги има меѓутоа не се гледаат..

Имам слушнато и прочитано дека прават вакви протези, но ништо поконкретно неможам да најдам.
Дали ги има кај нас..?
Дали некој од вас има искуство со ваква протеза?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
На клиника уште не се почнати да се монтираат колку што знам, а некои од приватните ординации веќе го прават тоа. Цената е отприлика 1000 евра за една, макар што јас не би ги препорачала, како и самите стоматолози, ама им се исплаќа да ти ја понудат, затоа што ќе соберат пари.
Јас не ти ги препорачувам затоа што ќе ти направат рани на јазикот и ќе го видиш Господ додека ги исчистиш после јадење. Стави си обични, најнормални, што ќе се трошиш, и така ќе ги извадиш за година дена :smir:. И јас имам обични.
Верувај ми, стоматолог е татко ми, знам што зборувам :) Да беа асални внатрешниве и јас ќе ставев такви.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Лингвалните фиксни протези, поточно, фиксните протези кои се ставаат од внатрешната страна на забните лаци, од страната на јазикот.


Предности на лингвалните протези

Како прво, лингвалните протези се ставаат од внатрешната страна, така да другите од прв поглед не можат да забележат дека носите фиксни протези. Лингвалните протези ги исправуваат забите скоро во исто време како и обичните (букални), но сето тоа зависи и од видот на аномалијата која ја има пациентот.

Лингвалните протези се особено добри за вработени, деловни луѓе кои имаат контакт со странки и на некој начин би сакале да избегнат нивни реакции во врска со ортодонтскиот третман, актери, луѓе вработени во телевизијата, како и спортисти, поготово оние кои имаат меѓусебен контакт со противникот.


Негативности на лингвалните протези


И кога мислиме дека се` е совршено, секогаш постои едно „ама“. Малку е потешко човек да се навикне на овие протези отколку на класичните. Има неколку причини за тоа.

Една од нив е загризот. Многу е важно каков загриз има пациентот. Нормално ќе биде како што ќе изминува времето вашиот загриз да се менува, што е случај со сите протези, па додека не се намести како што треба, ќе треба да внимавате кога јадете и да гризете пополека, да не откачите некоја брикета (тие желевцата што ви се залепени на заб), поготово затоа што некои од ортодонтите во земјава наплаќаат такви работи, но исто така да не ги скршите долните заби.

Втората лоша работа е самото место каде што се наоѓаат протезите. Тука е јазикот. Можете само да претпоставите какви рани ќе ви прави протезата на јазикот за тоа време додека ја носите. И миењето заби нема да биде толку многу лесно. Голтањето и џвакањето ќе бидат ограничени.

Третата, и можеби најлоша работа е што ќе зборувате како тригодишно дете првите недели, а можеби и во текот на целиот третман. За да имате некоја претстава во главата како би збореле со внатрешна фиксна, позиционирајте го јазикот меѓу забниот лак на долната вилица, не го мрдајте и пробајте да изговорите неколку зборови. Тука е најголемиот минус на овие протези, затоа што создава повеќе потешкотии во зборувањето отколку сите други видови на протези.

Цена

Ќе кажам за Скопје, затоа што отприлика тука знам колку е цената, иако на прсти се бројат ортодонтите кои се решаваат кај своите пациенти да вградат вакви протези. Една внатрешна фиксна протеза чини 1000 евра, 700 евра повеќе отколку класичната фиксна протеза.

Сега ќе кажам и мое видување за оваа нова мода:).
Имам јас од класичните фиксни протези и секоја вечер, поготово ако сум јадела телешко, маста ми се вади додека ја исчистам, храната помеѓу брикетите со помош на интрадентална четка и конец за заби. Не ни сакам да претпоставам како би им било на тие со лингвална фиксна ако им се заглави нешто :(
Друго, јазикот е проблем. Кога ќе станам од спиење, имам осет дека по образите некој ме бодел со игла, поготово првата недела откако ми ги ставија, потоа се навикнав:), можам да замислам јазикот како ќе боли :( Па и зборувањето.. Па и цената:). А исти брикети, прстени и сајли се употребуваат, само тоа што треба да се монтираат одвнатре крева цена :uvo:
Единствена позитивна работа според мене е што не се гледаат. Кога го прочитав другово, не зажалив што имам вакви протези.

Темава ја отворив воглавно за некои членови што прашуваа какви се тие протези, па еве им детално објаснување :)
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
На почетокот кога читав и кога ја видов сликата се` изгледаше совршено, ама откога ги прочитав недостатоците навистина ни јас не зажалив што сум носела фиксна на времето.

Башка цената!:nesvest: Толку поскапо, зошто? -Заради тоа што биле од внатре. Пффф...
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Мислам дека ова е единствената протеза што би ја носела:)

Според местото не само на почетокот туку цел период би зборела како дете или би шшкала:)
 
S

SSS-Stolica

Гостин
јас да почекав уште некој месец да не ставев фиксна(од надворешната страна)сеа ќе носев вакво ама не поминав арно ми ставија лингвален лак и хиракс(извадени ми се) па едвај зборев ај сеа за некој месец ќе ми ја извадат
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе големо чудо па сеа и да се гледаат протезите кога знам за мое добро се. Какви сакаат нека се мене не ми пречи. Тоа само на почетокот додека да се навикнам на нив ама сеа немам проблем.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не ми се свиѓаат овие. Зошто на пример ако треба да носиш ластици за да оди вилицата напред(или назад) од шеска на тројка да ги стајш богами тешко ќе е.Мислам дека не ни вредат за париве, пубо ќе стајш од оние силиконски шо се со бели жици отколку вакви.
Тука е најголемиот минус на овие протези, затоа што создава повеќе потешкотии во зборувањето отколку сите други видови на протези.
е тука е врвот на моето неодобрување за овие протези. Шо ќе ми се протези да носам, а да неможам да зборвам нормално?
Една внатрешна фиксна протеза чини 1000 евра, 700 евра повеќе отколку класичната фиксна протеза.
уствари 2000 евра за протези и на долната и на горната вилица:nesvest:

НЕ ФАЛА!
 
Член од
28 септември 2008
Мислења
111
Поени од реакции
0
Јас сеа во јануари стаив класична фиксна протеза на горната вилица а за неколку недели и доле ќе стаам . Оваа нова мода со лингвални фиксни протези не ми се допаѓа , прво цената е премногу , второ не планирам да се остаам у веце коа ќе треба да мијам заби . Единствена позитивна работа им е што не се гледаат .. Значи не жалам што имам обична фиксна протеза:helou:
 

ηιкσlα

ılılı Сакам Зеленко ılılı
Член од
27 февруари 2009
Мислења
173
Поени од реакции
4
Drugata za mene e poefikasna,na ova izrabotkata ne mi se sviga..
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Не ми се свиѓаат овие. Зошто на пример ако треба да носиш ластици за да оди вилицата напред(или назад) од шеска на тројка да ги стајш богами тешко ќе е.Мислам дека не ни вредат за париве, пубо ќе стајш од оние силиконски шо се со бели жици отколку вакви.

е тука е врвот на моето неодобрување за овие протези. Шо ќе ми се протези да носам, а да неможам да зборвам нормално?

уствари 2000 евра за протези и на долната и на горната вилица:nesvest:

НЕ ФАЛА!
Очигледно не знаеш до какви последици може да дојде од криви заби. Протезите не се измислени само за естетика.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Очигледно не знаеш до какви последици може да дојде од криви заби. Протезите не се измислени само за естетика.
Јас зборував за овие внатрешни протези.. иначе си носам јас од тие нормалните
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
302
Поени од реакции
10
Па сигурно не се лоши и тие ... Јас си ги носам „нормалните“ фиксни презадоволен сум ...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Ma ne stavam fiksna proteza u usta pa so saka neka bide, nosev obi4na proteza (ne fiksna), 3 smeniv, site gi skrsiv, posto me nerviraa i u son gi vadev, ne gledav kaj i stavam i koga stavav protezata bese skrsena. Majka mi sakase da nosam fiksna ama doktorot ne dozvoli bidejki stom sum bila tolku nervozna i sum nemozela da izdrzam obicna proteza sigurno ne bi izdrzala ni fiksna. I taka sea si imam eden kriv zab.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Интересна ствар. Најмногу ќе патат денто-лингвалните гласови, али ќе се привикнеш и на тоа. Мислам, на сè се привикнува организмот, па не на ова.

Сепак еден чекор напред во ортодонцијата, мала револуција, нов правец. Кога би имал потреба и можност би ставил ваква протеза. Баш ќе се распрашам.

Џену ако знаеш од прилика кои ординации во Скопје почнаа да го работат ова?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom