Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Види го овој психопатов :facepalm: пу да ти ебам мајката у пичка.


Шишкарев и Циндриќ ја ебаа на крај иако овој вториов играше добро цела утакмица. Карачиќ втора утакмица по ред најслаб поединец. Македа исто.
И судиите да им се изнаебам све женско што си имаат.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.404
Поени од реакции
7.351
Lazarov crep 4 sedmerci utna , Sterbik gi odrzuvase Vardar , Shishkarev kakvi utki na kraj:icon_lol:
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
еееееј да ти ебам голманот :mad: Циндрич и Шишкарев ептен ја утнаа на крајот
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.154
Поени од реакции
28.922
Ццц кои цигани се овие барса, цела утакмица судиите ги одржуваат у игра на 10-6 четири пати пробивање ни суди. Па драмата со Македа на полувреме. Штета шо и нашите не шутираа малку подобро а не во голманот цело време.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.915
Посраа во последните десет минути се што градеа во другите педесет, од Карачиќ до Циндриќ и Шишкарев, првиот не знаеше што да напраи со топката на овие две утакмици против Барселона, на страна што судиите ги дупеа, не смееа да си дозволат таков пад, па сто пати шутна горе, нели го увидоа тоа по неколку обиди дека само тоа брани нивниот голман, јебем му матер.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Ми беше потребно некое време да ги смирам малку емоциите,
на крајот неколку зезнавме ние, но се на се одиграа дечките феноменално, борбено, а тоа што ни го сторија овие навидум “високо рангирани“ судии е срамота!

Се надевам дека барем како мала консолидација ( ако не за тимот барем за мене ) ќе следува казна од ЕХФ за арбитражата и тоа што по строга казна.

Првото место го изгубивме дефинитивно , тоа значи борба во уште 2 меча кои ќе ги избегневме и сега е на ред добар втор дел од настапите по групи.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.404
Поени од реакции
7.351
Де Варгас е злато играч , штета што Јиха има повреда и не може да даде целосен придонес , но тука се покрај Варгас е и Жалуз прав бомбардер , поради нив Барса е на оваа позиција , Томас капитенски одличен. (y)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Следна навреда ќе биде бан од тема и казнени. Да не биде не сум рекла.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Премногу самоуверено влезе Вардар во дуелот,шо е добро но во некоја мера и е заебано,посебно се покажа вчера кога влезе во црни дупки и дозволи Барса со лесна транзиција набрзина да анулира предност,а со последната црна точка на крај на меч и одбраните на Варгас и да го реши мечот..
Судиите,шо да се кажи за нив?:tapp:
Не знам кој се сеќава,ама уште на времето Скандинавските судии имаат историја дека САКААТ ДА БИДАТ ВИДЕНИ..


ФАЦИТЕ ДОЛОВНО ГОВОРАТ ЗА ЧОВЕКОТ,ВИДИ ГИ ШО СУРАТИ ДРЖАТ И СЕ Е ЈАСНО....:D

Не знам како се викаше една позната судиска двојка од мината декада,па пола Европа кукаше од нив,посебно ги уништија Хрватите на финалето на СП во Хрватска 2009...
Тоа ти се тие клети Скандинавци,посебна сорта на луѓе,посебно се ненаклонети кон Балкански екипи...
Погледнете ја снимката Загреб-Веспрем и се е јасно за каква "арбитража"прајме муабет..
Исто и Сегед ако добро се сеќавам се жалеа на нивното судење...
Го исклучуваат Илиќ без потреба,за никаков старт,непотребно сецкање на игра,непотребно дигање тензија,едноставно сакаат да бидат главни на терен...
Овие судења се за одземање лиценца,неам видено по-препотентни лигуши од Скандинавците,најмногу ги мразам од сите....гнасен народ,по,по....
Нема полошо од еден меч ако судиите го водат орото,а овде победува екипата која подобро ќе се прилагоди на тоа судење..
Веспрем доби изгубен меч во Загреб,Барса доби на психа вчера,Вардар сам си влезе во психолошка војна и дозволи нервозата да го диктира темпото...
Според мене два клучни моменти влијаеа на резултатот...
Судиите секако..
Но два поважни фактори беа клучни-нервозата кај Вардар и измешаната ротација на Раул во второ...
Посебно се виде на почеток на второ,кога беше исклучен Македа,за само 2 минути Барса анулира 3 гола...
За ова е крив и нападот на Вардар шо одеше на пребрзо завршување на напад,во вакви моменти не можиш ти да имаш и убава и брза игра и резултат...
Овие две работи не одат заедно,посебно не кога имаш расположен голман против себе..
Очигледно е дека скаутинг тимот на Барса добро си ја заврши работата,точно знаеше Варгас каде шутираат играчите,посебно бековите,речиси сите шутеви ги прочита,посебно во второ,освен тие шутеви на Македа при крај на прво,и тие бомби на Горбок кои не се бранеа,се друго лесно стопи...
Тие контри/зицери на Шишкарев,Марсениќ се едноставно игра КО ЈЕ ЈАЧИ...
Секогаш е така,секогаш играчот шо е во контра е во пол позиција-има забрзување,има скок шут,има преглед на цел гол,можност за побрзо размислување каде да ја упати топката,на голманот му преостанува само една работа ДА СЕ ПОСТАВИ И ДА ГО ЧЕКА ИГРАЧОТ КАДЕ ЌЕ ШУТИРА,а големите голмани едноставно те наведуваат на една страна,и те чекаат да одбериш агол и дури тогаш се отвораат,или креваат рака или нога и пробуваат да го заштитат голот....
Тука се делат голманите....Варгас е голем потенцијал,доста сталожен,и сериозен голман....
А и му се погодија играчите,да беа во тие контри Дибиров,Карачиќ тешко дека ќе имаше шанса за нешто повеќе...
Така одеше текот на играта,повеќе дупки имаше на страната кај Шишкарев,дали намерно Барса оставаше простор кај Шишкарец е добро прашање?
Исто добро прашање е зошто Брумен не доби шанса во второ?
Друга работа...
Раул тотално ја поеба тактиката во второ,и во одбрана и во напад...
Во одбрана дозволи голем простор за Жалуз,ако веќе одеше со таа 5-1,мораше тој индијанец да е залепен до Жалуз,да оневозможи проток на топка од десен на лев,и обратно..
Добро кажа и Клинчаров на крај,тие брзи укрстувања од линија во линија(Жалуз-Кире-Копљар)го решија мечот,зошто?
Зошто Македа е пребавен играч да го следи текот на топката,и се уморуваше од тоа движење на топка,и едноставно кога веќе ќе добиеше брза топка Жалуз од десен бек тоа значеше дека е спремен за шут,и немаше време Македа за реакција,пребрзо исфрлање на топка има Жалуз,а се креваше од 10ина метри,нема тука шо да се направи,едноставно тие акции беа нерешливо,истото го праеше и Менсах додека му одеше....
Тука ја реши Барса таа агресивна одбрана на Вардар,иначе не беше лош Вардар во дефанзива,Кире тотално аут беше,пак еден куп топки ги поеба...
Средниот бек исто така исфрлен,ако не се лажам Раул даде само еден гол,и тоа на сила,кога Тоскиќ очекуваше дека ќе се стопира нападот...
Одбраната на втор пикер слаба,доста топки успеаа да прифатат крилата и да се напрај голем вишок по страните шо доста се користеше....
Штербик повеќе од солиден,нема збор за младичот,но му фалеше подршка...
Нападот,целосно потфрли,ротацијата во втора целосно погрешна..
Ако не беа тие голови од Горбок немаше ни 10 гола да има Вардар во второ,топката до лево крило ја немаше..
Тоскиќ не ни влезе во напад во второ,самоубиство..
Да не го играш ти најдобриот пикер,кога се крши резултатот сам си го бараш..
Марсениќ по сето ова шо го прикажа овие 8 кола се докажа дека е тешко дрвце...
Премногу му ја набија цената на дечкото,не е ни чудо шо цела пролет ја помина во Партизан..:pos:
Џабе толкава висина има,кога не знае да се позиционира,да прими топка пред играч,да заврти играч околу себе,да прими топка во позиција за шут,да напрај блок..
Тотално бескорисен играч..
Можеби со послаби одбрани како оние на Кристианстад,Монпеље,Сегед не се гледа ова,ама против овие волови на Барса,како Виран Морос,Шипршак,Сораиндо,Јиха,Копљар се гледа пикерот...
Нека си бара Вардар пикер со време,зошто наредна сезона најслаба алка ќе биди оваа позиција...
Исто и лев бек нема да е лошо да ископаат,ако останат само со Горбок тешко...
Друга работа,не знам зошто играа заедно Карачиќ и Циндриќ,го убија нападот,немаше ни шутеви,немаше ни влезови(немаше ни можност за ова)..
На крај мораше мечот да го завршат со Горбок и Карачиќ...
Циндриќ против вакви одбрани се губи едноставно,тој е навикнат да игра со пониски играчи,против таква средина како онаа на Барса таков тип на играч се губи тотално...
Исто и Македа во второ беше резервиран,а му тргна во напад при крај на прво,требаше со него да се проба,посебно на таа страна кај Јиха,кога веќе не одеше шутот на страната кај Копљар...
Се виде дека има простор таму,посебно со тие топки кон Шишкарев...
Тие се тие мали детали кои го решаваат мечот...
Вардар влезе со нервоза во најнезгодниот момент и немаше шанси да се врати,посебно не откако цел меч го контролираш и во последни 4 минути противникот ти прај серија,тогаш и психички паѓаш....
И Барса не изигра ништо искористија нервоза кај Вардар и имаа среќа шо баш во клучните моменти Варгас скина неколку чисти зицери,иначе мечот сигурно ќе одеше во неизвесна завршница...
Со оваа победа речиси го резервираа првото место..
За второ ќе се борат до крај Киелце,Вардар и РНЛ,зошто да не и Сегед..
Каша попара ќе биди...
Многу работи ќе бидат појасни наредно коло кога меѓусебе ќе играат Киелце и Вардар...
Киелце вчера одвај тепа со Колдинг,со судни мака,резултатска нишалка беше цел меч(шо би рекол Југо):icon_mrgr:
Држ не дај цело време,на крај една топка го реши мечот,и со голот на Зорман се реши победникот...
Има шанси Вардар во Полска,за разлика од Барса Киелце е дупка во одбрана,таму ќе има голеада,ниѓшто чудно и 80 гола да паднат:pos:
Победникот од овај дуел ќе има речиси гарантирано 3то место во група,иако допрва следуваат разврските...
И Сегед можи да напрај големи проблеми во групата...
Интересна група во секој случај,далеку најинтересна и можеби и најквалитетна,со оглед дека Кил падна во форма,а и Веспрем не блеска засега....
Остануваат уште две кола и следува паузата...
Па после можат да се сменат многу работи..
Следуваат припреми за ЕП,па ЕП,еден куп тешки мечеви,па умор/повреди на играчи,па мал период од само две недели за враќање во форма..
Многу работи можат се сменат за овие месеци,екипата која ќе ги зачува главните играчи од повреди ќе има најголеми шанси за Келн....
За тоа 1/4 финале конкурираат дури 10 ина и тоа како сериозни екипи,со претпоставка дека ПСЖ И Барса веќе се во 1/4 финале...
Значи за преостанатите 6 места ќе се борат екипи како Веспрем,Фленсбург,Кил,Киелце,Вардар,РНЛ,Сегед....
Горе долу од овие екипи треба да се бараат патниците за Келн....
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.928
Поени од реакции
1.782
Не знам како се викаше една позната судиска двојка од мината декада,па пола Европа кукаше од нив,посебно ги уништија Хрватите на финалето на СП во Хрватска 2009...
Тоа ти се тие клети Скандинавци,посебна сорта на луѓе,посебно се ненаклонети кон Балкански екипи...
Судиите секако..
...
Olesen Per / Pedersen Claus Gramm

Вори сакаше да го закачит на едниот со топката.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Каква партија имаше Лауге Шмит за Флензбург, 11 голови од 16 удари.

Колку само изгубија Кил оваа сезона со трансферите, ги продадоа Јиха, Палмарсон и Лауге, затоа се и ваква мизерија сезонава, останаа без класичен среден бек, Дувњак и Кањелас ко паднати од Марс се сезонава.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Каква партија имаше Лауге Шмит за Флензбург, 11 голови од 16 удари.

Колку само изгубија Кил оваа сезона со трансферите, ги продадоа Јиха, Палмарсон и Лауге, затоа се и ваква мизерија сезонава, останаа без класичен среден бек, Дувњак и Кањелас ко паднати од Марс се сезонава.
А што да кажеме за Жалуз ? :)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
А што да кажеме за Жалуз ? :)
Со Жалуз беше подруго, Јиха беше во одлична форма, а Жалуз не добиваше доволно минутажа да го искаже својот потенцијал, истото со него беше случај и во Барса на почетокот. Патем и откако замина Жалуз беа донесени Дувњак и Кањелас.

Со овие 3ца што ги набројав изгубија доста, посебно на среден бек фали организација.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Не е проблемот на Кил кај Дувњак,баш добро си ја врши работата..
Речиси сам го носи цел напад на Кил...
Кањелас е опасно паднат во форма,страшно нешто....а не е ни тој крив,сепак го играат на лев бек повеќе,а не е како на времето,и тој полека паѓа и во кондиција и во сила...
Проблемот е шо немаат ротација на лев бек,па противниците го принудуваат Дувњак сам да завршува акции и да глуми главен шутер во екипа...
Згусната одбрана на средина,поагресивно излегување на Дувњак или Кањелас и отиде нападот на Кил..
Десните бекови се отсечени исто и мораат многу да работат за позиција за шут,Вајнхолд со влезови пробува нешто,Вујин од кај стигни шутира,и сериозен голман лесно се справува со ова..
Засега единствено играта преку крило им функционира како треба и тоа го вади....
Не е лесно да се заменат играчи како Јиха,Палмарсон,Лауге,3 играчи да изгубиш во бековска ротација а да се засилиш со Дисинџер,Мамелунд е во најмала рака несериозно,посебно за еден гигант како Кил,кој има +10 М буџет..
Дисинџер е добар играч,ама со една нога е,ете вчера со Мелсунген пак се повреди..
Со послабите екипи не се осеќа толку малата ротација на бек,ама со големите екипи се гледа разликата....
И другите екипи во Бундеслига како РНЛ,Фленсбург,Мелсунген немаат којзнае какви бекови и некоја преширока ротација,ама се далеку поуиграни од Кил во моментов....
Затоа се пред Кил на табела....
А во ЛШ,засега Веспрем,а посебно ПСЖ се барем за класа подобри од Кил....посебно ова се однесува за ПСЖ,Веспрем допрва ќе ги видиме,веќе во сабота е првиот сериозен тест...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.928
Поени од реакции
1.782
А во ЛШ,засега Веспрем,а посебно ПСЖ се барем за класа подобри од Кил....посебно ова се однесува за ПСЖ,Веспрем допрва ќе ги видиме,веќе во сабота е првиот сериозен тест...
Ако тепат Веспрем во сабота ,моја прогноза е дека ПСЖ,Веспрем и Барса се сигурни за Ф4,четвртиот ке се барат измеѓу Киелце,Вардар,Фленсбург и РНЛ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom