Лига на Шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Честитки и до двете екипи за добрата претстава што ни ја овозможија. Убав фудбал, со шанси и возбудувања.

Борусија за нијанса подобра, но штом Баерн победи, тогаш е заслужено. Само лани навивачите од Баерн ја оспоруваа победата на Челзи, затоа што Челзи бил послаб, сега тие беа послаби, па ме интересира што ќе зборуваат.

Криво ми е за Дортмунд, одлична екипа, компактна, со убава игра, висок пресинг, јаки индивидуалци, одличен тренер. Се надевам дека веќе од наредна сезона ќе се најдат повторно во финалето и дека ќе го освојат. Клоп и момците го заслужуваат тоа, кога тогаш тоа ќе се врати, исто како и за Бенфика.
Симпатиите мои ги придобија, верувам дека ги придобија симпатиите и од цел фудбалски свет.

Ете, на Баерн им се врати и тоа баш во последни минути. Сега малку им се тргна етикетата лузери, тоа што го зборував за нив, а ме правеа будала, е токму ова. Поентата ми беше баш за овие финалиња. Ама среќата им се насмевна.
Особено мило ми е за Јуп и Робен. Старово е одличен потценет тренер, заслужи да си замине со освоена титула во ЛШ. Робен пак, беше лузер, сите финалиња ги загуби и беше во нив трагичар, дојдоа и неговите пет минути, сега е херој со титула. Го тргна од него проклетството.

Дортмунд добро почна, првите 25 минути тотално доминираше, впрочем Клоп намерно почна толку остро и напаѓачки, ама очекуваше да постигне Борусија барем еден гол. Не ги искористија шансите, па во понатамошниот тек од натпреварот, се повеќе паѓаа и паѓаа. Хумелс и Суботиќ се губеа на моменти, не знам како дозволија да им се протне Робен за вториот гол. Гундоган одличен, Ројс исто така се истакнуваше, Куба и Гроскројц очајни, ме разочараа. Роман цар, мора да биде повикан за германска репрезентација, одлични одбрани и тоа неколкупати беше блокиран, а пак го спасуваше голот. Исто така пофалби и за Ноер, многу спаси првите 30 минути.

Рицоли, лош, многу. Скроз се изгуби. Штом за таков старт од Данте, свириш пенал, а не даваш жолт, мора да си луд. И те како имаше жолт картон, Дортмунд беше оштетен. Јас разбирам дека проба да го заштити, али Боже мој, правила си се правила. Имаше и други моменти каде што делуваше аматерски, ама не би да коментирам сега.

Драган и Тони ми идеа на живци. Абе како не се најде некој добар коментатор кај нас. Штета што немав ХРТ, да си ги слушав мајсторите. Се нешто изиграваа стручњаци, некои коментари што немаа врска со натпреварот, лоши проценки итн.

Тоа е тоа, накратко. Честитки уште еднаш до фановите на Баерн овде (инаку сите англиски фанови на Челзи вечерва беа за Баерн) па сега конечно ќе имаат можност да се одмаздат во СуперКупот во август. Трета среќа. Малку понебитен за да се залечат раните, но колку-толку. Ако биде и тоа де :icon_lol:

ААААААААААААААААААААААААААААААААААААА :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:

ТИ СИ ЛУД!!!!

И ја сакам од дрогата што ја зимаш....

 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Не е убаво да го подјебаваш, кога е баниран... :pos:

Требале да го остават.....ваков примерок ретко се наоѓа.....

Или можда сам се повлекол дека има екстерно сеа па мора да се спрема....:pos:
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom