Летни археолошки школи во Македонија

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Интернационална школа за археологија и работилници за конзервација 2012

Во текот на 2012 година, НУ Стоби и фондацијата Балканско Наследство ќе реализираат три заеднички меѓународни проекти. Во периодот од 16 – 29 јуни, паралелно ќе се одвиваат работилница за конзервација и документација на римска керамика и работилница за конзервација и документација на мозаици. Работилницата за конзервација на керамика се одржува трета година во континуитет, додека работилницата за конзервација на мозаици за првпат се воспоставува оваа година. Рокот за пријавување истекува на 15 мај. За детаљни информации околу работилниците кликнете тука.

Интернационалната школа за теренска археологија, оваа година ќе се одвива во периодот од 29 јули – 27 август. Ископувањата ќе продолжат на истиот простор како и во 2011, така што ќе се истражуваат објектите од населбинскиот комплекс во близина на Полукружниот плоштад. Рокот за пријавување истекува на 1 јули. За повеќе информации кликнете тука.

Сите партиципанти кои се студенти добиваат академски кредити во зависност од проектот и периодот на учество.
http://www.stobi.mk/nоvоsti/intеrnаciоnаlnа-skоlа-zа-аrhеоlоgiја-i-rаbоtilnici-zа-kоnzеrvаciја-2012

Имали заинтересирани за вакво нешто? Кој е заинтересиран нека прати ПП.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 18:23 ---
Летна археолошка школа Градиште - Неготино

Проект АНТИГОНЕА: Урбан развој
на античката населба
место: локалитет „Градиште“, Неготино
период: Антика (IV пред н.е. - III век н.е.)
термин: I. Термин 1: 01 - 15 Јули II. Термин 2: 15 - 30 Јули
организатор: НВО Археологика - Скопје и НУ Музеј на Македонија - Скопје;
раководител: Горан Санев, НУ Музеј на Македонија -
Скопје, виш кустос археолог

http://porta-archaeologica.com/Настани/

Имали заинтересирани за вакво нешто? Кој е заинтересиран нека прати ПП.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092

Место: Археолошки локалитет Стоби, Македонија
Tермини: 1) 29 Јули - 12 Август, 2012
2) 13 - 27 Август, 2012
Организација: Фондација Балканско Наследство, Национална Установа Стоби и Нов Бугарски Универзитет
Раководител на проектот: М-р Силвана Блажевска (директор на НУ Стоби)
Проект координатор: Ангела Пенчева (програмски директор на Балканско Наследство)
Академски кредити: 6 (за 1 сесија), 15 (за две сесии)
рок за пријавување - 01. Јули 2012
Повеќе информации...
http://www.bhfieldschool.org/bh2012cdrm.html
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ме интересира само вака од блиц, мора ли пријавениот да е студент на археологија? Да не кликам за џабе...:X3:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Ме интересира само вака од блиц, мора ли пријавениот да е студент на археологија? Да не кликам за џабе...:X3:
Во хераклеја ни доаѓаат секоја година странци кои работаат по месец дена (две тури по 2 недели) преку “Балканско наследство“ Најмногу има од Америка но има и од Канада, Германија, Австралија...
Не мора да е археолог а ни студент тој што се пријавува и иди. Имавме и пензионери, и студенти по археологија и ентузијасти....
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во хераклеја ни доаѓаат секоја година странци кои работаат по месец дена (две тури по 2 недели) преку “Балканско наследство“ Најмногу има од Америка но има и од Канада, Германија, Австралија...
Не мора да е археолог а ни студент тој што се пријавува и иди. Имавме и пензионери, и студенти по археологија и ентузијасти....
Е па одлично тогаш. Тоа ми беше дилемата. Лично ме интересираат вакви настани, но секогаш мислев дека мора да е човек кој е археолошки поткован. Фала ти многу! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom