Лектира : "Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах

Дискусија во форумот 'Образование' започната од vlatko_95, 24 октомври 2010.

  1. vlatko_95

    vlatko_95 Чоек

    Член од:
    26 септември 2008
    Мислења:
    260
    Допаѓања:
    65
    Некој да не ја има да ми ја даде раскажана "Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах ?

    Вака би требало да биде планот :

    1. Белешка за писателот
    2. Тема
    3. Идеја
    4. Кратка содржина
    5. Главни ликови
    6. Највпечатлив момент

    Благодарам однапред за било каква помош :)
  2. Лајто

    Лајто

    Член од:
    25 јули 2010
    Мислења:
    7.411
    Допаѓања:
    2.394
    bratChe ja imam ama vo1va godina... i ne znam kaj mi e tetratkata .. Ps sea mi pochnuva Man UTd.. ne mozham poposle mozhi ke ja pobarma..
  3. scary

    scary

    Член од:
    11 ноември 2009
    Мислења:
    2.657
    Допаѓања:
    2.469
    Галебот" Џонатан Ливингстон"

    Белешка За Писателот:

    Ричард Бах е современ американски писател.Бил воен пилот,а вниманието на читателите го привлекол со модерната бајка Галебот Џонатан Ливингстон.Во неа дошло до израз љубовта на авторот према плавите висини и склоноста кон метафоричко и симболично прикажување на животот и сознанијата за него.Неговото дело многумина го споредуваат со делото Малиот Принц.


    Место на Случување: Небо и Земја

    Тема: Галебот Џонатан сака да научи совршено да лета

    Основна Мисла Често се случува заедницата да не сака или да не може да ги разбере вишите цели на поединците и поради тоа тој поединец е исклучен од заедницата.

    Ликови: Галебите Џонатан Ливингстон,Флечер Линд,Саливан,Ганг


    Содржина:

    Галебот Џонатан Ливинстон не бил како другите галеби.Тој бил бунтовник и не се грижел за другите галеби.И додека родителите го молеле да биде како другите галеби и да се грижи за тоа како да дојде до храна,тој само сакал да стане летечки виртуоз.Бил слаб но летањето го сакал повеќе од храната.Ни помалите несреќи кои ги имал во воздухот не го поколебале.Со напорни вежби успеал да постигне брзина од 396 километри на час.Тоа бил рекорд во јатото и Џонатан очекувал пофалби од Старешината.Меѓутоа Старешината го прекорил,и го истерал од јатото.Но Џонатан бил уверен дека следува повисока цел во животот.Бил протеран на високите тврдини,но тој одлетал подалеку.Го болело тоа што неговите браќа не сакале ниту да слушнат ниту да видат што научил.А потоа, една ноќ на Џонатан му се приближиле други два галеба кои биле сјајни како ѕвездите.Тие без никаков проблем ги изведувале сите акробации што Џонатан им ги задавал.Кога увидол дека нашол галеби рамни на него,Џонатан ги прашал кои се тие.Тие му одговориле дека се негови браќа и дека го носат дома,во неговиот вистински дом.Џонатан бил спремен,и тогаш трите галеби исчезнале во темното небо.Џонатан се полесно ги изведувал своите акробации,телото му станало посветло а очите посјајни.Открил дека може да лета со брзина од 500 километри на час.Но потоа неочекувано двата галеби исчезнале.Џонатан слетал на крајбрежјето каде го чекале десетици други галеби.Набрзо сфатил дека дошол во заедница во која на сите им било важно да ја доведат својата техника на летање до совршенство.За инструктор го добил галебот Саливан.Една вечер од старешината Ганг дознал дека небото не е одредено ниту со времето ниту со местото туку дека тоа е совршено и може да биде било каде и било кога.Дознал дека и со силата на мислите може да се стигне било каде.Џонатан напорно ја вежбал таа вештина и со старешината Ганг дошол на некоја чудна планета.Требало само уште да научи да ја контролира новостекнатата вештина.Но,една вечер Ганг исчезнал,умрел.
    Џонатан се повеќе размислувал за Земјата.Саливан го убедувал да остане ,но Џонатан сепак заминал.На небото можел да се врати секој момент бидејќи ги совладал и времето и просторот.Отишол на Земјата бидејќи сакал да ги научи да летаат и другите галеби кои биле протерани
    како него поради летањето.Прв ученик му бил галебот Флечер Линд,млад галеб кој тежнеел кон летачкото совршенство.А Џонатан во тоа време бил најубавиот и најсовршениот галеб на светот.Наскоро добил уште шест нови ученици и со нив и со Флечер сакал да се покаже пред своето старо јато.На почетокот бил одбиван,но по некое време илјадници галеби се собирале околу него и сакале да станат како него.
    Еден ден Флечер доживеал несреќа.Со голема брзина удрил во некоја карпа и ништо не му било.Џонатан тогаш забележал дека Флечер завладеал со снагата на своите мисли и му го препуштил подучуванњето на другите галеби,а тој отишол кај други јата.
    Флечер сфатил дека не постојат граници,дека се е можно.Тогаш започнал неговиот лов на Џонатан,за отелотворување на совршенството и неговата трка со знаењето.Во таа трка не можел да победи бидејќи знаењето нема граници.
    На marinium, dimoski96 и Кајганеро им се допаѓа ова.

Сподели преку: